-
Кит на плажа
0340,00 денНика е духовита и љубопитна тинејџерка, дружељубива и популарна во новото училиште. Течно зборува француски и оди на курсеви по шпански и германски јазик, па оттаму на часови по пијано, мечување, вајарство и јога… и затоа никогаш нема време да ги покани дома своите нови соученици. Но причината за тоа е сосем поинаква. Кога еден ден ќе дојдат ненајавени, нејзините пријатели ја откриваат тајната што таа долго време успевала да ја крие од нив, тајна што ќе ги промени нивните животи…
Кит на плажа е роман кој ги шири границите на нормалното и нѐ поттикнува да ги преиспитаме своите ставови за тоа што е нормален живот.
„Животот е убав“, вели Игор, братчето на Ника. Кога сме сакани и прифатени, се чувствуваме добро, како китови што слободно пловат во големиот океан. Но што ако сме поинакви?
-
Пепелник во еден хотел во Скопје
0300,00 денВо „Пепелник во еден хотел во Скопје“ Жижек посегнува по утврдените мислења на современата наука, ги сопоставува со најактуелните настани и примери денес, а како резултат на тоа се кристализира едно специфично, остроумно и контроверзно множество ставови. Книгава е збирка во која тој подведува пет свои есеи под парадоксот што го доживеал при еден престој во Скопје, а како таква таа истовремено претставува и неизбежна обиколка околу прашањата за љубовта, сексот, психоанализата, идеологијата, филмот, книжевноста, како и политичкото минато, сегашност и иднина. Како сублимат на неговата мисла, „Пепелник во еден хотел во Скопје“ е неопходно четиво за критичкиот ум, крајпатен знак што води кон „пробивање“ на појавата и стигнување до срцевината на стварното.
-
Враќањето на Шерлок Холмс
0400,00 денНАЈПОЗНАТИОТ ДЕТЕКТИВ НА СИТЕ ВРЕМИЊА
Еден и единствен, Шерлок Холмс сензационално се враќа од мртвите и повторно го посветува животот на испитување на криминалните сплетки во главниот град. Со повторно насобран ентузијазам, тој се нафрла на случаите што опфаќаат мистериозни шифрирани кодови, милионери што се прогонувани, демначи, киднапирања и средба со „најлошиот човек во Лондон“. Но старите „пријатели“ на Холмс внимателно го следат секој негов чекор. Го набљудуваат, чекаат, заговараат…
Меѓу тринаесетте брилијантни приказни што вклучуваат мистерија, детекција и дедукција, Шерлок Холмс го истражува проблемот со „Градежникот од Норвуд“, ја дешифрира пораката на „Разиграните фигури“ и го решава случајот со „Шесте Наполеони“.
-
Не правете им сенка на гробовите
0250,00 денГнев, сладострастие, алчност, гордост, мрзливост, завист и ненаситност се седумте смртни гревови – страшните искушенија на човековата душа.
Збирката „Не правете им сенка на гробовите“ од Дијана Петрова е обид да се натераат читателите да го забележат она што вообичаено им се искраднува од погледот. Преку отелотворувањето на седумте смртни гревови во тела и во дела, овие раскази длабоко допираат до нашите сетила и свест. Преку ликовите што се доведуваат на работ на лудилото се прикажува апсурдноста на постапките во животот и се поставува прашањето: дали тоа што смртта е неизбежна прави таа да биде нелогична?
-
Момчето од шумата
0430,00 денЧовекот познат како Вајлди е мистерија за сите, вклучително и за себеси. Пред неколку декади бил пронајден како момче кое живеело длабоко во шумата, без сеќавања за неговото минато. Откако полициската потрага по семејството на момчето била безуспешна, тој бил даден на посвојување.
Сега, триесет години подоцна, Вајлди сè уште не знае од каде доаѓа и живее во шумата во едно предградие, претпочита да биде сам и има само неколку подлабоки врски со други луѓе.
