Филтер по цена
Жанр
  • -29% Скулптор на смртта (Robert Hunter #4)

    Скулптор на смртта (Robert Hunter #4)

    2

    „Имаш среќа што не го запали светлото…“

    Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.

    Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.

    Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. Но не можат да пронајдат поврзаност помеѓу првата и втората жртва, па упорно тапкаат во место.

    Хантер е во трка со времето и со Скулпторот на смртта, кој пак се подготвува за последните финеси на своето ремек дело.

    Original price was: 490,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -29% Демнач во ноќта (Robert Hunter #3)

    Демнач во ноќта (Robert Hunter #3)

    2

    Неидентификувано женско тело пристигнува во мртовечницата во Лос Анџелес. Причината за смртта сѐ уште е нејасна. Таа нема видливи повреди и рани; освен тоа што најинтимните делови од нејзиното тело се зашиени со дебел црн конец. Но она што најмногу го шокира обдуцентот е фактот дека убиецот оставил нешто внатре во неа. Нешто толку монструозно, што детективот Роберт Хантер го тргаат од друг тековен случај за да ја преземе оваа истрага.

    За неколку дена се појавува второ тело. Исто како и првата жртва, и оваа е зашиена и има оставено нешто внатре во неа. Нешто подеднакво генијално колку што е гротескно. И убиецот не е готов, далеку од тоа.

    Кога случајно налетува на привлечната и страшно способна приватна детективка Витни Маерс, Хантер почнува да се сомнева дека убиецот истовремено држи по неколку жени во заложништво, бидејќи жената по која трага Маерс е пријавена како исчезнато лице, но сѐ уште не е една од жртвите. Роберт наскоро дознава дека гони вистински монструм; монструм чие минато крие уште помонструозна тајна.

    Original price was: 490,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -22% Виконтот кој ме сакаше (Бриџертон #2)

    Виконтот кој ме сакаше (Бриџертон #2)

    0

    1814 ветува дека ќе биде уште една сезона богата со важни настани и свршувачки, но не и за Антони Бриџертон, најпосакуваниот ерген во Лондон, кој не покажува никакви знаци дека планира да се жени. А и зошто би се женел? Кога станува збор за живеење сладок развратнички живот, никој не го прави тоа подобро од Антони…
    ДРУШТВЕНИОТ ВЕСНИК НА ЛЕДИ ВИСЛДАУН

    Но овој пат, познатата озборувачка/колумнистка, Леди Вислдаун, не е во право. Антони Бриџертон не само што има одлучено да се ожени, туку веќе има одбрано и сопруга! Единствената пречка му е постарата сестра на неговата избрана идна жена, Кејт Шефилд – најголемата „запршка“ која некогаш шетала по улиците на Лондон. Безобразната девојка го излудува Антони со својата решителност да ја спречи свршувачката, но кога ги затвора очите ноќе, Кејт е жената која го прогонува во соништата, кои од ден во ден стануваат сѐ поеротски…

    За разлика од сите други, Кејт е убедена дека поранешните развратници НЕ стануваат најдобри сопрузи – а Антони Бриџертон е најразвратниот од сите. Кејт е решена да ја заштити својата сестра, но се плаши дека нејзиното сопствено срце е ранливо. А кога усните на Антони одеднаш ги допираат нејзините, почнува да стравува дека можеби ни самата нема да биде способна да му одолее на развратникот…

    Original price was: 450,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -37% Четирите ветришта

    Четирите ветришта

    1

    Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат да ја зачуваат својата земја, воедно и својата заработувачка за живот, но жетвата пропаѓа, водата се суши, а прашината се заканува дека ќе ги закопа сите. Пристигнува еден од најмрачните периоди од Големата депресија… и тоа многу злокобно.

    Во ова несигурно и опасно време, Елза Мартинели – како и многу од нејзините соседи – мора да донесе претешка одлука: дали да се бори за земјата која толку ја сака или да замине на запад, во Калифорнија, во потрага по подобар живот.

    Четирите ветришта е страшен портрет на Америка и американскиот сон, низ очите на една нескршлива жена чии храброст и жртва ќе станат дефиниција за една цела генерација.

