Филтер по цена
Жанр
  • Танци со коски

    Танци со коски

    0

    „Секогаш имате избор. Запрашајте се дали вреди за тоа што ќе го добиете.“

    Навидум едноставна приказна за еден несреќен патологанатом. Северин не го ценат на работа и малку го плаќаа; во личниот живот му се случува нешто неразбирливо, а самодовербата му е на нула. Кога ќе се најде практично на дното, ја прифаќа можноста да заработи.

    Предлогот не е сосема легален и тешко може да се очекува нешто добро од пазарот на трансплантација на органи, но примамливата помисла конечно да си го обезбеди животот е посилна од сомнежот. На крајот на краиштата, треба да земе само мала „ситница“ од веќе починати луѓе на кои тоа повеќе не им е ни потребно. Засега од починати. Засега ситница.

    Чекор по чекор, одлука по одлука, Северин постепено се менува – од пренебрегнат човек што спасот го бара во алкохолот, за првпат почнува да чувствува самодоверба. А со неа расте и неговата неспринципиелност.

    Откако еднаш ќе изврши злосторство, второто и третото доаѓаат многу полесно… Тоа што до вчера го сметал за недопустливо, станува негова нова норма.

    Дали е способен да запре? И колку далеку може да оди човек што еднаш ја преминал границата?

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • -20% Кодот на Катарина

    Кодот на Катарина

    0

    Исчезнување без трага е мистерија само по себе. Но што ако исчезнатото лице оставило нешто зад себе што ја прави мистеријата уште поголема?
    Кога Катарина Хауген исчезнала пред дваесет и четири години, случајот не бил решен. Оттогаш, секоја година на денот на нејзиното исчезнување, главниот инспектор Вилијам Вистинг ги разгледува документите од старата истрага и оди на гости кај сопругот на Катарина, Мартин Хауген, кој дента на исчезнувањето имал цврсто алиби. Нивниот редовен контакт прераснал во пријателство.

    Но овој пат Вистинг ја наоѓа куќата заклучена. На годишнината од исчезнувањето на неговата сопруга, Мартин Хауген и самиот исчезнува без трага.

    Истиот ден во полициската станица пристигнува младиот истражител Адријан Стилер, кој работи на стари, нерешени случаи. Тој верува дека исчезнувањето на Катарина е поврзано со друга, уште постара мистерија. Принудени да соработуваат, Вистинг и Стилер мора да најдат заеднички јазик и да ги следат и најнезначајните траги за да го решат овој сложен случај.

    Морничав трилер за тајните, довербата и непоколебливата потрага по вистината.

    Original price was: 550,00 ден.Current price is: 440,00 ден.
    Додај во кошничка
  • Давеничката

    Давеничката

    0

    Ли Гуливер никогаш не помислила дека еден ден ќе живее на улица, но кога нејзиниот ресторан пропаѓа и таа запаѓа во огромни долгови, принудена е да го напушти својот стар живот и да исчезне заминувајќи само со колата и облеката. Во Сиетл преноќува на едно затскриено место покрај плажата, но изутрината здогледува расплакана жена како се фрла во океанот. Без размислување ја спасува жената, но наместо благодарност, добива бесен излив. Давеничката, Хејзел, ѝ кажува дека е заробена во насилен брак, дека е затвореник во сопствениот дом, а Ли ѝ ја одзела единствена шанса да избега од својот живот. Хејзел се враќа во својот позлатен кафез и Ли мисли дека повеќе нема да ја види. Сепак, следното утро Хејзел се враќа и тие се поврзуваат и остваруваат блиско и неверојатно пријателство.

    Но еден ден Хејзел доаѓа со страшно барање: сака Ли да ѝ помогне да исчезне. Ја уверува дека ќе биде лесно, но Ли наскоро дознава дека работите не се такви какви што изгледаат и дека Хејзел можеби не е таква пријателка каква што мислела дека е.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • -50% Ја слушнавте ли лагата?

    Ја слушнавте ли лагата?

