Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Тие што се сакани

    Тие што се сакани

    0

    Чудесниот роман на Викторија Хислоп е сместен во времето на германската окупација на Грција, потоа граѓанската војна, по штo доаѓа и воената диктатура, настани што оставија длабоки лузни на таа почва.

    Атина, 1941 година. По неколку децении политичка независност, Грција е поделена на левица и на десница токму во моментот кога ја окупираат Германците. Петнаесетгодишната Темис потекнува од семејство што е поделено од политичките разлики. Нацистичката окупација го продлабочува јазот меѓу тие што ги сака, исто како што ја разорува и целата Грција. Таа е сведок на тоа како нејзините пријатели умираат од глад и сѐ што гледа ја наведува да даде некаков отпор.

    За време на граѓанската војна што доаѓа по завршувањето на окупацијата, Темис ѝ се придружува на комунистичката војска и тука доживува голема љубов и голема омраза, исто како парадоксите што изобилуваат во војната во која Грк се бори против Грк. Прогонета на островите, Темис запознава една затвореничка, чијшто живот се испреплетува со нејзиниот на начин на кој никако не можела да предвиди…

    Овој моќен роман го осветлува сложеното и трауматско грчко минато и го вткајува во епската приказна за обичната жена, која била принудена да проживее исклучително необичен живот.

    „Гледиштето на Викторија Хислоп на историјата во нејзините романи претставува олицетворение на сочувство и на добрина“. – „Скотсман“

    „Никој не пишува за Грција како Викторија Хислоп“. – „Ред магазин“

    „Таа возбудливо ја оживува грчката историја… Требало да спроведе детално историско истражување, но тоа не ја задушува приказната“. – „Сандеј тајмс“

    „Прекрасна, уникатна љубовна приказна и чудесни, потресни описи на земјата распарчена од омраза“. – „Дејли експрес“

    „Потресно четиво, кое ве враќа низ времето“. – „Ес/магазин“

     

    499,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Смртта на Иван Илич, Кројцерова соната, Отец Сергиј

    Смртта на Иван Илич, Кројцерова соната, Отец Сергиј

    0

    „Смртта на Иван Илич“ (1886)

    Од детството, па сè до крајот на неговиот живот, Иван Илич честопати се соочува со клучното прашање: „Како живеев?“ Токму ова прашање ја сублимира сржта на раскажувачкиот глас на Толстој кој мајсторски нè поттикнува да го ставиме прстот на чело и да размислиме за нашите постапки кон самите себе, кон нашите блиски, но и кон животот.

    „Кројцерова соната“ (1889)

    Преку разговорот на Позднишев со непознат странец во возот, читателот се запознава со причините кои го навеле во бран на љубомора и гадење да ја убие својата сопруга. Покрај острата општествена критика за нееднаквоста на половите, Толстој поставува негативен став и кон сексуалноста, сметајќи дека таа кај човека ги побудува животинските нагони и поттикнува на злосторства, нешто што може да се спречи единствено со апстиненција. Делото го носи името на истоимената соната за виолина и пијано на Лудвиг ван Бетовен.

    „Отец Сергиј“ (1911)

    Младичот Степан Касацки доживува морална навреда, по што закрила бара во руското православие и се замонашува. Во наредните години неговиот живот станува потежок, проследен со искушенија, по што тој почнува живот на пустиник. Една вечер го посетува жена чија појава го поткопува самотниот живот на јеромонахот. Соочен со соблазна, отец Сергиј го напушта манастирот и ја бара Пашенка, по што се среќава со потешки подвизи, кои стануваат мерило на неговата вера во Бога.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Собрани раскази

    Собрани раскази

    0

    „Преобразба“, „Пресудата“, „Селски лекар“, „Уметник во гладување“ и сите останати раскази на Франц Кафка!