    Авторката на „Славејот“ и „Збогум најмила“ ни подарува уште едно епско дело за љубовта, хероизмот и надежта – во еден од најклучните периоди за Америка – Големата депресија.

    Original price was: 550,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -29% Џелатот (Robert Hunter #2)

    Џелатот (Robert Hunter #2)

    3

    Замислете го вашиот најголем страв… а сега замислете како го доживувате истото, како да се будите директно во вашиот најстрашен кошмар.

    Во црква во Лос Анџелес, на скалилата пред олтарот, наоѓаат тело на обезглавен свештеник. Трупот е внимателно позициониран во локва крв, со испружени нозе и рацете прекрстени на градите, а најстрашниот дел од целата глетка е тоа што главата на свештеникот е заменета со кучешка глава. Подоцна, форензичкиот тим открива дека на градите на жртвата со крв е начкрабан бројот „3“.

    Детективот Роберт Хантер на почетокот смета дека се работи за ритуално убивање. Но кога почнуваат да се појавуваат нови тела, принуден е одново да размисли за таа теорија. Сите жртви умреле од она од кое најмногу се плашеле. Нивните најлоши кошмари буквално се претвориле во реалност. Но како можел убиецот да знае? И што е тоа што ги поврзува овие жртви?

    Хантер тргнува во потрага по вештиот и садистички убиец, некој кој очигледно има моќ да ги чита мислите на жртвите. Некој кој претчувствува што најмногу ги плаши жртвите. Некој кој нема да дозволи ништо да го запре во реализирање на својата изопачена мисија.

    Original price was: 490,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -29% Уметницата со кана

    Уметницата со кана

    4

    Живописен и заразен приказ на битката на една жена да се реализира себеси во општество кое е на раб меѓу традиционалното и модерното; Уметницата со кана отвора врата од свет кој е подеднакво раскошен и фасцинантен, колку што е мрачен и злобен.

    По бегството од насилен брак, седумнаесетгодишната Лакшми се упатува во вибрантниот, розов град Џајпур. Таму станува најбараната уметница со кана, но и најголемата чуварка на тајни на најбогатите жени од високата класа. Но иако богатите ѝ ги откриваат сите свои тајни, таа никогаш не смее да ги довери своите некому…

    Лакшми станува позната по оригиналните дизајни и добрите совети, но мора да биде внимателна за да не стане жртва на љубомора и озборувања кои би можеле да ѝ ја уништат репутацијата и заработувачката. Додека го исполнува својот сон за независен живот, сенки од минатото носат нови ризици. Нејзиниот поранешен маж ја пронаоѓа по многу години и се соочува со неа со сестрата што Лакшми не ни знае дека ја имала. Одеднаш, сите нејзини внимателно градени безбедносни ѕидови се под закана. Но Лакшми повторно продолжува да се бори низ животот, користејќи ги своите таленти за да се издигне над сѐ, воедно издигнувајќи ги и сите што ја опкружуваат.

    Original price was: 490,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -29% Очи од сребро, очи од злато

    Очи од сребро, очи од злато

    0

    Ен Велс е срам за своето ладно, културно семејство уште од нејзините детски денови, полни со будалштини и лапсуси кои не ѝ доликуваат на една млада дама. Нејзиното семејство ги обвинува токму тие будалштини за срамниот факт што таа е стара мома на дваесет и осум години.

    Корд Бенет, син од вториот брак на неговиот татко со Индијанка, исто така е црна овца во своето семејство. Тие се богати ранчери и адвокати кои се срамат, па дури и се плашат од него.

    Кога ги затекнуваат Ен и Корд заедно сами, бесот на нејзиниот татко кулминира со насилство. А семејството на Корд веднаш е убедено дека вината е негова. Можат ли Ен и Корд да ја искористат неочекуваната слобода што произлегува од обвинението за гревови кои всушност не ги направиле за да изградат живот заедно? Или мешањето и неодобрувањето на нивните семејства сепак ќе ги раздвои?

    Прекрасна љубовна приказна што ќе ја читате со солзи во очите и кнедла во грлото.

