• img-book

    Архимандрит Јован Крестјанкин

    Во народот се вели:

    „Ако гром не удри, човек нема да се прекрсти“.

    Така е и со тебе. Ти во своите писма зборот „Бог“ го пишуваш со мала буква, а во своето срце и во својот живот Му оставаш сосема малку место. Да, денес парите свршуваат многу работи, но нема сила која е посилна од Божјата сила. Зарем не можеш да се покаеш за твојот минат непромислен живот, зарем не можеш да ја измолиш Божјата милост за себе и за своите деца? Дали тоа бил од Бога благословен брак?

    Моли се, научи да се молиш. Јас не можам тоа да го направам за тебе. Бог ги слуша само оние кои Му се обраќаат со сето срце, а токму тоа и тебе ти го посакувам.

    Извадок од новата книга „Писма за духовно раководење на современиот човек“


  • img-book

    #2 Миа Кригер и Холгер Мунк

    Тинејџерка со проблеми во однесувањето исчезнува од домот за млади. Набргу, на шумска ледина е пронајдено нејзиното мртво тело на постела од пердуви, врамено во пентаграм. Случајот е доделен на Одделението за убиства на полицијата во Осло, со истражителите Холгер Мунк и Миа Кригер. Работата е посебен предизвик за Миа, која сè уште води борба со суицидните мисли и со зависноста од апчиња и од алкохол.

    Во меѓувреме, Миријам, ќерката на Мунк, доживува емоционална криза и ја преиспитува својата улога на сопруга и мајка. Откако ќе го запознае младиот интересен активист, почнува да се прашува каде исчезнала нејзината страсна политичка ангажираност, а романтичните чувства што се будат во неа ќе ја одведат директно во рацете на еден исклучително болен ум…

    Истрагите на тимот Мунк и Кригер се вртат во круг сè додека не им се јави мистериозен хакер што им покажува вознемирувачко видео. Снимката разоткрива нови детали за трагичната судбина на убиената девојка, а на крајот се гледа дури и убиецот, облечен како був – птицата на смртта.


  • img-book

    Брилијантна и неизвесна приказна за мрачната страна на друштвените медиуми. Книгата ќе те натера да се запрашаш дали си објавил нешто за што можеби ќе зажалиш. 

    Полицијата дознава за злосторството на ист начин како и сите други: преку „Снепчет“. На видеото е прикажана преплашена млада девојка што моли за прошка. Кога е пронајдено нејзиното тело, тоа е обележано со бројот 2.

    Детективот Хулдар се приклучува кон истрагата, доведувајќи ја во тимот детската психологинка Фреја за да помогне при испрашувањето на пријателите на убиената тинејџерка. Наскоро ќе дознаат дека Стела била далеку од оној ангел како што сите ја опишуваат, но кој би можел да ја мрази толку многу за да ја убие?

    Потоа, исчезнува уште еден тинејџер, нови видеа се испратени по друштвените мрежи и се појавува тело со бројот 3. Вистината е далеку од едноставна. Фреја и Хулдар се согласуваат за најмалку две нешта: убиецот сè уште не завршил. И, дали некаде постои неоткриено тело обележано со бројот 1?


  • img-book

    #1 Миа Кригер и Холгер Мунк

    „Патувам сама“ постигна извонреден интернационален успех кај читателите низ светот, а беше избран и за најдобар во бестселер-листата на германскиот весник Der Spiegel.

    Истражителката Миа Кригер ја напушта полицијата и градскиот метеж го заменува со осамен и тивок живот на еден норвешки остров. Наскоро таму доаѓа нејзиниот стар колега, Холгер Мунк, да ја наговори да се врати на работа. Потребна му е нејзината помош за новиот вознемирувачки случај. Во шумата е најдено безживотното тело на шестгодишно девојче, обесено со училиштен ранец на грбот. Околу вратот има закачено порака: „Патувам сама“.

    Сè укажува на тоа дека убиецот ќе продолжи да убива, а истрагата на Миа нè води до постар случај кога од породилното одделение исчезнува новороденче…

    Комплексен, софистициран и застрашувачки трилер, кој нема да престане да ве шокира и изненадува до последната страница.


