Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Одмотајте го клопчето на анксиозноста

    Одмотајте го клопчето на анксиозноста

    0

    Бестелсер на „Њујорк тајмс“ и на „Волстрит џорнал“

    Како да ги прекинете циклусите на загриженост и страв и да се излечите со помош на науката

    Живееме во еден од најанксиозните периоди во човечката историја. Соочени со општествени проблеми, како што беше ковид-пандемијата, или со лични проблеми што нè наведуваат на алкохол, цигара или храна, ние постепено ја губиме контролата.

    Денес речиси сè се подведува под анксиозност, од вознемиреност до паника. Таа поттикнува низа зависни однесувања, од прекумерно јадење до неразумно користење на социјалните мрежи. Д-р Бруер нè учи да го мапираме својот мозок за да ги откриеме нејзините предизвикувачи, да ги смириме со едноставната и моќна практика на љубопитност и да ја надминеме користејќи свесност и други докажани алатки.

    Со над 20-годишни истражувања и практична работа со илјадници пациенти за надминување на анксиозноста, д-р Бруер создал потврдена програма погодна за секој од нас – за да можеме вистински да го живееме животот.

    „Најтешко во борбата против секоја лоша навика е соочувањето со анксиозноста што ја предизвикала. Авторот ни нуди револуционерна програма со одлични совети и корисни упатства што секој може да ги следи за да се чувствува подобро.“

    Би Џеј Фог, доктор по психолошки науки

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бидете полезни

    Бидете полезни

    0

    Сакате да си помогнете себеси? Помогнете им на другите.

    Најголем бодибилдер на сите времиња. Најплатен актер. Режисер, претприемач, инвеститор, подучувач, политичар. Сето тоа се однесува на еден човек, кој верува дека сè може да се постигне со сопствените раце и со силен ум.

    Напишана со неговиот толку карактеристичен искрен и сугестивен глас, Шварценегер ги носи читателите на возбудлива прошетка запознавајќи ги со своите алатки и принципи за духовно богат и осмислен живот. Несебично ни покажува како да ги користиме за да ја создадеме посакуваната иднина, збогатувајќи ги со интересни приказни што вклучуваат големи успеси, но и застрашувачки падови. Некои од нив веќе ги знаеме, други се за првпат раскажани на овие страници.

    Животниот пат на Шварценегер е восхитувачки и инспиративен – успева да излезе од родното село во Австрија и со упорност и многу работа, скалило по скалило, се искачува кон успехот. Никој нема да ви дојде на помош – можете да сметате единствено на себе, нè поучува тој. Но и нè охрабрува: вие самите сте си сосема доволни. А ако сакате да си помогнете себеси, помогнете им на другите!

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сто и една лекција што ќе ни го сменат начинот на размислување

    Сто и една лекција што ќе ни го сменат начинот на размислување

    0

    Среќата не е во тоа колку нешта правиме, туку колку добро ги правимe. Мора да бидете најсрдечни кон себе тогаш кога ви се чини дека најмалку го заслужувате тоа. Оваа книга ќе ви помогне да бидете искрени кон себе и гордо да застанете пред огледалото соочувајќи се со она што сè се крие зад вашиот одраз. Светот ќе ви покаже толку добрина колку што вие ќе си покажете себеси, а не колку што заслужувате. Време е да се ослободите од сите заблуди за тоа како треба да го гледате светот и како светот ве гледа вас. Ова не е обична книга што само се чита, туку и богато искуство што поттикнува на самопроучување и отворање кон позитивни промени. Таа е длабоко, филозофско согледување зошто треба да ја следите целта со страст, да го прифатите негативното размислување, да ја видите мудроста во секојдневната рутина и да станете свесни за сè што ви го одредува животот. На крај, ќе сфатите дека ви го променила начинот на кој размислувате, вашиот живот и вашиот светоглед. „’Сто и една лекција што ќе ни го сменат начинот на размислување’ е внатрешно патување. Како да сте на терапија во сопствената соба. Ако сакате да созреете и длабоко да навлезете во себеси, прочитајте ја оваа книга.“ Гудридс

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Вистинскиот

    Вистинскиот

    0

    Самотијата не мора да биде и страдање.

    Овој роман-портрет на еден брак што пропаѓа нè води низ комплициран љубовен триаголник од две перспективи – на сопругата и на сопругот. Низ неверојатен сплет на двојност и паралели, навлегуваме во две приказни што се обединуваат со бравурозна прецизност.