    Расказите, од кои некои се во форма на басни, алегории или параболи, заземаат централно место во неговото творештво. Во текот на својот живот објавил само дел од нив. Повеќето од нив се објавени постхумно и против неговата волја. Книгата е поделена во три дела: раскази што Кафка ги објавил во своите книги во текот на животот, раскази кои не ги вклучил во книгите, но се објавени одделно на различни места, и раскази од неговата оставнина. Меѓу нив се наоѓаат и скици за романи. Делата на Франц Кафка се сметаат за клучни текстови на Модерната, а оваа книга за првпат на македонски јазик ги пренесува сите сочувани куси прозни творби на еден од најголемите автори на едно место.

    700,00 ден
    Додај во кошничка
  • Вкусот на одмаздата

    Вкусот на одмаздата

    0

    Карл Морк се враќа со најсложениот случај досега!

    Во 1987 година Нет Хермансен планира да им се одмазди на оние што ја малтретирале во младоста. Имено, во Данска во средината на XX век постоело безмилосно движење за казнување на девојките што биле „непослушни“. Во него учествувал и Курт Вад, харизматичен, надалеку познат хирург, кој ги стерилизирал своеглавите девојки.

    Дваесетина години подоцна, детективот Карл Морк има полни раце работа со истрагата за исчезнувањето на Рита, сопственичка на бордел, случај што им го уништил животот на двајца негови колеги. Но тој не се откажува.

    Кога тој и неговите помошници дознаваат дека покрај Рита, исчезнале и многу други луѓе во приближно исто време, трагата води сè поблизу до познатиот хирург Курт Вад. Неговото брутално малтретирање на Нет е само делче од еден поголем и застрашувачки мозаик.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Патасана

    Патасана

    0

    Археолошко ископување во антички хетитски град во близина на границата со Сирија ќе открие плочи напишани пред 3 000 години. Со нив почнува возбудливата приказна за животот на Патасана, главниот дворски писар, но почнуваат и – убиствата.

    Под раководства на Есра, екипата од археолози ги вадат плочите, кои се најстарите пишани извори на светот и раскажуваат епизоди од животот на Патасана. Наоѓалиштето е на само дваесетина метри од Црниот гроб, кој мештаните го сметаат за свето место. Мудриот старец од селото е убиен, а селаните го толкуваат тоа како проклетство бидејќи се нарушува мирот на Црниот гроб. Во следните денови се случуваат уште две убиства. Капетанот ја почнува својата истрага во која мора да се соочи и со богатата историја на Газиантеп. Точно пред 78 години во оваа област се извршени три слични убиства. Есра смета дека убиецот се одмаздува за тоа, но капетанот Ешреф дека убиствата се дело на терористи.

    Ода за крвавата судбина на овие простори, судбина што не се менува и е натопена во бруталност и љубов.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Слатко сонувај

    Слатко сонувај

    0

    Исчезнувањето на две четиригодишни девојчиња не може да биде заборавено, иако може да остане неразјаснето. Сепак, порано или подоцна, минатото ќе се разбуди.

    Исчезнаа во ист ден. А сега ги оплакуваат на истите гробишта, секоја во својот гроб. Но, нивните сандаци се празни. За да одгатнат како се поврзани овие два случаи, полицискиот инспектор Еверт Гренс и неговиот доушник Пит Хофман мораат да навлезат во најмрачниот од сите светови и да се изборат со најтешката и најужасната задача досега, задача што води до мрачниот свет на вистинските чудовишта – уживатели на детската болка. Се заработуваат милиони од болните страсти на анонимните онлајн клиенти. Детективите треба да ја тргнат маската зад една меѓународна криминална мрежа, но зад маската се кријат уште многу лица.

    А на беспомошните девојчиња итно им треба помош!

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Големата фабрика за зборови

    Големата фабрика за зборови

    0

    Постои земја во која луѓето речиси и не зборуваат. Во таа чудна земја, зборовите мора да се купат и да се проголтаат, за да може да се изговорат. На Филеас итно му се потребни зборови за да може, на убавата Сибел да ѝ го честита роденденот. Но, за сето она што би сакал да ѝ го каже, потребно е цело богатство, а тој нема пари.