    Original price was: 490,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Прочитај повеќе
  • -29% Заколната на молк

    Заколната на молк

    6

    Некои вистини се толку ужасни, што е подобро никогаш да не се разоткријат… Некои злосторства се премногу незамисливи за да бидат решени…

    Во едно мало, мирно рурално гратче во Охајо, Амишите и останатите жители живееле сложно два века. Но пред шеснаесет години, серија брутални убиства го уништиле мирот во спокојната фармерска заедница. По злосторствата, во градот владее немир, има некоја ранливост и невиноста е засекогаш изгубена. Кејт Бркхолдер, млада Амишка, го преживеала теророт на Убиецот од кланицата, но како последица од бруталноста, сфатила дека таа веќе не припаѓа со Амишите.

    Сега, многу поискусна, Кејт ја бараат да се врати во градот како началничка. Нејзините амишки корени и искуството во полицијата во голем град ја прават совршен кандидат. Таа е сигурна дека веќе се има помирено со минатото – сè до пронаоѓањето на првото тело во едно снежно поле. Кејт се заколнува дека ќе го фати убиецот пред да нападне повторно. Но за да го стори тоа, мора да го предаде своето семејство и своето амишко потекло – и да разоткрие една мрачна тајна што би можела да ја уништи.

    Original price was: 490,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -29% Трагајќи по неа

    Трагајќи по неа

    1

    Пред седум години, безгрижната студентка Флора Дејн ја киднапираат за време на пролетниот распуст. И цели 472 дена, Флора постепено открива колку всушност и што сè може да издржи една личност.

    Жива со помош на некое чудо по сето тоа, Флора ги поминува последните пет години привикнувајќи се повторно на ритамот на нормалниот живот и работи со нејзиниот специјалист за жртви од ФБИ. Таа има мајка која никогаш не престанала да ја сака, брат кој се плаши од личноста во која таа е претворена и еден ѕид во нејзината спална соба кој е покриен со слики од други девојки кои за разлика од неа, никогаш не се вратиле дома.

    Кога детективката Ди Ди ја повикуваат на место на злосторство, каде што има мртов маж и врзана гола жена која го убила, таа дознава дека Флора се плеткала и со други тројца осомничени откако се вратила во општеството. Па, дали Флора е жртва или одмаздничка? И дали е можно со нејзиното лично искуство со предатори, таа да може да помогне со спасување на исчезнатата студентка чие киднапирање го тресе Бостон? Но кога и Флора повторно исчезнува, Ди Ди сфаќа дека сè е уште покомплицирано отколку што изгледа и дека некој очигледно решил дека Флора Дејн овој пат нема да побегне жива.

    button-new

    Original price was: 490,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -22% Улицата на светулките

    Улицата на светулките

    0

    Кејт има прифатено дека засекогаш ќе биде обична и непопуларна летото кога, на нејзино воодушевување, „најголемата фраерка на светот“ се доселува во куќата преку улица и изразува желба да ѝ биде пријателка. Тали Харт има сè – убавина, интелигенција, амбиција. Тие навидум се тотално различни: Кејт, осудена вечно да биде непопуларна, со семејство кое би направило сè за неа. Тали, целата гламурозна и мистериозна, но со тајна што ја убива. Тие прават пакт да бидат најдобри пријателки засекогаш и до крајот на летото стануваат неразделни.

    Напуштена од мајка си на рана возраст, Тали е очајна да му ја докаже својата вредност на светот и копнее за безрезервна љубов. Како што растат, така Тали слепо ги следи своите амбиции во Њујорк и низ светот, пронаоѓајќи слава, успех… и осаменост. Кејт знае дека нејзиниот живот нема да биде ништо посебно. Таа само сака да се заљуби, да има деца и нормален живот. Не е ни свесна колку животот како сопруга и мајка ќе ја смени… и колку ќе ѝ завидува на славната најдобра пријателка…

    Триесет години заедно ги преживуваат бурите на пријателството и мислат дека можат да преживеат сè, но едно предавство ги разделува… и ги става на тест нивната храброст и нивното пријателство.

    button-new

    Original price was: 450,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -22% Изгубените девојки во Париз

    Изгубените девојки во Париз

    2

    Од авторката на бестселерот Вагонот со сираци, нова исклучителна приказна за пријателството и храброста на жените како шпиони за време на Втората светка војна.

