Филтер по цена
Жанр
Автори
  • ЖЕНАТА СО ЦРВЕНИОТ БЕЛЕЖНИК

    ЖЕНАТА СО ЦРВЕНИОТ БЕЛЕЖНИК

    0

    Една ноќ, во една пуста улица во Париз, додека Лора се обидува да ја отклучи влезната врата на зградата во која живее, некој ја напаѓа и ѝ ја краде чантата. Утредента ја наоѓа Лоран, оставена врз една канта за ѓубре близу неговата книжарница.

    Во чантата нема никакви лични документи, само вообичаени женски дреболии, но и неколку предмети кои откриваат многу за карактерот на својата сопственичка: позлатена запалка, црно пенкало „монблан“, клучеви на плочка со изгравирани хиероглифи, стара шнола за коса со платнен цвет, два зара, четири стари фотографии… и еден црвен бележник испишан со нејзиниот елегантен ракопис. Читајќи ги тајните мисли, стравови и желби на непознатата жена, Лоран почнува да се вљубува во неа. И додека таа лежи во болница со повреда на главата и изгубено памтење, тој се претвора во вистински детектив за да ја открие мистериозната сопственичка на чантата со слезова боја..

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ПАРФЕМ

    ПАРФЕМ

    0

    Во Франција, во 18 век, под тезгата на еден смрдлив пазар, светлината на денот ја здогледува едно необично дете, Жан-Батист Гренуиј. Роден без никаков телесен мирис, но надарен со прекумерно истанчен нос, Гренуиј се издига од калта на Париз до најсовршените сфери на духот, до царството на опојот. Опседнат со идејата да создаде совршен парфем од нејпрефинетите девојчински мириси, што ќе го направи целосно човечен, Гренуиј се претвора во ладнокрвен убиец…

    Во историјата на создавањето на еден парфем Зискинд вложува многу подлабока смисла. Стремежот кон апсолутното, причините и последиците на творечката генијалност… Тешко може да се одолее на оваа ужасна и истовремено прекрасна приказна за еден монструм кој го има најпрефинетиот нос на светот.

    Парфем е есенција на вистинската литература. Напишан во блескав класичен манир, ритмичен, живописен, ироничен, поинаков од масовната литературна продукција, овој литературен трилер со години е на самиот врв на европската интелектуална проза.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • СРЦЕТО Е ТУПАНИЦА

    СРЦЕТО Е ТУПАНИЦА

    0

    Еден ден учениците добиваат необична задача – секој од нив да подготви проект за еден орган на телото применувајќи ги знаењата од повеќе школски предмети. Одеднаш, сите се будат од апатијата. Пишуваат имејлови до градската болница, ги проучуваат симптомите на болестите, преслушуваат музика, прелистуваат книги… Во потрага по информации, Алине, новото девојче во одделението кое не разговара со никого, сè почесто се среќава со Оливер во болницата, каде што на кардиологија лежи татко му, со синдром на скршено срце по разводот. Алине го избира токму срцето – големо колку тупаница, но толку моќно што ја движи целата наша машинерија.

    Оливер, пак, го избира окото, камерата на нашето тело, органот кој го снима филмот на нашите животи. И признавајќи си дека се вљубил во Алине, сфаќа колку голема вистина има во она што го кажува Малиот принц, во нејзината омилена книга: „Човек може вистински да гледа само со срцето. Најважното е невидливо за окото“. Роман за првата љубов, детски чиста и малку срамежлива, и за храброста што таа ја дава за победа над стравот од другите, за надминување на мачните семејни ситуации и осаменоста на младиот човек во овој отуѓен свет.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Океј сме

    Океј сме

    0

    Марин не прозборела со никој од нејзиното минато од моментот кога го остави зад себе. Никој не ја знае вистината за тоа што се случило во последните недели. Дури ни нејзината најдобра другарка Мабел. Но, и илјадници километри подалеку од брегот на Калифорнија, на колеџот во Њујорк, Марин сè уште го чувствува влечењето на животот и трагедијата што се обидува да ги преброди.