    Не се прашуваат само возрасните како да ги изразат своите мисли и чувства. Малиот Филеас е сигурен во својата љубов, но дали неговиот труд ќе му овозможи тоа и да го искаже? Со само неколку збора, бидејќи зборовите се скапи во земјата на „Големата фабрика за зборови“… Ова е книга што говори за љубовта, за желбата, за потрошувачкото општество во кое сѐсе мери низ призмата на парите, за насилството, за нежноста и, што можеби е најважно – во животот едноставно треба да собереме храброст и да се обидеме да го постигнеме она што многу ни значи.

    Сликовницата „Големата фабрика за зборови“ е преведена на повеќе од триесет јазици.

    Книгата е објавена во рамки на проектот Made in Europe: The power of diversity / Создадено во Европа: Моќта на различноста.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мутации

    Мутации

    0

    Домашната мува Леон Зумса се буди едно утро и се наоѓа себеси преобразена во „монструозен ‘рбетник“, односно човечко суштество. Лавот од сатирата на Курт Тухолски „Лавот избега!“ мутира во поларна мечка која го истражува хипстерскиот Берлин. Моделот на статуата на Венера од приказната на Проспер Мериме „La Venus d’Ille“ работи како млад роб во „фирма“ која покажува неверојатни паралели со денешниот работен свет. „Анегдотата од последната пруска војна“ (Клајст) е поместена во иднината, каде што последните четири луѓе се борат едни против други. „Повикувањето на големата мечка“ на Ингеборг Бахман е вкрстено со митот за Чулу на Лавкрафт и резултатот е песна што потсетува чудно на Готфрид Бен.

    „Мутации“ се 7 приказни и 1 песна, секоја базирана на класичен текст, од Црвенкапа до Вирџинија Вулф!

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • W

    W

    0

    Игор Штикс е левичарски интелектуалец кој по повеќе од дваесет и пет години се враќа на Јадранот за читањето на тестаментот на Валтер Штиклер, конзервативен француски филозоф кој под неразјаснети околности е убиен во Далмација. Таму ја среќава згодната активистка Теса Симон. Двајцата се запознаваат еден со друг во куќата на Валтер, но ги запознаваат и мистериозната историја за Валтер, кој од левичар од 1968 година станал водечки десничарски мислител, како и неговиот пријател Владимир, највлијателниот лев милитант, зад чиј терористички ракопис секогаш се крие доза иронија и кој продолжува да ги инспирира сите млади бунтовници на денешнината.

    Приказната за Валтер и Владимир се отвора пред Игор и Теса како напнат политички трилер на современата историја на Европа кој нѐ води во сите делови на континентот. За да ги осознаат сите поединости и за да ги откријат тајните, тие двајцата мора да отидат во родниот град на Игор и Валтер, Сараево.

    Најновиот роман на Игор Штикс е книга што буквално не се испушта од раце. Напишана во манирот на најдобрите скандинавски трилери, преполн интриги и пресврти, „W“ ни дава пресек на последните половина век на европската и светска левица, на нејзините борба, падови и застранувања. Овој роман кој во атмосферата потсетува на Пол Остер или Хавиер Серкас никого нема да остави рамнодушен.

    *Книгата е достапна со потпис од авторот. Во коментар за нарачката нагласете доколку сакате да добиете потпишан примерок.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Криво рало

    Криво рало

    0

    Поглед кон животот на потомците на ослободените робови во хациендите од руралниот Бразил.

    Книгата сликовито ги прикажува културата, обичаите, верувањата, како и тесната поврзаност со земјата и природата, но и нееднаквоста и неправдите на кои биле изложени овие луѓе. Нивното освестување за барање на своите права е претставено многу нежно и едноставно, преку приказната за две сестри во хациендата „Црна вода“, Бибијана и една година помалата Белонисија.