    1946, Менхетен

    Грејс Хејли се обидува одново да го изгради својот живот откако го губи сопругот во војната. Едно утро, додека поминува низ железничката Гранд Централ одејќи на работа, таа наоѓа напуштен куфер пикнат под една од клупите на терминалот. Не можејќи да одолее на љубопитноста, Грејс го отвора куферот и внатре наоѓа десетина фотографии – секоја од нив од различна млада жена. Импулсивно, ги зема фотографиите и брзо заминува од железничката.

    Грејс набрзо дознава дека куферот припаѓал на Еленор Триг, лидерка на група женски тајни агенти кои биле испратени надвор од Лондон за време на војната. Дванаесет од овие жени биле пратени во Окупирана Европа како радио операторки за да помагаат во отпорот, но тие никогаш не се вратиле дома и нивните судбини останале мистерија. Решавајќи да ја дознае вистината, Грејс посебно ја влече младата мајка Мари која била таен агент во Париз и чија опасна мисија раскажува уникатна приказна за пријателството, војната и предавствата.

    button-new

    Original price was: 450,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -22% Вагонот со сираци

    Вагонот со сираци

    2

    Моќна приказна за пријателството, која се одвива во циркус кој патува низ Европа за време на Втора светска војна. Вагонот со сираци ни ги раскажува приказните на две исклучителни жени, приказни за жртвување и преживување по секоја цена.

    Шеснаесетгодишната Ноа ја бркаат од дома откако останува трудна од германски војник и ја принудуваат да се откаже од бебето. Немајќи друг избор, таа живее во мала железничка станица, каде што работи како чистачка за да си го заслужи престојот. Кога Ноа наоѓа вагон со бебиња Еврејчиња товарени за патување до некој концентрационен логор, одеднаш се потсетува на детето што ѝ било одземено. Импулсивно грабнува едно од бебиња и бега во ноќта, и тој момент засекогаш ќе ѝ го промени текот на животот.

    Ноа наоѓа засолниште во германски циркус, но мора да научи да изведува точки на летечки трапез за да се вклопи и да не биде забележана од непријателот, а со ова ѝ боде око на главната акробатка, Астрид. Ноа и Астрид најпрво се ривалки, но набрзо се зближуваат како сестри. Меѓутоа, војната е премногу опасна за сите во циркус кој крие Евреи, па Ноа и Астрид мора да решат дали нивното пријателство ќе биде доволно за да ги спаси – или тајните што горат помеѓу нив ќе уништат сè.

    button-new

    Original price was: 450,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -17% На улица Даблин

    На улица Даблин

    4

    Сè што сака таа е сегашноста… но утрешниот ден чека.

    Џоселин Батлер се крие и бега од своето минато со години. Но сега на сите нејзини тајни им се заканува разоткривање…
    Пред четири години, Џоселин го има оставено своето трагично минато во Америка со започнување на нов живот во Шкотска, закопувајќи ја својата болка, игнорирајќи ги сопствените демони и терајќи напред без емоционални заглавувања. Нејзиниот самотнички живот функционира прилично добро – сè додека не се пресели во нов стан на улицата Даблин каде што запознава девојка која очигледно сака да ѝ стане пријателка и маж кој сака да ѝ стане нешто повеќе. Но она што тие не го знаат е дека Џоселин не сака да се врзува за пријатели и особено не сака маж кој би можел да ѝ го пробие штитот и да ги сруши до темел сите тврдини кои таа ги има изградено околу себе.

    Брејден Кармајкл е навикнат да го добива тоа што го сака, а она што го сака сега е Џоселин во кревет. Баш безобразната, ладна и мистериозна девојка е онаа која го копка неговиот интерес, иако може да ја има речиси секоја жена што ќе ја посака. Но тврдоглавиот Шкот нема да се задоволи дури ни кога ќе ја постигне првобитната цел затоа што со секој изминат ден, тој сака сè повеќе од неа. И нема да се откаже сè додека не ја запознае… до сржта на нејзината душа.
    button-new
    Original price was: 420,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Додај во кошничка