    Сега, месеци подоцна, сама во празен студентски дом во текот на зимскиот распуст, Марин чека. Мабел ѝ доаѓа во посета, а таа ќе биде принудена да се соочи со сè што премолчила и конечно да ѝ се спротивстави на осаменоста што се вдомила во нејзиното срце.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Најубавите љубовни писма на сите времиња

    Најубавите љубовни писма на сите времиња

    0

    Ова е другото лице на историјата. Тука освојувачите со оружје, 
со збор или хармонизирани ноти, независно, се плен на потребата за двојно скротување, за нежност, попрецизно – за љубов, односно, да бидеме доследни докрај – за љубовниот копнеж исцеден во интимно интонирани писма што му се противставуваат
 на времето во јуриш.

    Прочитајте ги похотливите воздишки, развигорените чувства
 и срцевите изблици на луѓето кои им да е важност на историските отсечки од нивното време, поаѓајќи од скокотливиот Волтер, мистериозниот Бетовен, па правдољубивата Мери Волстонкрафт 
и актерката Жулиет Друе, но и други громки имиња.

    Amor vincit omnia!

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • АЛХЕМИЧАРОТ

    АЛХЕМИЧАРОТ

    0

    Алхемичарот е повест за едно долго и макотрпно трагање по сопствената среќа. Младиот андалудиски овчар Санитијаго тргнува во потрага по закопаното благо во египетските пирамиди. Воден од еден алхемичар низ пустината, тој ќе научи да го слуша своето срце, да ги чита знаците на судбината и, што е најважно, да го следи до крај својот сон.

    Посветена на детето што секој човек го носи во себе, Алхемичарот е чудесна филозофска приказна што не учи дека животот е една голема книга во која секој би можел да ги дешифрира знаците, доколку го „чита“ своето срце.

    “Алхемичарот е своевидна филозофска сказна што критичарите ја споредуваат со Малиот принц на Сент Егзипери, затоа што преголемиот животен оптимизам и сонот авторот во ова дело ги толкува не како бегство, туку како начин за осознавање на реалноста. Американското друштво на книжарите во 1994 година го прогласи Алхемичарот за најдобра книга за млади. Алхемичарот претставува и тема на мјузиклот изведен во 1997 година во Јапонија, што како инспирација го користи композиторот Валтер Талеб за истоимената симфонија, пуштена во продажба во 1998 година, а филмската компанија Вернерс Брадрс ги има откупено правата за снимање филм.”

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • УБК одблизу

    УБК одблизу

    0

    Автентична збирка на лични сведоштва и размислувања на Љубен Конески, поранешен висок припадник на Службата за безбедност во времето на СФРЈ и во периодот на самостојна Република Македонија. Оваа книга е прва од ваков формат во независна Македонија, при што претставник на тајната државна служба преку една литераризирана форма го преставува периодот од животот поминат во редовите на оваа често дискутирана и многу табуизирана професија. Во стил што се наоѓа помеѓу сеќавањето и кусиот расказ, Конески јавно проговорува за познати и не толку познати настани и личности од политичкиот и јавниот живот, фрлајќи нов зрак светлина не само на историските процеси туку и на внатрешните состојби на оваа служба.

     

    Првпат читајте за:

    – најавите за воен удар во предвечерието на независноста на Македонија;

    – акцијата за сопирањето на еден конвој на ЈНА и можните инциденти;

    – ретки детали од истрагата за атентатот на Киро Глигоров;

    – лозунгот што беше најстрого чувана службена тајна врзана за смртта на Ј. Б. Тито;

    – контактите на ВМРО–ДПМНЕ со членовите на ДБК;

    – акцијата за одземање на документацијата за испраќање регрути на боиштата во поранешна Југославија;

    – реорганизацијата и трансформацијата на службите за безбедност;

    – вистински примери од отворањето на тајните досиеја;

    – (не)мешањето на УБК на приватниот помен по повод 25 години од смртта на Ченто;

