Луксор, 1946 година. Младата медицинска сестра Аида eл Масри се враќа од Лондон, кој е разурнат од војната, во Египет, на имотот на своето семејство, и притоа психички се подготвува да се соочи со предизвиците што ја чекаат. Поминале осум години откако татко ѝ Ајуб бил наместен за кривично дело што не го сторил и потоа починал како трагична последица од настанот. Аида, пак, не заборавила ништо од тоа и сега сака да му се одмазди на човекот за кој верува дека го предал татко ѝ: неговиот најдобар пријател Камел Фараони. А потоа, Аида одново го сретнува синот на Камел, неодоливо привлечниот хирург Фарес, кој ѝ нуди брак, И против нејзина волја, во Аида одново се разгорува скришната страст што ја негувала кон него како млада девојка. Но, како може да се омажи за синот на човекот што го уништил татко ѝ, кој го посрамотил нејзиното семејство? Што ќе ѝ донесе враќањето дома: љубов или само опасност и скршено срце?
-
Патасана
0550,00 денАрхеолошко ископување во антички хетитски град во близина на границата со Сирија ќе открие плочи напишани пред 3 000 години. Со нив почнува возбудливата приказна за животот на Патасана, главниот дворски писар, но почнуваат и – убиствата.
Под раководства на Есра, екипата од археолози ги вадат плочите, кои се најстарите пишани извори на светот и раскажуваат епизоди од животот на Патасана. Наоѓалиштето е на само дваесетина метри од Црниот гроб, кој мештаните го сметаат за свето место. Мудриот старец од селото е убиен, а селаните го толкуваат тоа како проклетство бидејќи се нарушува мирот на Црниот гроб. Во следните денови се случуваат уште две убиства. Капетанот ја почнува својата истрага во која мора да се соочи и со богатата историја на Газиантеп. Точно пред 78 години во оваа област се извршени три слични убиства. Есра смета дека убиецот се одмаздува за тоа, но капетанот Ешреф дека убиствата се дело на терористи.
Ода за крвавата судбина на овие простори, судбина што не се менува и е натопена во бруталност и љубов.
-
Слатко сонувај
0500,00 денИсчезнувањето на две четиригодишни девојчиња не може да биде заборавено, иако може да остане неразјаснето. Сепак, порано или подоцна, минатото ќе се разбуди.
Исчезнаа во ист ден. А сега ги оплакуваат на истите гробишта, секоја во својот гроб. Но, нивните сандаци се празни. За да одгатнат како се поврзани овие два случаи, полицискиот инспектор Еверт Гренс и неговиот доушник Пит Хофман мораат да навлезат во најмрачниот од сите светови и да се изборат со најтешката и најужасната задача досега, задача што води до мрачниот свет на вистинските чудовишта – уживатели на детската болка. Се заработуваат милиони од болните страсти на анонимните онлајн клиенти. Детективите треба да ја тргнат маската зад една меѓународна криминална мрежа, но зад маската се кријат уште многу лица.
А на беспомошните девојчиња итно им треба помош!
-
Големата фабрика за зборови
0500,00 денПостои земја во која луѓето речиси и не зборуваат. Во таа чудна земја, зборовите мора да се купат и да се проголтаат, за да може да се изговорат. На Филеас итно му се потребни зборови за да може, на убавата Сибел да ѝ го честита роденденот. Но, за сето она што би сакал да ѝ го каже, потребно е цело богатство, а тој нема пари.
Не се прашуваат само возрасните како да ги изразат своите мисли и чувства. Малиот Филеас е сигурен во својата љубов, но дали неговиот труд ќе му овозможи тоа и да го искаже? Со само неколку збора, бидејќи зборовите се скапи во земјата на „Големата фабрика за зборови“… Ова е книга што говори за љубовта, за желбата, за потрошувачкото општество во кое сѐсе мери низ призмата на парите, за насилството, за нежноста и, што можеби е најважно – во животот едноставно треба да собереме храброст и да се обидеме да го постигнеме она што многу ни значи.
