-
Кој владее со светот?
0360,00 денВо оваа продорна и темелна анализа на актуелната меѓународна ситуација, Ноам Чомски истражува како, и покрај подемот на Европа и Азија, САД сè уште ги одредуваат глобалните текови. Повикувајќи се на најразновидни примери, од американското инволвирање во Куба до санкциите против Иран, Чомски ни покажува како декларациите за слобода и демократија честопати не се согласуваат со акциите во вистинскиот свет. Покрај ова, обрнува внимание на изборот на Трамп и што тоа зборува за американското општество.
Книгата „Кој владее со светот?“ е жесток напад врз светогледот презентиран од мејнстрим медиумите и како таков е неизоставно четиво за секој што сака да знае повеќе од новинските наслови.
-
Оди, постави стражар
0700,00 денЕдна брилијантно напишана книга за американскиот Југ, за една млада жена која спознава дека нејзиниот татко не е совршен, не е бог.
Јунаците може да паднат, а понекогаш тоа е и неопходно.
„Оди постави стражар“ е книга за паднатите идоли и за одземањето на илузиите. Книга за промената и за тоа колку им е на луѓето тешко да се разделат од своите идентитети и да продолжат понатаму, кон иднината.
А чуварот на секој човек е токму неговата совест.
-
ЕДИНАЕСЕТ МИНУТИ
0350,00 денЕдинаесет минути е роман што предизвика бурни реакции во светот. Тоа оттаму, што Пауло Коелјо за првпат пишува книга за сексот: главниот лик е младата Бразилка Марија, која во потрага по среќата станува проститутка. Иако изобилува со еротски сцени, Единаесет минути всушност ја воспева љубовта, вечната потрага по себеси преку средбата со другиот. Некои книги ни помагаат да мечтаеме, други нè потсетуваат на стварноста, а оваа книга на Коелјо порачува: не минувајте само така во животот, танцувајте низ него!
-
Во еден момент
1240,00 денЛиза и Артур можат да се видат само еднаш годишно. Тој целиот живот го поминува барајќи ја… А таа својот чекајќи го… Лиза сонува за тоа да стане актерка. За да ги плати студиите, работи како келнерка во еден бар на Менхетн. Една вечер таму го запознава младиот доктор, Артур Костело и нејзиниот живот се менува од корен. Артур ќе направи се за да ја освои Лиза. Во градот полн со неочекувани пречки, на сите начини ќе се обиде да дојде до неа. Но, Артур не е обичен маж – тој на Лиза и ја открива вистината што го спречува да создава иднина со неа : неверојатна, a пореална и од самиот живот. Во Њујорк каков што се уште не сте го запознале, Артур и Лиза ќе мораат да ги обединат своите сили за да побегнат од стапицата пострашна и од најлошиот непријател: времето.
-
Убиството на теренот за голф
0290,00 денИтен повик за помош го носи Херкул Поаро во Франција. Но тој стигнува предоцна за да го спаси клиентот, чие брутално избодено тело сега лежи со лицето надолу во плиток гроб на теренот за голф. Но зошто мртовецот носи мантил што е преголем за него? И за кого било наменето страсното љубовно писмо што се наоѓа во неговиот џеб? Пред Поаро да може да одговори на овие прашања, случајот се превртува наопаку поради откривањето на второ тело убиено на идентичен начин.
-
Без излез
0270,00 денДодека брза да се врати дома на празниците, Дарби Торн поради снежната бура е принудена да скршне од патот и да запре на едно одморалиште среде планините во Колорадо. Додека ја поминува ноќта со четворица сосема непознати луѓе, сосема случајно здогледува едно девојче заклучено во еден од паркираните автомобили.
Одеднаш свесна дека се наоѓа во голема опасност, Дарби се прашува:
Кое е тоа девојче?
Зошто е киднапирано?
Како да му помогне на беспомошното девојче кога нема сигнал на мобилниот телефон и кога не може да го продолжи патот поради снегот?
Кој од преостанатите патници го киднапирал ова дете?
И, што е најважно, кому, воопшто, може да му верува?
