-
УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕТО
0250,00 денВашиот успех најмногу зависи од способноста што ја имате за управување со времето. Едноставно е: колку подобро го користите времето толку повеќе ќе постигнете!Овој концизен водич открива 21 докажани техники за управување со времето, кои можете да ги употребите веднаш за да добиете барем два продуктивни часа на ден.Проучувајќи ги стратегиите што експертот Брајан Трејси ги идентификува како најефикасни и самиот ги употребува, оваа корисна книга ќе ви открие како можете:
• Да ги контролирате состаноците, имејловите, телефонските повици и безбројните прекини во работата
• Да го распределите времето на врвни приоритети
• Да работите на слични задачи за да го задржите фокусот
• Да го надминете одложувањето
• Да одредите кои работи може да ги заврши некој друг
• Да работите наназад од иднината, со цел да се осигурате дека сте ги исполниле целите
Исполнета со мудроста на Брајан Трејси и лесна за примена, оваа книга ќе ви помогне да постигнете повеќеза помалку време и со многу помал стрес.
-
ТАЈНИ НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕТО
0250,00 денТАЈНИТЕ НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕТО ШТО ГИ КОРИСТАТ ЕКСПЕРТИТЕ И ВРВНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Постигнете брзи резултати со овој едноставен водич низ основите на презентирањето Во оваа книга ќе откриете како: Да уживате во презентирањето и да му пријдете со самодоверба Да ја процените публиката и нејзините реакции Да подготвите максимално влијателни презентации Да ги користите гласот и телото за да ја објасните поентата Да користите визуелни помагала Да одговорите на секакви прашањата
-
НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА ВАВИЛОН
0280,00 денТАЈНИТЕ НА УСПЕХОТ НА ДРЕВНИТЕ НАРОДИ – СИГУРЕН ПАТ КОН СРЕЌА И ПРОСПЕРИТЕТ
Безвременото дело Најбогатиот човек на Вавилон го содржи клучот на сите ваши желби и на сè што сакате да постигнете. Оваа книга досега им ја откри својата тајна за збогатување на безброј читатели.
„Вавилонските параболи“ запишани на глинени плочки се еден од аманетите што ни ги оставил древниот народ. Овие инспиративни и поучни приказни за економичноста, планирањето на финансиите и личното богатство ве упатуваат кон вистинскиот пат на успехот и радостите што го следат. Потврден како класика на модерното време, овој славен бестселер ви нуди длабоко разбирање и едноставно решение на личните финансиски проблеми.
Најбогатиот човек на Вавилон е книга што ги содржи тајните за тоа како да стекнете пари и како да ги натерате парите да работат за вас и да ви донесат уште поголемо богатство – и материјално, но и духовно. Прочитајте ја и препорачајте им ја на оние што ги сакате, ширејќи ја оваа древна мудрост.
-
МОТИВАЦИЈА
0250,00 денЕдна од најважни обврски што ги имате како менаџер е да ги мотивирате вработените да го дадат најдоброто од себе. Менаџерите кои создаваат работна средина со висока енергија и даваат чувство дека се работи нешто што има вредност, го намалуваат одливот на вработени и истовремено ги зголемуваат продуктивноста и квалитетот.
Потпирајќи се на своето повеќедецениското искуство, експертот за успех Брајан Трејси во Мотивација нуди 21 брза и моќна метода за зголемување на делотворноста на секој поединец или група. Тој ви открива како:
- да обезбедите вработените да чувствуваат страст за тоа што го работат
- да ги предизвикате со задачи што од нив бараат да направат исчекор
- да ја задоволите нивната потреба истовремено да се чувствуваат и независни и дел од тимот
- да го намалите стравот од неуспех и да ја зголемите желбата за успех
- да ги отстраните пречките што не им даваат да напредуваат
- да им дадете повратна информација што им е неопходна за да успеат
Во оваа книга ќе ја научите една од најважните функции на менаџментот – способноста да ги мотивирате другите за врвни достигнувања.
-
МАРКЕТИНГ
0250,00 денУспехот на твојот бизнис зависи од успехот на твоите маркетиншки активности. Ако можеш да откриеш што бараат, што им е потребно и што можат да си дозволат купувачите – и ако можеш да им го дадеш тоа – ќе постигнеш одлични резултати.
Овој незаменлив прирачник содржи 21 моќни маркетиншки идеи што се брзо и лесно применливи. Преку мудроста на Брајан Трејси ќе откриете како:
- Да создадете своја база на купувачи
- Да се одвоите од конкуренцијата
- Да одговорите на трите клучни прашања за новата понуда
- Да ги подобрите пазарното истражување и целните групи, за да носите подобри одлуки
- Да ги исполните основните емоционални потреби на купувачите
- Да ја оформите вистинската цена за својата понуда
- Целосно да се насочите кон купувачите
- Најдобро да ги искористите каналите за дистрибуција
Спакувана со практични стратегии, оваа мала книга покажува како да се доминира на пазарот, на голема врата.
-
ТАЈНИ НА ПРОДАВАЊЕТО
0250,00 денТАЈНИТЕ НА ПРОДАВАЊЕТО ШТО ГИ УПОТРЕБУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ И ВРВНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Постигнете брзи резултати со овој брз и лесен водич низ основите на продавањето. Во оваа книга ќе откриете како: да го презентирате својот производ за да одговара на потребите на вашиот клиент да го користите говорот на телото за да воспоставите блиски односи да преговарате и да склучите зделка да направите вашите клиенти да се враќаат кај вас да создадете одлични нови деловни односи.
