-
-33%
Камен, Лист, Ножички
2Original price was: 520,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Мислите дека ја познавате личноста со која сте се венчале? Размислете уште еднаш…
Работите помеѓу господин и госпоѓа Рајт веќе долго време не се како што треба. Кога Адам и Амелија добиваат викенд-патување во Шкотска, тоа може да биде токму она што му треба на нивниот брак. Самопрогласениот работохолик и сценарист Адам Рајт цел живот живее со нарушување на способноста за идентификување човечки лица. Тој не може да ги препознае пријателите или семејството, па дури ни сопствената сопруга.
Секоја годишнина двојката разменува традиционални подароци – хартија, памук, керамика, калај – и секоја година сопругата на Адам му пишува писмо, што никогаш не му дозволува да го прочита. Сè досега. И двајцата знаат дека овој викенд ќе го поправат или раскинат нивниот брак, но тие не го добија ова патување случајно. Еден од нив лаже, а некој не сака тие да живеат среќно до крајот на животот.
Десет години брак. Десет години тајни. И годишнина што никогаш нема да ја заборават.
Камен, Лист, Ножици е најновиот возбудлив трилер од кралицата на убиствените пресврти и најпродавана авторка на Њујорк Тајмс, Алиса Фини.
Goodreads Choice Award
– Номинирана за најдобра мистерија и трилер за 2021 година -
-33%
Јас сум смрт (Robert Hunter #7)
0Original price was: 520,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Седум дена по нејзиното киднапирање, го наоѓаат телото на дваесетгодишна жена во празниот дел на меѓународниот аеродром на Лос Анџелес. Телото е поставено со раширени раце и нозе, во форма на петокрака човечка ѕвезда.
Обдукцијата открива дека таа била измачувана и убиена на најбизарен можен начин. Но изненадувањата не завршуваат тука. Убиецот исто така сака да си игра и им има оставено нешто на полицајците.
Детективот Роберт Хантер, кој ја води специјалната единица за ултра насилни злосторства, повторно е назначен да го води случајот. Но речиси уште пред да почне, се појавува и второ тело.
Соочувајќи се со нови предизвици секој Божји ден, детективот Хантер сфаќа дека брка чудовиште. Предатор чие минато крие ужасна тајна и чија желба да повредува и убива луѓе никогаш не може да биде згасната, бидејќи тој е… СМРТ.
-
-29%
13 работи што психички силните луѓе не ги прават
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Кои модели на размислување и однесување ни помагаат достоинствено да се соочиме со искушенијата и да ги надминеме? Ејми Морин си го поставува ова прашање не само како психотерапевт туку и како личност која претрпела неколку тешки загуби. Додека се соочува со уште една лична трагедија, размислува за природата на психичката моќ и ги набројува тринаесетте работи што нè спречуваат да ја развиеме.
Во оваа книга, авторката ги опишува лошите навики што нè спречуваат да го постигнеме својот целосен потенцијал и ни предлага начини за развивање на психичката сила насочени кон контрола на мислите, емоциите и однесувањето. Благодарение на проверените совети и интересните приказни на нејзините пациенти, ќе можете да стекнете навики на психички силни луѓе. Повеќе нема да се сожалувате, премногу да се навраќате кон минатото, да се плашите од промени или неуспех, или да се трудите да им угодувате на другите. Со новооткриената самодоверба и одлучност, ќе го пронајдете својот пат до среќата и успехот.
-
-29%
Љубов меѓу редови (Dreamland Billionaires #1)
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.РОУАН
Работа ми е да создавам бајки. Забавни паркови. Продукциски компании. Хотели со пет ѕвезди. Сè може да биде мое еден ден, ако го реновирам забавниот парк Дримленд.
Замислата да ја вработам Зара теоретски беше добра… Но ја бакнав.
Работите излегоа од контрола кога ѝ пишав преправајќи се дека сум друг. Кога сфатив дека згрешив, веќе беше предоцна.
За луѓето како мене нема среќен крај. Зашто ни е судено да го уништиме.ЗАРА
Откако ја искритикував најскапата луда железница на Дримленд, требаше да ме отпуштат. Наместо тоа, Роуан Кејн ми ја понуди работата од соништата.
Но проблемот е во тоа што морам да работам за најтешкиот шеф на светот.
