-
Аномалија
0520,00 денКога летот 006 на Ер франс од Париз до Њујорк го зафаќа епска олуја, животите на патниците засекогаш се менуваат. Авионот безбедно слетува на аеродромот „Џ. Ф. Кенеди“ во март, но на сечие изненадување, во јуни на радарските екрани се појавува истиот авион, со истите патници, кој слетува на воениот аеродром во базата Мегваер.
Што ќе прават патниците, но и владите? Како да ја објаснат оваа појава, кои протоколи да ги земат предвид, што да прават со двојниците? Тие се само некои од прашањата што си ги поставуваат политичарите.
Но што да прават самите патници? Кој е вистинскиот ЈАС, кој има право на живот или како да продолжи да живее заедно со својот идентичен двојник? Што ако некој починал меѓу март и јуни? Никој не може да го објасни овој невиден настан кој покренува бројни морални, теолошки, научни и егзистенцијални прашања.
Бестселерот „Аномалија“, добитник на најпрестижната француска награда „Гонкур“ за 2020 година, критичарите го нарекуваат „зачудувачки книжевен експеримент“ и „единствена комбинација од трилер, научна фантастика и психолошки роман”, а во светот исполнет со страв писателот ни го поставува прашањето: кои сме ние?
-
Манифестирај!
0490,00 денСигурна сум дека некој некогаш ви кажал дека не можете да имате сè. Јас сум тука да ви кажам дека можете.
„Манифестирај“ е суштински водич за сите што сакаат да се чувствуваат моќно и исполнето во својот живот. Низ седум едноставни чекори, Рокси Нафуси, Кралицата на манифестирањето, ќе ви помогне да ја совладате вистинската уметност на манифестирањето и да го создадете животот од соништата.
Без разлика дали сакате да ја најдете совршената работа, својата сродна душа или едноставно сакате да живеете самоуверено и спокојно, „Манифестирај“ ќе ви покаже и ќе ве научи како да си ги исполните целите во само 7 чекори:
1. Имајте јасна визија
2.Елиминирајте ги стравот и сомнежот
3.Усогласете го своето однесување
4.Совладајте ги тестовите на Универзумот
5.Вежбајте безрезервна благодарност
6.Претворете ја зависта во инспирација
7.Верувајте во УниверзумотМанифестирањето е средба на науката и мудроста, филозофија на животот и практика за личен развој што ќе ви помогне да ги остварите вашите цели, да ја негувате љубовта кон себе и да уживате во вашиот живот до максимум.
Откријте ја сами магијата и претворете ги вашите соништа во реалност.
-
Нашиот најубав Божиќ
0520,00 ден„За Божиќ, чудата го осветлуваат небото над Шкотските Висорамнини.”
Гејл Мичел, брилијантната и амбициозна бизнисменка, со години се наоѓа во зенитот на кариерата, но по цена на односот со своите ќерки. По ненадејното соочување со сопствената смртност, ги контактира со неочекувана покана: повторно да го поминат Божиќ заедно – за првпат по пет години.
За сестрите Саманта и Ела Мичел, Божиќ е најубавиот период во годината, време кое го поминуваат во смеа и веселба, обидувајќи се да ги надоместат топлината и магијата што им недостигале на празниците додека растеле. Годинава, додека Ела се приспособува на животот како мајка, а Саманта се надева да постигне деловна зделка за куќата во којашто ќе го поминат празникот, двете сестри решаваат да ја прифатат мајчината покана.
Додека снегот непрестајно паѓа, се разоткриваат стари тајни, се разгоруваат нови познанства и жените од семејството Мичел се принудени да се соочат со вистините што предолго ги избегнувале. Заедно мора да научат дека патот до прошката ретко е без пречки, но понекогаш, еден Божиќ може да смени сè.
-
Божиќната колиба
0520,00 ден„Таков е животот, нели? Се трудиш да го извлечеш најдоброто од добрите делови, а со лошите се справуваш колку што можеш подобро.”
Имоџен е маркетиншки гениј, но иако нејзиниот имиџ на одличен професионалец е вистински, среќните приказни од детството што ги раскажува се исто толку измислени колку и нејзиниот наводен ентузијазам за Божиќ. Работењето деноноќно и без одмор отсекогаш било нејзиното решение за преживување на празничната сезона, сè додека исцрпеноста не ја натера да направи катастрофална грешка.
Имоџен е принудена да земе еден месец одмор од работа, но за среќа, нема да мора да остане во бедното станче во Лондон и да размислува за својот тажен живот. Дороти, нејзината омилена клиентка, ја поканува да престојува во нејзината Божиќна колиба во Котсволдс. Куќичката е совршено прибежиште и Имоџен брзо се навикнува на идиличниот селски живот, особено кога деновите ги минува со енергичниот ретривер и шармантниот ветеринар.
