-
Слики зборови и лаги
0300,00 денКратка билингвална книга во која кое се надополнуваат и се спротивставуваат зборот и сликата, есејот и фотографиите. Излагањето на Манчевски, презентирано на конференцијата Филм и вера во Ватикан во 2011, е основа на рефлексиите на авторот, во кои тој размислува за природата на вистината видена во уметничкото дело – колку е важно делото да биде верно на фактите и како вербата на уметникот се отсликува во делото.
-
Престара за ова
0490,00 денТивкиот и повлечен живот на една жена,пензиониран сериски убиец,е нарушен од неочекувана посетителка. За да ја заштити својата тајна, и останува само една опција – Уште едно убиство.
-
Драг господине М
0450,00 денСвоевремено славен писател, М. го постигнал најголемиот успех со трилер базиран на случај на исчезнување во реалниот живот. Во него ја раскажал приказната за професор по историја што исчезнал една зима откако имал куса врска со својата прекрасна студентка. Професорот никогаш не бил пронајден. По објавувањето, романот на М. станал бестселер што го одбележал неговиот интернационален пробив.
Тоа било пред многу години, но сега кариерата на М. е на залезот. Но не и ако го прашате неговиот бизарен, навидум срамежлив сосед, кој ги демне и него и неговата сопруга. Зошто?
Благодарение на романот на М., кој наводно е фикција, се чини дека сите се поврзани засекогаш, сè додека нешто неочекувано не ја одведе „приказната“ во сосем неочекувана насока.
Со сè позасилена напнатост на својот мрачно циничен ум и светски познатиот инстинкт за човечките недостатоци, Херман Кох повторно не поштедува ништо и никого во својот напнат роман, зајадлива претстава што ги држи читателите на штрек во мистериозниот простор помеѓу фактите и фикцијата.
-
Анатомија на скандалот
0500,00 ден#1 Најгледана серија на НЕТФЛИКС
Сопруга. Љубовница. Политика. Моќ. Лаги.
Софи Вајтхаус има прекрасен дом, две сјајни деца и привлечен, успешен маж. Со други зборови, има совршен живот. Но, сѐ се менува една ноќ кога нејзиниот сопруг Џејмс доаѓа дома и ѝ признава дека ја изневерил.
Одеднаш нејзиниот смирен, уреден свет, се превртува наопаку. Дали навистина го познава човекот за кој се омажи? Признанието на Џејмс е само врвот на ледената санта. Обвинет е за ужасен злочин. Но вистината е уште пострашна отколку што некој би можел да замисли. Дали Џејмс е виновен или е само невина жртва на злобен план?
Во оваа напната и возбудлива сторија за љубовта, одмаздата и лагата никој нема чисти мотиви, ама тајните на некои луѓе се многу помрачни и поопасни.
-
Мистериозниот град под калето
0590,00 денДали си подготвен за една суперавантура, стотици години наназад низ историјата во нашиот главен град, Скопје? Да истражуваш, да се бориш и да се криеш, да бидеш вистински јунак? Оваа книга нема да ја читаш по вообичаен редослед. Низ страниците ќе се соочиш со многу предизвици. Ќе се запознаеш со Скопје и со јунаците од неговото минато кои се споменуваат и до ден-денес, бидејќи со своите дела, храброста и јунаштвото оставиле печат зад себе. А сега, ти си на ред да станеш јунак. Додека се движиш низ страниците на оваа книга, мораш да бидеш многу храбар и мудар. Ако се случи да се изгубиш, не предавај се, обиди се повторно. Книгата секогаш ќе те врати на вистинскиот пат! Со помош на оваа авантура ќе научиш еден дел од историјата што е значаен за нашиот главен град. Тоа е периодот кога градот Скопје бил под османлиска власт. Ќе посетиш многу објекти значајни за тоа време и кои до ден-денес постојат за да нè потсетуваат дека Скопје е град со многувековна традиција.
-
Свети ереси
0500,00 денРајан Кјузак растеше побрзо од другите. Така е тоа кога си најстар од шесте деца, кога мајката е умрена, а татко ти е алкохоличар. Никој не вели дека Рајан е глуп. Ниту зад неговиот грб. Проблемот е во луѓето што го опкружуваат. Водачот на бандата го користи неговиот татко како „чистач“.Сосетката тврди дека само сака да помогне, но можеби сака нешто повеќе од тоа. Проститутката бара човек за кој никогаш не претпоставувала дека ќе ѝ недостасувасѐ додека една ноќ тој не исчезна без трага…
На страната на Рајан е само неговата девојка Карин. Ако и неа ја испушти, останува сосема сам.