    0

    Луси и Савана се убави, паметни и обожавани девојки, кои живеат во својот роден град во Тексас. Луси е венчана за мажот од соништата и живее во новиот, раскошен дом, а Сави е дружељубивата, мила девојка што сите ја сакаат, а особено е популарна кај мажите, ако им се верува на гласиштата. Но кога Луси ја наоѓаат како лута по улиците облеана во крвта на својата најдобра другарка, сите мислат дека таа ја убила.

    Од таа кобна ноќ, на која Луси не се сеќава, се поминати години и таа сега живее во Лос Анџелес и се обидува да изгради нов живот. Но Бен Овенс, вообразениот и неверојатно привлечен водител на исклучително популарниот поткаст за решавање нерешени убиства, одлучува во втората сезона да го истражи убиството на Савана. Луси е принудена да се врати во родниот град, во местото во кое се има заколнато дека никогаш повеќе нема да се врати, за да се обиде да го открие убиецот на својата другарка – макар и тоа да е таа.

    Вистината е во етерот. Треба само да знаеш како да ја начуеш.

    Original price was: 550,00 ден.Current price is: 275,00 ден.
    Додај во кошничка
  • Дечкото

    Дечкото

    0

    Сидни нема среќа со мажите, како и секоја втора жена во Њујорк. Таа има видено сѐ: мажи кои лажат на своите профили на сајтовите за запознавање, мажи кои те оставаат сама да ја платиш сметката за вечерата и, најлошо од сѐ, мажи кои не можат да престанат да зборуваат за своите мајки.

    Но нејзиниот нов дечко е совршен. Шармантен, згоден и работи како доктор во локална болница. Па Сидни е на седмо небо.

    Тогаш се случува бруталното убиство на млада жена – само уште едно во низата смртни случаи на брегот. Главниот осомничен е мистериозен маж кој има кратки романтични врски со жртвите пред да ги убие.

    Сидни треба да се чувствува безбедно. На крајот на краиштата, се гледа со човекот од нејзините соништа. Но ја јаде некој сомнеж дека има шанси совршениот маж да не е толку совршен колку што изгледа. Затоа што некој го набљудува секој нејзин чекор и ако не ја дознае вистината, таа ќе биде следната жртва на убиецот.

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Фаворити

    Фаворити

    1

    За светот се скандал. Еден за друг, опсесија.

    Таа нема значајно потекло, познато име, богатство или семејна поддршка, но отсекогаш знаела дека ѝ е пишано да стане добитничка на златен олимписки медал во танц на мраз. Кога Катарина Шо го запознава Хит Роча, осамено дете заглавено во системот за згрижување сираци, нивната инстантна конекција ги прави добар пар на мразот. Благодарение на тоа што се потпираат на лизгањето – и еден на друг – за да побегнат од своите турбулентни животи, Кет и Хит стануваат шампиони на мразот, освојувајќи го светот со нивната неопислива хемија, бунтовнички стил и нивната вртоглаво луда врска.

    Но шокантен инцидент на Олимписките Игри ненадејно става крај на нивното партнерство.

    На десетгодишнината од нивното последно лизгање заедно, еден документарен филм повторно ја потпалува масовната опсесија со Шо и Роча, тврдејќи дека низ интервјуа со нивните најблиски пријатели и најжестоки ривали ќе ја открие „вистинската приказна“ за скандалозниот пар. Кет не сака да има ништо со документарецот, но не може да ја поднесе помислата некој друг да ја дефинира нивната историја. Па, по цела декада молк, сега ја раскажува приказната: од детските трагедии од кои се раѓа нејзината огнена врска со Хит до судирот на желби поради кој се разделуваат. Сензационалистички гласини им го следат секој чекор со години, но има шанси вистината да е уште пошокантна од насловите во таблоидите.