Но кога тајните од минатото ќе ѝ го нарушат мирот, дали Имоџен ќе остане сама за Божиќ или сепак ќе успее да им прости на оние што ѝ згрешиле?
-
Крадецот на бакнежи
0590,00 ден„Можеби сум чудовиште. Најпосле, се појавувам ноќе за да си играм. Но истото го правиш и ти, малечка. И ти си дел од темнината.”
Ќерката на шефот на чикашкото подземје, деветнаесет-годишната Франческа Роси животот го минува во позлатен кафез потчинувајќи се на семејната традиција и обичаите. Иднината ѝ е јасно исцртана: не ја чека факултет, туку договорен брак со симпатијата од детството, Анџело Бандини, наследникот на едно од најмоќните мафијашки семејства. Во текот на ноќта на нејзиното претставување пред општеството, Франческа е подготвена да му го понуди својот прв бакнеж на Анџело, но под превезот на мракот, суровиот сенатор Вулф Китон ја измамува и ѝ го краде, заедно со нејзината слобода.
Принудена да се омажи за Вулф, сиот нејзин свет се распаѓа. Сенаторот го отелотворува сето она што младата жена го презира кај мажите: тој е арогантен, безмилосен женкар, кој кова планови против нејзиното семејство. Сепак наскоро ќе открие дека под оклопот на цинизам и суровост што Волф Китон го носи околу себе, се крие многу, многу повеќе.
Единствената желба на Франческа е да се врати во прегратките на Анџело, а единствената цел на Вулф е одмазда. Но можеби и двајцата ја потценуваат моќта на своите чувства еден за друг.
-
Ловејќи го злотворот #10
0550,00 денСекоја приказна си има свој крај. Тој е најопасниот и најсуровиот сериски убиец со кој ФБИ некогаш си имал работа. Поседува исклучителна самоконтрола, широко познавање на криминалната психологија и искуство со хипноза. По три години поминати во затвор со максимално обезбедување, тој успева да избега….
-
Проколната земја
0550,00 денБет и нејзиниот мил, добродушен сопруг Френк имаат среќен брак, но главниот предуслов за нивната врска е минатото да остане закопано. Кога братот на Френк ќе го застрела кучето што им удавило неколку овци, никој не знае дека тој истрел засекогаш ќе им ги промени животите. Бидејќи кучето му припаѓа на Гејбриел Волф, човекот кого Бет го сакала како тинејџерка – човекот кој ѝ го има скршено срцето пред многу години. Гејбриел се враќа во селото со својот мал син, Лио – момче кое Бет премногу ја потсетува на нејзиниот сопствен син, кој има починато во трагична несреќа.
Како што струите ја повлекуваат Бет назад во животот на Гејбриел, така растат и тензиите во селото, па почнуваат да испливуваат опасни тајни и љубомора, но овој пат со смртоносни последици. Бет е принудена да направи избор помеѓу жената што била некогаш и жената во која е претворена сега.
Длабока љубовна приказна со пресврт на трилер – новела за горлива страст, невозможни избори и експлозивни последици која шета помеѓу минатото и сегашноста истражувајќи ја моќта на првата љубов.
-
Изопачени лаги
0590,00 денУбиствено шармантен и доволно паметен за да го крие тоа, Кристијан Харпер е монструм во совршено скроен дизајнерски костум како вистински џентлмен. Не се оптоварува со морали, уште помалку со љубов, но не може да негира дека нешто необично го влече кон жената која живее на катот под неговиот. Таа му ги буди најмрачните копнежи, таа е единствената сложувалка што тој не може да ја реши. И кога му се укажува шанса да ѝ се доближи, ги прекршува сопствените правила нудејќи ѝ зделка што знае дека нема да може да ја одбие.
Секој монструм има слабост. А таа е неговата. Неговата опсесија. Неговата зависност. Неговиот единствен исклучок.
Слатка, срамежлива и интровертна и покрај славата на социјалните медиуми, Стела е романтична душа која го чува своето срце во кафез. Благодарение на тоа што работи две работи, нема ниту време, ниту желба за романтична врска. Но опасност од минатото ја втурнува во рацете – и куќата – на најопасниот човек кој го познава, па за првпат по долго време паѓа во искушение да си дозволи да чувствува. Затоа што, иако е ладен, Кристијан прави таа да се чувствува заштитено, страстно, посакувано. Но нивната љубов е полна со тајни и лаги… а кога вистината конечно ќе излезе на површина, може да уништи сѐ.
-
Девојката со свеќа
0550,00 денШто ако смртта е твојата единствена шанса за преживување?
