Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Пеколен меден месец

    Пеколен меден месец

    0

    Во науката го нарекуваат енергија. Во религијата – верба. Лаички е ‚‚вајб‘‘ или атмосфера. Шесто сетило. Гатачите го декларираат како претчувство. Уметниците – спиритуалност. Не знам како е правилно, знам дека постои. И дека треба да му се верува.

    Бен, млад, луд, со апетит за авантура, сосема случајно и неочекувано ја запознава Кејти – нежна, емотивна, склона кон романтизирање на животот. Љубовта го наоѓа својот пат и ги спојува двајцата млади луѓе. Бен и Кејти се заљубуваат. Онака – вистински, исконски, неприкосновено. Набрзо стапуваат во брак. А што следува потоа? Секако дека меден месец. Одлучуваат да одат во Монтана, САД.

    Но што може да тргне по зло?

    Монтана е прекрасна. Воодушевувачки пејзажи, божествена природа, фини луѓе. Уникатни флора и фауна. Рај за очи, спокој за душа. Дабри кои ги градат своите брани, лосови кои пијат вода од бистрите реки, орли летаат високо во небото, раскошни шуми со секакви растенија, од црвен берберис до канадско гиломо…

    И сеприсутно чувство на несигурност. Нешто необјасниво. Нешто што Бен и Кејти го чувствуваат, но не можат да си го објаснат. Мистериозна шума. Приказни за лудак кој избегал од лудница. Злокобен ресорт, фарма, имот…? Нешто непознато и одделено од тамошната цивилизација.

    Бен и Кејти во Монтана се среќаваат со најстрашното нешто на кое некогаш се осудило човештвото.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Е, баш ме заболе : дневник

    Е, баш ме заболе : дневник

    0

    Од авторот на најпродаваните книги од популарната психологија кај нас, „Е, баш ме заболе: суптилна уметност на живеењето или како да не ти е гајле за неважните нешта“ и „Сè е за*бано – книга за надежта“, ни доаѓа интерактивен дневник замислен како дополнување на неговите книги. Со сета острина на изразите на Марк Менсон и неповторливиот глас што јасно ви дава на знаење што е „обесување“, а што искрен говор, овој дневник не е дополнителна обврска „еднаш дневно“ или „еднаш неделно“. Можете да го користите кога и да посакате, во ритам што ви одговара вам. А можете и да си кажете: Е, баш ме заболе, и да го оставите некое време, па да му се навратите кога ќе ви текне. Дневникот е поделен во пет поглавја што ги изразуваат главните теми на книгата „Е, баш ме заболе“ и ви дава практични насоки како да ги разрешите најдлабоките прашања за емоциите што ве опседнуваат, вредностите за кои се борите, но и целите поради кои го правите сето тоа.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Станот во Париз

    Станот во Париз

    0

    Еден станар исчезнува. Клучот е кај друг станар… Добре дојдовте во Ру Дез Амон, бр. 12. Преубав станбен блок, длабоко во споредните улици на Монмартр. Место со извиени скали, заклучени соби, будни очи од секој прозорец. Место на кое никој не пропушта ништо и секој нешто крие. Место на убиство. Внимателна настојничка Презрена љубовница Љубопитен новинар Наивна студентка Добар тип Несакана гостинка Загатката е заклучена зад вратата од станот број 3. Кој го има клучот на решението?