Сликовницата „Големата фабрика за зборови“ е преведена на повеќе од триесет јазици.
Книгата е објавена во рамки на проектот Made in Europe: The power of diversity / Создадено во Европа: Моќта на различноста.
-
-
Мутации
0300,00 денДомашната мува Леон Зумса се буди едно утро и се наоѓа себеси преобразена во „монструозен ‘рбетник“, односно човечко суштество. Лавот од сатирата на Курт Тухолски „Лавот избега!“ мутира во поларна мечка која го истражува хипстерскиот Берлин. Моделот на статуата на Венера од приказната на Проспер Мериме „La Venus d’Ille“ работи како млад роб во „фирма“ која покажува неверојатни паралели со денешниот работен свет. „Анегдотата од последната пруска војна“ (Клајст) е поместена во иднината, каде што последните четири луѓе се борат едни против други. „Повикувањето на големата мечка“ на Ингеборг Бахман е вкрстено со митот за Чулу на Лавкрафт и резултатот е песна што потсетува чудно на Готфрид Бен.
„Мутации“ се 7 приказни и 1 песна, секоја базирана на класичен текст, од Црвенкапа до Вирџинија Вулф!
-
W
0450,00 денИгор Штикс е левичарски интелектуалец кој по повеќе од дваесет и пет години се враќа на Јадранот за читањето на тестаментот на Валтер Штиклер, конзервативен француски филозоф кој под неразјаснети околности е убиен во Далмација. Таму ја среќава згодната активистка Теса Симон. Двајцата се запознаваат еден со друг во куќата на Валтер, но ги запознаваат и мистериозната историја за Валтер, кој од левичар од 1968 година станал водечки десничарски мислител, како и неговиот пријател Владимир, највлијателниот лев милитант, зад чиј терористички ракопис секогаш се крие доза иронија и кој продолжува да ги инспирира сите млади бунтовници на денешнината.
Приказната за Валтер и Владимир се отвора пред Игор и Теса како напнат политички трилер на современата историја на Европа кој нѐ води во сите делови на континентот. За да ги осознаат сите поединости и за да ги откријат тајните, тие двајцата мора да отидат во родниот град на Игор и Валтер, Сараево.
Најновиот роман на Игор Штикс е книга што буквално не се испушта од раце. Напишана во манирот на најдобрите скандинавски трилери, преполн интриги и пресврти, „W“ ни дава пресек на последните половина век на европската и светска левица, на нејзините борба, падови и застранувања. Овој роман кој во атмосферата потсетува на Пол Остер или Хавиер Серкас никого нема да остави рамнодушен.
*Книгата е достапна со потпис од авторот. Во коментар за нарачката нагласете доколку сакате да добиете потпишан примерок.
-
Криво рало
0400,00 денПоглед кон животот на потомците на ослободените робови во хациендите од руралниот Бразил.
Книгата сликовито ги прикажува културата, обичаите, верувањата, како и тесната поврзаност со земјата и природата, но и нееднаквоста и неправдите на кои биле изложени овие луѓе. Нивното освестување за барање на своите права е претставено многу нежно и едноставно, преку приказната за две сестри во хациендата „Црна вода“, Бибијана и една година помалата Белонисија.
Сè започнува со детска игра во која се случува несреќа со ножот скриен во бабиниот куфер, поради која едната сестра останува нема, а другата се претвора во нејзиниот глас, поврзувајќи се на необичен начин. Со текот на времето, сестрите се оддалечуваат. Белонисија останува, а Бибијана го напушта родителскиот дом, се мажи и станува мајка. Но судбината повторно ќе ги спои во хациендата…
„Криво рало“ е прекрасна приказна во која мајсторски се спојуваат лириката, магијата и реалноста.
-
-
Чудесната госпоѓица
0430,00 денАлистер Карсингтон навистина не сака како порано, тол-
ку да ги обожува жените. За да им избега на своите најлоши
навики, си замина далеку од цивилизацијата: во Дарбишир,
и тоа во зима!
