-
Мојот брат од тринаесеттиот кат
0250,00 денАко едната страна од гајтанот божемски ја вклучам во мојот кревет (всушност ќе ја пикнам под јоги-душекот!), а втората ја вклучам во креветот на Мирна (ќе ја ставам под нејзината перница), двата кревета ќе бидат поврзани и најверојатно и таа и јас следната ноќ ќе сонуваме ист сон.
-
Кифличката Мирна
0250,00 ден„Како се викаш?“
„Не знам. А ти?“
„Мирна.“
„Од каде знаеш?“
„Мајка ми ми кажа веднаш кога се родив.“
„А зошто мене мајка ми не ми кажа?“
„Не знам.”
Разговорот се скина, но тишината продолжи да ги поврзува нашите срца.
-
Ѕвездено дете
0500,00 денЅвездан е дете кое живее меѓу ѕвездите. А кога живееш меѓу ѕвездите, животот ти е исполнет со нив.
Ѕвездан е вистински мајстор за ѕвезди: ги поправа кога ќе престанат да светат, пловејќи меѓу нив со своето бротче. Исплашен од помислата некоја ѕвезда да не падне, Ѕвездан доаѓа до едно големо откритие… што понатаму ќе го одведе до нешто сосема, сосема неочекувано…
„Ѕвездено дете“ е нежна, ѕвездена приказна за желбите, стравовите, осаменоста и љубовта.
-
Облачињата кои не сакаа да плачат
0450,00 денОх, како скандал во училиштето за облаци!Малите облачиња одбиваат да плачат!
Хи, хи, хи, протрчуваат по небото малечките облаци.
Ха, ха, ха, се бркаат насмеани со ветрот.
И така по цел ден и саноќ и ниту една капка, со денови!
-
24 часа во Еднорозија
0250,00 денМалата извидничка Дева е изгубена во густата шума на планината Би. Во потрага по неа тргнуваат нејзината сестра-близначка Дина, момченцето Јан и кученцето Путерче. Случајно ја откриваат чудесната, таинствена земја Еднорозија во која живеат еднорози, самовили и волшебникот Моли. Многу одамна, злобниот принц Нолад фрлил страшна магија врз оваа прекрасна земја и оттогаш нејзините жители се заробени во неа.
Додека групата извидници трага низ планината по нашите пријатели Дева, Дина, Јан и Путерче, тие, пак, соочени се со многубројни предизвици што треба да ги совладаат, три гатанки што треба да ги одгатнат и три книги што треба да ги пронајдат за да ги спасат жителите на Еднорозија.
А, обидите за спас уште повеќе ги отежнуваат тројцата научници – господинот Шол, господинот Верг и господинот Адулбаз (нивните презимиња прочитај ги наназад за да откриеш какви се тие). Тројцата научници ја напаѓаат Еднорозија, верувајќи дека еднорозите го кријат лекот за бесмртноста…
-
Мала книга за хиге: данскиот начин на добро живеење
0780,00 денЗа Данска често се вели дека е најсреќната земја во светот. А тоа се сведува на една работа – хиге.
ХИГЕ СЕ ПРЕВЕДУВА НА НАЈРАЗЛИЧНИ НАЧИНИ, ОД УМЕТНОСТ НА СОЗДАВАЊЕ БЛИСКОСТ, ПРЕКУ ПРИЈАТНА ДУШЕВНА УДОБНОСТ, ПА ДО ЦРПЕЊЕ ЗАДОВОЛСТВО ОД ПРИСУСТВОТО НА СМИРУВАЧКИ НЕШТА. А МОЈОТ ОМИЛЕН ОПИС Е – КАКАО ПОД СВЕТЛИНА ОД СВЕЌИ…
Кога ќе го почувствуваш она што се нарекува хиге, едноставно го знаеш тоа. Тоа е она кога си стуткан на каучот со саканата личност или кога јадеш заедно со најблиските пријатели. Тоа се оние јасни сини утра кога светлината што ти влегува низ прозорецот е токму онаа вистинската.
А никој не може да ти биде подобар водич за сето она што се подразбира под хиге од Мајк Викинг. Мајк е генерален директор на Институтот за истражување на среќата во Копенхаген и има минато многу години во проучување на магијата на данскиот начин на живот. Почнувајќи од изборот на вистинското осветлување и сè околу планирањето забава, преку создавањето комплет за хиге прва помош, па дури и во однос на изборот на облека, оваа прекрасна и инспиративна книга на Мајк ќе ти помогне да бидеш по-хиге.
