-
-58%
Искра надеж – (тврд повез)
0Original price was: 590,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Неверојатен роман за љубовта, загубата и храброста на една жена за време на војната.
По уништувачкото предавство од саканиот, Џилијан Гибонс заминува во својот семеен дом бидејќи има ужасна потреба за бегство од реалноста. Но тогаш таму наоѓа стара фотографија од нејзината баба во прегратките на нацистички офицер и нејзиниот живот станува уште покомплициран. Заинтригирана од новото откритие, Џилијан се обидува да ја открие вистината која стои зад фотографијата, па тргнува на епско патување низ минатото.
1939 година: Aнглија се наоѓа на раб на војна додека Вивијан се вљубува во згоден британски војник, но кога започнува одекнувањето на бомбите и прекрасниот живот на Вивијан е уништен за секунда, таа прави сè за да ги заштити своите сакани.
Како што Џилијан дознава повеќе за својата баба, така старата фотографија сè повеќе добива смисла. Но на секое одговорено прашање, се отвора ново. Соочена со неочекуваната вистина, Џилијан се обидува да го расветли не само мистериозното минато на нејзиното семејство, туку и својата иднина.
Оваа безвременска, мултигенерациска сага е срцепарателен сведок за борбата на една жена да преживее, совршена за сите кои ја обожаваат ,,Славејот“од Кристин Хана.
-
-55%
Улицата на светулките (тврд повез)
0Original price was: 550,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Кејт има прифатено дека засекогаш ќе биде обична и непопуларна летото кога, на нејзино воодушевување, „најголемата фраерка на светот“ се доселува во куќата преку улица и изразува желба да ѝ биде пријателка. Тали Харт има сè – убавина, интелигенција, амбиција. Тие навидум се тотално различни: Кејт, осудена вечно да биде непопуларна, со семејство кое би направило сè за неа. Тали, целата гламурозна и мистериозна, но со тајна што ја убива. Тие прават пакт да бидат најдобри пријателки засекогаш и до крајот на летото стануваат неразделни.
Напуштена од мајка си на рана возраст, Тали е очајна да му ја докаже својата вредност на светот и копнее за безрезервна љубов. Како што растат, така Тали слепо ги следи своите амбиции во Њујорк и низ светот, пронаоѓајќи слава, успех… и осаменост. Кејт знае дека нејзиниот живот нема да биде ништо посебно. Таа само сака да се заљуби, да има деца и нормален живот. Не е ни свесна колку животот како сопруга и мајка ќе ја смени… и колку ќе ѝ завидува на славната најдобра пријателка…
Триесет години заедно ги преживуваат бурите на пријателството и мислат дека можат да преживеат сè, но едно предавство ги разделува… и ги става на тест нивната храброст и нивното пријателство.
-
-55%
Коски на срцето (тврд повез)
0Original price was: 550,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Животот и безвредното презиме се единствените две работи што родителите некогаш ѝ ги дале на Бeја Грим. Откако потполно сама си го пробива својот пат во животот, Беја е насочена кон поголеми и подобри нешта, сето тоа благодарение само на самата себе.
Кога само два кратки месеци ја делат од иднината за која сонува цел живот и од минатото кое очајно сака да го остави зад себе, неочекувана смрт ја става во ситуација да остане без кров над главата.
Принудена да побара помош од последниот човек на светот од кого би сакала да бара што било, таа мора да го помине остатокот од летото на полуостров во Тексас со татко си кој едвај го познава.
Беја планира да остане тивка и незабележлива, па летото да помине безболно и брзо, но нејзиниот нов сосед, Самсон, го разнишува нејзиниот совршен план.
На прв поглед, Самсон и Беја се потполно различни. Таа израснала во сиромаштија, запоставена од своето семејство; тој потекнува од богато семејство со изобилство од привилегии. Единственото нешто што им е заедничко е тоа што и двајцата ги привлекуваат тажни нешта, што значи дека двајцата меѓусебно се привлекуваат.
