Филтер по цена
Жанр
  • Алјаска

    Алјаска

    0

    Моќна приказна за двајца необични пријатели кои ги спојува љубовта кон едно куче.

    Свен е решен: на првиот училиштен ден ќе направи нешто големо, нешто незаборавно. Фора што ќe ги спречи соучениците да го гледаат само како „кутрото момче со епилепсија“.

    Паркер, пак, сака да остане незабележлива. По најлошото лето во нејзиниот живот, не верува никому. Но по завршувањето на првиот училиштен ден, открива нешто неверојатно: новото куче помошник на Свен е Алјаска – кучето што порано беше нејзино. Кога го здогледува во негово друштво, ѝ се враќаат сите убави спомени од времето што го поминале заедно. Очајно сакајќи повторно да биде со Алјаска, една ноќ Паркер се маскира и се прикрадува во собата на Свен… Во превезот на мракот, децата си ги споделуваат тајните и стануваат пријатели. Но прекуден тие се туѓинци – и двајцата ја кријат својата болка, копнеејќи по друштво и разбирање.

    „Алјаска“ е трогателен роман за болката, храброста и исцелувачката моќ на пријателството. Приказна што ги разоткрива предизвиците со кои се соочуваат младите при созревањето, товарот што секој од нив го носи во душата и пријателството што може да расцвета и во најнеочекувани околности.

    370,00 ден
    Додај во кошничка
  • Возот со деца

    Возот со деца

    0

    Трогателна приказна за љубовта, семејството и надежта, базирана на вистинити настани од периодот по Втората светска војна во Италија. Романот ги следи животите на децата од југот на Италија, испраќани на север да живеат со семејства кои можат да им обезбедат подобра иднина во текот на тешките зими. Преку очите на главниот лик, Америго, Ардоне мајсторски ја отсликува детската наивност и траумите на разделбата.

    Италија останува во многу лоша состојба по војната, особено југот. Седумгодишниот Америго живее со својата мајка во Наполи, преживувајќи како и сите други сиромашни луѓе во нивното соседство. Но еден ден, дознава дека возот ќе ги однесе него и други деца на север, со други семејства каде што ќе бидат безбедни и ќе имаат топла облека и храна. Па така, Америго и илјадници други деца заминуваат кон подобар живот. Низ неговите невини, љубопитни очи гледаме како една нација се издига од пепелта на војната и како одново се раѓа.

    Позитивно изненаден од новата околина и можностите за подобра иднина, Америго сфаќа дека понекогаш мора да се откажеме од сѐ, дури и од мајчината љубов, за да си ја пронајдеме судбината.

    „Возот со деца“ е повеќе од историски роман — тоа е човечка сага за загуба, носталгија и надеж. Книжевно ремек-дело кое носи длабока историска и емотивна тежина.

    440,00 ден
    Додај во кошничка
  • Нескршливото срце на Олива Денаро

    Нескршливото срце на Олива Денаро

    0

    Во 1960-тите години, во сончевата Сицилија, 15-годишната Олива Денаро сонува за слобода – безгрижно да трча по полињата, да учи нови зборови, да живее живот необременет од традицијата. Но во општество кое вредноста на жената јамери со нејзината послушност, желбите на Олива се сметаат за опасни.

    Кога вниманието на несаканиот додворувач се претвора во понуда за брак, Олива е соочена со ужасен избор: да се покори на очекувањата или да се заземе за своето право самата да си ја избере судбината. Нејзиниот пркос ќе ги предизвика вековните обичаи и ќе поттикне значајна промена. Инспирирана од вистинската приказна на Франка Виола, првата Италијанка што одбила „репарациски“ брак откако била силувана, „Олива Денаро” е трогателна приказна за храброста потребна да се отфрлат општествените пранги. Лирската проза на авторката ја оживува борбата на младата жена за самостојност во светот решен да ја замолчи.

    Зборувајќи за силата на жената и за моќта на отпорот, „Олива Денаро” е роман што нè потсетува на цената на слободата и на нејзината бесценетост.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Секој цвет има свое време

    Секој цвет има свое време

    0

    Вистинските зборови се како вистинските луѓе, кога ќе се здружат во една целина, можат сè.