    Сè започнува со детска игра во која се случува несреќа со ножот скриен во бабиниот куфер, поради која едната сестра останува нема, а другата се претвора во нејзиниот глас, поврзувајќи се на необичен начин. Со текот на времето, сестрите се оддалечуваат. Белонисија останува, а Бибијана го напушта родителскиот дом, се мажи и станува мајка. Но судбината повторно ќе ги спои во хациендата…

    „Криво рало“ е прекрасна приказна во која мајсторски се спојуваат лириката, магијата и реалноста.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Извор на радост

    Извор на радост

    0

    Афирмации за успех
    (македонски)

    1.250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Чудесната госпоѓица

    Чудесната госпоѓица

    0

    Алистер Карсингтон навистина не сака како порано, тол-
    ку да ги обожува жените. За да им избега на своите најлоши
    навики, си замина далеку од цивилизацијата: во Дарбишир,
    и тоа во зима!
    Се надеваше дека таму со еден потег ќе заврши две
    нешта: дека ќе им побегне на сите свои пороци и дека ќе му
    се оддолжи на пријателот што му го спаси животот во бит-
    ката кај Ватерло. Но, и покрај овие чесни намери, Алистер
    се најде лице во лице со госпоѓица Мирабел Олдриџ, нео-
    бичната повозрасна девојка што е своеглава и истовремено
    досетлива како него. Но и совршено неодолива.
    Мирабел Олдриџ веќе има полни раце работа, внима-
    вајќи нејзиниот генијален и неверојатно ексцентричен тат-
    ко да не падне во неволја.
    Најмалку што ѝ треба е исклучително привлечен, прете-
    рано чувствителен и премногу умен благородник што ќе ја
    потсети дека и таа има срце – а и тело за кое тој забележу-
    ва дека е толку неугледно облечено што дури чувствува
    граѓанска должност да го соблече.
    Може ли да биде полошо? И зошто, она што е сосема
    погрешно речиси секогаш е толку чудесно?
    „Восхитувачка книга од самиот почеток до крајот.“
    ‒ Афер де кор
    „Волшебна историска романса.“
    ‒ Мидвест бук ривју
    „Чудесната госпоѓица е духовита, шарматна и многу
    романтична книга. Исклучително интересна. Чејс е
    навистина една од најдуховитите писателки.“
    ‒ Ол абоут романс

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Се викам Марите

    Се викам Марите

    0

    Романот се базира на вистински случувања кои ги пресретнале германските жени и деца по завршувањето на Втората светска војна.

    Ева е мајка која е подготвена да направи сè за своите деца. Со неа поминуваме низ војната што малите херои ја водат со животот и смртта, храната и гладта, очајот и надежта, човечноста и нечовечноста, алчноста и дарежливоста, стравот и храброста, среќата и несреќата, јавето и сонот, со сеќавањата и сегашноста.

    „Волчите деца“ се деца кои останале без своите семејства после 1945 година. Се смета дека нивниот број изнесувал од 10 000 до 25 000. Тие растеле со еден родител или без родители и биле лишени од нормално детство, оставени на себе во мрачните пруски шуми. Таму прерано се запознале со одговорноста, несправедливоста и со суровоста на животот. Барале засолниште меѓу литванските семејства каде што не биле секогаш топло добредојдени, најчесто поради страв од депортација на Сибир или затоа што ни тие немале што да јадат. Литванците кои се одлучувале да земат кај себе некое од „волчите деца“, се обидувале прво да ги научат литвански јазик, а потоа да им извадат документи со променети имиња со цел да се заштитат од суровиот советски режим.

    СССР за поголемиот број луѓе е доживуван само како ослободител на Европа од фашистичката тиранија, но она што всушност се претставува во романот ни дава слика дека доаѓа до замена на едно зло со друго.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Дарко Панчев - Авторизирана биографија

