-
Принцезата и гоблинот
0199,00 денПринцезата Ирина живее осамен живот во еден замок, во див, непрооден и самотен планински предел.
Еден дождлив и здодевен ден во замокот, кога нејзината дадилка ќе ја остави сама, таа открива стрми, кривулести скали што ги нема видено претходно. Скалите водат до еден чуден лавиринт од ходници, празни соби и заклучени врати и кон нови скали што водат кон највисоките делови од замокот.
Што ќе пронајде принцезата таму? Дали прстенот што ќе го добие како подарко за една мистериозна личност може да ја заштити од страшните гоблини под планината?
Дали можеби нејзиниот нов приајтелКурди, синот на рударот Петар, може да и помогне?
-
-
Токму такви приказни
0199,00 денЕднаш многу одамна, најмили мои…
Вака почнува оваа класична збирка на прекрасни, фантастични приказни за тоа како нештата во светот станале токму такви какви што се.
Во оваа книга ќе прочитате приказна за тоа како мрзливата камила си најде грпка и како со неговата голема љубопитност слонот си доби сурла. Ни открива и како настана грлото на китот и зошто секој носорог има набрана кожа и постојано е мошне лошо расположен. Исто така, ќе дознаеме и за итрата мачка што шеташе сама и како настанаа шарите на леопардот.
-
Морските самовили
0199,00 денМајра Грифитс, со прекар Патче, е малечко девојче кое живее во една дрвена куќичка на морскиот брег, заедно со татко ù, капетан на едреник, мајка ù и еден стар пензиониран морнар со дрвена нога – капетанот Бил. Патче и капетанот Бил најчесто ги поминуваат деновите на плажите во близина на куќичката или, пак, пловејќи во чамец покрај брегот.
Еден ден, Патче посакува да види сирена и, навистина, нејзината желба се исполнува. Сирените им објаснуваат на капетанот Бил и на Патче дека тие се добри морски самовили и ги канат да го посетат нивниот подводен свет, така што и самите ќе станат сирени. Патче е воодушевена од овој предлог, а капетанот Бил не сака да ја пушти да оди сама, па заедно се впуштаат во оваа неверојатна авантура. Но, тука е и лошиот маѓесник Зог, кој е заколнат непријател на сирените.
-
-
Волшебникот од Оз
0290,00 денСледи ја патеката од жолти тули! Дороти мисли дека никогаш нема да се врати дома, откако торнадо ја вовлекува неа и нејзиното кученце Тото и потоа ги исфрла во еден магичен свет. За да стигне дома, Дороти прво мора да го најде волшебникот од Смарагдниот град Оз.
По пат ги сретнува Страшилото, Лимениот дрвосечач и Плашливиот лав.
Но, Злобната вештерка од Западот има свои планови за девојчето!
Дали Дороти ќе успее да се врати дома?
-
-
Сакам дома!
0275,00 денИ така падна одлуката. Во истиов миг поаѓа во потрага по нови родители. Само уште да смисли каде да ги најде. Во соседството? Во некоја соседна држава? Во Европа? Африка? Австралија? На Северниот Пол? Во огласите? На „Фејсбук“? Стоп! Ништо од сето ова. За едно толку симпатично и умно момче, каков што е Никола, родителите можат да се најдат само на некоја друга планета.
Деца, појдете со Никола во потрага по совршените родители. Ве очекуваат комични, всушност, космички авантури, преполни со мали чуда, џиновски солзи, смешни зборови и опасни игри.
Предупредување:
– Кај искусните читатели може да се јави желба книгата да се прочита уште еднаш.
– Кај читателите-почетници можна е појава на самостојно читање.
– Што ќе се случи со оние што не знаат да читаат не вреди да се пишува, затоа што нема да можат да прочитаат.
-
Чорапојадци
0380,00 денДали ви се случува да ви исчезне еден чорап?
Не зборувам за оние што ќе ги однесе ветрот од жица или ќе пропаднат зад фиоката или, пак, ќе ги проголта машината за перење алишта, па потоа ги наоѓате.