Кога хемијата меѓу нив станува премногу силна за да се игнорира, двајцата се согласуваат на една незначајна летна романса. Она што Беја не го предвидува е бранот од емоции што надоаѓа и ризикот истиот да ја одвлечка во најопасните длабочини.
-
-29%
Тајниот говор
2Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Том Роб Смит, авторот на Дете 44, ни се враќа со напнат, неизвесен нов трилер: приказна во која гревовите од минатото се закануваат да ја уништат сегашноста, семејства мора да надминат незамисливи пречки за да ги спасат своите сакани, а надежта за подобро утре се бара во најнеобичните околности…
Советски Сојуз, 1956. Сталин е мртов, а жестокиот режим почнува да попушта, оставајќи зад себе општество во кое полицајците се криминалци, а криминалците се невини луѓе. Таен говор напишан од страна на наследникот на Сталин циркулира низ целата нација. Неговата порака е: Сталин беше тиранин. Неговото ветување: Советскиот Сојуз ќе се смени.
Лео Демидов, поранешен агент, исто така се труди да се смени. Двете млади девојчиња кои тој и неговата сопруга ги имаат посвоено сѐ уште му немаат простено за неговата улога во смртта на нивните родители. И тие не се единствените. Сега кога вистината е на виделина, Лео и неговото семејство се во страшна опасност од некој кој е опседнат со мрачните нешта од поранешната кариера на Лео. Некој кој е трансформиран до степен на непрепознатливост.
-
-19%
Додека има ѕвезди
0Original price was: 490,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Уживајќи со својот свршеник во романтична вечера во еден од најубавите ресторани во Сиетл, Кејли размислува за својот живот и не може да поверува колку е среќна: има одлична работа како новинарка и сега е свршена со човек кој е совршен во секој поглед. На заминување од ресторанот, Кајли забележува еден слаб, забраден бездомник на тротоарот. Му приоѓа за да му ја даде кесата со нивната преостаната храна, но се вкопува во место кога им се сретнуваат погледите. Шокирана и страшно потресена, сфаќа дека тој човек е љубовта на нејзиниот живот: Кејд.
Кога Кејли и Кејд се запознале пред десет години, привлечноста помеѓу нив била инстантна и неопислива; веднаш се јавила блискост и поврзаност, сѐ делувало како судбина. Но нивната врска завршила ненадејно и Кејли била потиштена. Сега, кутрата душа на улицата е само бледа верзија од нејзиниот поранешен сакан: неговото уморно лице сѐ уште е убаво како што Кејли го помни, но умот му настрадал во изминатите тешки години. Во текот на следните неколку недели, Кејли му помага на Кејд да почне да ги составува делчињата од сложувалката, иако на почетокот го крие тоа од Рајан. Но со навраќањето на старата врска, Кејли почнува да сфаќа дека мора да одлучи точно што сака и кого сака.
Во стилот на Џио, со раскажување паралелно во минатото и сегашноста, пловиме низ прекрасна приказна за жена која е соочена со невозможен избор; жена која открива што е подготвена да спаси, а што да жртвува во име на вистинската љубов.
-
-34%
Присестра
0Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Изабел треба да е бескрајно среќна – набрзо ќе го добие прекрасниот принц. Но, Изабел не е исклучително убавата девојка која ја изгубила стаклената чевличка и го освоила срцето на згодниот принц. Таа е грдата присестра која си отсекува дел од ножните прсти за да успее да ја пикне ногата во чевличката на Пепелашка… и таа чевличка сега се полни со крв.
Кога принцот ја открива измамата на Изабел, ја отфрла и посрамотува. А таа токму тоа и го заслужува, бидејќи е обична, еднолична девојка во свет кој цени само убавина; темпераментна девојка во свет кој сака таа да е кротка и понизна.
Изабел многупати се има обидено да се вклопи. Да ги исполни очекувањата на мајка си. Да биде повеќе како својата присестра. Да биде мила и слатка. Да биде убава. Едно по едно, таа долго време наназад отфрла делчиња од себе само за да преживее во свет кој не ги вреднува и цени девојките како неа. И сето тоа ја има направено злобна, љубоморна и празна однатре.
