-
Последната песна
0450,00 денСпаркс со право го носи епитетот „мајстор на романсата“. Во уште едно свое ремек-дело кое ќе ви ги стопли срцата, тој ни ја раскажува приказната за Рони, млада девојка која по разводот на нејзините родители сè уште е скршена и отуѓена. На инсистирање на нејзината мајка, три годни потоа, таа оди да помине едно лето со татко ѝ. Во тоа судбоносно лето, Рони го запознава Вил, момче по кое сите воздивнуваат. Додека полека ги урива ѕидовите што ги има изградено околу себе, Рони истовремено сè повеќе се зближува со татко си и длабоко се вљубува. Така, таа ја открива најголемата среќа, но и најголемата болка – какви што дотогаш нема почувствувано. Последната песна покажува, како што тоа го може само Николас Спаркс, на колку начини љубовта може да ни го скрши и… да ни го исцели срцето.
-
Во шумата
0450,00 денВо една летна вечер во 1984 година, во мало предградие на Даблин се случува ужасна трагедија. Три деца одат да си играат во блиската шума, а две од нив ќе исчезнат и никогаш нема да бидат пронајдени. Полицијата наоѓа само едно од децата, повредено и преплашено, кое не може да се сети што се случило…
По дваесет години, во истата шума се случува ново злосторство. Роб Рајан, преживеаното момче од првата трагедија, сега има нов идентитет и работи како детектив во даблинската полиција. Тој и неговата партнерка почнуваат да го истражуваат новиот случај, поврзан со свирепо убиство на една тинејџерка. Навлегувајќи во тајните на жртвата и на нејзиното чудно семејство, тие откриваат детали и за стариот случај. Со секоја нова трага, сеќавањата на Роб полека излегуваат на површина и неизбежно го водат назад во шумата…
Исклучителен психолошки трилер кој храбро навлегува во темнината што се крие зад животот на обичните луѓе. Напнатата атмосфера и комплексноста на ликовите ќе го одведат читателот на едно сурово патување низ сложената мрежа на злото, но и многу подалеку – до она што не може да се објасни.
-
Лов на тигар
0450,00 денПотерата продолжува – дали Алекс Крос е ловец или плен?
Тој е повикан на најлошото место на злосторство во сите негови години на полициска работа. Некој кој нема никаква почит кон човечкиот живот испотепал цело семејство – а по овие убиства следуваат нови, сè понемилосрдни.
Алекс и неговата девојка, детективката Бријана Стоун, се нурнуваат во случајот и се заплеткуваат во смртоносното африканско подземје на Вашингтон. Откриваат нешто толку вџасувачко што одвај може да се сфати: вешто организирана банда на деца-криминалци предводени од еден суров заповедник познат како Тигар. Кога недофатливата трага на убиецот ќе се појави во Африка, Алекс знае дека мора да тргне по него. Сам.
Стигнувајќи во Нигерија, тој открива свет во кој правдата е непознат поим. Ќе успее ли, незаштитен и сам во туѓа земја, опсипан со убиствените закани на Тигар, да преживее и да го фати убиецот?
Лов на Тигар, нов бестселер на Џејмс Патерсон полн со брзи пресврти и адреналин – трилер од кој застанува здивот.
-
Двојката од соседството
0400,00 денЕн и Марко Конти навидум имаат сè – љубов, убав дом и прекрасно бебе. Но една ноќ, додека се на вечера кај првите соседи, се случува ужасно злосторство. Сомнежот веднаш паѓа врз нив, родителите. Меѓутоа вистината не е толку едноставна. Внатре, зад спуштените завеси на куќата, полека се отплеткува потресната приказна за она што се случило. Детективот Резбак знае дека испаничената двојка нешто крие. И Ен и Марко набргу сфаќаат дека и двајцата имаат тајни што со години ги криеле еден од друг… Морничаво разоткривање на едно семејство. Напната приказна за измама, дволичност и неверство што ве остава без здив сè до конечниот шокантен пресврт.
„Пресвртот се случува толку брзо колку што брзо ги вртите страниците“ – Пипл
-
Несаканиот гостин
0400,00 ден„… OДЛИЧЕН КРИМИ-ТРИЛЕР СО ЗАВРШНИЦА СО КОЈА И АГАТА КРИСТИ БИ СЕ ГОРДЕЕЛА.“
Гостите еден по еден пристигнуваат во Мичеловиот пансион, длабоко во снежните планини Кетскил, не ни помислувајќи дека невремето ќе ги отсече од надворешниот свет. Постепено запознавајќи се, се обидуваат да го искористат тоа на најдобар начин. Но тогаш се појавува првото мртво тело – и тие се ужасуваат од помислата дека меѓу нив има убиец.
-
Таен сведок
0450,00 денОчекуваме од нашите судии да бидат чесни и мудри ‒ нивниот интегритет и нивната непристрасност се темелот на целиот правосуден систем.
