-
Продавница за животни промени
0450,00 денРоман што буди желба да внесеме повеќе живот во животот и да ја прифатиме иновативната филозофија водилка на зебрата: „смелорноста“.
Три нетипични личности, три електрони со слободни души. Кога ќе им се вкрстат патиштата, поредокот на нештата ќе се измени засекогаш. Полето на можностите се отвора, а хоризонтите се прошируваат. Тие се слеваат еден во друг за да си најдат послободен, поотворен, посреќен пат…
Базил, пронаоѓач, раздвижувач на невроните со несекојдневна генијалност, нè води во еден поетско-уметнички свет што го скокотка умот и поттикнува да скршне од униформното размислување. Отвора „бихевиористичка“ продавница од трет вид: за провокативни предмети што ги будат фантазијата, креативноста и го поттикнуваат отворањето на умот. Џулија, надарен „нос за парфеми“, мечтае да внесе душа во својот занает, а нејзиниот син Артур, бунтовен тинејџер, се труди да си го открие местото во светот во кој припаѓа. Наспроти нив е Лујза Мортеј, уредничката на општинскиот весник која сака по секоја цена да ја затвори чудната продавница.
До каде ќе ги однесе своите ликови? Популарната писателка се враќа во своето најдобро издание – со нов извонреден роман со кој уште еднаш нè изненадува и нè освојува.
-
Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден
0400,00 денШто да правиш кога одеднаш ќе се најдеш заглавен во стапицата на секојдневната рутина, кога ќе сфатиш дека животот веќе не ти носи радост? Имаш навидум сè што ти е потребно, но нешто недостига, нешто суштинско што го први животот убав, интересен, неповторлив…
Во еден таков преломен момент Камиј, хероињата на овој волшебен роман, среќава необичен човек со уште понеобично занимање: рутинолог. Од него таа повторно ќе ја открие мудроста на вистинските избори, на заборавањето и прошката. Зашто „животот е како летачки балон што се издига со помош на топол воздух. За да се искачиш повисоко, треба да умееш да се ослободиш од товарот и да исфрлиш преку оградата сѐ што ти пречи да се кренеш“. Постепено, тој ќе ја поттикне обесхрабрената Камиј да се осмели да си постави големи соништа. И да тргне кон нивно остварување. Зашто не е најстрашно да не успееш. Најстрашно е да не се ни обидеш!
Со теоријата на мали чекори, тој ќе ја поведе по патот на самопрочистувањето и самооткривањето, за да проникне повторното во љубовта и чудото на постоењето.„Рафаела Жордано нè учи како да излеземе од зачмаеноста и повторно да се вљубиме во животот!“ Мадам Фигаро
-
Клубот 5 наутро
0500,00 денСветски признатиот гуру Робин Шарма ви го претставува концептот на Клубот 5 наутро – докажан систем кој им помогнал на илјадници клиенти максимално да си ја зголемат продуктивноста, да си го подобрат здравјето и да уживаат во спокоен живот во ова динамично и стресно време.
Преку восхитувачка – и честопати забавна – приказна во која главните актери се борат да ги надминат своите лични проблеми и се среќаваат со еден ексцентричен тајкун кој станува нивен таен ментор, Клубот 5 наутро ќе ве запознае со:
– Начинот на кој големите и мудри луѓе ги почнуваат своите утра за да постигнат зачудувачки резултати.
– Малку познатата формула за инспирација и фокусираност за извлекување на најдоброто од денот.
– Докажаната практика што помага лесно да се разбудите додека повеќето луѓе уште спијат, добивајќи скапоцено време за размислување и изразување на својата креативност.
– Револуционерни тактики да ги одбраните своите дарби, таленти и соништа од дигиталното лудило и тривијалните дразби за да можете да уживате во успехот, работата и магичното влијание врз светот. -
ТАЈНАТА ВРАТА НА УСПЕХОТ
0250,00 денРазликата меѓу успешните и неуспешните луѓе е во познавањето на начинот на кој се стигнува до целта. Тајната врата на успехот на Флоренс Сковел Шин ни покажува како да ја пронајдеме и да ја отклучиме вратата што води до тајното знаење за успехот.
