-
Приказна за едно семејство
0390,00 денОсумдесетти. Летата во Бари минуваат со џагорот на децата кои се бркаат низ лавиринтите од тесни улички поплочени со камен, чаршафите што се сушат на терасите поигруваат на ветрот, а мирисот на домашните кујни продира и во најскриените агли. Марија расте заедно со своите двајца постари браќа, Џузепе и Винченцо. Таа е мало девојче со карактеристичен изглед: голема уста и две речиси ориентални очи што сјаат како блескави сечила. Живее целосно втопена во безвременската атмосфера на стариот град, скриена во својот мал свет полн со омаловажувања – свет од кој е многу тешко да се излезе.
Единствените охрабрувања што ги добива во периодот од детството до адолесценцијата доаѓаат од Микеле, син на едно од најнесреќните семејства во старото Бари. Пријателството помеѓу Марија и Микеле станува сè посилно и посилно, и покрај отвореното непријателството помеѓу двете семејства и ударите што ги нанесува животот. Сè додека тие чувства помеѓу нив двајца – силни, а истовремено нежни – не прераснат во љубов. Љубов која, и покрај тоа што е забранета, не им дозволува да го мразат светот околу нив.
Писателката Роза Вентрела е новинар, историчар, а нејзините дела ја обработуваат состојбата на жените низ историјата. Нејзините романи редовно го привлекуваат вниманието на книжевната критика и објавувани се на многу јазици ширум светот.
-
Сè што оставаме
0390,00 ден„Сè што оставаме“ е продолжение на романот „Сè што чуваме“ и втора книга од трилогијата на најдобро продаваната авторка на „Вол Стрит џурнал“, Кери Лонсдејл.
Два месеца пред неговата венчавка, финансискиот раководител Џејмс Донато го следи неговиот брат Фил кој е вмешан во матни зделки, во Мексико, каде што исчезнува во морето и го прогласуваат за мртов. Шест и пол години подоцна, тој се буди од состојба на дисоцијативна фуга во Оаксака, каде што живее како Карлос Домингез, вдовец и татко на два сина, со неговата балдаза Наталија Хејес, некогашна професионална сурферка, која му помага да се одржи во живот. Но, неговата свршеничка и најголема љубов, Ејми Тирни, продолжува со својот живот. Таа е омажена и има дете.
Разочаран од сознанието, Џејмс и неговите синови се враќаат во Калифорнија. Но, Фил наскоро ќе излезе од затвор и ќе го побара Џејмс, кој посведочил нешто во Мексико што би можело повторно да го врати Фил зад решетки. Под сè поголем притисок на семејството, Џејмс заедно со синовите патува во Куаи, барајќи засолниште кај Наталија. Како што Џејмс почнува да ја открива мистеријата зад неговиот идентитет, опасноста се чини постојано блиску, а Наталија можеби е единствената личност на која може да ù верува.
Раскажан низ двојна перспектива на еден човек, „Сè што оставаме“ е мешавина од неизвесност, мистерија и романса при разоткривањето на загубата, издржливоста и силната потреба по секоја цена да ги заштитиме оние кои ги сакаме.
-
Туѓо тело
0180,00 денВиктор е млад и перспективен маж, образуван на престижниот универзитет МИТ во САД, вљубеник во планините и алпинизмот. Има намера да го освои Монт Еверест, но пред неговата желба се испречува еден чуден проблем. Силни главоболки и вртоглавици од необјаснива природа. Лекарските наоди исклучуваат какво било присуство на болест, а сепак Виктор е спречен да функционира нормално. По многубројни прегледи, лекарите откриваат чудно тело во најнедостапниот дел во неговата глава. Туѓо тело од неуништлив материјал. И во тој момент нештата се комплицираат.
Најновото прозно остварување на писателот Владимир Плавевски, краткиот научно-фантастичен роман „Туѓо тело“, ги растегнува границите на егзактното, пропуштајќи ја мистеријата да ја преземе целосната контрола во нарацијата, овозможувајќи им на читателите комплетно читателско уживање во еден здив.
-
Изброј ги ѕвездите
0350,00 ден„Колку си храбра, малечка Анемари?“
Годината е 1943, а за Анемари Јохансен, животот во Копенхаген е сложена смеса од обичното домашно и училишно секојдневие, недостигот од храна и постојаното присуство на нацистички војници на улиците. Храброста се чини како нејасна доблест, што ја поседуваат витези што убиваат змејови во приказните што ù ги раскажува на помалата сестра, Кирсти.
