-
-
Часови по измама
0200,00 денПатник
Имам сѐ, а врз мапата
на мојата душа празни места
сѐ уште вдлабени. Неистражени
предели каде што себе
се канам на двобој, или на експедиција:
по тој пат, нема што да се загуби.
И кога ни се чини дека имаме сè, уште зјаат многу празнини во нас што пекаат за пополнување. Каде да ги најдеме „неистражените предели“ со кои можеме да ги населиме? Во себе да ги бараме или во светот за кој немаме чувство дека сосем му припаѓаме? И по кој пат да тргнеме кон нив – по тесната и длабока патека на душата или по широкиот друм на материјалниот свет опкружен со илузии, неискреност и „часови по измама“?… Но можеби уште поважно е на тој пат да не се изгубиме себеси.
Виолета Танчева-Златева
-
Сите сите песни паф
0400,00 денНајголем дел од моите рани дела во стих се во манир на книжевна игра, со хумор и автоиронија. Во тие алатки најдов засолниште, начин да се приближам до поезијата без да ѝ пријдам директно да ѝ се доближам со насмевка, со приказна, со закачка, со игра на зборови и со интертекстуални релации. Сметав дека така, можеби, ќе го надминам стравот: ако ѝ се насмееш на сериозноста, ако поиграш со тотемите, некои сенки ќе бидат оттргнати.
Жарко Кујунџиски„Уникатен наслов за средба со поетското писмо на овој исклучителен писател и како заокружена целина ги разоткрива неговите поетски хоризонти, кои во постојани промени сведочат за неговиот лирски светоглед. Неговата поезија е гласот на тој светоглед, начин за поврзување на елементи на искуство од различни времиња и традиции кои откриваат комплексно дело во поетскиот јазик, поради што звучната димензија на неговите песни добиваат живот, сила и автентичност. Преку луцидна јазична разиграност и самосвесна поетска основа, Жарко Кујунџиски ги открива слоевите на воспоставените мислења и преживеаните конвенции, поради што неговата книга поезија не е само духовита и возбудлива туку и интелектуално провокативна.“
Славе Ѓорѓо Димовски„Поезијата на Жарко Кујунџиски е жива и жарка, автентична и автоиронична, реална слика на егзистенцијата, критички настроена кон секојдневието, напати со хармсовски урнебесни каламбури, остра и остроумна – токму како што кажуваат почетните букви од неговото име. Тој твори искрено и интуитивно, како што и единствено може да се пишува поезија. И во историските и библиските и во темите од секојдневието, и кога пишува за дома, за родниот град и за светот, и кога зборува за малиот човек и малите народи и за светското наследство со кое е на на ’ти‘, видливо е дека е ’киднапиран од Музите‘, дека е поклоник на ’тихата реч‘ што се излева од ’превојот на мислата‘.“
Виолета Танчева-Златева„Како на луда железница, читателот се пробива меѓу младешките фасцинации, различните влијанија, стилови, поетики и теми околу кои Кујунџиски го гради јадрото на својот уникатен поетски универзум. Некогаш е минималист, некогаш наративен и екстензивен во изразот, но секогаш неговите зборови имаат прободувачка моќ или осветлуваат некои темни ќошиња на човековиот дух, во кои не секој се осмелува да погледне. Читајќи ја ’Сите сите песни паф‘, лесно можеме да го замислиме поетот како трча бос во цик-цак стил низ градските улици и плоштади, вешто избегнувајќи ги куршумите на повторливоста и предвидливоста.“
Иван Шопов„Инспирацијата на песните од оваа збирка на Жарко Кујунџиски извира од неограничениот простор на слободата која вообичаено (свесно или несвесно) се препознава во форма на игра, играта со звуци, зборови, стихови и слики – од митски до историски и религиски. Поезијата на Жарко Кујунџиски е субверзивна по однос на владејачките конвенции на поезијата врамена во идеалот на сеопштата симболичност (метафоричност), длабоката сериозност, интимност и универзалност. Пред читателот е книга која заслужува внимание и побудува љубопитство и задоволство во читањето.“
Катица Ќулавкова -
Сто љубовни сонети
0300,00 ден„…со многу понизност ги создадов овие сонети од дрво и им го дадов оној звук на непроѕирна и чиста супстанција“, пишува Неруда. Голотијата што ја избира авторот намерно ги одбегнува звучните и конструктивните рамки на класичниот сонет. Преку ова своеволно скршнување, зборот пулсира и се ослободува од сликите. Во „Сто љубовни сонети“, Неруда пее за Матилда Урутија. Овие стихови се дефиниција за љубовта што ја негувал кон својата жена. Но, љубовта на која овие сонети ù оддаваат чест не е само саканото тело на поетот туку и пристапен пат што ù овозможува на индивидуалната свест да се препознае во битието на светот.