-
Тајниот живот на писателите
1240,00 денМИНАТОТО СЕ ВРАЌА ЗА ДА ЈА ОДИГРА СВОЈАТА ПОСЛЕДНА ИГРА…
Откако напиша три култни романи, Нејтан Фолс во 1999 година објавува дека веќе никогаш нема да се занимава со пишување и се повлекува на прекрасниот, но див медитерански остров Бомон.
Есен 2018 година. Фолс нема дадено ни едно интервју веќе цели 20 години, но неговите романи не престануваат да го привлекуваат вниманието на читателите. Матилда Моне, млада швајцарска новинарка, доаѓа на островот со намера да ја открие тајната на Фолс.
Истиот тој ден на островот е пронајдено телото на една жена и власта решава да воведе блокада на островот. Тогаш меѓу Матилда и Нејтан почнува опасно соочување во кое се среќаваат долго криени вистини и уверливи лаги, но и љубов и страв.
Фасцинантна книжевна сложувалка, која доживува неверојатен пресврт во моментот кога писателот ќе го нареди и нејзиното последно делче. -
Боксерот од Ново маало
0300,00 денАнгел Тотевски, меѓу своите маалци и пошироко попознат како Шуре Катиљ, е прочуен тепач од Ново маало. Прекарот го добива во кланицата каде што работи, оти најбрзо од сите шури јагниња, ама и затоа што е катиљ по душа. Поради проблемите што си ги навлекува со својот терсене карактер, еднаш завршува претепан од милицијата и прибран во затвор. Единствено решение да го скроти својот темперамент е да почне да тренира бокс. Тренирајќи напорно и посветено, Шуре прераснува во боксерска икона на боксерскиот клуб „Вардар“ и гордост на новомаалци.
„Боксерот“ е уште едно емотивно четиво на Владимир Плавевски, во кое преку приказната за маалскиот кабадаија Шуре, ги преживуваме сите премрежиња низ кои поминале луѓето во кобните 1962 и 1963 година во Скопје.
-
Архангел-ослободување на ѕверот
0390,00 денПо завршувањето на најразорната војна во историјата, Третата светска војна, човековата цивилизација одлучува да го реорганизира светот, со помош на напреднатата технологија. Најголемото достигнување на здружениот труд е тест-населбата Архангел 2009, сместена на Антарктикот, најнегостопримливото место на Земјата. На Архангел се вселуваат врвните умови од сите области: психолози, инженери, биолози, економисти, лекари, физичари, филозофи, па дури и уметници. За многу брзо време проблеми како глобално затоплување, загадување, глад, недостаток на вода за пиење, недостаток на живеалишта и слично, драстично се намалуваат или целосно стануваат минато. И додека се чини дека планетата доживува преродба од секаков аспект, човековите слабости, како што се алчноста и потребата за надмоќ, сè уште демнат зад аголот како најголема опасност.
-
Прашај ме повторно, ќе ти речам „да“
0480,00 денФренсис Глисон и Брајан Стенхоуп, двајца полицајци-почетници во њујоршката полиција, живеат еден до друг во соседство надвор од градот. Она што се случува во двете куќи зад затворени врати – осаменоста на сопругата на Френсис, Лена, и нестабилноста на сопругата на Брајан, Ен – поставува сцена за експлозивни настани што следуваат.
Прашај ме повторно, ќе ти речам „Да“ е приказна за долгогодишното пријателство и љубовта помеѓу ќерката на Френсис и Лена, Кејт, и синот на Брајан и Ен, Питер, што никого нема да остави рамнодушен. Брилијантно, емотивно и искупувачки, оваа книга открива како спомените од детството се менуваат од дистанца на зрелоста – негативците не се веќе закана, а невините и не се баш наивни. Љубовната приказна на Кејт и Питер, тестирана од ехото од минатото, е обележана со нежност, дарежливост и милост.
-
Убиствата во Кингфишер хил
0400,00 денФантастичен сплет од мистерии, дисфункционални семејни односи, морбидност и неизвесност – совршениот рецепт што ќе ве натера да го прочитате романов во еден здив!
Херкул Поаро патува со луксузен пајтон до елитниот имот Кингфишер хил. Тој и неговиот верен придружник, инспектор Кечпул, се најмени од Ричард Девонпорт да го истражат убиството на неговиот брат Френк и да докажат дека неговата свршеница Хелен е неправедно осудена за убиството. Но има еден чуден услов: Поаро не смее да ја открива вистинската причина зошто е таму пред другите членови на семејството Девонпорт.
При патувањето, пајтонот наеднаш застанува зашто една вознемирена жена бара да се симне и инсистира дека, ако остане на своето место, ќе биде убиена. Иако за време на патувањето никој не е повреден, Поаро насетува дека тука се крие уште една мистерија. Неговите стравови набргу се остваруваат: пронајдено е тело на кое е оставена злокобна порака поврзана со седиштето на госпоѓата.