Всушност не знаеш колку си јак, додека силата не ти затреба. Тинејџери, убиство, психолошки роман, распаднати семејства, секс, дрога, алкохол, Лондон, Ирска…
Романот ја доби престижната награда „Бејлис“ за најдобра женска фикција во 2016 година. Истата година „Свети ереси“ е добитник и на наградата „Дезмонд Елиот“ за дебитантски роман.
„Моќен роман.“ ‒ Вашингтон пост
„Неверојатна приказна и крај што ве остава без здив.“ ‒ Њујорк Тајмс
-
Медитации
0300,00 денНе расправај многу за тоа каков треба да биде добриот човек, туку ти самиот биди таков.
Медитации е светилник што големиот римски император и философ Марко Аурелиј го изградил среде разбрануваниот океан на секојдневните обврски и проблеми, со цел никогаш да не го загуби курсот на пловидбата кон моралноста и мудроста.
Напишана на старогрчки јазик, без никаква намера некогаш да биде објавена, Медитации е извонредна книга философско-интроспективни записи за разбирањето на себеси, функционирањето на светот и универзумот. Со овие текстови, кои имаат цел да дадат лична утеха и да бидат охрабрување за водење едноставен живот проникнат со скромност, љубов кон луѓето и моралноста, Марко Аурелиј создава едно од најголемите философски дела на сите времиња. Книга на која ѝ се восхитуваат и од која се инспирираат државници, мислители и читатели низ целиот свет, ризница на мудрости во потрагата по смислата на животот.
-
33 стратегии на војувањето
0450,00 денВо војната и во животот премногу работи се непредвидливи.
Научете ги офанзивните стратегии на животот што од нас бара иницијатива и преговарање од позиција на сила, избегнете битка што не може да се добие, а победете во суптилната социјална игра на секојдневието.
Големите воини и на бојните полиња и во дневната соба покажуваат разумност, агилност и смиреност. Благодарение на своето длабоко разбирање, рационалните, досетливите и интуитивните секогаш ги победуваат паничните и некреативните луѓе кои немаат план.
Во препознатливиот стил на Грин, од катастрофални грешки до генијални потези, од Наполеон до денешните генерали, од самурајски мечувалци до дипломати – секое од овие 33 поглавја ќе ве подготви за стратегија што ќе ви помогне да ги добиете сите животни битки. Оваа книга е психолошката муниција што ви е потребна за да ги надминете шемите на неуспех и за да ја имате победата секогаш на своја страна.
„Помеките души оваа книга ќе ја сметаат за застрашувачка. Оние чиј морален компас е ориентиран исклучиво кон моќта – имаат совршен водич.“
Паблишерс викли
-
СВЕТОТ НА СОФИЈА
0500,00 денВозбудлива мистерија што ги истражува филозофските концепти на западната мисла и се чита во еден здив. Со својот дваесетмилионски тираж, Светот на Софија со години ја распламтува фантазијата на читателите низ целиот свет.
Еден ден четиринаесетгодишната Софија Амундсен се враќа од училиште и во поштенското сандаче наоѓа две писма со по едно прашање: Која си ти? и Од каде потекнува светот? Овие прашања ја опседнуваат Софија и ја одведуваат далеку од идиличното норвешко секојдневие. Низ писмата на еден анонимен филозоф таа се вклучува во еден вид курс по историја на филозофијата, од Сократ, па сè до Сартр. А што е уште почудно, во поштенското сандаче наоѓа и писма адресирани до друго девојче. Која е Хилда? И зошто нејзината пошта пристигнува кај Софија? За да ја разреши оваа загатка, таа мора да го примени она што го научила – но вистината е многу покомплицирана отколку што замислувала.
“Чудесно… Она што Јустејн Гордер успеал е да смести 3000 години од човечката мисла во 500 страници; а на мошне возбудлив а сепак едноставен начин да ја раскаже сета приказна на историјата на филозофијата.
Сандеј тајмс“Алиса во земјата на чудата од деведесетите… едноставно прекрасна и неодолива книга”.
-
Болка во џебот
0250,00 денРоман за слепата љубов, насилството и капитализмот. Базиран е на вистински настан – пожар на патнички траект во 1990 година, во кој загинаа 159 луѓе. Иако настанот е реален, ликовите се фиктивни.