Кога ќе исчезне едно локално девојче, познатата ТВ-адвокатка Хестер Кримстајн – со која Вајлди го поврзува еден трагичен настан – ќе го побара да ги искористи неговите уникатни способности за да ја најде. Во меѓувреме, група поранешни воени експерти за безбедност пристигнуваат во градот и кога ќе исчезне уште еден тинејџер, влијанието на случајот се шири надвор од границите на мирното предградие. Вајлди мора да се врати во заедницата во која никогаш не се вклопувал и во која моќните се заштитени дури и кога нивните тајни можат да ги уништат животите на милиони… тајни што Вајлди мора да ги открие пред да биде предоцна.
-
Есен во Венеција
0450,00 денВо есента 1948 година, Ернест Хемингвеј и неговата четврта сопруга по првпат патуваат во Венеција, која Хемингвеј ја нарекува „апсолутно проклето прекрасна“. Една година пред неговиот педесетти роденден, Хемингвеј нема објавено роман речиси една деценија, а тогаш ја запознава Адријана Иванчич и се вљубува во неа, впечатлива венецијанска девојка, која само што го завршува училиштето. Во оваа книга Андреа ди Робилант, со блескава јаснотија, ни ја прикажува оваа изненадувачка, долгогодишна врска, во која Адријана инспирира човек триесет години постар од неа да го заврши своето последно големо дело.
Хемингвеј ја користи Адријана како модел за ликот на Рената во Преку реката и во шумата и продолжува да ја посетува Венеција за да се гледа со неа; додека Иванчичеви се во Куба, Адријана е присутна додека тој ја пишува новелата Старецот и морето.
Есен во Венеција е извонредна приказна за еден писател и неговата муза – која истовремено ја испитува цената што треба да ја плати една млада жена поради нејзината поврзаност со еден писател кој е жива легенда – и претставува интимен поглед на последните години на Хемингвеј.
-
Приказна за едно семејство
0390,00 денОсумдесетти. Летата во Бари минуваат со џагорот на децата кои се бркаат низ лавиринтите од тесни улички поплочени со камен, чаршафите што се сушат на терасите поигруваат на ветрот, а мирисот на домашните кујни продира и во најскриените агли. Марија расте заедно со своите двајца постари браќа, Џузепе и Винченцо. Таа е мало девојче со карактеристичен изглед: голема уста и две речиси ориентални очи што сјаат како блескави сечила. Живее целосно втопена во безвременската атмосфера на стариот град, скриена во својот мал свет полн со омаловажувања – свет од кој е многу тешко да се излезе.
Единствените охрабрувања што ги добива во периодот од детството до адолесценцијата доаѓаат од Микеле, син на едно од најнесреќните семејства во старото Бари. Пријателството помеѓу Марија и Микеле станува сè посилно и посилно, и покрај отвореното непријателството помеѓу двете семејства и ударите што ги нанесува животот. Сè додека тие чувства помеѓу нив двајца – силни, а истовремено нежни – не прераснат во љубов. Љубов која, и покрај тоа што е забранета, не им дозволува да го мразат светот околу нив.
Писателката Роза Вентрела е новинар, историчар, а нејзините дела ја обработуваат состојбата на жените низ историјата. Нејзините романи редовно го привлекуваат вниманието на книжевната критика и објавувани се на многу јазици ширум светот.
-
Сè што оставаме
0390,00 ден„Сè што оставаме“ е продолжение на романот „Сè што чуваме“ и втора книга од трилогијата на најдобро продаваната авторка на „Вол Стрит џурнал“, Кери Лонсдејл.
Два месеца пред неговата венчавка, финансискиот раководител Џејмс Донато го следи неговиот брат Фил кој е вмешан во матни зделки, во Мексико, каде што исчезнува во морето и го прогласуваат за мртов. Шест и пол години подоцна, тој се буди од состојба на дисоцијативна фуга во Оаксака, каде што живее како Карлос Домингез, вдовец и татко на два сина, со неговата балдаза Наталија Хејес, некогашна професионална сурферка, која му помага да се одржи во живот. Но, неговата свршеничка и најголема љубов, Ејми Тирни, продолжува со својот живот. Таа е омажена и има дете.