Не смеам да мислам на него, но срцето не ме слуша. Време е да го научам милијардерот дека парите не можат да поправат сè. Особено не нас.Прва од трите возбудливи приказни за тројца браќа, внуци на основачот на забавниот парк Дримленд.
-
-29%
На работ
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Што би направил кога копнежот те турка до работ?
Истражувачката новинарка Кетрин Кет Мартин го запознава планинскиот ренџер Гејбриел Гејб Роситер кога тој ја спасува по нејзиниот пад заедно со одронот на карпи во националниот парк Елдорадо Кањон. По неколку месеци, тој повторно ѝ доаѓа на помош кога еден полициски службеник од Болдер ги обвинува неа и другите американски Индијанци за нелегално престојување на местото Меса Бјут.
Некој сака да ги избрка домородните Американци од нивната света земја. Затоа, Кет и Гејб ги здружуваат силите за да ја истражат причината. Но поради страста што ја чувствуваат еден кон друг и кон вистината, тие ќе им станат трн во око на луѓето кои се доволно очајни за да убијат.
-
-29%
Ти си ѕвер за правење пари
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.„Блескав манифест за отстранување на пречките што стојат меѓу вас и богатството од вашите соништа.“ – Њујорк магазин
Водич кој ќе ви го промени животот и ќе ви помогне да ги заработите парите за кои само сте сонувале, од најпродаваната авторка на Њујорк тајмс, која се вивна до врвот со Ти си ѕвер.
Ти си ѕвер за правење пари ќе ви помогне да ги надминете стравовите и пречките поради кои досега не сте постигнале финансиски успех. Повикувајќи се на преобразбата на својот живот за само неколку години, кога од личност која живеела во реновирана гаража со празна банкарска сметка станала жена која со стил патува низ светот, Џен Синсеро одново нè соочува со својата неповторлива дрскост и практичност поради кои Ти си ѕвер стана апсолутен бестселер. Комбинацијата од урнебесни лични приказни и куси блескави поенти успева да го разоткрие вашиот скриен потенцијал за заработување пари и да ви обезбеди вистински резултати.
Научете како:
- да откриете што е тоа што не ви дозволува да заработувате пари
- да ги растерате сите сомнежи, стравови и изговори
- да се поврзете со парите на нов, профитабилен начин
- да го подготвите коктелот на создавањето
- да ја откриете својата вродена способност за збогатување
- да си ја обликувате реалноста и да престанете да бидете жртва на околностите
- да станете толку богати колку што сакате да бидете.
-
-22%
Поканата
0Original price was: 450,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Го запознав Хадсон Ротшилд на свадба. Неочекувано имав добиено покана за во еден од најелитните ресторани во градот. Хадсон беше кумот и веројатно најпрекрасниот маж кој некогаш сум го видела. Ме покани да танцуваме, а хемијата помеѓу нас беше неопислива, речиси нереална. Знаев дека не беше добра идеја да се плеткам со него со оглед на тоа на чија свадба се наоѓав. Но конекцијата беше ненормална и одлично си поминував.
Но забавата нагло запре кога Хадсон сфати дека не сум таа што реков дека сум. Видете вака, во врска со неочекуваната покана што ја добив. Па, таа всушност не ми беше испратена мене – ѝ беше испратена на мојата бивша цимерка, која ме зезна за киријата за последните два месеци и побегна некаде сред ноќ. Сметав дека ми должеше барем едно добро скапо излегување, но технички, бев падобранец на свадбата. Па кога бев разоткриена, побегнав најбрзо што можев. И мислев дека успешно избегнав проблем… сѐ додека не ми текна дека си го оставив мобилниот на масата. Погодете кој го нашол?
Тоа е лудата приказна за запознавањето со Хадсон. Но верувајте ми, ова не е ништо во споредба со сѐ што следеше.
-
-37%
Подарокот
0Original price was: 550,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Милан Берг стои на семафор кога одеднаш до него застанува возило. На задното седиште седи ужасно преплашено девојче со солзи во крупните очи. Таа очајно се обидува да залепи една порака на прозорецот за да му каже нешто.
Дали бара негова помош или се работи за нешто друго?
Милан не може да ја прочита пораката – тој е неписмен. Само еден од над два милиони луѓе во Германија кои не знаат да читаат и пишуваат. Но чувствува во себе: девојчето е во смртна опасност.