Напнатоста расте со секоја нова страница во највозбудливиот трилер што ќе го прочитате оваа година. -
Сребрениот куфер
0480,00 денВо 1939 година, кога Канада е пред влегување во Втората светска војна, седумнаесетгодишната Корнелија се справува со смртта на мајка си. Како што надоаѓа нова трагедија што ù дава уште повеќе причини за да ја негира верата на своите родители, се појавува неочекуван посетител кој ќе го смени текот на нејзиниот живот. Сама, со тешко бреме и уште поголема тајна, таа носи одлука што ќе ја прогонува низ целиот живот. Настаните од овој бурен период единствено ќе му ги довери на својот дневник, кој ќе ù биде замена за пријател и за молитва. Многу децении подоцна, внуката на Корнелија, Бенита, минува низ лична криза, доживувајќи неколку загуби во само една недела, вклучувајќи ја и смртта на саканата баба. Емоционалниот и финансиски стрес што следува си го зема данокот од нејзиниот сопруг Кен, кој е невработен. На работ на развод, таа го открива дневникот на Корнелија. Со помош на дневникот, Бенита ќе појде на неочекувано патување што ќе ù донесе радост, исцелување и верба.
-
Солунска 28
0480,00 денД-р Неле Карајлиќ со својата дебитантска книга „Фајронт во Сараево“ најави дека е писател на кој сериозно треба да се смета. Тоа го потврди со својот прв вистински роман „Солунска 28“.
Приказната за едно семејство почнува на почетокот на 20 век кога Живота, кој бега од Прахова, и Босилка, која бега од Австро-Унгарија, се среќаваат во Белград, решаваат да почнат заеднички живот и да основаат семејство. И до ден-денес, и покрај војните, бомбардирањата, пожарите, болестите, промената на режими, национализацијата, приватизацијата и другите потреси, куќата на Живота во Солунската улица го има истиот тој број 28.
Спојувајќи ги најдобрите состојки на јужноамериканскиот магиски реализам и сараевскиот нов надреализам, д-р Карајлиќ ни раскажува за историјата на една куќа во дорќолската улица и нè води во просторот од другата страна на огледалото, на тромеѓата на животот, смртта и вечноста.
-
Проектот Роузи
0390,00 денМожеби вистинската љубов навистина може да промени еден маж…
Љубовта не е егзактна наука. Но пробајте да му го кажете тоа на Дон Тилман! Кога
овој триесет и девет годишен генетичар ќе се одлучи да ја пронајде својата совршена
партнерка, неговиот предизвик се претвора во проектот Сопруга. Навидум доволен е само еден прашалник од шеснаесет страници за да се елиминираат сите погрешни кандидатки. Но Роузи е совршената „погрешна” кандидатка. Како и успева да внесе хаос во беспрекорно уредениот живот на Дон?
Проектот Роузи е современа бајка раскажана заводливо и шармантно, привлечно и сомногу хумор. Обидете се, заедно со Дон, да проверите дали животот почнува да се случува само тогаш кога ние ќе му дозволиме.
-
Паника
0380,00 денМедицинската сестра Вера се наближува кон четириесеттата година од животот и почнува да ја фаќа паника дека најубавото во животот веќе ѝ поминало.
Нејзиниот маж е досаден, ќерка ѝ не ја слуша, работата ѝ е сведена на рутина… нема возбудувања на видик. Згора на сè, еден гатач ѝ открива дека постои маж кој размислува за неа, но не се осудува да ѝ пријде.
Вера почнува да верува дека само љубовта е излез од неподносливата ситуација и одлучува да скршне од патеката на брачниот живот. Но, на патот на сопственото будење, таа мора да совлада и некои компликации…
Во својот роман „Паника“, популарната словенечка писателка, актерка и ТВ-водителка, Деса Мук, пренесува современа приказна за потрагата по среќа, при што смеата и солзите неочекувано брзо си ги заменуваат местата.
-
Кога месечината е ниско
0499,00 денВоодушевувачки, застрашувачки и триумфално, „Кога месечината е ниско“ ја следи одисејата на една храбра Авганистанка во спасувањето на нејзиното семејство.
Во Кабул се сретнуваме со Фереиба, учителка која зад себе го остава проблематичното детство наоѓајќи љубов во договорениот брак. Но, удобниот живот на Фереиба се разурнува кога Талибанците доаѓаат на власт и нејзиното семејство станува мета на новиот фундаменталистички режим. Принудена да избега со своите три деца, Фереиба има една надеж за опстанок: да побара засолниште во семејството на својата сестра во Лондон.
Патувајќи со фалсификувани документи и зависејќи од добрината на непознати луѓе, Фереиба и децата го започнуваат своето измачувачко патешествие како бегалци. Во тајниот свет на илегалците кои живеат на улиците на европските градови, нивната судбина доживува застрашувачки пресврт кога синот на Фереиба, тинејџерот Салим, се одделува од остатокот од семејството.
Со скршено срце, Фереиба нема друг избор освен да продолжи понатаму со својата ќерка и со бебето – но мајката и синот ќе ги преминуваат опасните граници една по друга, ризикувајќи ги своите животи, во надеж дека ќе најдат место каде што ќе можат повторно да се обединат. -
Не си сама
0420,00 денВеројатно познаваш некој како Шеј Милер.