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Најстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација

    Најстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација

    0

    Во оваа мала книга писателот Томислав Османли преку своето вешто и искусно перо ни раскажува неколку од „најстарите приказни“ − приказни што оставиле и што сè уште оставаат пеcхат врз нашата култура и историја. Раскажувањето поcхнува со падот на древниот континент Атлантида и војната помеѓу титаните и боговите, што, пак, директно води кон даровите на Прометеј и отворањето на Пандорината кутија. Следуваат две големи авантури и патешествија: задаcхите на силниот Херкул и пловидбата на храбрите аргонаути – две приказни богати со претстави на борби, cхудовишта, магија и лјубов. Тројанската војна и враќањето на Одисеј, заедно со подвизите на Персеј, се приказните со кои Османли го затвора cиклусот со избраните најстари повести, за на крајот, во јасен поговор, да ги објасни митовите и да го разјасни контекстот од кој потекнуваат

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Вселена: мојата џиновска книга со основни факти за нашиот универзум

    Вселена: мојата џиновска книга со основни факти за нашиот универзум

    0

    Што се содржи вселената?Универзумот е многу повеќе од ѕвезди,планети и сателити.Некој од тие нешта имаат многу важно влијание врз вселената и на животот на нашата планета!Други,пак,се фасцинантни сами по себе. Доколку сакаш да си го збогатиш знаењето за вселената и да дознаеш некои факти што не се толку познати,а се клучни,тогаш оваа книга е за тебе!

    1.090,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Балерини

    Балерини

    0

    Роман за контроверзите на образованието и практиката на класичната балетска уметност.

    Базирана врз лично искуство, приказната се развива околу школувањето на млада девојка на балетски конзерваториум во Прага во 1990-тите години. Осамостојувањето на рана возраст, предизвиците на големиот град, жртвите за посакуваниот идеал, постојаниот физички и ментален напор, строгата и непотполна едукација, секојдневните прегладнувања, дрогите и алкохолот… Се покажува дека возвишената балетска игра има потресна позадина.

    Раскрвавени стапала, вкалапување на телото во точно пропишани размери, губење на индивидуалноста, честопати и изневерување на идеалите, куси и недоволно успешни кариери, многу разочарувања, па и самоубиства… Приказната е раскажана непретенциозно, со иронија и горка смеа, со еден воздржан, но продорен револт: дали навистина мора да биде така?

    Појавата на оваа книга предизвикала сериозни дебати во балетскиот свет во Чешка и побудила контрадикторни реакции кај читателската публика: некои ја осудуваат за оцрнување на класичниот балет, а други ја доживуваат како поттик за сериозно преосмислување на практикувањето на оваа уметност.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Малото змејче

    Малото змејче

    0

    Уште десет минути до спиење, а малите змејчиња Оги и Искра
    сè уште не се подготвени да заспијат!
    Придружете им се додека летаат низ небото во потрага по авантура и
    истовремено ги бројат минутите до времето за заспивање.
    Од најпродаваната едиција на сликовници што на совршен
    начин им помагаат на децата да се подготват и да стекнат навика
    навреме да легнуваат во кревет и полесно да заспијат.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Возбудливи времиња

    Возбудливи времиња

    0

    Камо да знаев како е да се биде слободен.

    Роман за неверојатната слобода и големата несигурност што таа ја носи со себе. Сурово искрената приказна на една повлечена девојка ни ги доловува личните, професионални и љубовни недоумици на младите во потрага по своето место во светот.

    Не можејќи да се помири со ситуацијата што владее во нејзината родна Ирска, Ејва одлучува да си ја најде среќата во Хонгконг. Тука деновите ги минува предавајќи им англиски на богати дечиња, а ноќите избегнувајќи ги зајадливите цимерки во малото станче. Низ најразлични размисли, таа постепено ни ги открива својот карактер, борбата со ниската самодоверба и храбрите политички ставови.

    Набрзо во нејзиниот живот ќе се појават две значајни личности. Благодарение на искуствата од двете сосем различни љубовни приказни, таа го открива патот за закрепнување од самоомразата. Пријателството со Џулијан и Идит ќе ја стави на значаен животен крстопат. Кој пат ќе го избере нејзиниот ум, а кој срцето?