    – активности на странските служби преку пласман на капитал во стопанскиот живот во Македонија;

    – контроверзиите околу панихидата за Методија Кусев, бугарскиот митрополит со потекло од Прилеп.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Вилино

    Вилино

    0

    Зошто остануваш во зандана
    кога вратата е ширум отворена?
    Руми

    Како се случува оние што се љубеле верно како дрвото и сенката, како дрвото и огнот, да станат туѓинци во иста постела и дневна соба?
    Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите.
    Венко Андоновски

    Вилино е лек.
    Митрополит Методиј Златанов

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ватиканската принцеза

    Ватиканската принцеза

    0

    Гламурозно, но и предаторски, Борџија ја обележуваат ренесансна Италија.
    Расцепкана на многу кралства, војводства и град-држави, папата Александар VI користејќи ја својата вонбрачна ќерка, Лукреција, како инструмент на владеење, успева во своите политички интриги.
    Животот на Лукреција Борџија е сечиj само не и нејзин. Искористена за целите на својот татко и браќата, таа преживува како физички така и душевен пекол.
    Желбата за искрена љубов, безгрижен живот и соништа на една млада девојка, се заменети со бескрупулозни игри и инцестни односи.
    Дали историјата била неправедна кон ликот на Лукреција?
    Желбата за преживување и одмазда, можеби, е посилна и од највозвишената љубов.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Есента на патријархот

    Есента на патријархот

    0

    Татко на пет илјади деца — сите недоносенчиња — од огромен број љубовници кои без љубов се менуваат во неговиот харем, неименуваниот патријарх од насловот со титула генерал на вселената, доживотниот тиран над една карипска нација, умира на неодредена возраст меѓу сто седум и двесте триесет и две години.

    Зад него, наместо моќта да му наредува на мракот или да прогласува ран процут на ружите, останува низ од фантазмагорични визии за сè што било и сè што можело да биде поинаку.

    Од привидна милосрдност до најкрупни измами, од добродетелство до ужас, од богобојазливост до екстремна суровост, диктаторот го отелотворува најдоброто, најперфидното и најлошото во човековата природа. Ова е неговиот живописно преувеличен портрет — во затворот на неговата сопствена диктатура и уморна, но неизбежна совест.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Хроника на една најавена смрт

    Хроника на една најавена смрт

    0

    Дваесет и седум години подоцна, неименуван новинар се обидува да го истражи убиството на Сантјаго Насар. Сведоците ги откриваат контурите на приказната: неколку часови по венчавката со Анхела Викарио, Бајардо Сан Роман ја враќа својата свршеница кај нејзините родители, тврдејќи дека не е невина. Анхела е принудена да го каже името на својот прв љубовник; нејзините браќа, близнаците Пабло и Педро Викарио, мигновно ја искажуваат својата намера да го убијат.

    Но, меѓу одлуката и чинот на убиството стојат неколку луѓе што знаат дека ќе се случи и достатно време да го спречат. И додека истрагата разоткрива зошто ниту едното ниту другото не биле доволни, една цела заедница — а не само убијците — е исправена пред застрашувачка пресуда.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • На полковникот нема кој да му пишува

    На полковникот нема кој да му пишува

    0

    Еден пензиониран полковник, ветеран од Илјададневната војна, петнаесет години по ветувањето и официјалната одлука, ја чека својата пензија. Во меѓувреме, живее во скудни услови со својата жена-астматичар и еден петел, единствениот спомен од неговиот неодамна убиен син Агустин.

    Болеста на жена му, безизгледноста на пензиските примања и хроничниот недостиг на средства го изложуваат полковникот на една незгодна неизбежност: да го продаде својот високо ценет петел, непоразен во арената.

    Но — соочени со гордоста и достоинството — и неизбежностите се чинат минливи.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Нултиот број

    Нултиот број

    0

    Колона е недипломиран педестгодишен преведувач од германски и повремен писател од сенка кој добива примамлива понуда од главниот уредник на еден весник во подготовка да напише фактивни мемоари за неговиот настанок. Идејата зад таблоидот, остроумно насловен „Утре“, е да биде необјавен ретроактивен запис на идни настани – погодна тактика за условување на низа личности на високи позиции кои не би можеле да ја знаат точната дата на која се пишувани вестите.

