-
-39%
Тутор за совршена љубов (When in Rome #2)
0Original price was: 570,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Ени Вокер е во потрага по совршениот партнер, со кого ќе го мине остатокот од нејзиниот тивок живот во Рим, Кентаки, водејќи ја цвеќарницата. Таа точно знае каква личност ѝ е потребна… но откако ќе слушне како ја нарекуваат „неверојатно здодевна“ почнува да верува дека проблемот не е во мажите, туку во неа. Дали е предоцна да стане заводлива и забавна како хероините во нејзините омилени љубовни филмови?
Можеби ѝ недостига само малку вежбање за да стане поумешна во флертувањето… а таа точно знае кој може да ја подучува: Вил Грифин.
Згодниот, тетовиран и недостижен Вил е привремено во градот, како личен агент за заштита на Амелија Роуз пред нејзината венчавка со Ноа Вокер, братот на Ени. Тој има само една лична цел додека е на задача: да се држи што подалеку од Ени Вокер и од сите нешта што би го задржале во тоа здодевно гратче. Но кога Ени го замолува да ѝ даде неколку „лекции по заведување“, тој не може да ја одбие. Се согласува да ѝ помогне да ја најде љубовта на нејзиниот живот, иако тој не би променил ништо кај слатката Ени и многу добро знае дека некојси обичен повлечен тип нема да ја усреќи.
Во текот на жешките, но стриктно „образовни“ средби, Ени открива дека зад стоичката маска на Вил се кријат цели светови. Додека границата меѓу пријателството и љубовта станува сѐ понејасна, Ени почнува да ги преиспитува своите желби. Можеби љубовта не мора да биде совршена или внимателно испланирана. Можеби само треба да биде вистинска.
-
-29%
Убавина во бело
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Нора Робертс срдечно ве поканува да ги запознаете другарките од детство Паркер, Ема, Лорел и Мек – основачките на „Завети“, една од најпрестижните фирми за планирање свадби во Конектикат.
Нејзините фотографии често ги красат насловните страници на списанијата за невести. Мекензи „Мек“ Елиот најудобно се чувствува зад објективот, додека ги доловува среќните мигови во животите на другите кои никогаш не ги доживеала самата додека растела. Нејзиниот татко го заменил своето прво семејство со второ, а мајка ѝ, која понатаму го продолжила животот со друг маж, еден од многуте, постојано бара од неа внимание и пари. Темелите на животот повторно ѝ се затресуваат неколку мига пред важен состанок за планирање свадба кога налетува на братот на идната невеста… средба од која и двајцата гледаат ѕвезди.
Картер Мегваер дефинитивно не е нејзин тип: стабилен е и безбеден. Дури е професор по англиски јазик во нивното поранешно средно училиште. Но кај него има нешто кое ја наведува Мек да помисли дека опуштена кратка врска е токму тоа што ѝ треба за да си ги одврати мислите од напорните невести и од постојаното избегнување на повиците од мајка ѝ. Но минливата врска може да се претвори во нешто повеќе токму кога најмалку очекуваш. Со помош на нејзините три најдобри другарки – и деловни партнерки – Мек мора да научи како да создава свои среќни сеќавања.
-
-37%
Невестата
0Original price was: 550,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Сусана Макаја, девојка со ромско потекло, но одгледувана како Шпанка, исчезнува по нејзината моминска забава, а нејзиното тело го наоѓаат по два дена. Нејзиното убиство би било само уште едно обично убиство да не е фактот дека жртвата била малтретирана, врз неа бил извршен ужасен ритуал и дека сестра ѝ ја доживеала истата судбина пред седум години. Убиецот на Лара отслужува казна затвор, така што постојат само две можности: или некој го имитира модус операнди на убиецот или невин човек лежи во затвор.
Инспекторката Елена Бланко, која го води случајот, останува во служба на полицијата затоа што не може да го заборави нерешениот случај што ја прогонува целиот нејзин живот.
Во истрагата, Елена мора да навлезе во животите на двете девојки со ромско потекло, кои ја отфрлиле традицијата за полесно да се вклопат во општеството, и да открие кој сакал да им се одмазди на толку суров начин.
-
-33%
Нашиот најубав Божиќ
0Original price was: 520,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.„За Божиќ, чудата го осветлуваат небото над Шкотските Висорамнини.”
Гејл Мичел, брилијантната и амбициозна бизнисменка, со години се наоѓа во зенитот на кариерата, но по цена на односот со своите ќерки. По ненадејното соочување со сопствената смртност, ги контактира со неочекувана покана: повторно да го поминат Божиќ заедно – за првпат по пет години.