Додека германските трупи ја почнуваат мисијата за „релоцирање“ на сите Евреи од Данска, семејството Јохансен ја згрижува најдобрата другарка на Анемари, Елен Росен, претставувајќи ја како дел од семејството. Девојчињата живеат како сестри, сè додека не стане јасно дека треба да се стори нешто повеќе за да се спасат Елен, нејзиното семејство и сите Евреи од Данска.
Во оваа приказна за хероизмот на една цела држава, нарацијата за данскиот отпор и нивниот план да го прошверцува целото еврејско население од Данска – речиси седум илјади луѓе – преку море до Шведска е раскажана со гордост и со надеж низ очите на едно мало девојче.
-
Бегај
0450,00 денТвојата ќерка е исчезната.
Зависничка е од дрога и од момче кое ја малтретира. И ти ставила јасно до знаење дека не сака да биде најдена.
Потоа, сосем случајно, ја гледаш како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Централ парк.
Но, таа не е девојката која ја паметиш ти. Оваа жена е изгубена, исплашена и очигледно во неволја.
Не размислуваш ни за момент. Ù приоѓаш, ја молиш да се врати дома.
Таа бега.
И ти ја следиш во мрачниот и опасен свет кој никогаш не си знаел дека постои. Во кој владеат криминалните банди, каде што дрогата е главна валута, а убиствата нешто вообичаено.
Сега твојот живот е во опасност. И никаде и никој не е безбеден.
-
Кралска измама
0550,00 денКотон Малоун е повторно во акција!
Котон Малоун и неговиот петнаесетгодишен син, Гери, се упатени кон Европа. Поради услуга што му ја должи на својот поранешен шеф во Министерството за правда Малоун се согласува да го придружува тинејџерот-бегалец и да го врати во Англија. Но откако е пречекан со вооружена престрелка во Лондон, во која и бегалецот и Гери исчезнуваат, Малоун сфаќа дека има нагазено на високоризична дипломатска конфронтација – меѓународен инцидент поткрепен со гео-политички превирања и со запрепастувачки тајни од династијата на Тудорите.
– Стив Бери во новата меѓународна авантура успева на наративен и само за него својствен начин да ги замеша современите политички интриги, предавството на Тудорите и возбудувањата во еден возбудлив роман на неизвесност.
-
Одмаздата на богомолката
0350,00 денЗА ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ЧОВЕКОВИ СОПАТНИЦИ ВО ЖИВОТОТ: ЉУБОВТА И БОЛКАТА.
За колкумина од оние што ги познавате можете да сте сигурни дека љубовта или болката не го бојадисале нивниот живот, во бои зависно од чувствата што ги одбележале? Ако се замислиме, ќе сфатиме дека всушност на секој возрасен човек љубовта и болката се навистина најчестите сопатници во животот. -
НЕБЕСКА ТИМЈАНОВНА
0350,00 денОва е само една вистина, зашто вистини има стопати по толку, којзнае колкупати по толку. Вистини има колку што има и луѓе. И живи и мртви.
Со овие зборови големиот Петре М. Андреевски ни ја отвора приказната на Небеска Тимјановна, оставајќи ја самата да ни ја раскаже. А како да се раскаже цел еден живот – тегобен и испреплетен со маките на сопствениот народ? Има ли зборови што можат да го опишат тоа што го гледаат очите, тоа што го страда срцето? И колку цврст треба да биде човекот за да ги издржи животните искушенија: стрелањето на непокорниот татко, љубовниот неспокој што мора да се крие од другите, пеколните борби во планините, цицалчето кое мора да се напушти, обвинувањата на довчерашните другари, страдањето во логорите заради идеалите за кои е жртвуван целиот живот?…
И пак да сe најдат сили за да се надмине сè и на крајот сè да се раскаже – за да остане запаметено, за да не се заборави.
-
Доктор Сон
0500,00 денПродолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“
Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата момчешка дарба за „сјаење“ ја отвори вратата кон пеколот. Ден Торенс денес е возрасен човек, но духовите од „Видиковец“ – и алкохолизмот и насилството наследени од татко му – го влечеа со години. Сега, помогнат од заедницата на Анонимните алкохоличари во Њу Хемпшир, Ден им го ублажува умирањето на лицата во еден дом за стари и изнемоштени лица, каде што го нарекуваат „Доктор Сон“.
Снажен пејзаж на страв – Њујорк тајмс
Застрашувачки – Кливленд плејн дилер
Исцрпно страшно – Њујорк дејли њуз
Ненадминлива имагинација – Опсервер
-
Што направи?!
0390,00 денТребаше да биде совршено повторно обединување: шест пријатели од средно заедно по дваесет години. Домаќинката Али има живот каков што посакувала отсекогаш, кариера со која може да се гордее и прекрасно семејство со нејзиното момче од средно, сега сопруг. Но, таа вечер нејзината најдобра пријателка искажува шокантно обвинение по кое ништо нема да биде исто.