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Америка-Кафка

    Америка-Кафка

    0

    Првиот и веројатно најведар роман на Кафка ја раскажува приказната за седумнаесетгодишниот Карл Росман, кој по една засрамувачка сексуална авантура со слугинката е „спакуван за Америка“ од страна на родителите. Очекувајќи да се искупи себеси во оваа „магична земја на можности“, младиот Карл е занесен од изобличени настани и вртоглави авантури.

    Кафка никогаш ја немал посетено Америка и уште од првите страници на книгата очигледно е дека не му било целта да даде некаква реална претстава за неа. Слики од имагинарни пејзажи, злокобни опасности, безизлезни ситуации, постојани неправди и гротескни тензии меѓу ликовите го карактеризираат овој генијален роман.

    „Америка“ е зачудувачки модерна и визионерска пародија за континентот што буди најразлични асоцијации и чувства, но и многу повеќе од тоа.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Список за читање

    Список за читање

    0

    Незаборавен и трогателен дебитантски роман за тоа како случајна средба со список за читање во една библиотека помага да се создаде неверојатно пријателство помеѓу двајца различни луѓе во едно лондонско предградие.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мои финансии

    Мои финансии

    0

    Сте слушнале ли за инстаграм-профилот Мои финансии? На колкумина од вас лекциите што сте ги нашле на овој профил веќе ви помогнаа да се стекнете со потребното знаење за подобро управување со парите? Сите знаеме дека финансиите во голема мера господарат со нашиот живот. Доколку добро ги раководиме, ќе имаме и многу поголема контрола врз него.

    Овој финансиски планер ќе ви помогне да ја остварите таа цел. Во него ќе најдете:
    • 12 финансиски лекции
    • финансиски цели и стратегии
    • планирање на вашите намирници и оброци
    • брзо и едноставно создавање на месечен буџет
    • табели за следење на дневните и други трошоци
    • планови за заштеда и побрза исплата на долгови

    780,00 ден
    Додај во кошничка
  • Црниот мачор – раскази за мистеријата

    Црниот мачор – раскази за мистеријата

    0

    Луѓето кои мечтаат будни знаат многу нешта што им се измолкнуваат на оние кои сонуваат само ноќе.

    Едгар Алан По е еден од првите американски раскажувачи кој се смета за творец на детективската и криминалистичката проза, а му се припишува и заслугата за појавата на научната фантастика. Меѓутоа најпознат е по неговите мрачни приказни што ги истражуваат мистериозните длабочини на човековата психа. Смртта, лудилото, натприродното, со сложени заплети и живописни слики на страв и ужас, заслужено му го носат епитетот „принц на темнината“.

    Во оваа книга се вклучени некои од најпознатите раскази на По, почнувајќи од „Маската на црвената смрт“, „Елеонора“, „Падот на куќата Ашерови“…, сè до „Убиствата на улицата Морг“. Таа е безвременска класика задолжителна за сечија библиотека.

    Без предрасуди, без сомнеж во своите светови, По успеал да ги издигне своите раскази на ниво на ремек-дела. Вистински бисери во светската книжевност.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дворец во Ромања

    Дворец во Ромања

    0

    Дворец во Ромања“ е првиот роман на Игор Штикс.

    Тројца млади вљубеници во литературата и архитектурата доаѓаат во посета на дворецот Марди, каде што поетот Енцо Стречи живеел во периодот на ренесансата.
    Додека девојките го разгледуваат дворецот, момчето се фасцинира од приказните на калуѓерот за животот на Стречи. Тој својата љубов ја сретнал токму таму, по што ѝ посветил многу љубовни песни, но во дворецот ги проживеал и најтешките денови од својот живот.
    Инспириран од потеклото на момчето, калуѓерот раскажува и за себе. Дошол во Италија од Раб, по прогонот од тамошните власти заради Резолуцијата за Информбирото. Неговиот егзил е резултат на политичката ситуација и на несогласувањето со тогашната комунистичка власт, како и на забранетата љубов.