Тогаш добива шанса да ја промени својата судбина и да го докаже она што грдите присестри отсекогаш го знаеле: треба многу повеќе од скршено срце за да се скрши девојка.
-
-29%
Од жарјето
4Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Чудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример:
– Оглушувачкиот звук на експлодирање на куќата.
– Парализирачкиот страв додека ја барав мојата сопруга.
– Заслепувачкиот чад кој ми ги гореше очите додека ја изнесував на раце.
Но она што ќе остане најсилно врежано во мојата душа до крајот на мојот живот ќе биде потресниот момент кога сфатив дека жената во моите раце всушност не е мојата сопруга.Јас и Бри бевме единствените преживеани во фаталната несреќа – иако ни на двајцата не ни се ни живееше веќе по таа ноќ. Како самохран татко на кој штотуку му изгоре домот и сѐ што поседував, немав друг избор, па ја прифатив нејзината великодушна понуда привремено да се вселам во нивната гостинска куќарка. И некако, низ болката и тагата, оформивме еден невообичаен тим. Беа потребни години, но гледав како постепено ѝ се враќа насмевката на лицето – бавно и прекрасно. Навечер седевме и разговаравме со часови, празни муабети, но пополнуваа огромна дупка во моите гради.
Иако јас ја изнесов неа од пожарот, вистината е дека Бри ме спаси мене. Нашата љубов се роди од жарјето, но којзнае дали можевме да ја преживееме и експлозијата од тајни и лаги од минатото.
-
-29%
Скулптор на смртта (Robert Hunter #4)
2Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.„Имаш среќа што не го запали светлото…“
Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.
Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.
Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. Но не можат да пронајдат поврзаност помеѓу првата и втората жртва, па упорно тапкаат во место.
Хантер е во трка со времето и со Скулпторот на смртта, кој пак се подготвува за последните финеси на своето ремек дело.
-
-34%
Не напуштај ме
1Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Пред единаесет години, Линдзи Неш побегнала од својот насилен сопруг сред ноќ, заедно со својата мала ќерка. Нејзиниот бивши сопруг, Ендру, завршил во затвор, а Линдзи започнала нов живот.
Сега, Линдзи е постара и помудра; има сопствен бизнис и ќерка тинејџерка на која ѝ е потребна повеќе од кога било. Кога Ендру конечно излегува од затвор, Линдзи сака да верува дека се пресечени сите конекции меѓу нив и дека минатото е далеку зад неа.
Но има чувство дека некој ја набљудува, се чувствува како некој да го следи секој нејзин потег. Нејзиното ново момче добива закани. Некој ѝ влегува дома. Некој ја следи нејзината ќерка. Линдзи е убедена дека тоа е нејзиниот поранешен сопруг, иако тој тврди дека сега е комплетно различна и променета личност. Но дали навистина е променет? Или постои некој друг близок на семејството кој исто така претставува опасност?
-
-38%
Дарот: книжулето со чуда
0Original price was: 320,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Внимавајте да не дозволите дните да ве одминат – не дозволувајте животот да ве одмине. Секој ден е дар. Примете го. Отворете го. Не отфрлајте го.
Пазете се од лесниот живот. Тоа е сигурна и бавна смрт. Сакајте ги вашите проблеми. Ќе ве однесат чекор подалеку. Прифатете ги искушенијата. Колку е посилен ветрот, толку е поцврсто дрвото. Грижете се за себе како да сте најважниот човек на светот. Навистина сте. Само не ви кажале. Забележувајте ја убавината околу вас. Насекаде е. Секогаш правете добри дела. Споделувајте ја туѓата радост. Не верувајте во среќа. Сами ја создавате среќата. Разберете го тоа и животот ќе ви се смени. Живејте го животот со полни гради. Кога се смеете, смејте се искрено и вистински. Кога плачете, плачете; кога страдате, страдајте. Не сте изработени од порцелан. Нема да се скршите. Созревајте секој ден, сè до последниот. Затворете ги очите и сонувајте. Во вашиот багаж ја собира само љубовта – љубовта што ја давате и љубовта што ја примате.
