-
-15%
Крадци и проститутки
9Original price was: 350,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.14ти Јуни, 1941 година
Тие ме зедоа облечена само во ноќница. Тоа не беше тропање. Тоа беше страшно трескање кое ме натера да потскокнам. Тупаници удираа по нашата влезна врата. Внатре во куќата никој не мрдаше, никој не пушташе глас. Станав и ѕирнав во ходникот. Мајка ми стоеше залепена за ѕидот, нејзините очи затворени, а лицето згрчено од вознемиреност. Таа се молеше.Советите нѐ натискаа во камион како стока: жени, деца, стари и изнемоштени, штотуку породени со бебиња. Воз полн со учени луѓе, професори, адвокати, уметници… рекоа сме биле криминалци обвинети за контрареволуционерни активности. Најпочитуваните и најдостоинствените луѓе од Литванија, Латвија и Естонија, а вагонот во кој се возевме беше обележан со табла „Крадци и проститутки“.
„Ќе те најдам“, ми рече Андриус. Најди ме, се молев секој ден. Најди ме побрзо.
Ужасна тајна на милион луѓе. Во некои војни се работи за бомбардирање. За овие луѓе и оваа војна, се работи за верување.
-
-29%
Преживеј за да раскажуваш
6Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.KОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕШ…
Една грозоморна ноќ завршува со брутално убиено семејство. Мајката и трите деца се мртви, а таткото – и потенцијален осомничен – се бори за живот на одделот за интензивна нега.
Случајот е навидум едноставен, тешката финансиска ситуација го натерала да си го поштеди семејството од беда пред да изврши самоубиство, но детективката Ди Ди Ворен знае дека ништо никогаш не е толку едноставно.
Медицинската сестра Даниела Бартин има доживеано слична трагедија. Таа има преживеано за да раскажува како нејзиниот татко ѝ го сотрел целото семејство пред очи пред дваесет и пет години. Сега вработена во детска психијатриска болница, Даниела е сигурна дека минатото е одамна закопано. Сè додека прашањата на Ди Ди Ворен не почнат да ѝ враќаат сè.
Викторија Оливер е посветена мајка, решена да го заштити својот син по секоја цена. Но, исто како и Даниела, таа наскоро ќе открие дека најужасните злосторства можат да бидат оние најблиските до домот.
…ЗА ДА ГО РАСКАЖУВАШ ОНА ШТО ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧИ?
-
-29%
Вистината на Питија
4Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Истрагата на бруталните убиства на момчињата имигранти сè уште тапка во место. Паралелно со неа има уште еден убиец кој со грозоморни убиства им се одмаздува на поранешни ученици на училиште каде што своевремено учела и таинствената Викторија Бергман. Жанет открива дека има нешто што ги поврзува двете различни истраги – скриена мотивација во која нема ни ронка човечност. Ништо не е онака како што изгледа. Кога маските паѓаат и сите си ги покажуваат вистинските лица, Жанет е оставена на милост и немилост на силите на злото.
Психијатарката Софија Зетерлунд се обидува да ѝ помогне на Жанет, но и таа е затрупана во доволни свои проблеми со комплицираната Викторија Бергман. Како ќе заврши лавиринтот од психоанализи, останува неизвесно до самиот крај.
„Збогум, Ханибал Лектор. Тој стар канибал психолошки е интересен колку канаринец во споредба со Викторија Бергман“.
Bodil Juggas, Arbetarbladet -
-29%
Јас те сакам повеќе
7Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.КОГО САКАШ?
Едно прашање, минијатурно делче од секундата и Брајан Дарби паѓа мртов на кујнскиот под во својата куќа. Неговата сопруга, државната полицајка Теса Леони, тврди дека го застрелала во самоодбрана, а нејзиното модро лице и скршени коски ја поддржуваат таа приказна. За искусната детективка Ди Ди Ворен, случајот е прилично јасен. Само што… каде е нивната шестгодишна ќеркичка?
И КОЛКУ ДАЛЕКУ БИ ОДЕЛЕ ВИЕ…
Детективите ја започнуваат потрагата по девојчето додека истовремено се трудат да ги откријат сите семејни тајни. Дали една тренирана полицајка навистина би си го застрелала сопругот? Зошто? И дали една мајка е способна да го повреди сопственото дете?