Жена патува со автобус низ јужна Данска. Кога погледнува низ прозорецот, пред неа се појавува лик на маж со бела коса. Заслепена е од неговото лице, но не го препознава. Повторно се качува во автобусот, овој пат патувајќи во спротивната насока, и се симнува на местото каде што ѝ се појавил ликот на човекот. Во моментот кога се доближува до една куќа и заѕвонува на ѕвончето, пред неа се откриваат слики од животот на двајца луѓе, Курт и Меги.
Сопружниците живеат на фарма во своите подоцнежни години. Тука Курт ја започнува својата мала автобуска компанија, додека Меги води тивок живот, тонејќи во спомените. Во куќата тие се љубат и се караат. Како што изминуваат годините, караниците се сè почести, сѐ додека нивната врска не се распадне, оставајќи ги само со чувство на апатија. Тоа што на почетокот е пламена страст почнува да венее, а насилното минато и финансиските проблеми сѐ повеќе се испречуваат помеѓу нив. По нејзината смрт, еден бизнисмен го охрабрува Курт да инвестира во траект што ќе плови помеѓу Данска и Норвешка. Набрзо ги губи сите вложени пари откако траектот ќе изгори. Ги поминува своите последни денови сам и во сиромаштија. Спомените го измачуваат и почнува да ги слуша криковите на првородениот син.
Романот е наречен „најамбициозен книжевен потфат за 2020 година“.
-
Што ќе кажат другите
0250,00 денЖивотот не е бесцелна битка за комплетно игнорирање на туѓите мислења, туку е процес на формирање круг составен од луѓе, верувања и мислења кои не се само важни туку се и нужни за нашиот личен успех.
Барањето одобрување од другите и грижата што мислат тие за нас е нешто сосем нормално, бидејќи е дел од човековата природа. Но тоа не значи дека секој од нас, во одреден момент во животот, не се обидел да го пронајде одговорот на најтешкото животно прашање – како да не се грижам што ќе мислат другите за мене?
Одговорот е во кругот! Но кругот не е секогаш совршено затворен. Понекогаш спротивните верувања го разнишуваат. Меѓутоа ако е доволно силен, кругот ќе те направи имун на туѓите влијанија, и само тогаш ќе можеш да ги надминеш препреките. Само човек што се наоѓа во вистинскиот круг, кој е опкружен со вистински луѓе – може да направи чуда.
-
Во акрата нема мостови
0450,00 денСи земам за право да го прогласам романот „Во Акрата нема мостови“ за една од најубавите љубовни приказни напишани на македонски јазик, но и за првиот „on the road“ роман во македонската литература. Иако има дела со сродни елементи, ниту едно не ја гради „поетиката на патувањето“, бегството и егзистенцијалната потрага како органска целина. Јостед е јунак во движење, млад и рефлексивен, за кого патувањето е слобода, а домот цел. Сенката на Одисеј и стиховите на Кавафис ја продлабочуваат потрагата, додека љубовта на Јостед и Елени му дава смисла на нивното самопронаоѓање. – Зоран Бојаровски, новинар и автор; „Некои мостови ги разбираме дури кога веќе е предоцна да ги преминеме.“ Со прецизна и воздржана нарација, Миле Бошњаковски создава роман во кој личните судбини се преплетуваат со историјата, а интимните избори одекнуваат во рамките на општествените системи. „Во Акрата нема мостови“ отвора прашања за припадноста, семејството и цената на неизговорените вистини, покажувајќи дека тишините што ги наследуваме знаат да бидат посилни од зборовите. Ова е приказна за љубовта и загубата, за родители и деца, за невидливите нишки што ги поврзуваат луѓето и тогаш кога мислат дека се разделени. Роман што се чита внимателно и останува долго по последната страница. – Катерина Синадиновска, новинар
-
Скандалозни страсти
0430,00 денМоже ли еден гусар да разбере дека вистинското богатство лежи во срцето на една жена?
Сајланс Холингбрук е сиромашна, убава и љубезна дама – и пред девет месеци направи страшна грешка. Побара помош од гусарот за да си го спаси мажот и притоа се согласи на спогодба што ќе ја чини брак. Таа ноќ беше толку многу повредена што дури остана во сиропиталиштето во кое му помагаше на својот брат Винтер. Но, нејзиниот мир имаше краток рок на траење.
„Шармантниот“ Микеј О’Конор е најнемилосрдниот гусар во Лондон. Тој е неодоливо привлечен и интелигентен и успеа да се пробие на врвот на лондонското подземје.