Кога тргнува да ја бара, за него почнува една кошмарна одисеја, а на крајот го чека злокобно сознание: понекогаш вистината е премногу ужасна за да можеме да живееме со неа, па способноста за игнорирање е најголемиот подарок што може да постои!
-
-29%
Предоцна
1Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Слоун би отишла до пеколот и назад за оние коишто ги сака. И го прави тоа, секој Божји ден. Заглавена во врска со опасниот и морално корумпиран Ејса, таа е подготвена на сè, само за да преживее додека не најде излез. И нема намера да дозволи ништо да ѝ застане на патот.
Ништо, освен Картер.
Слоун е најдоброто нешто што некогаш му се случило на Ејса. И ако се прашува тој, тој е најдоброто нешто што некогаш ѝ се случило нејзе. И покрај тоа што таа не го одобрува неговиот криминален животен стил, тој го прави она што е неопходно за да биде чекор пред сите во бизнисот. И чекор пред Слоун. И нема намера да дозволи ништо да му застане на патот.
Ништо, освен Картер.
-
-29%
Злотвор (Robert Hunter #6)
3Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.АКО ТОЈ МИСЛИ НА ВАС… МРТВИ СТЕ.
Една чудна несреќа во рурален Вајоминг води до апсење на човек за потенцијално двојно убиство, но понатамошната истрага упатува на многу пострашно откритие – сериски убиец кој киднапирал, измачувал и масакрирал жртви низ цела Америка најмалку дваесет и пет години. Осомничениот тврди дека тој е само пион во огромен лавиринт од лаги и измами – но дали може да му се верува?
Случајот веднаш го предаваат на ФБИ, но овој пат тие се принудени да побараат надворешна помош. Го бараат Роберт Хантер, кој е поранешен психолог за криминално однесување и главен детектив во одделот за Ултра насилни злосторства, да направи низа интервјуа со уапсениот човек. Овие интервјуа почнуваат да откриваат ужасни тајни кои никој не би можел да ги предвиди или очекува, вклучувајќи го и вистинскиот идентитет на убиецот, кој е толку внимателен што никој, па дури ни ФБИ, немал поим дека постои… сѐ досега.
-
-30%
Татјана и Александар II: Мостот Кон Светиот Крст
0Original price was: 500,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Татјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот во Америка. Но духовите од нејзиното минато не се откажуваат лесно и неуморно ја прогонуваат. Таа станува целосно опседната од помислата и вербата дека нејзиниот сопруг, офицерот Александар Белов, сѐ уште е жив таму некаде во војната и дека таа му е очајно потребна.
Во меѓувреме, на океани и континенти од неа, во Советскиот Сојуз, Александар едвај спасува жива глава од погубување и принуден е да води баталјон војници кои се сметаат за „потрошен материјал“ од страна на врвот на Советскиот Сојуз. Сепак, Александар е цврсто решен да ги поведе своите луѓе низ руините во Европа во еден последен очаен обид да побегнат од смртоносната машинерија на Сталин и некако повторно да си го најде патот до Татјана. -
-29%
Под ѓаволовиот мост
3Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Клејтон е почитуван семеен човек; татко, сопруг, професор, тренер и училишен советник, кој пред повеќе од две декади го признал бруталното убиство на ученичка, тинејџерката Лена Раи. Но зошто ја убил? Причината отсекогаш била мистерија.
Во низа ексклузивни интервјуа од затвор, Клејтон ја споделува вистината за она што се случило таа ноќ под Ѓаволовиот мост. Но вистината е далеку од она што го очекуваат сите во Твин Фолс. Клејтон сега вели дека тој не е убиецот. Дали лажел тогаш, кога го признал убиството? Или лаже сега?
Но во приказната недостасува еден клучен играч? Рејчел Волзак, пензионираната детективка која ги разоткрила изопачените нагони на Клејтон и го сместила зад решетки. Таа не е заинтересирана да ја игра играта на Клејтон, но случајот се здобива со толку голема популарност што почнуваат да се откриваат нови детали и во Рејчел се будат сомнежи за сѐ што мисли дека знаела во минатото. И со секое ново интригантно откритие на Клејтон, сѐ повеќе станува јасно дека тој не е единствениот во градот со тајна.
-
-29%
Куклената претстава
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Сериски убиец ги пали своите жртви на познатите праисториски камени кругови во Лејк Дистрикт. Тој не остава никакви траги и полицајците се беспомошни.