Дали Поаро ќе успее да ја одгатне поврзаноста на случаите? И, ако Хелен е навистина невина, ќе успее ли да го открие вистинскиот убиец на Френк Девонпорт?
-
Вие сте вашите уверувања
0990,00 денНашиот животен пат е поплочен со верувања што се развиваат од најраното детство, па сè до последните часови на нашиот живот. Ограничувачките верувања се честа причина поради која немаме самодоверба, остануваме заробени во комфорната зона и не го живееме животот што го заслужуваме.
Оваа книга ќе ве ослободи. Приказните од срце, советите што им помогнале на илјадници луѓе низ светот и неверојатните откритија на авторот ќе ви покажат, чекор по чекор, како да го живеете својот живот од соништата. Таа ќе ви ги открие верувањата што ве попречуваат и кои без одложување ќе мора да ги промените за да станете самоуверени, храбри и отворени за промени. Ќе се ослободите од чувството на помала вредност, од чувствата на вина, срам и страв.
Вие сте вашите уверувања претставува моќен прирачник за постигнување на зацртаните цели. Таа е лична исповед на авторот Смиљан Мори, кој успеал да се ослободи од вкоренетите верувања што со години му го расипувале квалитетот на животот. Денес тој е неизмерно успешен претприемач, автор, мотивациски говорник и среќен сопруг и татко на две деца. Препуштете им се на неговите зборови и станете најдобрата верзија на самите себе.
Подарете си ја оваа книга – зашто со неа ќе си дарите слобода!
-
Вернон Субутекс 1
0350,00 денНапишан од провокативната француска писателка и режисерка Виржини Депант, „Вернон Субутекс 1“ е маестрален портрет на современото француско општество. Вернон Субутекс, диџеј и продавач на грамoфонски плочи, добро познат во Париз, соочен со брзите промени кои се одвиваат во светот и со својата неиницијативност и мрзеливост, губи сè што има и од некогашна легенда, станува бездомник. Тоа само ја зацврстува неговата желба за живеење „од ден за ден“, со сите непредвидливости што тоа ги носи. Во обид да најде место за преноќевање, Вернон ги посетува своите некогашни пријатели, откривајќи за нив многу повеќе отколку што сака да дознае.
„Вернон Субутекс“ е камелеонски роман-колаж во кој приказната тече низ гласот на цела галерија чудесни ликови. Со овој роман, Депант го достигнува своето заслужено место во самиот врв на француската книжевност.
-
Кревка рамнотежа
0550,00 денВо еден неименуван град крај морето, власта воведува вонредна состојба. И така, хаосот се вселува во секојдневниот живот на луѓето: многумина остануваат бездомници, некои се апсени, некои се принудени на присилна работа, сите се исплашени и осамени…
„Кревка рамнотежа“ раскажува за четворица ликови кои кога се заедно не можат да ја поднесат блискоста, но кога се далеку едни од други не можат да преживеат.
Среде политичките превирања во Индија, реалноста станува толку неверојатна, што дури и она што е измислено изгледа вистинито. Така, овој чудесен роман час може се чита како магичен реализам, час како историски портрет на распадот на една земја.
-
Пластично трособје
0280,00 денЕдна чешка сексуална работничка решава со читателот на овој роман да ги сподели своите размислувања за професијата што ја работи, за стареењето, за влијанието на новите технологии врз сексот и за суштината на материјализмот. Својот светоглед го пренесува преку скици за сценарио за документарна телевизиска серија, за која искрено и наивно сонува дека еден ден ќе биде снимена.
Исполнувајќи го површното секојдневие на својата протагонистка со фетишизам, насилство, хумор и чуден, ама неочекувано успешен, спој од вулгарен и поетски јазик, Петра Хулова на само стотина страници успева да создаде свет во мало преку текот на свеста на својот лик. „Пластично трособје“ е една од најнаградуваните современи чешки книги: последно во низата признанија е наградата на Англискиот ПЕН центар за најдобар превод во 2017 година.
-
Министерство за врвна среќа
0500,00 денПриказната во „Министерство за врвна среќа“ полека и мајсторски се ткае низ сиромашните квартови на Делхи и низ рајските пејзажи на Кашмир. Рој раскажува за ликови кои на прв поглед се чинат маргинални и кои во други приказни веројатно би останале заборавени, но овде полека се претвораат во јунаци. Раскажувајќи за немирот и болката, за среќата и надежта, Рој гради епски портрет на современа Индија, но и грандиозна слика на нашето денешно општество.
Варирајќи од љубовна приказна до историски роман, од семејна сага до политичка сатира, „Министерство за врвна среќа“ е дело какво што се среќава сосем ретко, роман во својот чист и моќен облик.