Се надеваше дека таму со еден потег ќе заврши две
нешта: дека ќе им побегне на сите свои пороци и дека ќе му
се оддолжи на пријателот што му го спаси животот во бит-
ката кај Ватерло. Но, и покрај овие чесни намери, Алистер
се најде лице во лице со госпоѓица Мирабел Олдриџ, нео-
бичната повозрасна девојка што е своеглава и истовремено
досетлива како него. Но и совршено неодолива.
Мирабел Олдриџ веќе има полни раце работа, внима-
вајќи нејзиниот генијален и неверојатно ексцентричен тат-
ко да не падне во неволја.
Најмалку што ѝ треба е исклучително привлечен, прете-
рано чувствителен и премногу умен благородник што ќе ја
потсети дека и таа има срце – а и тело за кое тој забележу-
ва дека е толку неугледно облечено што дури чувствува
граѓанска должност да го соблече.
Може ли да биде полошо? И зошто, она што е сосема
погрешно речиси секогаш е толку чудесно?
„Восхитувачка книга од самиот почеток до крајот.“
‒ Афер де кор
„Волшебна историска романса.“
‒ Мидвест бук ривју
„Чудесната госпоѓица е духовита, шарматна и многу
романтична книга. Исклучително интересна. Чејс е
навистина една од најдуховитите писателки.“
‒ Ол абоут романс -
Се викам Марите
0350,00 денРоманот се базира на вистински случувања кои ги пресретнале германските жени и деца по завршувањето на Втората светска војна.
Ева е мајка која е подготвена да направи сè за своите деца. Со неа поминуваме низ војната што малите херои ја водат со животот и смртта, храната и гладта, очајот и надежта, човечноста и нечовечноста, алчноста и дарежливоста, стравот и храброста, среќата и несреќата, јавето и сонот, со сеќавањата и сегашноста.
„Волчите деца“ се деца кои останале без своите семејства после 1945 година. Се смета дека нивниот број изнесувал од 10 000 до 25 000. Тие растеле со еден родител или без родители и биле лишени од нормално детство, оставени на себе во мрачните пруски шуми. Таму прерано се запознале со одговорноста, несправедливоста и со суровоста на животот. Барале засолниште меѓу литванските семејства каде што не биле секогаш топло добредојдени, најчесто поради страв од депортација на Сибир или затоа што ни тие немале што да јадат. Литванците кои се одлучувале да земат кај себе некое од „волчите деца“, се обидувале прво да ги научат литвански јазик, а потоа да им извадат документи со променети имиња со цел да се заштитат од суровиот советски режим.
СССР за поголемиот број луѓе е доживуван само како ослободител на Европа од фашистичката тиранија, но она што всушност се претставува во романот ни дава слика дека доаѓа до замена на едно зло со друго.