Со својата долгогодишна работа како агент во Комисијата за судиска етика, Лејси Столц смета дека повеќето проблеми во работата на судиите се должат на некомпетентност, а не на корупција. Но на нејзината маса завршува токму таков случај. Еден бивш адвокат, кој се враќа во фелата под новото име Грег Маерс, тврди дека судијката Клодија Мек-Довер е најкорумпираниот судија во историјата на американското правосудство. Не само што за поткуп вмешала прсти во изградбата на големо казино во индијански резерват во кој важат други закони, туку е и тесен соработник на мозокот што стои зад сето тоа, фантомскиот мафијашки бос Вон Дјубоз. Планот со години функционира совршено.
Сега Грег и неговиот анонимен клиент ‒ Тајниот сведок ‒ сакаат да ја разоткријат судијката за милионска награда.На Лејси веднаш ѝ станува јасно дека тоа може да биде опасно. Што ако буквално си го става животот на коцка?…Од мајсторот на правниот трилер Џон Гришам, нов, опасно возбудлив роман за корупцијата во темните ќошиња на сончевата Флорида.
-
Островот Камино
0420,00 ден„КНИГА ШТО ЌЕ ГИ ИЗНЕНАДИ И ФАНОВИТЕ НА ГРИШАМ.“
Банда крадци дрско го ограбуваат трезорот на Библиотеката Фаерстон на Принстонскиот универзитет. Нивниот плен е бесценет, но Принстон го има осигурено на дваесет и пет милиони долари. Дел од него по тајни канали ќе стигне до Брус Кејбл, сопственик на популарна книжарница во заспаното туристичко гратче Санта Роса на Островот Камино, во Флорида. Но некој полека се инфилтрира во писателскиот круг пријатели на Брус Кејбл за да му ги дознае тајните…
-
Трагачот
0500,00 денНапнато и неивесно ремек-дело за осуетените соништа за бегство
По 25 години работа како полицаец во Чикаго, Кал го напушта Чикаго верувајќи дека мирниот селски живот ќе му помогне да се соземе од напорната и трагичната реалност. Сака да почне од почеток во некое мирно, мало место со добар паб, каде што ништо особено нема да се случува. Но наскоро ќе открие дека дури и малите места кријат мрчни тајни.
Од селото исчезнува едно мало момче, но никој не е особено загрижен поради тоа, дури ни полицијата. Тогаш во Кал повторно се буди полицаецот и тој започнува своја истрага. Убеден дека нешто не е во ред, не може да остане мирен додека не открие што е тоа.
Извонредна приказна од најпознатата ирска авторка која со оваа книга го потврдува своето место меѓу најдобрите во криминалистичкиот жанр.
На првото читање ѝ се восхитуваме на содржината, на второто на убавиот и суптилен стил. Њујорк тајмс
-
Мојата прекрасна сопруга
0430,00 денЕдно случајно убиство кај една млада брачна двојка ќе поттикне мрачни желби за игри што ги надминуваат границите на дозволеното. Нивната љубовна приказна е едноставна. Запознал прекрасна жена, се вљубиле и добиле деца. Заедно со својата жена се преселил во едно предградие. Откриле кои се нивните најголеми соништа, но и најмрачни тајни. Потоа сè им станало здодевно… Изгледаат како секоја нормална двојка. Тие се ваши соседи, родители на другарот на вашето дете, познајници со кои ќе седнете на вечера.
Сите ние имаме тајни со чија помош го одржуваме бракот жив. Нивната е како да побегнат од одговорноста за убиствата. Тие се уигран тандем во кој секој ја знае својата улога. Но, кога едниот од нив ќе ги прекрши правилата на игра, одмаздата што го чека ќе биде страшна…
-
Херојски приказни: Митови, легенди и приказни од различни делови на светот
0250,00 денСо отворањето на оваа книга тргнувате во авантура која ќе ве однесе од топлите мориња на Медитеранот до студените, страшни шуми на Северот. Ќе видите како Прометеј им го подарил огнот на луѓето, како Персеј ја поразил горгоната Медуза, и како Херкул ги извршил сите дванаесет задачи. Но, исто така, ќе ја откриете истрајноста на Фритјоф, љубовта на Лоенгрин и убавата Елса, и тврдоглавоста на ковачот Вејланд. Дури и ќе се потсетите на еден херој што ви е многу близок, а сте заборавиле дека и тој е дел од овој пантеон – Крале Марко.
Во овие приказни е наталожена вековна историја, традиција и мудрост – од нив може да научите многу. Но, ако не сакате, не ги читајте приказните поради тоа. Читајте ги затоа што се толку интересни и возбудливи, што дури и денес го привлекуваат нашето внимание.