    Петер и Илонка се богат пар чиј навидум совршен брак е уништен од тајни. Несигурната Илонка верува дека никогаш не може да биде доволно префинета за својот сопруг, а Петер се измачува со забранетата љубов кон Јудит, селанка и слугинка во неговиот дом од детството. Јудит, пак, копнее по слобода од стегите на општеството што ги заробува сите тројца во вител на љубов и загуба. Оваа извонредна приказна, која се одвива во Унгарија меѓу двете светски војни, во свет на драматични промени, е уште еден доказ за брилијантноста на Мараи.

    Дали е можно да се уништат емоциите со разумот? Оваа психолошка драма ќе ни го даде одговорот истовремено поттикнувајќи нè на размислување, за да откриеме дека сета убавина на постоењето што ја откриваме со разумот, на крај, сепак е сместена во срцето.

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Втора фондација

    Втора фондација

    0

    Само тајната може слабоста да ја претвори во предност.

    Досега Фондацијата беше безбедна, благодарение на скриената Втора Фондација основана заради нејзина заштита. Барем така си мислевме. Но каков би бил светот без противници? Со појавата на мутантот Мула, започнува и продолжението на најдобрата научнофантастична сага на сите времиња.

    Мула започнува засилена потрага по Втората Фондација. Никој не може да му се спротивстави, зашто има единствена моќ да дејствува врз емоциите на луѓето преобликувајќи им го начинот на размислување. Тој успева дури и најголемите противници да ги претвори во свои покорни слуги. Неговата цел? Освојување на целата галаксија и самопрогласување за нејзин господар. Ќе пропадне ли планот на Хари Селдон, а со тоа и обновувањето на цивилизацијата? Се чини дека само 14-годишната Аркадија го има одговорот на тоа прашање.

    Каде е крајот на галаксијата? Или можеби навистина е бескрајна. Токму како и имагинацијата на Исак Асимов, кој создава уште едно ремек-дело во научната фантастика.

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Седумте духовни закони за успешно родителство

    Седумте духовни закони за успешно родителство

    0

    Осмислениот живот ја открива смислата на животот.

    „Седумте духовни закони на успехот“ на Дипак Чопра со својата посебност и вистинитост им го просветли патот на многумина во светот. Овој мудар концепт на животот им го отвора патот на возрасните, па книгава што ја држите в раце е надополнување на безвременските совети што на родителите им помагаат да ги изведат своите деца на вистинскиот пат.

    Успехот зависи од она што сте и од она што го правите, вели овој светски признат доктор и писател, покажувајќи дека духовноста е темел на сите животни достигнувања. Чопра предлага начини на кои родителите можат да им помогнат на децата да ја впијат оваа мудрост уште од најрана возраст и нуди редовна дневна програма за целото семејство, проникната со практични духовни идеи и совети што поттикнуваат на размислување и на правилно постапување.

    Благодарение на оваа книга, родителите можат да ги научат своите деца да живеат на најприроден, хармоничен и креативен начин – и така да остварат вистинско изобилство низ целиот живот.

    „Идеите на Дипак Чопра за духовноста и воспитувањето на децата се оригинални, длабоки и фасцинантни.“

    Бенџамин Спок

    или

    „Соработувај со својата судбина, не спротивставувај ѝ се, не попречувај ја. Дозволи ѝ да се исполни.“

    Нисаргадата Махараџа

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • Моќта на позитивното НЕ

    Моќта на позитивното НЕ

    0

    „Не“ е најважниот и најмоќниот збор во јазикот.

    Во денешниот свет на неограничени избори, притисокот да се попушти и да се каже Да е сè поголем, носејќи ни стрес и прекумерни обврски. Позитивното Не никогаш не било толку потребно. Тоа има моќ да го преобрази животот овозможувајќи ни да се заземеме за она што ни е важно – нашите потреби, вредности и приоритети.

    Но погрешното Не може да го уништи и она што најмногу ни значи. Затоа е важно да го кажеме на вистински начин. Тајната на ефикасното Не лежи во умешноста да се каже позитивно Не, што е можеби највредната животна вештина што некогаш ќе ја научите.

    Оваа незаменлива книга ви дава едноставен метод во три чекори за кажување позитивно Не: да си ги одбраните суштинските интереси цврсто останувајќи на својот став; да се спротивставите на контрааргументите; да стигнете до прифаќање, до вистинското Да што им служи на вашите интереси.

    „Моќта на позитивното Не“ нуди практични совети и примери за секоја ситуација. Без разлика дали треба да му кажете Не на некој клиент или колега, на вработениот или на шефот, на детето или партнерот, во оваа книга ќе ја најдете тајната за јасно и ефективно Не, искажано со почит. Сфатено вака, Не е новото Да.