-
Дарко Панчев – Авторизирана биографија
0450,00 денУште кога преминав од Победа во Вардар, во далечната 1984 година, ми стана јасно дека во Дарко се кријат многу особини кои ги немаа другите фудбалери на негова возраст. Иако сè уште немаше 19 години, тој практично беше лидер на екипата. Навистина, малку е чудно за еден толку млад играч да се каже дека е лидер во екипата, но со Панчев навистина беше така. Тој знаеше да создаде една победничка атмосфера и да го понесе целиот тим. Илија Најдоски Дарко Панчев, всушност, е ударната игла на шампионскиот топ-мегамеханизам, кој е составен во дресот на Црвена звезда да одигра десет натпревари за незаборав, без пораз, од Белград 19.9.1990 до Токио 18.12.1991. Во тие десет натпревари, Панчев не само што стана најдобар стрелец на европскиот првак, туку ја разби стручно новинарската заблуда за самиот себе. Така стана општоважечко мислење дека Дарко е кобра во шеснаесетте метри… Милојко Пантиќ, спортски коментатор Со Дарко бевме голем тандем во Црвена звезда. Двајцата одлично се надополну вавме во играта. Јас бев левак, а тој деснак, па така често пати ги доведувавме во мат-позиција противничките одбранбени играчи. Тие беа толку збунети, што не знаеја на која страна да тргнат за да нè блокираат. Тоа што двајцата имавме по една посилна страна – јас левата, а Дарко десната нога – едноставно внесуваше забуна кај нив и многу тешко можеа да ја прочитаат нашата намера. Ние, пак, тоа знаевме да го искористиме и ги доведувавме во очајна ситуација и нив и нивните навивачи. Дејан Савиќевиќ Како што го следиме Дарко низ целиот негов спортски пат, успешно ја демонстрирал старата приказна за спортот. Изградувајќи се како еден спортист, со амблематична вредност, како амблем на карактер на спортист, од своите помлади денови во Вардар, до меѓународен план, до Црвена звезда, репрезентацијата на поранешна Југославија и другите клубови каде што настапуваше, во сите тие спортски средини во кои се движел, успешно одејќи нагоре и постигнувајќи европска и светска слава, добивајќи ја „Златната копачка“ на Европа во 1991 година. академик Владо Камбовски
-
Свежа вода за цвеќиња
0600,00 денОсвен вечно актуелните теми – тага, надеж, загуба и љубов, во оваа книга нежно се допираат и сите мали нешта поради кои животот заслужува да се живее, и тоа на место кое навидум им припаѓа на мртвите.
Виолет Тусен е чуварка на гробишта во мало гратче. Нејзиното кафе, нејзината насмевка, но и разговорот со оваа жена со големо срце која секогаш има убав збор за секого, е вистинска утеха за луѓето што за последен пат ги испраќаат своите најмили.
Еден ден се појавува Жилиен Сел, полициски комесар кој има необично барање. Неговата мајка починала неодамна, а нејзина желба била урната со пепелта да ѝ биде поставена во гробот на некој сосема непознат човек. Од тој момент сè ќе се промени.
Приказната за тајната љубов на мајката на Жилиен, како и времето што тој и Виолет го поминуваат заедно, полека ќе го урнат ѕидот што таа со години внимателно го градела околу себе. Бидејќи длабоко во себе и Виолет чува болна тајна.
Романот на Перен претставува ода на животот и воспевање на љубовта која не е посилна од физичката смрт, туку е љубов која го победува заборавот и, откако човекот ќе научи да живее со болката, го насочува дека врз тие спомени треба да го гради остатокот од животот.
Романот е преведен на повеќе од триесет јазици, а во подготовка е и мини-серија.
-
Свесно мајчинство
0400,00 ден„Ви го пишувам сето она што и самата посакував да го знам за бременоста и за првите денови од мајчинството, но, за жал, таква книга тогаш не постоеше. Токму спротивното, книгите на кои наидував би можеле да се наречат Сè што може да тргне погрешно во бременоста. Како да немаме веќе доволно стравови, па треба да ни ги сервираат и оние што сè уште не ни паднале на памет. Другиот вид книги на кои наидував беа како медицински прирачник. Некако стерилни и далеку од вистинското искуство на мајчинството.
Барав книга што би го опишала вистинското искуство на жената од нејзиниот внатрешен свет. Барав книга што не ги храни моите стравови, туку ги трансформира во она искуство поради кое бременоста и се нарекува блажена состојба.
Не ја најдов. Затоа сега ја пишувам.
Сакам оваа книга да ви служи во таа насока.“
Нада Бучевиќ
-
Малиот Бог на земјотресот
0450,00 ден„Малиот Бог на земјотресот“ претставува прекрасна приказна која проникнува во скриените односи на животот.