    „Секој цвет има свое време“ е колекција од 201 цитат, зборови што допираат, инспирираат и што оставаат трага. Најголем дел од нив досега никогаш не биле објавени, а сега, за првпат, се обединети во едно посебно издание, блиско до срцето на авторката.

    Во оваа книга, Ксенија Николова ги спојува сите нијанси на животот, радоста, тагата, љубовта, загубата, надежта и прифаќањето, во зборови што ќе ве натераат да застанете, да размислите, да чувствувате и да се препознаете.

    Ова не е само колекција од цитати, туку и збирка од искуства, емоции и животни преплети, спакувани во зборови што ќе сакате да ги чувате и на кои ќе се навраќате. Нивната убавина е во тоа што читајќи ги, секојпат ќе откривате нови вистини за себе, но и за светот.

     

    330,00 ден
    Додај во кошничка
  • Убавината на скршените нешта

    Убавината на скршените нешта

    0

    Итан се бори за нешто целиот свој живот – за успех, за докажување, за љубов. Роден со големи соништа и амбиции, а израснат со малку, се обидува да се пробие во свет кој никогаш не му дал ништо на тацна. Научен да очекува загуби. Научен секогаш да биде подготвен за падот.

    Тогаш ја запознава Ирис, девојката која му покажува дека ништо во животот не е невозможно. Таа прави тој да се чувствува семоќно. Со неа, повеќе не мора да се бори сам. Па кога таа сонува, тој сонува со неа. Кога таа посакува нешто, тој ќе помести и планини за да ѝ го даде. А кога таа копнее за семејство, тој се заколнува дека ништо – дури ни невозможното – нема да им застане на патот.

    Нивната љубов е неуништлива, неопислива, луда… Но што кога љубовта не е доволна?

    Навидум совршен пар, тие бијат битка во тишина: битка која им ги тестира силите, надежта, телата и љубовта. И кога конечно го добиваат чудото кое го чекаат, мислат дека е готово. Но грешат. Судбината е безмилосна и ја распарчува нивната љубовна приказна. Стануваат туѓинци во сопствените животи, а нивната љубов почнува да напукнува од грешката која никој не може да ја поправи. За првпат, тие се на спротивна страна на битката.

    Некои љубови преживуваат сѐ. Некои не. Но за некои вреди да се бориш… дури и кога се скршени. Можеби затоа што има некоја посебна убавина во љубењето со скршено срце.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Незначајни партнери

    Незначајни партнери

    0

    Лена Вестбрук, перфекционист и работохоличарка, внимателно го планира и оркестрира секој детаљ од својот живот. Па, по две години врска, кога нејзиното момче ѝ раскинува вечерта кога таа очекува да ја побара за жена, збунета е до бескрај, а срцето ѝ е скршено. Тогаш бега во домот на саканата тетка, прекрасниот остров Бејнбриџ во Сиетл, да тагува на мир и да си дојде на себе. Првата вечер заспива во гостинската куќа. Но кога се буди следното утро, повеќе не е во колибата на островот, туку во мал шик париски стан – облечена во скапа свилена ноќница – до згоден парижанец кој мисли дека Лена му е сопруга.

    Од елегантните соседства во Париз, допрекрасните пејзажи на Ирска
    и блескавите хоризонти на Њујорк, па и многу неочекувани дестинации помеѓу тие, секојпат кога Лена се буди, таа e на некое друго место, со некој друг. Во секое искуство, добива шанса да види како би било да тргнела по некој друг пат. Колку повеќе ѝ се разјаснуваат нејзините минати одлуки, толку повеќе се прашува, дали некоја од овие романси воопшто била… значајна?

    Интересна, изненадувачка и магична новела која ги истражува сите „што ако” во животот, но најмногу, љубовта.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Како намќорот го спаси Божиќ

    Како намќорот го спаси Божиќ

    0

    Изабел Кук има сериозен проблем. Нејзината семејна фарма, местото каде што воедно се одржува еден од најважните традиционални настани во Тиликум, Божиќното село, е во неволја. Голема неволја. А најлошото од сѐ е што човекот којшто се обидува да ја купи фармата е најголемиот намќор на светот – Илајас Стоунхарт. Нема теоретски шанси. Таа нема намера да му дозволи ни да им се приближи. Не со тоа негово камено срце.