За сестрите Саманта и Ела Мичел, Божиќ е најубавиот период во годината, време кое го поминуваат во смеа и веселба, обидувајќи се да ги надоместат топлината и магијата што им недостигале на празниците додека растеле. Годинава, додека Ела се приспособува на животот како мајка, а Саманта се надева да постигне деловна зделка за куќата во којашто ќе го поминат празникот, двете сестри решаваат да ја прифатат мајчината покана.
Додека снегот непрестајно паѓа, се разоткриваат стари тајни, се разгоруваат нови познанства и жените од семејството Мичел се принудени да се соочат со вистините што предолго ги избегнувале. Заедно мора да научат дека патот до прошката ретко е без пречки, но понекогаш, еден Божиќ може да смени сè.
-
-37%
Ловејќи го злотворот (Robert Hunter #10)
0Original price was: 550,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Секоја приказна си има свој крај. Тој е најопасниот и најсуровиот сериски убиец со кој ФБИ некогаш си имал работа. Поседува исклучителна самоконтрола, широко познавање на криминалната психологија и искуство со хипноза. По три години поминати во затвор со максимално обезбедување, тој успева да избега….
-
-29%
Испреплетени лози
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Фиона отсекогаш знаела да чува тајни – дури и од таткото што ја одгледал. Таа е единствената што знае за аферата на мајка ѝ во Тоскана пред триесет години и планира така и да остане.
Но еден ден добива неочекувана вест — нејзиниот биолошки татко починал и ѝ оставил наследство. Патувањето во срцето на Тоскана, каде што се соочува со бесните полубрат и полусестра решени да го оспорат тестаментот, се претвора во патување низ лавиринтот од тајните на родителите. Иако малку исплашена, Фиона ја прифаќа судбината и се обидува да ја открие вистината за тоа што се случило она судбоносно лето кое мајка ѝ го поминала во Италија – и за таткото што никогаш не го запознала.
Низ страниците полни со аромите и романтиката на Тоскана, читателот ќе се нурне во една трогателна приказна за љубовта, жртвите, храброста и вистинското значење на семејството.
-
-30%
Земја на соништата
0Original price was: 500,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Колби Милс верува дека е предодреден за блескава музичка кариера, но ужасна трагедија му ги руши надежите. Сега ја води семејната фарма во Северна Каролина и, како кус одмор од секојдневните обврски, прифаќа да свири во еден бар на плажата во Сент Пит во Флорида.
Кога ја запознава Морган Ли, светот му се превртува наопаку. Судбоносната средба го тера да се замисли дали одговорноста што ја нагрбил мора засекогаш да му го управува животот. Морган е ќерка на богати доктори од Чикаго и дипломка на престижна музичка академија, која сонува да се пресели во Нешвил за да стане ѕвезда. И во љубовта и во музиката, Колби и Морган се надополнуваат како што никогаш не верувале дека е можно.
Додека нивната љубов расте, во едно зафрлено гратче, Беверли се обидува да создаде пристоен живот за неа и за нејзиниот шестгодишен син, по бегството од насилниот сопруг. Но парите ѝ се при крај и опасноста ги демне од сите страни. Очајната одлука што ќе ја донесе ќе промени сè во што верувала.
Судбината ќе ги спои тројцата и ќе ги натера да се запрашаат дали сонот за подобар живот може да ја надмине тежината на минатото. Трогателна приказна за смелоста да ризикуваш cè за да го оствариш сонот – и за (не)можноста да го оставиш минатото зад
-
-37%
Проколната земја
0Original price was: 550,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Бет и нејзиниот мил, добродушен сопруг Френк имаат среќен брак, но главниот предуслов за нивната врска е минатото да остане закопано. Кога братот на Френк ќе го застрела кучето што им удавило неколку овци, никој не знае дека тој истрел засекогаш ќе им ги промени животите. Бидејќи кучето му припаѓа на Гејбриел Волф, човекот кого Бет го сакала како тинејџерка – човекот кој ѝ го има скршено срцето пред многу години. Гејбриел се враќа во селото со својот мал син, Лио – момче кое Бет премногу ја потсетува на нејзиниот сопствен син, кој има починато во трагична несреќа.
Како што струите ја повлекуваат Бет назад во животот на Гејбриел, така растат и тензиите во селото, па почнуваат да испливуваат опасни тајни и љубомора, но овој пат со смртоносни последици. Бет е принудена да направи избор помеѓу жената што била некогаш и жената во која е претворена сега.