-
Дигитално злато
0550,00 ден„Дигитално злато“ е досега најобемната историја на биткоинот и претставува возбудлива приказна наменета како за биткоин-ентузијастите, така и за неупатените во областа на криптовалутите. Ова исклучително читливо и возбудливо четиво ја следи несмасната работа на основачот на „Мт. Гокс“, Марк Карпелес, подемот и падот на „Патот на свилата“ и деловните авантури на биткоин-проповедниците, Роџер Вер и Чарли Шрем. Покрај новинарски прецизните и документирани преданија, книгата содржи и лесно разбирливи објаснувања за техничките, но и за пошироките економски, па и филозофски аспекти на криптовалутите и технологијата на блоковски синџир.
„Дигитално злато“ е задолжителна литература за секој што сака да го разбере она што многумина го сметаат за најголем пронајдок после интернетот.
-
Приказната за „Ербиенби“
0450,00 денОва е извонредна приказна за создавањето и за развојот на „Ербиенби“, онлајн-платформа за изнајмување соби за престој, што денес е најголемиот провајдер на сместување ширум светот. На почетокот е само откачена идеја на соосновачите Брајан Чески, Џо Гебија и Нејтан Блечарзик, а сега е незаменлива алатка на милиони домаќини и патници. Уредничката на „Форчун“, Ли Галагер, ни го претставува зародишот на оваа идеја и срцевината на феноменот наречен „Ербиенби“ – успесите, но и контроверзиите – и нè води зад кулисите кога младите извршни директори се пробиваат низ неистражени територии што незапирливо се шират.
„Динамично, забавно нурнувaње во една од најзнаменитите компании на нашето време. Преку бајката за ’Ербиенби‘, Ли Галагер ни покажува како споделувачката економија може да биде моторна сила за емоционално врзување – како и за општествено и бизнис раздрмување“, Рана Форохар, колумнистка во „Фајненшал тајмс“ и глобален економски аналитичар за Си-ен-ен.
-
Тајните на иновациите на Стив Џобс
0500,00 денВо неговиот потврден бестселер Тајните на презентирањето на Стив Џобс, авторот Кармин Гало прикажа една едноставна програма „чекор по чекор“ на моќни алатки и на докажани техники инспирирани од легендарните презентации на Стив Џобс. Овој пат тој ги споделува најпознатите, најоригиналните и најефективните стратегии на извршниот директор на Епл, кои ја будат вистинската креативност и иновација – на кое било работно место.
„Инспиративен акционен план за секој што сака да го живее животот исполнет со страст и што има цел“
– Тони Хсеи, автор на Носејќи среќа и извршен директор на Zappos.com, Inc.
„Стив Џобс ја пресоздаде музичката дистрибуција, мобилниот телефон и книгоиздавателството. Веројатно ќе сакате да дознаете како некој создава идеи вредни милијарди долари и како истите тие идеи ги претвора во производи вредни милијарди долари, а кои секој еден ги посакува и обожава. Оваа книга не е опција. Купете ја сега и претворете ја во пари утре“
– Џефри Гитомер, автор на Малата црвена книгичка за продажба
„Во Тајните на иновацијата на Стив Џобс, Кармин Гало ни го предава вистинскиот начин на размислување на Стив Џобс и на Епл. Оваа книга не е само за луѓето во маркетингот и во технологијата, иако и тие ќе имаат корист од една таква проникливост во нивните светови. Наменета е за сите оние што имаат интерес во технологијата и сакаат да научат како да направат едноставни уреди што лесно се користат и може да влијаат врз нашите животи“
– Тим Бахарин, претседател на Креативни технологии инк.
-
БИДЕТЕ ОПСЕДНАТИ ИЛИ БИДЕТЕ ПРОСЕЧНИ
0450,00 денНЕ ТРЕБА ДА ИЗБИРАТЕ ПОМЕЃУ ОВА И ОНА, ПОМЕЃУ УСПЕХОТ И ДОБРИОТ ЖИВОТ. ТОА Е ЗА ПРОСЕЧНИТЕ ЛУЃЕ ШТО ЈА ИЗГУБИЛЕ КОНТРОЛАТА ВРЗ СВОЈАТА ИДНИНА. ОПСЕДНАТИТЕ ЛУЃЕ БАРААТ СЀ И ДОБИВААТ СЀ.
По огромниот успех на Правилото 10Х, докажаниот бизнис-експерт Грант Кардон одново нѐ советува со потврдени техники од своето сопствено искуство!
Бидете просечни или бидете опседнати е брутално искрена книга. Таа ќе ве извлече од комфорната зона и ќе го скрши оклопот на просечност што општеството цврсто го обвиткал околу вас. Ќе ви помогне да ја ослободите моќта на опсесијата, а потоа ќе ве научи како да се грижите за неа и да ја насочите кон остварување на своите најголеми сoништа.
Без разлика со што се занимавате, оваа книга ќе ви помогне да ги зацврстите и да ги развиете својот бренд и бизнисот до зачудувачки височини, наспроти сите пречки и сета конкуренција. Зашто опсесијата е критичниот дел на успехот – поважна е и од стратегијата, цените на производот, изборот и распоредот на времето; таа ви нуди вистинска слобода и целосна контрола на вашиот живот – на личен, финансиски и на емоционален план.