    Илајас е заинтересиран само за стекнување богатство, не пријатели. Особено откако неговиот шеф му го ветува долгоочекуваното унапредување. Сѐ што треба да направи е да убеди едно семејство, на кое бизнисот секако не му оди добро, да ја продаде фармата. Проблемот? Фармата е на семејството Кук. А Изабел Кук му е поранешна девојка.

    И покрај тоа што има минато со Изабел, ова е само бизнис. И нема намера да дозволи една фармерка која го обожава Божиќ да застане помеѓу него и неговите амбиции. А Божиќ? Па тој го мрази! Божиќното село е глупост. Но кога доаѓа во малиот град, божиќниот дух – и Изабел – почнуваат да му се пикаат под кожа. И има шанси таа да е единствената која може да го стопи мразот на неговото ледено срце.

    470,00 ден
    Додај во кошничка
  • Враќање

    Враќање

    0

    ДУЕТ: RELEASE #2

    Избори. Сите ги правиме. Секојдневни, незамисливи, еден избор може да ти го промени целиот живот. Мајка ми избра да нè напушти и да нè остави со нашиот насилен татко. Брат ми избра да оди во затвор затоа што го уби момчето што ја нападна неговата сродна душа. Камден Кол избра да се вљуби во скршена девојка која може да му понуди само болка.

    Тоа лето под дрвјата, со Камден, го најдов местото каде што припаѓав. Најдов пријател на кој секогаш можев да се потпрам. Момче што не умееше да го тргне погледот од мене. Беше мој, но кога светот се сруши и тајните се разоткрија, јас избрав да го напуштам.

    Избори. Секој ги прави.
    Но мојот нè уништи сите.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Венчани до изгрејсонце (Хатавеј #4)

    Венчани до изгрејсонце (Хатавеј #4)

    0

    Toj e сè што таа сака да избегне.
    Кетрин Маркс веќе две години работи како придружничка на сестрите Хатавеј. Ужива во работата, која сепак има една голема мана: постариот брат, Лео Хатавеј, е неподнослив. Тешко ѝ е да поверува дека зад нивните жестоки препирки би можело да се крие привлечност. Но, кога една од нивните расправии завршува со ненадеен бакнеж, Кет е шокирана од својата реакција – а уште повеќе, од неговиот предлог да се впуштат во опасна врска.

    Таа воопшто не е таква каква што изгледа.
    Достоинственото однесување на Кетрин крие тајна што би jа уништила. За Лео, таа е како забрането овошје – неодолива и мистериозна, фатална комбинација за човек кој решил никогаш повеќе да не сака и кој се наоѓа во безизлезна ситуација. За една година тој мора да се ожени и да добие дете, инаку семејството ќе ги изгуби наследството и домот. Опасноста што Кет се обидува да ja избегне се заканува засекогаш да ги раздели. Освен ако непопустливите љубовници не научат начин да ги победат сенките на минатото и да ѝ се препуштат на страста.

    470,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ривалите

    Ривалите

    1

    Конфликтот помеѓу мене и Вестон Локвуд започна на олтарот. Само што, никој од нас не присуствуваше на свадбата, заветите беа дадени декади пред ние двајцата да се родиме.

    Нашите дедовци биле најдобри пријатели и бизнис партнери, сѐ до свадбата на дедо ми – кога неговата несудена невеста соопштила дека не може да се омажи за него, бидејќи била вљубена и во дедото на Вестон.

    Двајцата мажи со години војувале за Грејс, која пак истовремено била нивната трета бизнис партнерка. Но на крајот, ниеден од нив не успеал да ѝ го украде срцето од другиот. Па така секој од нив си фатил на своја страна. Нашите дедовци се ожениле за други жени, а двајцата мажи станале најголемите бизнис ривали во историјата. Нашите татковци ја продолжиле семејната традиција на војување. Потоа ја продолживме и јас и Вестон.

    Но со смртта на жената со која започнало сѐ, нашите дедовци неочекувано станаа сопственици на еден од највредните хотели во светот и јас заглавив со човекот кој сум родена да го мразам. И не е проблем да го мразам, па нашите семејства си вадат очи цел живот. Има само еден малечок проблем. Секојпат кога јас и Вестон се караме, некако завршуваме во кревет.