-
Аутопсија на љубовта
0250,00 денАутопсија на љубовта е длабоко интимна поезија, еден вид на внатрешна исповед на авторот. Тој се соголува себеси, интензивно, чувствува љубов, копнеж, страв, безнадежност, апсурд… Токму тој бодлеровски призвук, емозионално жестоките слики со силно изразени контрасти се најсилната страна на поезијата на Моџо.
Помеѓу стиховите во кои се испреплетуваат тагата, болката и разочарувањето, како противтежа авторот ја спротиставува љубовта како нешто што ќе го спаси светот.
На границата помеѓу животот и смртта, сонот и јавето, постоењето и непостоењето, ангелите и демоните, е таа, неговата љубена, по која тој посега, а патиштата никако да им се вкрстат. Како расипан часовник чиишто стрелки се застанати далеку една од друга, проколнати да не се сретнат никогаш.
-
Срчки
0200,00 ден„Срчки“ е книга поезија на Бранислав Николов, издадена под уметничкото име Пијан Славеј. Николов е перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Дизајнот на корицата е дело на Методи Златанов.
-
Големата црвена книга
0350,00 денЏелалудин Руми, големиот пророк и трагач по внатрешниот мир и совршенството, е најпознат по стиховите кои ги искажуваат занесот и таинствата на сите видови љубов – еротска, божествена, пријателска – а во Големата црвена книга се собрани најдобрите меѓу нив. Маестрално лирски и длабоко експресивни, во неа се поместени стихови за божественото откровение, духовното будење, пријателството и љубовта. Стихови кои стигнуваат до нови длабочини и ни откриваат нови димензии. Зашто добрата поезија е над сите сопирачки и не може да биде ограничена од времето.
Овие страници се полни со гроздови зрела духовна, преубава поезија, кои нудат допир со божественоста, откривајќи ја патеката на љубовта посеана со страст, копнеж и постигнување единство со возљубеното. Стихови кои го отвораат срцето и душата за сеопшта љубов однатре и однадвор, која нè поврзува со сите луѓе и со сè што постои.
Оваа раскошна и тешко достижна поезија, актуелна и цели осум века по своето создавање, се смета за едно од најголемите богатства на персиската и светската литература. Ремек-дело што ги слави мистичната љубов, пријателството и животот.
-
Сакај ја диво
0360,00 денСо искреност, трогателност и романтичен занес, во „Сакај ја диво“ е поместено сето она што истовремено е необработено и култивирано, и во најмалите и во најголемите мигови во животот: првиот изблик на нова љубов, ноќно возење проследено со потпевнување на песната што свири од радиото во автомобилот, незадржливата бујност на женскиот дух, едноставното задоволство што го нуди доброто виски… Атикус ги дестилира највозбудливите занеси и најголемите разочарувања од животот и од љубовта и ги поместува во неколку кратки редови, така осигурувајќи се дека неговите зборови ќе останат врежани во мозокот на читателот – и ќе го разбудат чувството за авантура кај него.