    Дарко Панчев – Авторизирана биографија

    0

    Уште кога преминав од Победа во Вардар, во далечната 1984 година, ми стана јасно дека во Дарко се кријат многу особини кои ги немаа другите фудбалери на негова возраст. Иако сè уште немаше 19 години, тој практично беше лидер на екипата. Навистина, малку е чудно за еден толку млад играч да се каже дека е лидер во екипата, но со Панчев навистина беше така. Тој знаеше да создаде една победничка атмосфера и да го понесе целиот тим. Илија Најдоски Дарко Панчев, всушност, е ударната игла на шампионскиот топ-мегамеханизам, кој е составен во дресот на Црвена звезда да одигра десет натпревари за незаборав, без пораз, од Белград 19.9.1990 до Токио 18.12.1991. Во тие десет натпревари, Панчев не само што стана најдобар стрелец на европскиот првак, туку ја разби стручно новинарската заблуда за самиот себе. Така стана општоважечко мислење дека Дарко е кобра во шеснаесетте метри… Милојко Пантиќ, спортски коментатор Со Дарко бевме голем тандем во Црвена звезда. Двајцата одлично се надополну вавме во играта. Јас бев левак, а тој деснак, па така често пати ги доведувавме во мат-позиција противничките одбранбени играчи. Тие беа толку збунети, што не знаеја на која страна да тргнат за да нè блокираат. Тоа што двајцата имавме по една посилна страна – јас левата, а Дарко десната нога – едноставно внесуваше забуна кај нив и многу тешко можеа да ја прочитаат нашата намера. Ние, пак, тоа знаевме да го искористиме и ги доведувавме во очајна ситуација и нив и нивните навивачи. Дејан Савиќевиќ Како што го следиме Дарко низ целиот негов спортски пат, успешно ја демонстрирал старата приказна за спортот. Изградувајќи се како еден спортист, со амблематична вредност, како амблем на карактер на спортист, од своите помлади денови во Вардар, до меѓународен план, до Црвена звезда, репрезентацијата на поранешна Југославија и другите клубови каде што настапуваше, во сите тие спортски средини во кои се движел, успешно одејќи нагоре и постигнувајќи европска и светска слава, добивајќи ја „Златната копачка“ на Европа во 1991 година. академик Владо Камбовски

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Свежа вода за цвеќиња

    Свежа вода за цвеќиња

    0

    Освен вечно актуелните теми – тага, надеж, загуба и љубов, во оваа книга нежно се допираат и сите мали нешта поради кои животот заслужува да се живее, и тоа на место кое навидум им припаѓа на мртвите.

    Виолет Тусен е чуварка на гробишта во мало гратче. Нејзиното кафе, нејзината насмевка, но и разговорот со оваа жена со големо срце која секогаш има убав збор за секого, е вистинска утеха за луѓето што за последен пат ги испраќаат своите најмили.

    Еден ден се појавува Жилиен Сел, полициски комесар кој има необично барање. Неговата мајка починала неодамна, а нејзина желба била урната со пепелта да ѝ биде поставена во гробот на некој сосема непознат човек. Од тој момент сè ќе се промени.

    Приказната за тајната љубов на мајката на Жилиен, како и времето што тој и Виолет го поминуваат заедно, полека ќе го урнат ѕидот што таа со години внимателно го градела околу себе. Бидејќи длабоко во себе и Виолет чува болна тајна.

    Романот на Перен претставува ода на животот и воспевање на љубовта која не е посилна од физичката смрт, туку е љубов која го победува заборавот и, откако човекот ќе научи да живее со болката, го насочува дека врз тие спомени треба да го гради остатокот од животот.

    Романот е преведен на повеќе од триесет јазици, а во подготовка е и мини-серија.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Свесно мајчинство

    Свесно мајчинство

    0

    „Ви го пишувам сето она што и самата посакував да го знам за бременоста и за првите денови од мајчинството, но, за жал, таква книга тогаш не постоеше. Токму спротивното, книгите на кои наидував би можеле да се наречат Сè што може да тргне погрешно во бременоста. Како да немаме веќе доволно стравови, па треба да ни ги сервираат и оние што сè уште не ни паднале на памет. Другиот вид книги на кои наидував беа како медицински прирачник. Некако стерилни и далеку од вистинското искуство на мајчинството.

    Барав книга што би го опишала вистинското искуство на жената од нејзиниот внатрешен свет. Барав книга што не ги храни моите стравови, туку ги трансформира во она искуство поради кое бременоста и се нарекува блажена состојба.

    Не ја најдов. Затоа сега ја пишувам.

    Сакам оваа книга да ви служи во таа насока.“

    Нада Бучевиќ

    400,00 ден
    Прочитај повеќе