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Зад маските

    Зад маските

    0

    Колкава е цената што жените секојдневно ја плаќаат за лагите што ги премолчуваат? Што ќе се случи кога нивните избраници ќе посакаат нов живот, кој ќе биде херојот, а кој жртвата?

    Четири жени, кои само навидум го живеат идеалниот живот, со години ги кријат темните тајни зад фасадите на своите среќни бракови во Њујорк, сѐ до мигот кога бракот на Елен ќе се распадне и со тоа сите вистини ќе излезат на виделина. Во светот на моќта и парите, улогите се менуваат многу брзо. Што се крие зад маските на нејзиниот сопруг и на нејзините пријатели? Што е вистинско, а што е само лага? Ќе успее ли Елен да се избори со сите предизвици и да најде излез од својата темнина?

    Овој роман ќе ве натера да си поставите многу прашања, да го преиспитате својот живот. Секоја страница открива нови пресврти и ве носи уште подлабоко во лавиринтот на неизвесноста. Истражувајќи го она што е скриено меѓу световите на илузиите и реалноста, романот „Зад маските“ ве води на патешествие од безброј емоции.

    Во оваа мистериозна и збунувачка приказна за љубовта, семејството, правдата, пријателството и за издржливоста, авторката Ксенија Николова ги обелоденува темните тајни и скриените рани на своите главни хероини, како и трнливиот пат до нивното самооткривање.

     

     

    370,00 ден
    Додај во кошничка
  • Оддел Д

    Оддел Д

    0

    Студентката на медицински факултет Ејми Бренер треба да ја помине ноќта во заклучен психијатриски оддел.

    Ејми е преплашена од ноќните смени во Одделот Д, одделот каде што се чуваат пациентите со ментални нарушувања. Постојат многу специфични причини што таа никогаш не сака да ја работи ноќната смена во тој оддел. Причини коишто никој не смее да ги дознае.

    Како што часовите минуваат, така Ејми станува сѐ поубедена дека нешто ужасно се случува во тие строго обезбедени и изолирани ѕидови. Кога пациенти и вработени почнуваат да исчезнуваат без трага, станува повеќе од јасно дека сите во одделот се во смртна опасност.

    Најголемиот кошмар на Ејми е да ја помине ноќта во Одделот Д. А сега можеби и никогаш нема да може да побегне од таму.

    520,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Длабоко под површината

    Длабоко под површината

    0

    Таа е скршена однатре…

    Меган Хантер има дадено сѐ од себе за повторно да застане на нозе и да го остави кошмарот од своите тинејџерски години зад себе. Последното нешто што ѝ треба или што го сака во животот е некојси маж. Но кога ја напаѓа некој од минатото, страшен туѓинец со лузни интервенира, спасувајќи ги неа и нејзината мала ќеркичка. Но изгледот може да лаже затоа што и покрај тоа што човекот делува грубо и страшно, таа се чувствува безбедно со него. И за првпат во животот, сфаќа што е тоа копнеж.

    Тој е скршен однадвор…

    Натаниел Вест има платено висока цена за служење како маринец во Авганистан. Се враќа на неговиот семеен ранч во планините на Колорадо за да заздрави – и да биде сам. Унаказен каков што е, не може ни да мисли на романтики и секс. Не кај Меган има нешто што го враќа во живот, му ја зоврива крвта и прави повторно да се чувствува како маж. Кога гледа дека ја демнат опасности и се разоткрива вистината за нејзиното минато, тој се заколнува дека ќе ја штити, но и дека ќе го исцели нејзиниот ранет дух. Но соочувањето со минатото никогаш не е лесно – особено кога тоа вклучува оружје. Меган ќе мора да научи да му верува за да преживее, но и да се предаде на страст која продира многу… длабоко под површината.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Статистичка веројатност за љубов на прв поглед

    Статистичка веројатност за љубов на прв поглед

    1

    Кој би рекол дека четири минути можат да сменат сѐ?

    Денес треба да биде еден од најлошите денови во животот на седумнаесетгодишната Хедли – денот од кој таа се плаши со месеци.