Книжулето со чуда е збир на секојдневни приказни, низа на мали чуда кои ни се случуваат на сите нас. Читајќи ги приказните една по друга, полека, но сигурно ќе запливате во вашиот внатрешен свет, ќе се присетите на сите одлуки кои сте ги донеле, ќе се соочите со начинот на кој размислувате, начинот на кој живеете. И ни за миг нема да може да заборавите дека ЖИВОТОТ е ДАР.
-
-29%
Можеби овој Божиќ (Браќата О’Нил #3)
1Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.„Полн со позитивна енергија, крајно секси и празнично топол – серијалот за браќата О’Нил е совршенство!“Оваа зима, поранешниот шампион во скијање – исто така поранешен срцекршач – и самохран татко Тајлер О’Нил има само една мисија: да се погрижи неговата ќерка Џес да го доживее најубавиот Божиќ во својот живот. Фактот дека неговата најдобра пријателка, Брена, привремено мора да се всели кај него затоа што нивниот ресорт Снежниот Кристал е преполн, е само една слатка дистракција што едноставно ќе мора да ја игнорира. Нивната врска е единствената којашто не ја уништил во својот живот и дефинитивно нема намера сега да го стори тоа.Професионалната скијачка Брена Даниелс многу добро знае што е тоа невозвратена љубов – таа е лудо вљубена во Тајлер веќе со години. Но живеењето со него е вистинска тортура… како може да се концентрира на тоа да му биде само пријателка кога тој спие во соседната соба?А кога тој одеднаш ја бакнува, остварувањето на нејзината најголема желба ѝ се чини на дофат на прсти како никогаш претходно. Дали е можно овој Божиќ конечно да ѝ се оствари најголемиот сон? -
-29%
Демнач во ноќта (Robert Hunter #3)
2Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Неидентификувано женско тело пристигнува во мртовечницата во Лос Анџелес. Причината за смртта сѐ уште е нејасна. Таа нема видливи повреди и рани; освен тоа што најинтимните делови од нејзиното тело се зашиени со дебел црн конец. Но она што најмногу го шокира обдуцентот е фактот дека убиецот оставил нешто внатре во неа. Нешто толку монструозно, што детективот Роберт Хантер го тргаат од друг тековен случај за да ја преземе оваа истрага.
За неколку дена се појавува второ тело. Исто како и првата жртва, и оваа е зашиена и има оставено нешто внатре во неа. Нешто подеднакво генијално колку што е гротескно. И убиецот не е готов, далеку од тоа.
Кога случајно налетува на привлечната и страшно способна приватна детективка Витни Маерс, Хантер почнува да се сомнева дека убиецот истовремено држи по неколку жени во заложништво, бидејќи жената по која трага Маерс е пријавена како исчезнато лице, но сѐ уште не е една од жртвите. Роберт наскоро дознава дека гони вистински монструм; монструм чие минато крие уште помонструозна тајна.