     

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Брутален (Sinners of Saint #1)

    Брутален (Sinners of Saint #1)

    0

    ЕМИЛИЈА
    Велат дека љубовта и омразата се истото чувство, само се јавуваат во различни околности. И вистина е. Човекот кој ми доаѓа на сон е истиот оној кој ме прогонува во кошмарите. Тој е брилијантен адвокат. Вешт криминалец. Прекрасен лажго. Насилник и спасител. Монструм и љубовник.

    Пред десет години, ме натера да побегнам од малиот град каде што живеевме. Сега, дојде по мене во Њујорк, и нема намера да замине додека не ме земе и мене.

    ВИШС
    Таа е уметник. Убава, несфатлива и недостижна, како цвет од цреша. Пред десет години, ми влета во животот од нигде-никаде и преврте сѐ наопаку. Па, си ја плати цената.

    Емилија ЛеБланк ми е комплетно забранета – бивша девојка на мојот најдобар пријател. Жената која ми ја знае најмрачната тајна. Тоа би требало да е доволно за да ме одврати од трчањето по неа, но не ме одвраќа. Е добро де, таа ме мрази – голема работа. Попаметно би ѝ било да се навикне на мене…

     

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Љубов во Рим

    Љубов во Рим

    0

    Амелија Роуз, позната како Реј Роуз помеѓу своите обожаватели, е прегорена од годините минати во одржување на нејзиниот имиџ како „поп принцеза“. Па инспирирана од омилениот филм со Одри Хепберн, Празник во Рим, влегува во својот автомобил сред ноќ и заминува на мал одмор во Рим… во Рим во Кентаки.

    Кога Ноа ја наоѓа Амелија во својот двор откако ѝ се расипува колата, тој јасно ѝ дава до знаење дека нема ни време, ни трпение за проблемите на славните. И онака е премногу зафатен со водење на бизнисот оставен од баба му и константното потсетување на љубопитните соседи да си ја бркаат својата работа. Но и покрај тоа што знае дека не е паметно, ѝ дозволува да отседне во неговата гостинска соба – но само додека да ѝ ја поправат колата. Потоа нека прави што знае.

    Но тогаш Ноа почнува да гледа поинаква страна од Реј Роуз – таа е Амелија: добродушна и откачена, сепак осамена од годините поминати под лупата на јавноста. Посилно е од него, не може да не се зближи со неа. Таа наскоро ќе мора да се врати на својот гламурозен живот и турнејата, но во меѓувреме, Ноа ќе ѝ ги покаже сите прекрасни страни на својот мал град, сите искуства кои ги пропуштала, а таа ќе му помогне повеќе да го отвори срцето. Амелија не може да не го засака малото гратче и намќорестиот туристички водич, но дури и Одри мораше да го напушти Рим на крајот.

     

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Шпанска љубовна измама

    Шпанска љубовна измама

    0

    Каталина Мартин има голем проблем. Благодарение на една мала издрдорена лага, сега целото нејзино семејство мисли дека е лудо вљубена во своето момче. Шармантен Американец… кој всушност не постои!

    Па затоа брзо мора да најде човек што е подготвен да го премине Атлантикот и да го глуми нејзиниот совршен партнер. Некој што не е Арон Блекфорд – нејзиниот висок, синоок и надмен колега чија животна цел е да ја вади од такт. Таа е убедена дека тој е последната личност на светот којашто би прифатила да ѝ помогне, но сепак, самиот ѝ се нуди да ја извади од непријатната ситуација. Свадбата наближува, а нејзиниот поранешен свршеник и неговата нова девојка се на списокот со гости, па Каталина станува сè поочајна. Има само две опции – да ја признае лагата или да го прифати предлогот на неподносливиот колега.

    Три дена, една лажна врска и маж кој можеби и не е толку лош надвор од канцеларијата…

     

     

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мимики

    Мимики

    0

    Што кога ќе те обвинат за убиството на сопственото семејство?

    Хана се буди во мотелска соба и не може да се сети како се нашла таму, ниту пак зошто ја обвинуваат за убиство на нејзиното семејство.

    И не само што ја обвинуваат, туку ѝ покажуваат видео снимка на која таа признава дека навистина ги извршила убиствата.