Кога неговата вонбрачна ќерка, чија мајка е умрена, ќе му ја остават за да се грижи за неа, Микеј не може да одолее на поривот детето да го остави на куќниот праг на Сајланс…
Ова е третата од неколкуте романтични и секси љубовни романси што авторката Елизабет Хојт ги објави по 2010 година. Најпребирливите читатели неодамна имаа можност од оваа серија на македонски јазик да ги прочитаат историските љубовни романси „Опасни намери“ и „Забранети задоволства“. Во романот „Скандалозни страсти“ ќе се потсетат и на тие настани и на главните ликови.
„Роман што ја враќа вербата во магијата на љубовта“, Романтик тајмс.
-
Тоа бевме ние
0300,00 денРоман што вибрира од тага, но и од животна радост, како емотивен удар со тупаница што се однесува на сите нас!
Нахид и Масуд се среќаваат една вечер во Техеран. И двајцата се на осумнаесетгодишна возраст и во себе носат сон за слобода и демократија. Се движат кришум и делат летоци. Започнуваат демонстрации и илјадници луѓе извикуваат пароли на улиците. Но сето тоа станува многу посериозно и понасилно отколку што можеле да си претстават. Со позајмени пари и со лажни пасоши бегаат во Шведска. Го прават тоа заради подобар живот и заради иднината на својата ќерка. Слободата што им недостигала сега ја имаат во изобилие, но што е слобода кога ти недостигаат корењата?
Триесет години подоцна, Нахид има уште шест месеци живот. Или барем така ѝ кажуваат докторите. Исполнета е со нов гнев. Во исто време дознава дека нејзината ќерка е бремена. „Ако го добијам ова, не сакам ништо повеќе.“ Но сè се претвора во трка со времето.
Извонредна приказна за егзилот, раселувањата и емотивните врски меѓу мајките и ќерките, приказна за љубовта, за вината и за соништата за подобро утре. „Тоа бевме ние“ нè тера да се запрашаме: што им оставаме на нашите деца? Што им должиме на тие што ги сакаме? И, дали без корени можеме вистински да бидеме слободни?
-
П.С. Те сакам
0500,00 денПамети ги нашите прекрасни спомени, но немој да се плашиш да создаваш и нови…
Холи и Гери имаат совршен живот. Живеат во Даблин блиску до семејството и пријателите и уживаат во својата љубов. Но пред нејзиниот триесетти роденден, човекот кој ѝ е најдобар пријател, љубовник и сродна душа, ја напушта. Светот престанува да постои, животот застанува. Но Гери ѝ ветил дека секогаш ќе биде до неа – и го исполнува своето ветување со пораките што ѝ ги пишувал додека бил во болница. Холи секој месец чита нова порака од него, која ѝ помага да ја преброди тагата.
П. С. Те сакам е прв роман на Сесилија Ахерн. Преведен е во шеесетина земји и стана бестселер во целиот свет, беше најпродаваниот дебитантски роман во Ирска, Англија, САД, Германија, Холадија… Во 2007 година беше и филмуван.
П. С. Те сакам е топла, духовита, искрена и романтична приказна за благословите на пријателството, семејството и вечната природа на вистинската љубов. Според Космополитен, тој е сензационален првенец кој докажува дека вистинската љубов никогаш не умира.
Див хумор и тага – сето ова во еден фантастичен роман.
Кети Кели
-
Италијански приказни
0790,00 денБајките патуваат низ времето и просторот, премостуваат векови и континенти, преминуваат низ општествените слоеви опишувајќи го патот кон успехот или падот, низ раскажување кое се обновува и постојано го преобразува слушателот во наратор, и обратно.
Италијанските народни приказни распостилаат пред нас еден волшебен свет на маѓепсници и зли сили кои го демнат човекот, но кои тој секогаш успева да ги надитри. Тоа е еден напати нереален универзум населен со необични суштества, во време исполнето со чуда, а во суштина толку човечки. Кога се запишани од мајсторот на книжевниот збор Калвино, бајките стануваат ремек-дело повистинито од кој било современ роман. Не затоа што ни раскажуваат возбудливи приказни за јунаци и вештери, самовили или змејови, туку затоа што нè учат како да го живееме животот опкружени со нивните метафори.
Калвино во овие бајки го внел целиот раскошен свет на кралеви и принцези, но и на сиромашни селани и момчиња кои со својата остроумност успеваат да се извлечат од замките на судбината и да се кренат над неа. Успевајќи со своето перо да ги истакне уникатните одлики на националниот фолклор, со овие приказни тој остава неповторлив печат во светската литература.Овие традиционални италијански приказни прераскажани од книжевниот мајстор се вистинско литературно богатство.
Лос Анџелес тајмсИзбрани приказни прераскажани од една од најголемите книжевни икони.
Њујорк тајмс бук ривју