Зборувам за чорапите кои мистериозно исчезнуваат засекогаш, се губат некаде каде што не е можно да се изгуби нешто, за чорапите кои сега биле тука, а одеднаш веќе не се, па наместо две исти, наоѓате само една.
А потоа…потоа носите распар чорапи, па излегувате расеани или ве обвинуваат дека сте неуредни и дека не ги чувате работите.
Знаете на што мислам? Не грижете се – тоа им се случува на сите. А не е ни чудо, кога во нашите куќи и станови живеат чорапојадци, суштества кои јадат распар чорапи.
Како, не сте слушнале за нив? Прочитајте ја ова книга и ќе дознаете сѐ за тајниот свет на чорапојадците.
-
-
Пинокио
0250,00 денСиромашниот старец Џепето доаѓа на идеја да направи дрвена марионета, кукла која ќе личи на вистинско момче.
Така настанува палавиот, непослушен Пинокио, кој, откако ќе избега од дома, доживува секакви незгоди, наивно паѓајќи во замки и едвај спасувајќи глава од секакви опасни ситуации.
Сепак, на крајот Пинокио ќе покаже дека умее да биде и вреден, послушен, храбар, грижлив и приврзан.
-
4 пријатели онлајн!
0290,00 денЕуџенио не е омилена личност во училиштето. Марко е ужасно здодевен. Елизабета е извештачена, од прва категорија. Џанлука е неподнослив мрморко…
Во секојдневната реалност, овие четворица не се поднесуваат. А кога се среќаваат, на училиште или на фудбалското игралиште, прават сè за да се избегнат.
Сепак, има едно место каде што си помагаат и се советуваат. Место на кое, заштитени со анонимноста, се чувствуваат во совршена синхронија. Интернет.
Само кога би знаеле што се крие зад овие прекари…
-
Лакомата мечка
0168,00 ден„Аман штрку, помагај“, му рекла мечката на штркот. „Ми се заглави една коска во грлово, никако не можам да ја извадам. Лисицата ми рече ти си бил мајстор и си знаел како да вадиш коски. Те молам како знаеш помогни ми.“
-
Жабата и глушецот
0168,00 денРадосен, потрчал глушецот да најде конец. Барал, барал, па нашол и се вратил брзо кај жабата. Го врзала таа за ногата, па тргнале да ја препливаат реката. Но, кутриот глушец, не знаел што му спрема жабата!
-
Момчето што се скри во златното јаболко
0168,00 денЦарот имаше ќерка, прекрасна, но многу разгалена! Посака царот да ја мажи ќерката и разгласи низ целото царство. Но, царскава ќерка, ем разгалена, ем итра, ем лоша, па му рече на татко си дека ќе се омажи само за оној што ќе успее да се скрие од неа, толку добро што таа не може никако да го најде. Оној што ќе успее да се скрие, ќе го земе за маж, а оној што нема – ќе му летне главата!
-
Список за душа
0420,00 денЛетниот распуст на 17-годишната Аби Тарнер не се одвива според нејзините планови. Таа чувствува нескриена наклоност кон нејзиниот најдобар другар Купер. Исто така, не може да се справи со растечката анксиозност на мајка си. Згора на тоа, ја одбиваат да учествува на уметничка изложба затоа што нејзините слики ,,немаат душа”. Па, кога добива нова шанса да го претстави своето ликовно творештво, се чини дека Аби ќе ја пропушти и таа можност.
Во меѓувреме, на сцената стапува списокот.
Себеси си дава период од еден месец за да направи десет нешта, на пример, да се соочи со страв (бр.3), да ислуша приказна на непознат човек (бр.5) … да се вљуби (бр.8). Аби верува дека ако ги искуси овие нешта – ќе прерасне во уметникот што отсекогаш посакувала да стане. Но, како што наближува крајниот рок, Аби сфаќа дека мисијата не е лесна како што и се чинело и дека, веројатно, не може да ја промени својата уметност ако не е подготвена да се промени себеси.