    Патувам сама од: 450 ден
  • img-book

    Една жена е најдена мртва во нејзиниот стан, со прегризан врат, по состанокот договорен на Интернет. По два дена, нова жртва – на слична возраст, корисничка на Тиндер, во слична сцена.

    Притиснат од медиумите за што побрзо решавање на случајот, директорот на полицијата е свесен дека само еден човек може да го фати убиецот. Меѓутоа Хари Хуле не сака да се врати таму каде што за малку ќе загубеше сѐ. Барем додека не се посомнева дека овие убиства може да се поврзани со една негова стара, неуспешна истрага.

    Зашто има нешто во нив што му го привлекува вниманието, нешто во деталите што истражителите ги пропуштаат. Кога ќе биде откриена наредната жртва, Хари мора да стави на коцка сѐ за да го фати единствениот човек што успеал да му се извлече.Потрагата по убиецот прераснува во потрага по она што е најинтимно, најдлабоко во човекот.

    „Исклучително… Хари е растргнат од тежок внатрешен конфликт – од една страна, сака да ги заборави ужасите што се обидува да ги спречи, а од друга, знае дека мора да ги запомни во сите нивни мрачни детали.“

    Паблишер викли


    Жед од: 500 ден
  • img-book

    Пред својот педесетти роденден, Хари Хуле живее како во најлошите времиња. Рахела, единствената жена која ја сакал, го исфрла од дома. Ја губи работата на Полициската академија и се враќа во Одделението за крвни деликти, но работи на стари, неважни случаи. Згора на сѐ, серискиот силувач и убиец Свејн Фине излегува од затвор и се заканува дека ќе му се одмазди на тој што го пратил таму и кој во меѓувреме го убил син му.

    Во своето алкохолно бунило, Хари очекува остварување на својот најголем кошмар – кобен напад на неговото семејство. И кога едно утро целиот во крв се буди од морничавиот мамурлак, сфаќа дека кошмарот станал реалност.

    Нож е можеби најдобриот роман од исклучителниот серијал на Ју Несбе. Моралните дилеми ќе ве потсетат на Достоевски, пресвртите ќе ве остават без здив, некои дијалози ќе ве насмеат, а напнатоста не попушта ни за миг. Нож е една од ретките големи книги за кои никој не би помислил дека требало да бидат скратени макар за една страница.

    Волстрит џорнал

    Дали некој умее да создава позлокобни злосторници од Ју Несбе?… Не, не можам да се сетам на друг од чии приказни ме полазуваат толку морници.

    Њујорк тајмс ривју


    Нож од: 500 ден
  • img-book

    Лори е речиси сигурна дека љубовта на прв поглед постои само во филмовите.
    Но, еден снежен ден во декември, низ замаглениот прозорец на автобусот ќе здогледа еден младич и во моментот кога ќе им се сретнат погледите, нејзиното срце ќе затрепери како никогаш претходно… и… тогаш автобусот тргнува од постојката.
    Убедена дека судбината повторно ќе ги спои, таа цела година се обидува да го најде на улиците, автобуските постојки и по лондонските барови и кафулиња. Но, не го пронаоѓа.
    Со скршено срце, таа одлучува да го заборави тој магичен момент и да продолжи во животот.
    Ама, законите на љубовта, тешко може да се разберат и да се следат, а судбината понекогаш создава испреплетени патеки по кои се движиме и кои не можеме да ги промениме.

    „Џози Силвер напиша топла и моќна сторија за љубовта, губењето и пријателството, со чии што ликови се поистоветуваме. Ова е книга на која постојано ќе се навраќате.“
    Џил Сантиполо

    „Подгответе се да бидете вовлечени во виорот на оваа романса. Апсолутно ме воодушеви.“
    Рис Витерспун

    „Возбудлива и неизвесна љубовна приказна која нема да Ве остави рамнодушни и ќе Ви го држи вниманието до самиот крај.“
    Маријана Киз