Со едноставни и практични совети, Шин ни покажува како да ги отстраниме бариерите што нè спречуваат да доживееме вистинска љубов, да заработиме пари и да ги оствариме своите цели. Таа ни ја открива тајната врата која води кон исполнување на сето она што го посакуваме длабоко во себе. Ни објаснува како своите несреќи да ги претвориме во радост за само неколку дена. И како вистинскиот ментален став може да нè доведе до успех – зашто секој може да воспостави контрола врз ситуацијата и да постигне изобилство со помош на духовните закони што се закодирани во нас.
-
КАКО ДА СЕ ЗДОБИЈАТ ПРИЈАТЕЛИ И НАКЛОНОСТ НА ЛУЃЕТО
0400,00 денМОЌЕН И ДОКАЖАН ВОДИЧ ШТО ПОТТИКНА ИЛЈАДНИЦИ СЛАВНИ ЛУЃЕ ДА СТИГНАТ ДО ВРВОТ НА УСПЕХОТ ВО БИЗНИСОТ И ВО ЛИЧНИОТ ЖИВОТ
Книгата Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето е еднакво релевантна и корисна денес како и во времето кога била објавена, пред речиси 80 години. Тоа се должи на неверојатната умешност на Дејл Карнеги да проникне длабоко во човековата природа и да ги открие принципите врз чија основа секој човек можел да се развие и максимално да го искористи својот потенцијал. Според Карнеги, финансискиот успех не зависи толку од знаењето што го поседуваме колку од способноста да ги изразиме своите идеи, да преземеме лидерска улога и да го поттикнеме ентузијазмот кај луѓето.
Продадена во десетици милиони примероци низ светот, оваа книга содржи многу корисни совети за тоа како брзо и лесно да се здобиете со пријателството и наклоноста на луѓето, како да го зголемите своето влијание во работната средина, како да станете поефикасни, да ги поттикнувате моралот и ентузијазмот кај соработниците, а да ги избегнете недоразбирањата и расправиите во деловниот и семејниот живот.
-
Заборавете ги глупостите и чувствувајте се ПРЕКРАСНО
0270,00 денЗаборавете ги глупостите и чувствувајте се ПРЕКРАСНО ќе ве научи како да влезете во зоната на ПРЕКРАСНОТО и да се издигнете над негативното размислување и драмите. Техниките што се опишани во оваа книга ќе ви помогнат да направите промени што ќе ви овозможат да ги отстраните глупостите од сите области во вашиот живот – работа, пари, богатство, врски, љубов, родителство, зависности, болки на срцето, стрес и секојдневни иритации. Начинот на кој го живеете животот се базира на низа навики и веќе воспоставени шеми. Со замена на старите навики со нови, можеш да го промениш животот на подобро. Во Заборавете ги глупостите и чувствувајте се ПРЕКРАСНО, искусниот хипнотерапевт Аилса Франк ве снабдува со знаење и алатки што ви се потребни за да ја преземете контролата врз својот живот и да се осигурите дека зазема позитивна насока – насока во која вие сакате да оди.
-
СРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ ЧИТААТ И ПИЈАТ КАФЕ
0320,00 денСопруга, мајка и сопственичка на кафе-книжарницата Среќните луѓе читаат и пијат кафе во Париз, се чини дека Дијан има совршен живот. Но ненадејно ќе ги изгуби саканиот сопруг и ќерката и сè одненадеж застанува. Сè освен нејзиното срце, кое и натаму упорно и болно чука. Изгубена во спомените, таа повеќе не знае како да живее…
По една година ќе ги шокира семејството и пријателите одлучувајќи да се пресели во едно село на ирскиот брег. Конечно решена повторно да го изгради својот живот – сама. Таму ќе го запознае Едвард, таинствениот фотограф од соседството. Ќе си дозволи ли повторно да сака? Ќе го надвладее ли стравот дека со новата љубов ќе ги изневери саканите кои веќе ги нема?
„Трогателна приказна со многу дијалози која со лесен стил и со многу топлина и разбирање зборува за тоа дека можеме да ги преживееме и најтешките животни моменти.“ Ле паризјен
-
ТРЧАЊЕТО МЕ УЧИ
0250,00 денТрчањето ме учи е збирка текстови инспирирани и посветени на големата пасија на повеќекратниот државен шампион во трчање Кокан Ајановски. Тој ѝ е добро познат на јавноста по своите достигнувања на тркачките патеки – над 20 пати државен првак на Македонија во повеќе атлетски дисциплини – но и надвор од нив, како еден од амбасадорите на спортот кој секојдневно го популаризира и ја шири страста наречена трчање.