    Но Хана е експерт за читање изрази на лицето, па ја користи својата професионална експертиза за да ја докаже својата невиност, притоа откривајќи злокобна позадина која вклучува личност којашто ѝ е блиска.

    Маестрото за психолошки трилери длабоко го истражува мрачното прашање: Колку добро ги познаваме оние кои ги сакаме? Со уникатен спој на форензика, психологија и морална комплексност, Мимики е незаборавно неизвесен трилер кој ќе ве натера да преиспитате сѐ што сте мислеле дека знаете за семејните врски и човечката природа.

     

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • За нас (Браќата Бејли #2)

    За нас (Браќата Бејли #2)

    0

    Ашер Бејли, кој се враќа дома во своето чудно гратче, повеќе не е истиот човек кој стави веренички прстен на прстот на Грејс. Тој е покрупен, посилен, прогонуван од своите внатрешни демони. Принуден да се откаже од Грејс и од сѐ друго во неговиот живот поради затворска казна која едвај ја преживува.

    Сега кога е дома, браќата агресивно го пречекуваат, а соседите со задоволство го озборуваат. Тоа му е очекувано. Но дефинитивно не очекува да види дека Грејс сѐ уште го носи неговиот прстен.

    Бајката на Грејс не е завршена. Беше трагично прекината. Таа ги има поминато последните седум години од својот живот чекајќи еден маж. И сега кога тој е вратен, има многу работа пред себе. Ашер е повреден и лут и тврдоглаво убеден дека тие не можат да бидат заедно. Тој се плаши дека темнината во него не може да се заузда. Но, Грејс нема да се откаже од него, од нив, без борба.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Професорот

    Професорот

    1

    Ив води убав, спокоен живот. Секое утро се буди со бакнеж од нејзиниот прекрасен и згоден сопруг, Нејт, пред да тргнат кон гимназијата во која и двајцата предаваат. Нивното секојдневие тече како подмачкано. Или барем така изгледа.

    Нејт, обожаван од учениците и колегите, упорно одбива да ѝ обрне повеќе внимание. Парите не им стигнуваат, а згора на сѐ, оваа година и двајцата треба да ѝ предаваат на најпроблематичната ученичка, 16-годишната Ади, која е причината што минатата година еден од најдобрите професори во училиштето беше принуден да си замине. Ништо никогаш не беше докажано, не беа поднесени обвиненија, но гласините беа доволни. Затоа што кога некој ќе се посомнева во врска меѓу професор и ученичка, последиците секогаш се тешки.

    Сите знаат дека на Ади не може да ѝ се верува. Дека лаже и манипулира. Уништува туѓи животи. Барем така се зборува. Но лекција број еден во оваа гимназија е да не веруваш никому. Некои гласини кријат далеку пострашни тајни.

    „Професорот“ е мрачен, психолошки трилер со бројни остроумни пресврти што ќе ги држат читателите во неизвесност до последната страница.

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Галерија на мртвите (Robert Hunter #9)

    Галерија на мртвите (Robert Hunter #9)

    0

    „Работам во полицијата подолго од три декади и за тоа време имам видено куп лудачки дела, но кога пред смртта би требало да изберам една работа што би сакал да jа заборавам… тоа би било она што се наоѓа во онаа соба.“ Тоа е мислата која се врти низ главата на детективот Хантер кога пристигнува на едно од најшокантните места на злосторства кои некогаш ги видел.

    Неочекуван развој на настаните ги принудува Хантер и неговиот партнер да ги здружат силите со ФБИ за да го фатат серискиот убиец кој не знае за граница; психопатот кој го обожава тоа што го прави затоа што за него, убиствата се многу повеќе од убивање – тие се форма на уметност.