  • img-book
    Секој има потреба од својата мајка, без разлика кој е и колку години има…
    Парк Со-нјо, мајка на пет возрасни деца, доаѓа во Сеул да ги посети. Но, на преполната железничка станица, ѝ се губи секаква трага. Од перспектива на ќерката, најстариот син, сопругот, но и самата Со-нјо, ја разоткриваме сложеноста на меѓучовечките односи и ја запознаваме жената што целото свое постоење, без оглед на скриените желби и копнежи, се посветила само на децата. Четири приказни и четири перспективи – загуба, бес, вина и жртвување – ни откриваат вител од чувства што испливуваат по таинственото исчезнување на една мајка и жена. Но, ова не е приказна за една мајка, туку за многу мајки што повеќе се „наши“ одошто „свои“, за жените чиј живот се крунисува кога семејните нишки се олабавуваат, а децата тргнуваат по своите патишта.
    Некои книги имаат моќ да нѐ менуваат, да го променат начинот на кој се доживуваме себеси и начинот на кој се однесуваме кон најблиските. „Те молам, внимавај на мама“ е една од тие книги. Таа може да ни послужи како опомена дека важните личности во нашиот живот не треба да ги земаме здраво за готово, таа предизвикува дури и непријатни спомени, вина и тага, не стресува до срж. Оваа книга претставува праг: кога еднаш ќе го поминеме, веќе нема да бидеме исти.

  • img-book

    Катерин и Зои се сестри, но карактерно многу различни. Кетрин е смирена и одговорна, а Зои страсна и бунтовна. Никој нема да се изненади кога Зои ќе остане бремена, ќе го напушти училиштето и ќе стане зависник од дрога.

    Една ноќ Катерин добива повика од ќерката на Зои, Вилоу, која е преплашена и` соопштува на својата тетка дека мајка и` ја оставила на автобуската станица и исчезнала. Катерин, која не може да има деца, со задоволство прифаќа да ја подигне Вилоу како своја ќерка.

    Пет години подоцна…
    Една серија на неочекувани настани ќе го шокираат семејството и трите генерации на жени.


  • img-book

    Романот „Неопходни лаги” ќе Ви го украде срцето.

    Книгата, која е напишана за храброста која е потребна да бидеш оној кој што треба, дури и тогаш кога општеството ти налага поинаку, е полн со откритија – како и за читачот, така и за двете храбри протагонисти. Да Ве предупредам – романот ќе Ви го украде времето потребно за други обврски – кога ќе започнете да го читате, ништо друго нема да Ви биде поважно од тоа да стигнете до крајот, од кој срцето ќе Ви затрепери.


    Неопходни лаги од: 390 ден
  • img-book

    „Преправај се и танцувај“ е приказна за вистината на едно семејството, нивните лаги и неверојатна комбинација на двете.
    Моли Арнет е многу добра во чување тајни, но…Таа и нејзиниот сопруг се надеваат дека наскоро ќе посвојат бебе. Но, постапката ја застрашува. Моли е загрижена дека вистината што таа ја чувала скриена за нејзиното детство ќе се открие и ќе ја уништи не само нејзината шанса за посвојување туку и нејзиниот брак.

    Додека се обидува да најде начин да се смири со своето минато и да ја прифати иднината исполнета со ветувања, открива дека таа дури и не ја знае вистината за тоа што всушност се случило во нејиното семејство.


  • img-book

    Една грешка, една судбоносна вечер, и животот на Тес де Мело ќе се смени засекогаш…

    1944 година – бремена, сама и преполна со вина, дваесет и тригодишната Тес де Мело не можејќи да живее во лага, одеднаш ќе се откаже од нејзината идна кариера како медицинска сестра и ќе стави крај на свршувачката со љубовта на нејзиниот живот. Таа ќе отиде да побара помош од таткото на нејзиното дете и ќе се согласи да се омажи со него, преселувајќи се во еден мал и рурален град, Хикори, во Северна Каролина. Новиот сопруг на Тес, Хенри Крафт, е човек со многу тајни. Тој често не спие дома, крие пари од неговата сопруга, и не покажува никакви чувства кон неа. Тес брзо ќе сфати дека е во замка и во брак без љубов од кој нема излез.
    Кога во Хикори, одеднаш, ќе се појави вирусот полио,граѓаните ќе изградат болница. Тес знае дека е потребна, и покрај желбите на Хенри таа ќе работи таму. Таа ќе се пронајде во работата и ќе чувствува дека прави нешто значајно. А, сепак, однесувањето на Хенри ќе стане алармантно. Тес се бори да ги спаси животите на своите пациенти и се обидува да ја дознае вистината за нејзиниот сопруг и што се крие зад неговото однесување.
    Таа се обидува да ја најде љубовта на нејзиниот живот и дали ѝ е судено да биде со него?