    Наскоро Колона се запознава со редакцискиот тим на „Утре“. Меѓу неколкуте живописни ликови се издвојува параноикот Брагадочо, кој е убеден дека Мусолини бил жив дваесетина години по неговата наводна смрт и дека целата историја на Италија е еден голем заговор за затскривање на овој податок. Еден трагичен настан ќе го натера Колона да открие дека приказните на Брагадочо би можеле да бидат исто толку вистинити колку и оние на официјалните историографи.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Баудолино

    Баудолино

    0

    Вистинската лекција по историја има една порака: не постои апсолутна вистина. Па така, Умберто Еко во романот „Баудолино“ нарацијата му ја предава на еден италијански селанец, кој со својот талент за јазици и вештина за лажење успева да стане посвоен син на императорот Фридрих Барбароса. Повикувајќи се на човековата потреба од приказни – митови, бајки, истории, хроники, семејни традиции, религии, науки – „Баудолино“ ги допира речиси сите средновековни теми: крстоносните војни, трубадурите, легендата за Светиот Грал, улогата и влијанието на Евреите во овој период и вечната борба за моќ помеѓу папата и императорот, истовремено понудувајќи една посмодерна рефлексија на таканаречената сегашност. Возбудлив и игрив, „Баудолино“ заведува со својот свет на лавиринти, дигресии, прекажаности, полувистини, фантазии и фантастики, тајни истории и детективски драми, еден свет во кој веќе не се знае што е историја, а што мит…

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Виор од лисје

    Виор од лисје

    0

    Низ малото гратче Макондо минува вистински виор од луѓе, складишта и најразлични локали за лесна и брза забава, при што жителите на гратчето се наоѓаат затекнати среде вистински хаос од ѓубре и смрдеа, што го прави местото каде што живеат непрепознатливо. Кога компанијата за банани го напушта градот исто толку брзо како што и доаѓа, на оние што остануваат не им останува ништо освен празнина и распаѓање.

    Во оваа уништена и бездушна пустелија останат е уште еден, последен, честит човек. Тоа е Полковникот, кој е цврсто решен да исполни едно одамна дадено ветување, без оглед колку и да е тоа неприфатливо од заедницата. Кога презрениот Доктор умира, тој е оној кој на себе ги зема товарот и одговорноста за оргнизирање на неговиот скромен, но достоинствен погреб, што ги споделува со својата ќерка и со својот внук, неговата единствена придружба на закопот, додека преостанатите жители на Макондо со задоволство би го оставиле Докторот да изгние онаму каде што починал, незгрижен и заборавен.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ноќта

    Ноќта

    0

    „Му се доверив на мојот млад посетител дека ниту една слика на тие мрачни денови не ме допрела толку како вагоните полни со еврејски деца, на железничката станица во Остерлиц… Јас не сум ги видел со сопствени очи, но жена ми ми ги опишуваше, сè уште исполнета со ужасот што го чувствувала. Тогаш ништо не знаевме за методите на истребување на нацистите. А кој би можел да замисли такво нешто! Но, тие јагниња одделени од нивните мајки, тоа веќе беше повеќе од тоа што мислевме дека е возможно. Тој ден мислам дека првпат ја допрев мистеријата на неправдата, чиешто откритие го означи крајот на една ера и почетокот на друга. Сонот што западниот човек го имаше во XVIII век и кој мислеше дека во 1789 година конечно ја виде светлината на денот, а до втори август 1914 година се засилуваше со напредокот на просветителството и откривањето на науката, тој сон на крајот за мене се распрсна пред овие вагони натоварени со мали момчиња, а воопшто не ми паѓаше на ум дека со нив ќе ги наполнат гасните комори и крематориумите.“

     

    Франсоа Моријак

    200,00 ден
    Прочитај повеќе