    „Лесно е да се каже Не! кога длабоко во вас гори Да!“

    Стивен Р. Кови, автор на „7 навики на успешните луѓе“

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Квадрантот на протокот на парите

    Квадрантот на протокот на парите

    0

    Квадрантот на протокот на парите ќе ви открие многу работи што не се учат во школо: зошто некои луѓе помалку работат, а повеќе заработуваат, плаќаат пониски даноци и се финансиски посигурни од другите. Тајната е во тоа да научите од кој квадрант да дејствувате и кога.

    Книга што ќе ви го промени начинот на размислување за работните места, кариерата и поседувањето сопствен бизнис и ќе ве инспирира да ги научите правилата што богатите ги користат за да ги создадат своите империи. Дали некогаш сте се запрашале:

    – Која е разликата меѓу (само)вработен и бизнисмен?

    – Зошто некои инвеститори заработуваат со помал ризик?

    – Како некои луѓе се осмелуваат да дадат отказ и да почнат сопствен бизнис?

    – Зошто во индустриската ера беше важно да се добие диплома, а денес врвни дипломци работат за луѓе кои не го завршиле образованието и сепак се меѓу најбогатите на светот: Бил Гејтс, Ричард Бренсон, Мајкл Дел, Тед Тарнер?…

    Ова е книга за сите луѓе кои се подготвени да тргнат по сопствениот пат до финансиска слобода, наместо да се потпираат на сигурното вработување; кои сакаат да извршат коренити промени во својот живот; кои се подготвени да преминат од индустриската во информатичката ера. Квадрантот на протокот на парите е ваш незаменлив водич во нашиот современ свет на сè поголеми финансиски промени.

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Богато дете, паметно дете

    Богато дете, паметно дете

    0

    Парите не можат да те направат среќен. Но значат моќ, затоа што ти даваат можност да избираш.

    Книга за сите родители кои сакаат да им дадат добра финансиска основа на своите деца подготвувајќи ги за современиот свет на брзи промени. Роберт Киосаки несебично ги споделува со нас сите инспиративни и практични знаења за парите и збогатувањето што тој ги добил од својот богат татко.

    Богато дете, паметно дете покажува како да разбудите кај детето љубов кон учењето користејќи ги методите на умниот татко, кој му помогнал на Роберт да го заврши училиштето. Но денешниот образовен систем не нуди финансиска писменост, иако банкарот ни бара финансиска сметка, а не школско свидетелство. Оваа книга ви отвора врати за кои не сте ни помислувале дека постојат и ви овозможува да му дадете на своето дете знаења што ќе му користат цел живот, за да постигне личен и финансиски успех во вистинскиот свет.

    Дајте им на децата моќ пред да им дадете пари. Помогнете им да добијат соодветни знаења и да создадат добро мислење за себе дека се силни, и ќе им помогнете да станат богати и паметни.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Островот на стаорците

    Островот на стаорците

    0

    Секојпат длабоко нè потресува она што е конечно и неповратно

    Добредојде на Островот на стаорците, во пандемиско време во кое богатите чекаат евакуација од врвовите на облакодерите, додека обичните луѓе се борат за опстанок по улиците.

    Остварлив ли е сонот за вечен живот? Научникот кој го истражува во последен миг го активира бришачот на меморијата во Бришачот, зашто пронајдената формула може да предизвика истребување на човештвото. Во Штурци е ставено на тест пријателството и патувањето низ времето кога двајца најдобри другари ќе се вљубат во иста девојка. Во Противотров отуѓениот син оди кај татко му на фарма на змии во Африка обидувајќи се да извлече пари од него. А во епскиот и брутален Црн скокач психологот Маер навечер станува професионален убиец во служба на корпоративните картели…

    Од дволичност и одмазда до дистописки визии, Несбе ги испреплетува жанровите истражувајќи го она што ја движи судбината на поединецот – дали има место за љубов, сочувство и правда дури и во екстремни услови на борба за опстанок?

    „Морничави приказни во кои Несбе ги истражува изопачените умови и темните места на човечкото срце соочувајќи нè со можните сценарија за нашата блиска иднина.“

    Букрипортер

    „Со остро перо, живи ликови и застрашувачки сцени, Несбе е модерен шекспировски мангуп, стивенкинговски исповедник на длабочините на душата, брилијантен норвешки раскажувач.“

    Берлингске

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Крвава месечина

    Крвава месечина

    0

    Крвава месечина, 13 роман во серијалот за Хари Хуле

    Брилијантниот детектив се враќа – како приватен истражител со свој тим составен од одметници

    На почетокот од есента во Осло исчезнуваат две девојки кои биле на иста забава кај познатиот милијардер Ред. На пронајденото тело полицијата забележува необичен „потпис“, кој навестува дека тоа е само почеток на нечии чудовишни намери.