Пред единаесет години, Алма била дадена на посвојување под мистериозни околности додека сè уште била бебе. Во досието за посвојување кое се држело во строга тајност, стоел коментарот: „Идентитетот на родителите никогаш не смее да излезе во јавност! Ризик по животот на мајката!“
Но сега Алма е сериозно болна и итно ѝ треба трансплантација на коскена срж.
За да го спаси животот на посвоената ќерка, Оливија Раух тргнува во очаен лов на биолошките родители на девојчето.
Во нејзината потрага, психологот експерт за насилни злодела наидува на легендата за „Девојката со свеќата“ – млада девојка која еден Божиќ се изолирала од светот во една куќа во шумата Франкенвалд. Но дотаму ја следел и некој психопат кој ја принудил да отвора „божиќен календар“ полн со ужасни, ужасни задачи.
-
Завеани за Божиќ
0490,00 денТаа е завеана со семејството. Единствениот проблем? Тоа не е нејзиното семејство…
Семеен собир
Овој Божиќ братот и сестрите Милер имаат една цел – да ги избегнат добронамерните прашања од семејството. Тие имаат тајни што не сакаат да бидат дознаени и се потпираат еден на друг за да го одвлечат вниманието.Непоканета гостинка
Луси Кларк ја мачи можноста да ја изгуби работата – ако не успее да склучи голема деловна зделка со Рос Милер. Планот ѝ е да му ја однесе својата понуда до семејниот дом во Шкотските Планини и потоа да си замине. Таа никако не би сакала да се наметнува на совршениот семеен Божиќ на Милерови.Божиќ за паметење
Кога Луси се појавува на заснежениот праг на Милерови, семејството помислува дека му е девојка на Рос. Но додека да се расчисти недоразбирањето, снежна бура го зафаќа регионот и Луси останува заглавена. Додека сите се подготвуваат за заедничката прослава на Божиќ, нетрпеливоста почнува да избива на површина и одеднаш Луси се наоѓа среде голема семејна кавга – со семејство кое не е нејзиното. -
Божиќниот клуб на читатели
0490,00 денСара Морган ни се враќа со приказна за моќта на книгите да исцелуваат, но и моќта на женското пријателство.
Со својот историски шарм и бајковитата библиотека, хотелот Јаворов Шеќер се смета за совршена зимска дестинација. Како што празниците наближуваат, хотелот се полни со гости кои се надеваат на зимување од соништата. Но младата вдовица Хети, преморена од жонглирање со хотелот и обврските како посветена самохрана мајка, едвај чека празниците да завршат.
Кога клубот на читатели составен од Ерика, Клаудија и Ана – долгогодишни пријателки кои навидум имаат сѐ на светот – доаѓа во хотелот на „читачки одмор“, сѐ се менува. Нивното пријателство и љубовта кон книгите ги движи низ животот, низ сите подеми и падови. Но Хети забележува дека и тие имаат големи емоционални товари и ништо не може да ја подготви за тоа колку длабоко нејзината приказна се испреплетува со нивните. Дали овие четири жени заедно можат да започнат комплетно ново поглавје во своите животи за време на најубавиот период од годината, и тоа за само недела дена?
-
Изопачена омраза
0500,00 денТој ја мрази… речиси исто толку колку што ја посакува.
Прекрасниот, арогантен и екстремно успешен доктор Џош Чен, никогаш нема запознаено жена којашто не можел да ја шармира – со исклучок на Џулс Амброуз. Прекрасната црвенокоса го вади од такт уште од денот кога се запознаваат, но истовремено му ги консумира мислите, како ниедна друга претходно. Кога омразата помеѓу нив експлодира во една незаборавна вечер, тој предлага решение со кое се надева дека ќе успее да ја исфрли од глава еднаш и засекогаш: договор за непријатели со бенефиции со едноставни правила. Без љубомора. Без обврски. И апсолутно без вљубување.
Амбициозната и забавна Џулс Амброуз е фокусирана на една работа: да го положи правосудниот испит за да стане адвокат. И ако нешто не ѝ треба во оваа фаза од животот, тоа е некојси арогантен, неподнослив доктор… без разлика колку е згоден. Но колку подобро го запознава, толку повеќе сфаќа дека има нешта кои не ги знаела за човекот кој го мрази толку долго. Нејзиниот непријател. И нејзиниот единствен спас.
-
Беспрекорно
0520,00 денПравилата беа прости: да ги држи рацете подалеку од ќерката на неговиот агент и да не запаѓа во неволји. Да биде беспрекорен. А сега е принуден да го дели покривот со неа. И креветот. Но правилата се создадени за да бидат прекршени.