-
-22%
Виконтот кој ме сакаше (Бриџертон #2)
0Original price was: 450,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.1814 ветува дека ќе биде уште една сезона богата со важни настани и свршувачки, но не и за Антони Бриџертон, најпосакуваниот ерген во Лондон, кој не покажува никакви знаци дека планира да се жени. А и зошто би се женел? Кога станува збор за живеење сладок развратнички живот, никој не го прави тоа подобро од Антони…
ДРУШТВЕНИОТ ВЕСНИК НА ЛЕДИ ВИСЛДАУННо овој пат, познатата озборувачка/колумнистка, Леди Вислдаун, не е во право. Антони Бриџертон не само што има одлучено да се ожени, туку веќе има одбрано и сопруга! Единствената пречка му е постарата сестра на неговата избрана идна жена, Кејт Шефилд – најголемата „запршка“ која некогаш шетала по улиците на Лондон. Безобразната девојка го излудува Антони со својата решителност да ја спречи свршувачката, но кога ги затвора очите ноќе, Кејт е жената која го прогонува во соништата, кои од ден во ден стануваат сѐ поеротски…
За разлика од сите други, Кејт е убедена дека поранешните развратници НЕ стануваат најдобри сопрузи – а Антони Бриџертон е најразвратниот од сите. Кејт е решена да ја заштити својата сестра, но се плаши дека нејзиното сопствено срце е ранливо. А кога усните на Антони одеднаш ги допираат нејзините, почнува да стравува дека можеби ни самата нема да биде способна да му одолее на развратникот…
-
-37%
Четирите ветришта
1Original price was: 550,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат да ја зачуваат својата земја, воедно и својата заработувачка за живот, но жетвата пропаѓа, водата се суши, а прашината се заканува дека ќе ги закопа сите. Пристигнува еден од најмрачните периоди од Големата депресија… и тоа многу злокобно.
Во ова несигурно и опасно време, Елза Мартинели – како и многу од нејзините соседи – мора да донесе претешка одлука: дали да се бори за земјата која толку ја сака или да замине на запад, во Калифорнија, во потрага по подобар живот.
Четирите ветришта е страшен портрет на Америка и американскиот сон, низ очите на една нескршлива жена чии храброст и жртва ќе станат дефиниција за една цела генерација.
Авторката на „Славејот“ и „Збогум најмила“ ни подарува уште едно епско дело за љубовта, хероизмот и надежта – во еден од најклучните периоди за Америка – Големата депресија.
-
-29%
Господин вообразен
1Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Утрото започна како и секое друго утро во возот. Сè додека вниманието не ми го привлече типот кој седеше отспротива.
Му се дереше некому на телефон небаре тој владее со светот. Кој ли си мислеше дека е арогантниов… Господ?
Додуша, изгледаше баш како некој грчки бог.
Кога стигнавме до неговата станица, наеднаш стана и замина. Толку нагло, што му падна телефонот на излегување.
Па, можно е да го зедов. И можно е да му ги разгледав сликите. И да му прочитав некоја порака… Можно е да го чував телефонот на мистериозниот маж со денови – сè додека конечно не собрав храброст да го вратам.
Кога најпосле стигнав во неговата фенси компанија, тој одби да ме прими. Па, го оставив телефонот на едно празно биро пред канцеларијата на вообразеното ѓубре.
Ама можно е прво да сликнав една безобразна фотка со неговиот телефон.
Не очекував да ми пише. Не очекував нашите дијалози да станат толку проклето секси. Не очекував да ми се допадне кога бевме тооолку различни.
Но, знаете што велат за спротивностите. Кога најпосле се запознавме лично, откривме дека спротивностите не само што се привлекуваат, туку понекогаш и целосно се збудалуваат. Ништо на светот не можеше да ме подготви за него. Но, сите убави нешта имаат крај, нели? -
-34%
Последниот лет
0Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Клер Кук има совршен живот. Но зад затворени врати, ништо не е така како што изгледа. Нејзиниот совршен сопруг е избувлив колку што му е ветувачка политичката кариера и не се срами да ги користи своите вработени да го следат секој потег на Клер. Но она што тој не го знае е дека Клер со месеци кове план да исчезне.
Една случајна средба во бар на аеродром ја спојува со жена која е во подеднакво лоша ситуација. Па така заедно донесуваат импулсивна одлука да си ги заменат билетите – Клер да отпатува во Оукленд со билетот на Ева, а Ева во Порторико како Клер. Но, кога авионот за Порторико се руши, Клер сфаќа дека добива шанса за потполно нов живот. Целосно отсечена, без никакви опции, додека чека веста за нејзината смрт да експлодира во медиумите, Клер го присвојува идентитетот на Ева, но заедно со него и тајните кои Ева очајно се трудела да ги сочува скриени.