    Втората свадба на татко ѝ, на сосема друг континент од неа, со жена која таа воопшто ја нема запознаено. Во нејзиното срце има едно нежно и ранливо место кое сѐ уште не е заздравено од неговото заминување и дефинитивно уште повеќе страда поради настаните кои претстојат.

    Како сето тоа да не е доволно; таа е присилена да присуствува на свадбата и поради доцнењето од само четири минути, Хедли го испушта својот лет. Таа доцни ќе доцни на свадбата на која воопшто не сакаше да оди.

    Има ли поголема иронија на судбината од тоа? Постои ли нешто полошо од целиот тој сплет на околности?

    Постои. Оливер, осумнаесетгодишното момче од Британија кое седи до Хедли на следниот лет ќе ви покаже дека судбината има чуден начин да си поигра со нас, ќе ви докаже дека од лошото секогаш постои полошо и дека треба да научиме да ја пронајдеме светлата точка во сѐ.

    Кога може тој, може секој. Тој ќе ни покаже дека четири минути навистина можат да сменат сѐ.

    Оваа прекрасна приказна неодамна доби и своја екранизација, која со недели беше во ТОП 10 на Netflix, во над 100 земји ширум светот.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЗАДЛАБОЧЕНО РАБОТЕЊЕ

    ЗАДЛАБОЧЕНО РАБОТЕЊЕ

    1

    Една од највредните вештини во економијата станува сè поретка – ако ја совладате, ќе постигнете извонредни резултати.

    Умеете ли да се фокусирате? Да се исклучите од надворешниот свет, наполно да се внесете во задачата? Ако умеете да го направите тоа, тогаш сте исклучок. Повеќето луѓе денес се обидуваат да извршуваат повеќе задачи истовремено, поради што ја имаат изгубено способноста длабоко да проникнат во даден проблем.

    За да работиме задлабочено, треба да умееме да се сосредоточиме на извршување на задачите што бараат сериозен интелектуален напор и притоа да не дозволуваме други нешта да ни го одвлекуваат вниманието. Оваа способност за фокусирање ни помага побрзо да ги совладаме сложените информации и да постигнеме подобри резултати за пократко време. Задлабоченото работење ќе ве направи подобри во она што го работите и ќе ви донесе вистинска исполнетост. Во сè поконкурентната економија на 21 век, задлабоченото работење наликува на супермоќ. А сепак, повеќето од нас ја имаат изгубено способноста за задлабочување и ги минуваат деновите во френетично и магливо лутање меѓу е-поштата и социјалните медиуми, не сфаќајќи дека постои подобар начин.

    Докажувајќи ја ползата од задлабочената работа, Кал Њупорт ни предлага четири правила за преобразување на умот и навиките. Нè запознава со многу интересни личности кои ја совладале уметноста на задлабоченото работење – од Карл Јунг, кој гради камена кула во шума за да го сосредоточи умот, до пионерот во социјалните медиуми кој купува повратен билет до Токио за да ја напише книгата без ништо да му пречи.

    „Задлабочено работење“ е незаменлив водич за секој човек кој бара фокусиран успех во нашиот расеан свет.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • ОСЛОБОДУВАЊЕ

    ОСЛОБОДУВАЊЕ

    0

    ДУЕТ: RELEASE #1

    Додека растев, Ремзи Стјуарт ми остави белези во душата што времето не умее да ги излечи.
    На дванаесет години, ме праша дали сакам да му бидам девојка.
    На тринаесет ми го подари првиот бакнеж.
    На шеснаесет се вљубивме и планиравме заедничка иднина.

    Љубовта никогаш не пропаѓа.
    За Ремзи, пропадна.
    Љубовта го изневери.
    Јас го изневерив.
    Сиот свет го изневери.

    На седумнаесет години, Ремзи беше осуден за убиство на момчето што ме силуваше.

    Заборави ме, ми напиша во првото и последно писмо од затворот.
    Почни нов живот, настојуваше.
    Не те сакам повеќе, излажа.

    Никогаш не помислив да се откажам од него. Можеби љубовта е нашето проклетство, но тој ми е во срцето – тогаш, сега и засекогаш.

    Сега, по дванаесет долги години, го чекам да излезе низ затворските порти мажот којшто не го ни познавам.

    450,00 ден
    Додај во кошничка