Таа сака да најде љубов, но не успева во тоа.
Таа сака да се чувствува исполнето, но нејзината работа е во ќорсокак.
Таа сака да припаѓа, но нејзниот живот е толку могу изолиран.
Веројатно не познаваш никого како сестрите Мур.
Тие имаат нераскинлив круг од пријатели.
Тие го живеат најгламурозниот живот.
Тие секогаш го добиваат она што ќе го посакаат.
Шеј мисли дека го сака нивниот живот.
Но она што тие навистина го сакаат е нејзиниот.
-
Анонимна девојка
0500,00 денКога Џесика Фарис ќе се пријави да учествува во психолошка студија спроведена од мистериозната д-р Шилдс, мисли дека сè што треба да направи е да одговори на неколку прашања, да ги земе парите и да си оди. Но, како што прашањата стануваат сè поинтензивни и поинвазивни, а сесиите со сè повеќе барања, од типот што да облече и како да се однесува, Џес почнува да чувствува како д-р Шилдс да знае што мисли… и што крие.
Како што расте паранојата на Џес, станува јасно дека веќе не може да разликува што е реално во нејзиниот живот, а што е дел од манипулативните експерименти на д-р Шилдс. Заробена во мрежата на измама и љубомора, Џес мошне брзо сфаќа дека некои опсесии можат да бидат смртоносни.
-
УБИСТВА СО МОНОГРАМ
0400,00 денНов роман за Херкул Поаро – ново таинствено убиство што може да го реши само брилијантниот белгиски детектив.
„Јас сум мртва жена, или ќе бидам наскоро…“
Мирната вечера на Херкул Поаро во едно лондонско кафуле ја прекинува непозната жена што му се доверува дека наскоро ќе биде убиена. Иако видно уплашена, таа го моли Поаро да не го бара нејзиниот убиец бидејќи со нејзината смрт правдата ќе биде задоволена.
Истата вечер во еден отмен лондонски хотел се убиени тројца гости, а на секого од нив во уста му е оставено по едно копче. Дали овие убиства се поврзани со преплашената жена? И, додека Поаро се труди да го расветли случајот, на повидок е четврто убиство.
Во стилот на брилијантната Агата Кристи, Софи Хана нè води низ една ѓаволски замрсена загатка, која не може да ја разреши никој освен ненадминатиот Херкул Поаро.
-
ЦРВЕНИОТ АДРЕСАР
0400,00 денДорис веќе години и години, децении и децении, во својот адресар ги запишува најинтересните настани од својот живот. Таа денес има 96 години. И не е свесна дека најдлабоките моменти допрва ќе се случат…
Дорис живее сама во својот стан во Стокхолм. Ретко кој ја посетува, но затоа честопати се слуша со Џени, нејзината внука, која живее во Америка. Овие разговори не само што ѝ причинуваат радост туку и ја враќаат во младоста.
Кога имала десет години, татко ѝ ѝ подарил црвен адресар, во кој таа ги запишувала сите луѓе што ќе ѝ значат, а особено мажите што ги сакала. Денес, вртејќи ги страниците на овој уникатен дневник, Дорис гледа имиња на луѓе што одамна ги нема и добива желба за пишување. Таа се навраќа на својот бурен живот, низ океаните и континентите, од модерниот Париз во 1930-тите до Њујорк и Англија, од Втората светска војна и назад во Шведска и до човекот кого одамна го загубила, но кого никогаш не го заборавила. Што се случило со Алан, љубовта на нејзиниот живот?
Трогателна приказна за спомените, пријателството, надежта и моќта на љубовта.
„Напишано со љубов, раскажано со радост. Се чита со уживање.“
-
Нов живот
0420,00 денОрхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес.
„Еден ден прочитав книга што целосно ми го смени животот.“ Вака почнува „Нов живот“, најбргу продадениот роман во историјата на Турција − роман за патување, авантура и една многу посебна книга што им го менува животот на сите што ќе ја прочитаат.
Студентот Осман чита книга чијашто содржина Памук не ни ја открива; во јадрото на романот стои голема празнина што читателот мора да ја пополни самиот. Но, таа празнина е повеќе од значајна, затоа што го води младиот протагонист низ низа патувања, авантури и заговори – и, секако, до прекрасната Џанан, љубовта на Осман − која стои рамо до рамо со Беатриче на Данте или со некои од мистериозните ангели на Рилке. Единствено што знаеме е дека книгата ветува нов живот. Но, дали ќе се оствари тоа ветување?