    Откривањето на необичниот убиец бара и необичен детектив. Но легендарниот Хари Хуле е преселен во Лос Анџелес и е на добар пат да си ја оствари намерата – да пие до смрт. Одбива да се врати во Осло сè додека некогашната глумица Лусил, која му го спасува животот, не запаѓа во голема опасност. А тој може да ја спаси само ако го прифати ангажманот што доаѓа од неговиот роден град.

    Се враќа во Осло и составува чуден тим – другар од детството кој сега е дилер на кокаин, корумпиран полицаец и психолог на смртна постела. Има десет дена да го најде убиецот и да ја спаси Лусил. Времето немилосрдно тече додека над градот се надвиснува крвавата месечина.

    „Умешноста на Несбе заслужува највисоки оценки. Ова е првокласна приказна – Хари Хуле се враќа и повторно нè фасцинира.“

    „ВГ“

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Твоите пет следни потези

    Твоите пет следни потези

    0

    Успешните претприемачи и шаховските велемајстори имаат визија да ги погледнат фигурите пред нив и да ги предвидат своите следни пет потези. Во оваа книга, Патрик Бет-Дејвид „им помага на претприемачите да разберат што точно треба да направат следно“ (Брајан Трејси, автор на „Изеди ја жабата!“) со преведување на оваа вештина во вредна методологија. Без разлика дали се чувствувате како да сте удриле во ѕид, сте го изгубиле жарот за работа или барате иновативни стратегии за да го подигнете вашиот бизнис на следното ниво, „Твоите пет следни потези“ ги има одговорите. Ќе добиете: ЈАСНОСТ за тоа што сакате и кој сакате да бидете. СТРАТЕГИЈА да ви помогне да размислувате во воената соба и просторијата за состаноци. ТАКТИКИ НА РАСТ за добри и лоши времиња. ВЕШТИНИ за градење на вистински тим заснован на силни вредности. УВИД во игрите на моќ и уметноста на создавање стратешка предност.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Малото чудовиште

    Малото чудовиште

    0

    Уште десет минути до спиење, а малoто чудовиште Кики ќе направи сè, само за да не заспие!

    Придружете им се на чудовиштата додека се забавуваат во последните мигови пред да си легнат во кревет.

    Од најпродаваната едиција на сликовници што на совршен начин им помагаат на децата да се подготват и да стекнат навика навреме да легнуваат во кревет и полесно да заспијат.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • СЛИКИЧКИ „СВЕТОТ НА БИБИ“

    СЛИКИЧКИ „СВЕТОТ НА БИБИ“

    0

    Една кесеичка „Светот на Биби“ содржи 5 сликички

    29,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Мала книга за Лике: Данската потрага по најсреќните луѓе на светот

    Мала книга за Лике: Данската потрага по најсреќните луѓе на светот

    0

    Lykke (Luu-kah) (n): среќа ОЧИГЛЕДНО Е ЗОШТО ДАНСКА ЧЕСТО ЈА НАРЕКУВААТ НАЈСРЕЌНА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ. ПОКРАЈ ТОА ШТО НА СВОИТЕ ЖИТЕЛИ ИМ НУДИ СОВРШЕНА РАМНОТЕЖА ПОМЕЃУ ДЕЛОВНИОТ И ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ, БЕСПЛАТНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ И БЕСПРЕКОРЕН РАСПОРЕД НА ВОЗОВИ, ТАА ГО НАДМИНУВА ОСТАТОКОТ ОД СВЕТОТ И ВО ОДНОС НА БРОЈОТ НА ЗАПАЛЕНИ СВЕЌИ ПО ДОМАЌИНСТВО. . Никој не знае повеќе за среќата – која Данците ја нарекуваат лике – од Мајк Викинг, директор на Институтот за истражување на среќата и автор на „Мала книга за хиге“. Иако може да се научи многу од Данците во поглед на уживањето во животот, клучните тајни на среќниот живот треба да се откријат насекаде низ светот. Во оваа фасцинантна книга, авторот нè води на лов на богатство за да ја отклучиме вратата за квалитетниот живот. Собирајќи податоци, искуства и совети од најсреќните краишта на светот, тој ни кажува како да го трошиме скапоценото време, како да се однесуваме со соседите или како да приготвиме вечера. Дозволете оваа книга да послужи како водич во вашата потрага по малку повеќе лике во животот!

    780,00 ден
    Додај во кошничка
  • Малата Сирена

    Малата Сирена

    0

    Во кралството на сирените,
    малите сиренчиња пливаа наоколу често!
    Но, имаше уште десет минути до спиење…
    А едно од нив не беше на своето место.
    Од најпродаваната едиција на сликовници што на совршен
    начин им помагаат на децата да се подготват и да стекнат навика
    навреме да легнуваат во кревет и полесно да заспијат.

    350,00 ден
    Додај во кошничка