Длабока љубовна приказна со пресврт на трилер – новела за горлива страст, невозможни избори и експлозивни последици која шета помеѓу минатото и сегашноста истражувајќи ја моќта на првата љубов.
-
-29%
Давеничката
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Ли Гуливер никогаш не помислила дека еден ден ќе живее на улица, но кога нејзиниот ресторан пропаѓа и таа запаѓа во огромни долгови, принудена е да го напушти својот стар живот и да исчезне заминувајќи само со колата и облеката. Во Сиетл преноќува на едно затскриено место покрај плажата, но изутрината здогледува расплакана жена како се фрла во океанот. Без размислување ја спасува жената, но наместо благодарност, добива бесен излив. Давеничката, Хејзел, ѝ кажува дека е заробена во насилен брак, дека е затвореник во сопствениот дом, а Ли ѝ ја одзела единствена шанса да избега од својот живот. Хејзел се враќа во својот позлатен кафез и Ли мисли дека повеќе нема да ја види. Сепак, следното утро Хејзел се враќа и тие се поврзуваат и остваруваат блиско и неверојатно пријателство.
Но еден ден Хејзел доаѓа со страшно барање: сака Ли да ѝ помогне да исчезне. Ја уверува дека ќе биде лесно, но Ли наскоро дознава дека работите не се такви какви што изгледаат и дека Хејзел можеби не е таква пријателка каква што мислела дека е.
-
-29%
Летниот непристоен предлог
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Го запознавам на состанок на слепо. Макс Јервуд е неверојатно згоден и забавен и ги има најубавите дупчиња на образите. Хемијата меѓу нас е неспоредлива… Но во тој миг доаѓа личноста со која, всушност, требало да се сретнам. Какво разочарување!
Пред да си замине, Макс ми остава билет за хокејски натпревар. Се обидувам да уживам во состанокот со договорениот маж, но никако не можам да престанам да мислам на Макс. Одејќи си, одлучувам да отидам на натпреварот и да си ја пробам среќата. Но седиштето до моето е празно! Во мигот кога се свртувам да си одам, еден од тимовите дава гол и целата публика спобудалува. На екраните го даваат лицето на играчот што го постигнал голот. Иако носи кацига, се стаписувам кога се насмевнува – нема шанси да ги утнам тие дупчиња на образите. Не ме поканил заедно да гледаме натпревар, туку да го гледам како игра.
Така започнува нашата луда авантура, со многу смеа, секс и нови предизвици. Но има еден проблем – Макс се сели во нов тим за неколку месеци. Ми предлага да го поминеме летото заедно и да ми помогне да го заборавам бившиот. Може ли врската да стане сериозна кога е со рок? Планот не е лош, но знаете што велат за плановите…
-
-33%
Дечкото
0Original price was: 520,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Сидни нема среќа со мажите, како и секоја втора жена во Њујорк. Таа има видено сѐ: мажи кои лажат на своите профили на сајтовите за запознавање, мажи кои те оставаат сама да ја платиш сметката за вечерата и, најлошо од сѐ, мажи кои не можат да престанат да зборуваат за своите мајки.
Но нејзиниот нов дечко е совршен. Шармантен, згоден и работи како доктор во локална болница. Па Сидни е на седмо небо.
Тогаш се случува бруталното убиство на млада жена – само уште едно во низата смртни случаи на брегот. Главниот осомничен е мистериозен маж кој има кратки романтични врски со жртвите пред да ги убие.
Сидни треба да се чувствува безбедно. На крајот на краиштата, се гледа со човекот од нејзините соништа. Но ја јаде некој сомнеж дека има шанси совршениот маж да не е толку совршен колку што изгледа. Затоа што некој го набљудува секој нејзин чекор и ако не ја дознае вистината, таа ќе биде следната жртва на убиецот.
-
-37%
Девојката со свеќа
0Original price was: 550,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Што ако смртта е твојата единствена шанса за преживување?
Пред единаесет години, Алма била дадена на посвојување под мистериозни околности додека сè уште била бебе. Во досието за посвојување кое се држело во строга тајност, стоел коментарот: „Идентитетот на родителите никогаш не смее да излезе во јавност! Ризик по животот на мајката!“
Но сега Алма е сериозно болна и итно ѝ треба трансплантација на коскена срж.
За да го спаси животот на посвоената ќерка, Оливија Раух тргнува во очаен лов на биолошките родители на девојчето.
Во нејзината потрага, психологот експерт за насилни злодела наидува на легендата за „Девојката со свеќата“ – млада девојка која еден Божиќ се изолирала од светот во една куќа во шумата Франкенвалд. Но дотаму ја следел и некој психопат кој ја принудил да отвора „божиќен календар“ полн со ужасни, ужасни задачи.