Книгата започнува како и многу други: со разделба. Една жена го напушта својот маж без некоја посебна причина. Го прави тоа старомодно, со белешка напишана на рака. Тој не изгледа изненаден, дури на почетокот воздивнува со олеснување дека не ѝ се случило ништо лошо. Така навлегуваме во светот на еден нереализиран филозоф кој е сопственик на цвеќарница. Во обид да ја открие мистеријата на исчезнувањето на неговата сопруга, презема трауматично патување во минатото – во својот гардеробер, среде руините на татковата куќа, по софиските улици, на брегот на Дунав, среде чаршијата во Скопје. Преживувајќи го распаѓањето на љубовната врска, за да преживее по трагите на изгубеното, тој се става себеси на влезовите и излезите на сегашноста. Дали оваа интензивна потрага е во состојба да го надмине чувството за живот составено од страв и недостиг? Возможно ли е еден личен Бог да го стабилизира свлечиштето на животот за да го забави напредувањето на лудоста, која ги претвора луѓето во машини?
-
Брезите што шумеа крај Темза
0350,00 денСместен во инвалидска количка, седејќи пред прозорецот во својата крајбрежна вила во Брајтон, Англија, 65-годишниот професор по книжевност со полско потекло, Едвард Лијам Адамски, ќе им се наврати на своите стари спомени. Дури четири децении наназад, само за да ни ја раскаже приказната за младиот студент кој една пролетна ноќ, во Лондон, имал среќа да ја запознае жената на својот живот – девојката од високата класа по име Емили Стоунбриџ.
Двајцата млади писатели ќе се впуштат во бурна љубовна врска, исполнета со многу страст и поезија. Но, тој ќе сфати колку многу ја сакал Ема дури откако целосно ќе ја изгуби, а таа ќе отпатува далеку, во Јужна Америка… Следува неговиот брак со нејзината родена сестра Беверли и нивната борба за да добијат деца, но и сите други необични перипетии на неговиот живот, додека времето неповратно тече напред и ги носи водите на реката Темза, некаде далеку.
Сепак, без оглед на потребите на своето семејство – сопругата Беверли и посвоените близначки Холи и Фиона, неговата успешна кариера како професор на колеџот „Кингс“ во Лондон, но и сите други настани во животот, тој никако не може да ги заборави уникатните емоции што ги негува исклучиво кон Ема.
Сè додека еден ден не открие дека има и возрасен, биолошки син по името Рафаел Паз.
Напишано од перото на писателката Катерина Серафимовска (1972 година), член на ДПМ (2001) и автор на десет досега објавени книги, меѓу кои и романите: „Забранет поглед“ (1999); „Насмевка со цимет“ (2016); „Поглед полн синило“ (2017); „Небото над реката Чарлс“ (2018); „Блесок на пролетта“ (2019).
-
Бели ноќи,Слабо срце,Кротка
0350,00 денОпис Дополнителни информации Коментари
Три раскази кои се сметаат за едни од најдобрите на Фјодор М. Достоевски!„Бели ноќи“ (1848)
Млад маж шета по улиците на Санкт Петербург размислувајќи за својата осаменост кога налетува на уплакана млада жена. Придружувајќи ја до дома, започнуваат разговор и стануваат пријатели. Оттогаш се среќаваат ноќе за да си поприкажат. Јазикот и стилот прават читателот да ги почувствува опишаните сцени на своја кожа, продирајќи во најтемниот, недостапен слој на човековата душа.
„Слабо срце“ (1848)
Почетокот на расказот е брз како и целото дејство: полетната желба за брак на Васја Шумков го вивнува во облаци, по што ни неговиот пријател, Аркадиј Иванович, не може да го смири. Таквата избрзана одлука буквално ги крши срцето и умот на Васја, чијашто искрена намера направила да потклекне пред горчината што следува.
„Кротка“ (1876)
Истражувајќи го односот на „тиранин“ и „жртва“ врз примерот на едно обично семеjство, Достоевски ни ја разоткрива и изложува на виделина душата на главниот лик кој се соочува со огромна трагедија – ненадејното самоубиство на неговата млада сопруга. Читателот станува сведок на испрекинaт внатрешен монолог на човек соочен со своите мисли и тага, со длабочината на својот очај.