-
Лето како во „Мама миа“
0390,00 денЛорел не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група АББА и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за Скопелос, подготвена да доживее летна авантура. Со звукот на брановитe, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена. Волшебните зајдисонца, остриот вкус на виното, мирисот на морето, преубавите плажи: сето тоа и прираснува за срце. Меѓутоа, кога ќе се наметне прашањето за враќање во Лондон, ќе мора да донесе важна одлука…
-
Дејзи Џонс енд Д сикс
0450,00 денСите ги знаат „Дејзи Џонс енд Д сикс“: албумот „Аурора“ на овој бенд ја дефинираше ерата на рокенролот во доцните седумдесетти и цела генерација девојчиња сакаа да бидат како Дејзи кога ќе пораснат. Но, никој не ја знае причината за распаѓањето на групата, една вечер по нивниот последен концерт на стадионот во Чикаго, на 12 јули 1979 година… сè досега. Дејзи е девојка на прагот на полнолетството во Лос Анџелес во доцните шеесетти години од минатиот век, која се прикрадува во клубовите на Сансет Стрип, спиејќи со рок-ѕвезди и која сонува да пее во „Виски а гоу-гоу“. Сексот и дрогата се возбудливи, но рокенролот е она што таа го сака најмногу. Кога ќе наполни дваесет години, нејзиниот глас ќе биде забележан, а нејзината зашеметувачка убавина ги предизвикува луѓето да прават луди работи. Паралелно ја следиме приказната за „Д сикс“, бенд предводен од меланхоличниот Били Дун. Вечерта пред нивната прва турнеја, неговата девојка дознава дека е бремена. Под притисок на претстојните татковство и слава, Били за време на турнејата комплетно откачува. Патиштата на Дејзи и Били ќе се вкрстат кога продуцентот сфаќа де
-
Див живот
0420,00 денРазмислувајќи за животот, онаков каков што е даден…
Див живот се случува во Алжир во 1979, романот е долг монолог на една млада девојка Алија која има 14 години. Таа се навраќа на минатата година од нејзиниот живот, една година по исчезнувањето на нејзиниот другар од детството, Сами. За да не го заборави, таа пишува, се навраќа на местата кои ги поврзуваат, случките кои ги поминале во текот на годините. Оваа книга е портрет на една млада девојка која навлегува во периодот на адолесценција, која не се чувствува добро во својата кожа и во своето тело. Ова е израз на голема тага, на голема осаменост, но и визија за светот на возрасните и животот.
НИНА БУРАУИ е родена во Рен во 1967 година, од татко алжирец и мајка французинка со потекло од Бретања. Првите четиринаесет години од нејзиниот живот ги поминува во Алжир. Потоа живее во Париз, Цирих и Абу Даби. Во нејзините романи таа пишува за љубовта, идентитетот и нејзините проблеми како и за нејзиното детство во Алжир за кој има носталгија. Уште од нејзиниот прв роман во 1991 година, се гледа дека нејзините дела се под влијание на Маргарет Дурас. Истребувањето, желбата и пишувањето се најчести теми на нејзините дела. Нејзините книги се преведени на повеќе од петнаесет јазици.
-
Тој почна сè
0450,00 денБет, Порша и Еди Морган не биле заедно со години. И тоа поради многу добри причини – ќе дојдеме до нив подоцна. Но, кога нивниот богат дедо ќе почине и ќе остави порака непосредно пред тоа, сестрите, братот и нивните партнери мораат да одат на заедничко патување низ целата држава за да ја исполнат неговата последна желба – и уште поважно – да си го обезбедат својот дел од наследството.
Но, времето поминато со фамилијата може да биде тешко. Тоа важи за сите.
Уште е потешко кога сите чуваат тајни и се обидуваат да заборават едно сеќавање – исчезната личност, чин на одмазда, човек со црн камионет кој не престанува да го следи вашиот автомобил – особено кога најмалку еден од вас е убиец и има тело во багажникот. Само да споменеме неколку причини.
Но, парите се силен мотив. Тоа важи за сите.
-
Полскиот боксер
0330,00 денЕдуардо Халфон е професор по литература кој пронаоѓа талентиран студент растргнат меѓу студиите и семејните обврски, истовремено внук кој се осмелува да го праша својот дедо за броевите тетовирани на неговата рака, а потоа и патник кој трага по борделите во Белград по пијанист кој можeби е – а можеби и не е – стар пријател.
Од еден крај на светот до друг, од Аушвиц до Гватемала, од југот на Соединетите
Американски Држави до Голи Оток и Белград, Халфон ја мапира географијата на идентитетот во свет прекриен со заветот на насилството и прогонството…
„Смешно и разоткривачко четиво… Како што границите, физичките и менталните, се прецртуваат и се менуваат, приказните што ни ги раскажува Едуардо, нам и на самиот себеси, се разоткриваат не само како делумни туку и фантастични, невистинити. Полскиот боксер можеби никогаш и не постоел. А сепак, тоа не е начин да се намали задоволството што го нудат многубројните приказни на Халфон“, Њујорк тајмс
-
Насон прочитана книга
0250,00 денТоа беше мала книшка по обем, со сосема обични корици, еднобојни, но, допрени од времето, личеа на печена глина и го имаа оној карактеристичен мирис на стара хартија. Сосема обично и логично. Насловот: Adeptus Anonimus – Sommnium. Година на издавање 1890, Лондон. Издавач: Теозофско Друштво. Морав да седнам. И седнав во еден ќош. Изненадувањето ми беше огромно, но не знам дали поради него, со голема брзина во мојата глава минуваа и се менуваа и борхесовиот сон и еден одамна прочитан и заборавен сон на Јунг, а го видов и Успенски – иако не знаев како изгледа – како ù вели на една мачка: ако е ова сон, оваа мачка нека се престори во пес.