    Добредојдовте во Галеријата на мртвите.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Љубов на втор поглед

    Љубов на втор поглед

    0

    Како се запознавте? Тоа е едно од основните прашања кои им се поставуваат на сите парови. И одговорот обично е некоја романтична приказна, стрелата на Купидон ги погодила во задникот, се вљубиле на прв поглед. Нашето запознавање беше многу поинакво. Шетав низ едно богато соседство во Беверли Хилс во потрага по маж, само за да ја направам љубоморна мојата смртна непријателка која штотуку ме отпушти од работа. Тој пак нервозно шеташе, мрморејќи за некоја пропадната зделка на работа додека се обидуваше да смисли како да се извлече од настанатиот проблем.

    И така налетавме еден на друг. Немаше искри. Апсолутно ништо што укажуваше на тоа дека помеѓу нас би можело да се роди нешто. Но дур се свестам, лапав бесплатен ручек и го слушав како ми се отвора за своите проблеми кои водеа до чуден предлог… тој сакаше да бидам неговата Вивиен, знаете, од филмот Убава жена – само без безобразниот дел. Требаше да живеам во палата, да одам на состаноци во пар и да се преправам дека сме лудо вљубени и… свршени. Каква бесрамност. Но луѓето прават луди нешта кога се очајни. А јас корнев на очај. Па, склучивме договор.

    Но направив и една голема… не, ОГРОМНА грешка. Случајно се вљубив во непоправливиот Хаксли Кејн.

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Плејлиста (Колекционер на очи #3)

    Плејлиста (Колекционер на очи #3)

    0

    Музиката е нејзиниот живот, а петнаесетте песни одлучуваат колку ќе биде долг.
     
    Пред еден месец, петнаесетгодишната Фелин Јагов исчезнува без трага одејќи на училиште. Мајка ѝ го најмува приватниот детектив Александер Зорбах, кој открива дека преку онлајн музички сервис Фелин ги слуша омилените песни, иако е во заробеништво. Уште поинтересно е што плејлистата била сменета пред два дена. Дали преку новите песни таа се обидува да прати тајна порака?
     
    Зорбах очајно се обидува да ја одгатне загатката што ќе го одведе до местото каде што се наоѓа Фелин. За жал, не знае дека обидот да ја најде и да ја спаси од киднаперот ќе го вовлече во ужасен кошмар, во безмилосна трка со времето во која шансите да преживеат се речиси еднакви на нула.
     
    Ова е една од најуникатните книги на Фицек бидејќи плејлистата навистина постои. Фицек овој пат се јавува и како креатор на текстови и композиции заедно со низа познати музичари, кои имаат креирано 15 песни специјално за приказната. 
    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Свадба во декември

    Свадба во декември

    0

    За Роузи не постои ништо поромантично од тоа да се омажи со љубениот на БожиЌ. Но нејзиното семејство не го дели нејзиниот ентузијазам.

    Меги е во шок! Нејзината најмлада ќерка одлучила да се омажи за Божиќ. И тоа на само дваесет и две години! Дали на таа возраст човек е подготвен да се врзе за цел живот? И таа самата се омажи за Ник на тие години, па еве ги сега, веќе шест месеци живеат одвоено и се разведуваат. Сепак, за да не ги расипат празниците и венчавката, одлучуваат да се преправаат дека се сè уште вљубени еден во друг. Дали таквата блискост и зимската идила ќе им донесат втора шанса?
    На постарата сестра Кејти воопшто не ѝ е по ќеф што мора да го прелета Атлантскиот Океан само за да ѝ биде старосватица на сестра ѝ, но нема избор – мора да ѝ ги отвори очите пред да биде предоцна! Смета дека импулсивната, слатка Роузи прави грешка и решена е да ја спречи. Кога само згодниот кум, Џордан, би престанал да ѝ се меша во плановите…

    Како што наближува датумот на венчавката, Роузи станува сè повознемирена. Дали е нетрпелива или се предомислува? Гостите полека пристигнуваат и реалноста почнува да ја притиска. Повеќе не може да го занемарува прашањето што подолго време ја мачи – дали прави грешка што ќе се омажи со човек кој го познава одвај неколку недели?

    Овој Божиќ ќе биде незаборавен за семејството Вајт.

    490,00 ден
    Додај во кошничка