Кога на јагленосаните остатоци од третата жртва го наоѓаат врежано неговото име, му ја прекинуваат суспензијата на посрамотениот детектив Вашингтон По и го вклучуваат во истрагата од која тој дефинитивно не сака да биде дел.
Како партнерка ја добива генијалната, но социјално неприлагодена аналитичарка Тили Бредшо и заедно пронаоѓаат трага која е оставена за да ја види само тој. Мистериозниот убиец има план и од некоја причина По е дел од него.
Како што се појавуваат сѐ повеќе нови тела, така По открива дека е многу поинволвиран во случајот отколку што можел да замисли. Со шокантниот крај кој ќе сруши сѐ што некогаш мислел дека знае за себе, По ќе дознае дека постојат и многу полоши работи од тоа некој да те запали жив…
-
-29%
Еден по еден (Robert Hunter #5)
3Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.„Ми треба Вашата помош, детективе. Оган или вода?“
Детективот Роберт Хантер добива анонимен повик и чудно барање: да посети конкретна веб адреса – еден вид приватно емитување на содржина. Хантер ја отвора адресата и веднаш почнува шоу осмислено специјално за негови очи. Но јавувачот не сака детективот Хантер само да гледа, тој сака и да учествува, а одбивањето едноставно не е опција.
Принуден да направи одвратен избор меѓу две подеднакво грозоморни опции, Хантер мора да седи и да го гледа измачувањето и убиството на неидентификувана жртва во живо на интернет. Полицијата на Л.А и ФБИ ги користат сите свои ресурси за електронски да го лоцираат преносот, но овој убиец не е аматер и беспрекорно си ги има покриено трагите од А до Ш. Уште пред Хантер и Гарсија да успеат официјално да започнат со истрагата, Хантер добива нов повик. Нова веб адреса. Нова жртва. Но овој пат убиецот ја крева играта на следното ниво: реално шоу со убиство во живо, каде секој може да гласа за начинот на убивање.
-
-41%
Џелатот #2 (тврд повез)
0Original price was: 590,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Замислете го вашиот најголем страв… а сега замислете како го доживувате истото, како да се будите директно во вашиот најстрашен кошмар.
Во црква во Лос Анџелес, на скалилата пред олтарот, наоѓаат тело на обезглавен свештеник. Трупот е внимателно позициониран во локва крв, со испружени нозе и рацете прекрстени на градите, а најстрашниот дел од целата глетка е тоа што главата на свештеникот е заменета со кучешка глава. Подоцна, форензичкиот тим открива дека на градите на жртвата со крв е начкрабан бројот „3“.
Детективот Роберт Хантер на почетокот смета дека се работи за ритуално убивање. Но кога почнуваат да се појавуваат нови тела, принуден е одново да размисли за таа теорија. Сите жртви умреле од она од кое најмногу се плашеле. Нивните најлоши кошмари буквално се претвориле во реалност. Но како можел убиецот да знае? И што е тоа што ги поврзува овие жртви?
Хантер тргнува во потрага по вештиот и садистички убиец, некој кој очигледно има моќ да ги чита мислите на жртвите. Некој кој претчувствува што најмногу ги плаши жртвите. Некој кој нема да дозволи ништо да го запре во реализирање на својата изопачена мисија.
-
-29%
Тајниот говор
2Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Том Роб Смит, авторот на Дете 44, ни се враќа со напнат, неизвесен нов трилер: приказна во која гревовите од минатото се закануваат да ја уништат сегашноста, семејства мора да надминат незамисливи пречки за да ги спасат своите сакани, а надежта за подобро утре се бара во најнеобичните околности…
Советски Сојуз, 1956. Сталин е мртов, а жестокиот режим почнува да попушта, оставајќи зад себе општество во кое полицајците се криминалци, а криминалците се невини луѓе. Таен говор напишан од страна на наследникот на Сталин циркулира низ целата нација. Неговата порака е: Сталин беше тиранин. Неговото ветување: Советскиот Сојуз ќе се смени.
Лео Демидов, поранешен агент, исто така се труди да се смени. Двете млади девојчиња кои тој и неговата сопруга ги имаат посвоено сѐ уште му немаат простено за неговата улога во смртта на нивните родители. И тие не се единствените. Сега кога вистината е на виделина, Лео и неговото семејство се во страшна опасност од некој кој е опседнат со мрачните нешта од поранешната кариера на Лео. Некој кој е трансформиран до степен на непрепознатливост.