    Штикс поврзува две љубовни приказни со историски и политички ситуации. Првата се случила во време на конфликт меѓу Ломбардија и Хабсбурзите, а другата се случила во поствоена СФРЈ.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ноќи на чума

    Ноќи на чума

    0

    „Ноќи на чума“ е долгоочекуваниот роман на Орхан Памук, пишуван пет години (2016-2021). Во него се вешто проткаени историјата и фикцијата, при што на читателот од една страна му се оневозможува да ја најде границата што е вистина, што – не; но од друга страна му носи чудесна возбуда за недобројните лица на многуте можни вистини, во минатото, во сегашноста и во иднината. Во пролетта 1901 година избива епидемија на чума на островот Мингерија, 29. провинција на Османлиското Царство и султанот Абдулхамид ги прака првин главниот здравствен инспектор Бонковски-паша, а потоа и младиот и успешен доктор Нури, за да ја запрат чумата. Вака почнува романот и продолжува со многу писма, љубови, интриги, страдања,.. со многу политика натопена во иронија и пародија. Раскошен, повеќеслоен роман со минуциозно претставување на историјата на еден незнаен остров…

    890,00 ден
    Додај во кошничка
  • Замок-Кафка

    Замок-Кафка

    0

    „Замок“ е класика без која не може да се замисли книжевноста на XX век!

    Приказната е навидум едноставна – К. на секаков начин се обидува до дојде до одговорните во замокот што управува со селото во кое е дојден да работи како геометар. Но никако не може да стигне дотаму – наместо тоа, наидува на луѓето од селото и ги доживува опскурноста и налудничавоста на нивниот туѓ свет. Сета содржина на ова книжевно ремек-дело може накратко да биде означена како залудни обиди на К. да го најде патот до замокот. Но едноставноста е само привидна. Уметничкиот космос на Кафка, кој се надоврзува на делата на Хофман, Гогољ, Достоевски, Е. А. По, е полн со параболи, сомнибулни ситуации и симболичка многузначност. Тој го маѓепсува читателот и го води во познати, но непрепознатливи предели, скриени во длабочините на нашето скриено „јас“. Со секое ново читање се исцртува нов пат низ лавиринтите на овој космос.

    „Замок“ е роман за отуѓувањето, бирократијата и за бесцелните обиди на човекот да се бори против системот и уште едно од брилијантите дела на Кафка.

    Оваа книга е прв интегрален превод на македонски јазик што ги содржи оригиналните поговори на Макс Брод и сите отфрлени фрагменти.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Војна и љубов

    Војна и љубов

    0

    1917 година, Првата светска војна е во својот зенит кога Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една забава во Лондон. Таа е срамежлива и талентирана пијанистка; тој е новопечен војник со соништа да стане архитект. Кога ќе се вљубат, тоа е на прв поглед и длабоко, но набргу Џејмс е испратен на полињата на смртта.

    Обри Едвардс е исто така упатен накај рововите. Талентираниот музичар кој свирел во Карнеги Хол е член на 15. њујоршка пешадија, афроамерикански полк испратен во Европа да помогне да се стави крај на големата војна. Љубовта е последното нешто што му е на ум. Но, тоа е пред да ја сретне Колет Фурние, белгиска пејачка која веќе преживеала ужасна трагедија од рацете на Германците.

    Триесет години откако судбината ќе ги поврзе овие четворица љубовници, грчката божица Афродита им ја раскажува нивната приказна на нејзиниот сопруг Хефест и на нејзиниот љубовник Арес во луксузна хотелска соба на Менхетн во екот на Втората светска војна. Таа бара одговор на вечното прашање: Зошто Љубовта и Војната секогаш се привлекуваат една со друга? Но, нејзината потрага по заклучок што ќе го задоволи нејзиниот љубоморен сопруг, открива повеќеслојна приказна за предрасуди, трауми и музика и открива дека ниту Војната не може да ù застане на патот на вистинската Љубов.

    520,00 ден
    Додај во кошничка