Разочаран од сознанието, Џејмс и неговите синови се враќаат во Калифорнија. Но, Фил наскоро ќе излезе од затвор и ќе го побара Џејмс, кој посведочил нешто во Мексико што би можело повторно да го врати Фил зад решетки. Под сè поголем притисок на семејството, Џејмс заедно со синовите патува во Куаи, барајќи засолниште кај Наталија. Како што Џејмс почнува да ја открива мистеријата зад неговиот идентитет, опасноста се чини постојано блиску, а Наталија можеби е единствената личност на која може да ù верува.
Раскажан низ двојна перспектива на еден човек, „Сè што оставаме“ е мешавина од неизвесност, мистерија и романса при разоткривањето на загубата, издржливоста и силната потреба по секоја цена да ги заштитиме оние кои ги сакаме.
-
Туѓо тело
0180,00 денВиктор е млад и перспективен маж, образуван на престижниот универзитет МИТ во САД, вљубеник во планините и алпинизмот. Има намера да го освои Монт Еверест, но пред неговата желба се испречува еден чуден проблем. Силни главоболки и вртоглавици од необјаснива природа. Лекарските наоди исклучуваат какво било присуство на болест, а сепак Виктор е спречен да функционира нормално. По многубројни прегледи, лекарите откриваат чудно тело во најнедостапниот дел во неговата глава. Туѓо тело од неуништлив материјал. И во тој момент нештата се комплицираат.
Најновото прозно остварување на писателот Владимир Плавевски, краткиот научно-фантастичен роман „Туѓо тело“, ги растегнува границите на егзактното, пропуштајќи ја мистеријата да ја преземе целосната контрола во нарацијата, овозможувајќи им на читателите комплетно читателско уживање во еден здив.
-
Изброј ги ѕвездите
0350,00 ден„Колку си храбра, малечка Анемари?“
Годината е 1943, а за Анемари Јохансен, животот во Копенхаген е сложена смеса од обичното домашно и училишно секојдневие, недостигот од храна и постојаното присуство на нацистички војници на улиците. Храброста се чини како нејасна доблест, што ја поседуваат витези што убиваат змејови во приказните што ù ги раскажува на помалата сестра, Кирсти.
Додека германските трупи ја почнуваат мисијата за „релоцирање“ на сите Евреи од Данска, семејството Јохансен ја згрижува најдобрата другарка на Анемари, Елен Росен, претставувајќи ја како дел од семејството. Девојчињата живеат како сестри, сè додека не стане јасно дека треба да се стори нешто повеќе за да се спасат Елен, нејзиното семејство и сите Евреи од Данска.
Во оваа приказна за хероизмот на една цела држава, нарацијата за данскиот отпор и нивниот план да го прошверцува целото еврејско население од Данска – речиси седум илјади луѓе – преку море до Шведска е раскажана со гордост и со надеж низ очите на едно мало девојче.
-
Бегај
0450,00 денТвојата ќерка е исчезната.
Зависничка е од дрога и од момче кое ја малтретира. И ти ставила јасно до знаење дека не сака да биде најдена.
Потоа, сосем случајно, ја гледаш како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Централ парк.
Но, таа не е девојката која ја паметиш ти. Оваа жена е изгубена, исплашена и очигледно во неволја.
Не размислуваш ни за момент. Ù приоѓаш, ја молиш да се врати дома.
Таа бега.
И ти ја следиш во мрачниот и опасен свет кој никогаш не си знаел дека постои. Во кој владеат криминалните банди, каде што дрогата е главна валута, а убиствата нешто вообичаено.
Сега твојот живот е во опасност. И никаде и никој не е безбеден.
-
Кралска измама
0550,00 денКотон Малоун е повторно во акција!