Кога Карен влегува од градината, крвава и повредена, тврди дека била нападната од сопругот на Али, Мајк. Али мора да одлучи веднаш: кому да му верува? На нејзиниот преплашен сопруг или на најдобрата пријателка? Мајк раскажува сосем поинаква верзија на настаните, Али знае дека еден од нив лаже – но кој? И зошто?
Хаосот што го зафаќа нејзиниот живот ја принудува да ги преиспита златните години што групата ги поминала заедно. Али сфаќа дека има и помрачни сеќавања. Сеќавања што лежат закопани со децении. Сеќавања за кои некој би убил за да ги заштити.
-
-
Големиот Гетсби
0250,00 денГолемиот Гетсби е меѓу најславните романи за падот на „американскиот сон“ и моралната декаденција на монденското општество.
Овој роман ја прикажува „добата на разочарувањето“, или според Фицџералд „ерата на џезот. -
Гордост и предрасуда
0350,00 денПриказната го следи животот на главниот карактер Елизабет Бенет, која се соочува со прашањето на манирите, воспитанието, моралот, етиката, образованието и бракот во англиското општество на крајот на 19 век.
Гордост и предрасуда е сè уште интересна за модерните читатели и се наоѓа на врвот на листите за најчитани книги.
-
Бисерот што ја скрши школката
1499,00 денКабул 2007 година
Покрај таткото зависник од дрога, Рахима и нејзините сестри само повремено можат да одат на училиште, а од дома излегуваат многу ретко. Единствената нивна надеж се наоѓа во древниот обичај наречен бача-пош, што ќе ѝ овозможи на младата Рахима да се облекува како момче и да биде така третирана сè додека не стигне до годините за мажење. Како син, смее да се образува, да оди на пазар, да ги чува и да ги надгледува постарите сестри.
Но, Рахима не е првата во своето семејство што прибегнала кон тој несекојдневен обичај. Еден век претходно, нејзината прабаба Шекиба, останувајќи сираче, се спасила и изградила нов живот на истиот тој начин.
Пловејќи низ времето, Бисерот што ја скрши својата школка ги испреплетува приказните на овие две жени кои, иако разделени од еден цел век, имаат слични судбини. Но, што ќе се случи кога ќе дојде време Рахима да се омажи? Дали Шекиба целиот живот живеела како машко? Како Рахима ќе преживее ако не успее да се приспособи на животот како мажена жена?
Оваа моќна приказна за беспомошноста, судбината и слободата за управување со сопствениот живот ги спојува во себе културните бои и емоционалните одеци на Халед Хосеини и Лиса Си.
„Надија Хашими на читателите им подарува одлично напишана проза, полна со искреност проткаена со восхит и почит. Таа се служи со историска нарација и благодарение токму на семејните преданија, современата жена ја учи како и кога да ја скрши својата школка“. – Historical Novel Society -
ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН ВОЛШЕБНИК
0380,00 денДневникот на еден волшебник е восхитувачка приказна на Пауло Коелјо за неговиот аџилак по средновековниот чудесен Пат на свети Јаков до Сантјаго. Тоа е духовна потрага полна со авантури, но истовремено и фасцинантна алегорија за потребата од пронаоѓање на сопствениот животен пат. Борејќи се со многу искушенија, натчовечки напори за исполнување на задачите поставени од водачот-учител и неочекувани борби со внатрешните демони, патникот ќе ги научи најважните лекции за животот и за она што нè први луѓе. На крајот од патот, ќе ја открие и најголемата тајна – дека не е важно да ја имаш моќта, туку да знаеш како правилно да ја искористиш.
Ова е една од најважните книги на Коелјо, не само затоа што е негов прв голем роман, претходник на Алхемичарот, туку и поради целиот начин на кој во него е изразена хуманоста на филозофијата на Коелјо и длабочината на неговата духовна потрага.
-
Ваби-Саби
0320,00 денДоаѓаме од ништо и кон ништо се упатуваме. Во средината сме нешто. И тоа нешто го нарекуваме живот.
Самуел е во осумгодишна врска со Габриела, но сè уште живее сам во својот стан, занимавајќи се со часовите по германски и повремено помагајќи му на Титус, соседот кој работи како уредник на книги за мотивација.
Едно јунско утро добива разгледница од Јапонија на која е прикажано маче со подигната шепа и со една таинствена порака: Ваби-саби. По неколку дена добива и втора разгледница со фотографија од еден храм.
Еден неочекуван настан го поттикнува на далечен пат кон оваа азиска земја. Таму тој ќе ја научи убавината на несовршеноста, таму ќе му се отвори неочекуваниот прозорец на љубовта…