Рет Итон е најпознатиот родео-каубој во Канада и жените го обожаваат. Вистинска суперѕвезда. Или барем до неодамна, пред да биде вмешан во голем скандал што се заканува да ѝ стави предвремен крај на неговата блескава кариера. Агентот настојува да го среди имиџот, па затоа ја праќа ќерка си, Самер, да го следи во чекор до крајот на сезоната.
На Рет не му треба дадилка – особено не толку убава, со припиени панталони и заводлива насмевка, која не умее да си ја држи устата затворена. Прекрасната уста за која тој не може да престане да размислува. Но Самер не е лесен плен, не е уште една цртка во долгиот список со заведени девојки. Таа проникнува зад неговата маска на самоуверен и себичен никаквец, го гледа неговото вистинско лице и нема намера да побегне.
Самер се обидува да не ја пречекори границата, затоа што неговата репутација не би издржала уште еден удар – како и нејзиното срце, кое не би издржало уште болка.
Но Рет е решен да ѝ го освои, колку и да го чини тоа. -
Жените
0590,00 денИнтимен портрет на растењето во опасно време и епска приказна за една поделена нација.
И жените можат да бидат херои. Овие зборови се откровение за дваесетгодишната Френки, која учи за медицинска сестра. Израсната во сончевиот и идиличен свет на Јужна Калифорнија и секогаш штитена од своите конзервативни родители, таа се гордее со фактот дека секогаш ги правела правилните нешта, она што се барало и очекувало од неа. Но во 1965, светот се менува и таа одеднаш се осмелува да замисли поинаква иднина за себе. Кога нејзиниот брат заминува да служи во Виетнам, Френки се приклучува кон воениот корпус како медицинска сестра и го следи неговиот пример.
Незрела и неискусна исто колку и мажите пратени во Виетнам да се борат, Френки психички ја совладува хаосот и деструкцијата од војната. Секој ден е коцкање со животот и смртта, надежта и предавството, а пријателствата имаат длабоки корења, но воедно можат да се распрснат за миг. Во војната, таа ги запознава – но и станува една од – среќните, храбрите, скршените и изгубените. Но војната е само почеток за Френки и нејзините пријатели ветерани. Вистинската битка почнува со враќањето дома, во променетата и поделената Америка, кај лутите протестанти, во државата која сака да го заборави Виетнам.
-
Види ме
0590,00 денКолин дава сѐ од себе за максимално да ја искористи добиената втора шанса. На 28 години, фокусиран е строго на чекорење по вистинскиот пат – учи за да стане наставник, посветено вежба во вежбалница секој ден и ги избегнува сите места и луѓе кои биле крајно деструктивни во неговиот живот претходно. Ако нешто не му треба во оваа фаза, тоа е сериозна врска. Но кога случајно ја сретнува Марија Санчез една врнежлива вечер во Северна Каролина, неговите планови ќе се разнишаат до степен што ќе ги протресе дури и темелите на неговиот внимателно структуриран живот. А пак за Марија, вредна адвокатка и ќерка на имигранти од Мексико, Колин е предизвик за сѐ што сметала дека знае за себе и за иднината, некој кој ќе ја натера да се запраша што навистина ја усреќува.
Меѓутоа, пред да добијат шанса да замислат како би можел да им изгледа заедничкиот живот, почнуваат да се појавуваат злокобни потсетници на настани од минатото на Марија. И кога опасноста почнува да ја демне на секој чекор, судбината ги тестира двајцата на страшни начини. Дали демоните од минатото ќе го уништат она меѓу нив или љубовта ќе ги штити дури и во најмрачниот час?
Види ме е приказна за опсесија, нови шанси и љубов која ги покорува сите очекувања, потсетувајќи нѐ дека судбината често лежи токму во нашите раце.
-
Никогаш не лажи
0520,00 денЕден нов брачен пар е во потрага по куќата од нивните соништа. Но кога го посетуваат големиот и изолиран имот кој некогаш ѝ припаѓал на докторката Адриен Хејл, позната психијатарка која исчезнала без трага пред четири години, опасна снежна бура ги заробува на имотот… и не остава простор за заминување оттаму додека не заврши.
Барајќи некоја книга за да се занимава додека веењето не стивне, Триша случајно пронаоѓа една тајна соба. Соба каде има аудио записи од секој можен пациент кој доктор Хејл некогаш го интервјуирала. Додека ги слуша касетите, Триша открива ужасна низа настани кои всушност воделе до мистериозното исчезнување на доктор Хејл.
Триша ги слуша касетите една по друга, до доцна ноќе. И со секоја следна касета, уште по едно делче од шокантната сложувалка си доаѓа на свое место, а пајажината од лаги на психијатарката полека се отплеткува. И тогаш Триша стига до последната касета. А таму лежи целата грозоморна вистина.