    Украдениот брак од: 450 ден
  • img-book

    Израснат во екстремно религиско семејство, кога пораснал, педантно и безмилосно тргнал во поход да се одмазди на сите секти за своето несреќно и заробено детство.

    Планот му го загрозува шише, пронајдено на морски брег, а потоа со години заборавено во шкотска полициска станица. Во шишето се наоѓа порака што е мошне уништена и тешко читлива. Единствено може да се забележи: ПОМОШ!

    Кога шишето стигнува во рацете на инспекторот Карл Морк во Данска, заедно со помошниците Асад и Роуз тој ќе успее да дешифрира повеќе букви од пораката.

    Станува јасно дека некаде во деведесеттите години две момчиња биле киднапирани, а ова шише е единствениот знак на живот што тие го испратиле.

    Но кои се момчињата и зошто нивните родители никогаш не пријавиле дека се исчезнати? И, што се случило со нив?

    „Порака во шише“ во 2010 година ја доби престижната награда „Стаклен клуч“ во категоријата најдобар нордиски крими-роман на годината.


    Порака во шише од: 500 ден
  • img-book

    Во 1987 година, во викендичка во северна Данска, сурово се убиени брат и сестра. Полицијата се сомнева дека убиецот е дел од една приватна гимназија во која учат децата на најбогатите семејства во земјата. Учениците од ова елитно друштво се познати по организирање насилни оргии. Сепак, истрагата е попречена од високи полициски инстанции.

    Дваесетина години подоцна случајот повторно е на масата на полицискиот инспектор Карл Морк, брилијантниот детектив што раководи со Секторот Q – одделението за нерешени случаи. За него станува јасно дека не е сè така како што изгледа на прв поглед.

    Тој ќе дојде до Кими, жената што живее на улица и краде за да преживее и која мајсторски го усовршила криењето од полицијата. Но не ја бараат само претставниците на законот бидејќи таа чува тајни поради кои и моќници од високите општествени кругови би можеле да ја бараат нејзината глава.

    Tајната што Кими ја крие може да смени сè.


    Ловци на фазани од: 450 ден
  • img-book

    Дали Дневникот на Бриџит Џонс е сензационална урбана сатира за модерните меѓучовечки односи?

    Ироничен осврт за пропаѓањето на едно традиционално семејство?

    Или, пак, едноставно конфузни чкртаници на една изнервирана триесет и нештогодишна девојка?

    „Брилијантен потсетник за животот кога сте биле млада и немажена девојка во еден период од животот… Секоја жена која имала љубовни врски, работа и, секако, мајка, ќе ја чита оваа книга со громогласно смеење“ – Тајмс


  • img-book

    7.15. Урааа! Годините на самотија се веќе зад мене. Цели четири недели и пет дена сум во функционална врска со возрасен маж, со што докажав дека не е вистина дека сум баксуз во љубовта како што се плашев претходно.

    Вака почнува На раб на разумот, урнебесниот излет на Бриџит, во не толку секси реалноста на љубовните врски, во купот будалести теории од книгите за самопомош и во кариерата на телевизија. Онаму каде што завршува Дневникот на Бриџит Џонс, нашата омилена сингл-девојка конечно ја пронаоѓа вечната љубов, Марк. Но, набрзо открива дека нејзиниот човек не е толку идеален како што изгледа. Освен тоа што никогаш

    не сака да оди на пазарење по самопослуги, Марк,
по сè изгледа е заинтересиран и за отровната „медуза“ Ребека, со колкови како на младенче на жирафа и наклоност да ги презема туѓите дечковци.

    „Фантастичниот успех на Бриџит Џонс не е само резултат на брилијантната духовитост на авторката
и нејзината способност да ги прибележи комичните моменти во сите појави во современото општество туку и на тоа што таа успева да покаже што значи да се биде – ах, леле – жена… Филдинг своите опсервации вешто ги зачинува со хумор, ставајќи ги на хартија сите оние мисли што и нам ни паѓаат на памет, но досега не сме изговориле на глас.“
- Сали Емерсон, Дејли мејл