Котон Малоун и неговиот петнаесетгодишен син, Гери, се упатени кон Европа. Поради услуга што му ја должи на својот поранешен шеф во Министерството за правда Малоун се согласува да го придружува тинејџерот-бегалец и да го врати во Англија. Но откако е пречекан со вооружена престрелка во Лондон, во која и бегалецот и Гери исчезнуваат, Малоун сфаќа дека има нагазено на високоризична дипломатска конфронтација – меѓународен инцидент поткрепен со гео-политички превирања и со запрепастувачки тајни од династијата на Тудорите.
– Стив Бери во новата меѓународна авантура успева на наративен и само за него својствен начин да ги замеша современите политички интриги, предавството на Тудорите и возбудувањата во еден возбудлив роман на неизвесност.
-
Одмаздата на богомолката
0350,00 денЗА ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ЧОВЕКОВИ СОПАТНИЦИ ВО ЖИВОТОТ: ЉУБОВТА И БОЛКАТА.
За колкумина од оние што ги познавате можете да сте сигурни дека љубовта или болката не го бојадисале нивниот живот, во бои зависно од чувствата што ги одбележале? Ако се замислиме, ќе сфатиме дека всушност на секој возрасен човек љубовта и болката се навистина најчестите сопатници во животот. -
НЕБЕСКА ТИМЈАНОВНА
0350,00 денОва е само една вистина, зашто вистини има стопати по толку, којзнае колкупати по толку. Вистини има колку што има и луѓе. И живи и мртви.
Со овие зборови големиот Петре М. Андреевски ни ја отвора приказната на Небеска Тимјановна, оставајќи ја самата да ни ја раскаже. А како да се раскаже цел еден живот – тегобен и испреплетен со маките на сопствениот народ? Има ли зборови што можат да го опишат тоа што го гледаат очите, тоа што го страда срцето? И колку цврст треба да биде човекот за да ги издржи животните искушенија: стрелањето на непокорниот татко, љубовниот неспокој што мора да се крие од другите, пеколните борби во планините, цицалчето кое мора да се напушти, обвинувањата на довчерашните другари, страдањето во логорите заради идеалите за кои е жртвуван целиот живот?…
И пак да сe најдат сили за да се надмине сè и на крајот сè да се раскаже – за да остане запаметено, за да не се заборави.
-
Доктор Сон
0500,00 денПродолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“
Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата момчешка дарба за „сјаење“ ја отвори вратата кон пеколот. Ден Торенс денес е возрасен човек, но духовите од „Видиковец“ – и алкохолизмот и насилството наследени од татко му – го влечеа со години. Сега, помогнат од заедницата на Анонимните алкохоличари во Њу Хемпшир, Ден им го ублажува умирањето на лицата во еден дом за стари и изнемоштени лица, каде што го нарекуваат „Доктор Сон“.
Снажен пејзаж на страв – Њујорк тајмс
Застрашувачки – Кливленд плејн дилер
Исцрпно страшно – Њујорк дејли њуз
Ненадминлива имагинација – Опсервер
-
Што направи?!
0390,00 денТребаше да биде совршено повторно обединување: шест пријатели од средно заедно по дваесет години. Домаќинката Али има живот каков што посакувала отсекогаш, кариера со која може да се гордее и прекрасно семејство со нејзиното момче од средно, сега сопруг. Но, таа вечер нејзината најдобра пријателка искажува шокантно обвинение по кое ништо нема да биде исто.
Кога Карен влегува од градината, крвава и повредена, тврди дека била нападната од сопругот на Али, Мајк. Али мора да одлучи веднаш: кому да му верува? На нејзиниот преплашен сопруг или на најдобрата пријателка? Мајк раскажува сосем поинаква верзија на настаните, Али знае дека еден од нив лаже – но кој? И зошто?
Хаосот што го зафаќа нејзиниот живот ја принудува да ги преиспита златните години што групата ги поминала заедно. Али сфаќа дека има и помрачни сеќавања. Сеќавања што лежат закопани со децении. Сеќавања за кои некој би убил за да ги заштити.