Овие кратки бисери се излезени од секојдневието на човекот за кого трчањето е многу повеќе од спорт – во трчањето Кокан ја пронаоѓа големата смисла на животот. Трчањето му е и животен учител чии лекции важат како на патеките така и надвор од нив. Сакајќи да сподели со вас дел од наученото, тој своите мали и големи откровенија ги пренесува на хартија, во текст полн со топлина и емоција.
Трчањето ме учи е книга полна со инспирација, мудрост, поуки, благодарност, љубов, и една посебна сила што постојано нè движи напред и нè поттикнува да истрчаме уште еден километар, да направиме уште еден напор – за да станеме подобри од она што веќе сме.
-
Сè е за*бано : книга за надежта
0390,00 денОд авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за проблемите со надежта.
Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон.
Во „Сè е заебано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базирани на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот.
Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.
-
АТОМСКИ НАВИКИ
0850,00 денДали тешко ги менувате своите навики? Ако е така, проблемот не сте вие. Проблемот е во вашиот систем. Лошите навики се повторуваат одново и одново, не затоа што вие не сакате да се промените, туку затоа што имате погрешен систем за промена.
Оваа книга содржи проверен и докажан систем, кој може да ве издигне до нови височини.
Ќе научите како:
• да најдете време за нови навики;
• да го надминете недостигот на мотивација и на волја;
• да ја промените својата околина за да бидете поуспешни;
• да се вратите на патот кога ќе скршнете од курсот;
• и уште многу нешта…
„Атомски навики“ ќе го преобликуваат начинот на кој размислувате за успехот и за напредокот и ќе ви ги дадат потребните алатки и стратегии за трансформација на вашите навики – сеедно дали сте тим што сака да освои првенство, компанија што се стреми да се издигне над конкуренцијата или едноставно поединец што сака да престане да пуши, да ја намали тежината, да го победи стресот или да постигне некоја друга цел.
Навиките се оној ситен детаљ што може да донесе огромен пакет од позитивни промени кај секого од нас.
-
Ние не требаше да се сретнеме
0400,00 денКолку време и жртви се потребни за да се врати животот таков каков што бил пред доживеаната несреќа?
Доволен е само миг за да се промени нешто што го создаваме со години. Совршената хармонија на семејниот живот на галеристката Ада и ветеринарот Гзавие се уништува со една сообраќајна несреќа. Дали ќе успеат да се справат со фаталните последици, со предизвиканите физички и емотивни штети?
Ние не требаше да се сретнеме е приказна за загубата и повторното наоѓање, за еден љубовен триаголник и потребата од прошка и соземање. Роман за способноста да ја преобразиме траумата во прифаќање во процесот на надворешно и внатрешно закрепнување. Ќе успеат ли да се прифатат двајцата што несреќата случајно ги споила или ќе се покаат што се сретнале враќајќи им се на старите животи?
Животот е лесен кога сè е совршено, но треба да научиме да го сакаме и кога бара од нас повторно да го изградиме она што било урнато до темел.
-
Опкружени со психопати
0399,00 денДали често налетувате на луѓе што секогаш имаат комплимент во ракавот и прават да се чувствувате добро? Шармантни, харизматични и манипулатори – психопатите се токму такви, и тоа е тоа што ги прави опасни…
***
Користејќи го истиот систем на класификација на однесувањето во четири бои, употребен и во меѓународниот бестселер Опкружени со идиоти, Томас Ериксон ги прикажува најчестите форми на контрола што ги користат психопатите за да влијаат на луѓето околу себе. Бидејќи со манипулација се среќаваме и кај личности што немаат психопатски карактеристики, авторот вклучува и практични техники што ќе ви помогнат да ги препознаете и да ги пресретнете скриените намери на таквите манипулатори.
***Оваа книга ќе ви помогне да го разберете сопственото однесување и своите слабости, како и да проникнете во туѓите намери и стратегии. Ќе дознаете на кој начин можете да се спротивставите на влијанијата на манипулаторите, како на работното место, така и во социјалниот живот и во семејството.
Надмудрете ги психопатите и заштитете се себеси!