-
-30%
Девојчето во снегот (Мирен Тригс #1)
0Original price was: 500,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Њујорк, 1998 година – парада за Денот на благодарноста. Кира Темплтон исчезнува во толпата. По детално пребарување на целиот град, некој наоѓа неколку прамени коса до алиштата на девојчето. Во 2003 година, дента кога Кира би требало да наполни 8 години, нејзините родители добиваат чуден пакет – видео касета со снимка која трае само една минута и ја прикажува Кира како си игра во непозната соба.
Мирен Тригс, студентка на факултетот за новинарство, започнува своја паралелна истрага и дознава дека и нејзиниот живот, исто како и животот на Кира, е преполн со неизвесности и несигурности.
„Девојчето во снегот”, продадена во милиони примероци, е совршен трилер кој ги менува правилата на жанрот. Кастиљо несомнено е нов феномен во европската литература.
-
-37%
За нас (Браќата Бејли #2)
0Original price was: 550,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Ашер Бејли, кој се враќа дома во своето чудно гратче, повеќе не е истиот човек кој стави веренички прстен на прстот на Грејс. Тој е покрупен, посилен, прогонуван од своите внатрешни демони. Принуден да се откаже од Грејс и од сѐ друго во неговиот живот поради затворска казна која едвај ја преживува.
Сега кога е дома, браќата агресивно го пречекуваат, а соседите со задоволство го озборуваат. Тоа му е очекувано. Но дефинитивно не очекува да види дека Грејс сѐ уште го носи неговиот прстен.
Бајката на Грејс не е завршена. Беше трагично прекината. Таа ги има поминато последните седум години од својот живот чекајќи еден маж. И сега кога тој е вратен, има многу работа пред себе. Ашер е повреден и лут и тврдоглаво убеден дека тие не можат да бидат заедно. Тој се плаши дека темнината во него не може да се заузда. Но, Грејс нема да се откаже од него, од нив, без борба.
-
-33%
Професорот
1Original price was: 520,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Ив води убав, спокоен живот. Секое утро се буди со бакнеж од нејзиниот прекрасен и згоден сопруг, Нејт, пред да тргнат кон гимназијата во која и двајцата предаваат. Нивното секојдневие тече како подмачкано. Или барем така изгледа.
Нејт, обожаван од учениците и колегите, упорно одбива да ѝ обрне повеќе внимание. Парите не им стигнуваат, а згора на сѐ, оваа година и двајцата треба да ѝ предаваат на најпроблематичната ученичка, 16-годишната Ади, која е причината што минатата година еден од најдобрите професори во училиштето беше принуден да си замине. Ништо никогаш не беше докажано, не беа поднесени обвиненија, но гласините беа доволни. Затоа што кога некој ќе се посомнева во врска меѓу професор и ученичка, последиците секогаш се тешки.
Сите знаат дека на Ади не може да ѝ се верува. Дека лаже и манипулира. Уништува туѓи животи. Барем така се зборува. Но лекција број еден во оваа гимназија е да не веруваш никому. Некои гласини кријат далеку пострашни тајни.
„Професорот“ е мрачен, психолошки трилер со бројни остроумни пресврти што ќе ги држат читателите во неизвесност до последната страница.
-
-29%
Завеани за Божиќ
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Таа е завеана со семејството. Единствениот проблем? Тоа не е нејзиното семејство…
Семеен собир
Овој Божиќ братот и сестрите Милер имаат една цел – да ги избегнат добронамерните прашања од семејството. Тие имаат тајни што не сакаат да бидат дознаени и се потпираат еден на друг за да го одвлечат вниманието.Непоканета гостинка
Луси Кларк ја мачи можноста да ја изгуби работата – ако не успее да склучи голема деловна зделка со Рос Милер. Планот ѝ е да му ја однесе својата понуда до семејниот дом во Шкотските Планини и потоа да си замине. Таа никако не би сакала да се наметнува на совршениот семеен Божиќ на Милерови.Божиќ за паметење
Кога Луси се појавува на заснежениот праг на Милерови, семејството помислува дека му е девојка на Рос. Но додека да се расчисти недоразбирањето, снежна бура го зафаќа регионот и Луси останува заглавена. Додека сите се подготвуваат за заедничката прослава на Божиќ, нетрпеливоста почнува да избива на површина и одеднаш Луси се наоѓа среде голема семејна кавга – со семејство кое не е нејзиното.
