Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Габриела, каранфилче и цимет

    Габриела, каранфилче и цимет

    0

    Најпознатиот модерен бразилски писател Жорже Амадо нè пренесува во времето на владетелите на какаото во бразилската провинција Баија, кога недоразбирањата се решавале со пиштоли, а од мажот што е изневерен се очекувало да ја исчисти својата чест со убивање на прељубничката и на нејзиниот љубовник.

    Оваа хроника на еден град, на една страст, омаж на богатата бразилска култура, роман замислен и како химна на сензуалноста на тамошните жители, особено на жените, во последните неколку децении доживеа огромен број изданија и филмски екранизации.

    Секое од поглавјата почнува со песна посветена на една жена, а, заговарајќи ја женската слобода, особено сексуалната, Амадо ја шокирал и ја разгневил тогашната бразилска јавност. Бесот со времето исчезнал, а книгата станала еден од омилените бразилски романи на 20 век. Иако бил употребен како основа за сапуници, го задржува раскажувачкото мајсторство.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Затворениот ковчег

    Затворениот ковчег

    0

     

    Леди Ателинда Плејфорд е една од омилените авторки на книги за деца. Таа приредува забава на својот имот. Тоа не е обичен собир. Додека гостите пристигнуваат, леди Плејфорд го повикува својот адвокат за да го измени тестаментот и сето тоа да го соопшти во текот на вечерта. Одлучува да ги лиши сопствените деца од сè, а целото богатство да му го остави на некој кому му остануваат сè на сè неколку недели живот.

    Меѓу гостите се и двајца мажи што дотогаш ги нема сретнато – белгискиот детектив Херкул Поаро и Едвард Качпул, инспектор од Скотланд јард. Ниту еден од нив не знае зошто е повикан. Поаро се прашува дали леди Плејфорд очекува да се случи убиство, но не може да сфати зошто таква провокација кога се знае дека можниот убиец е меѓу присутните?

    Кога убиството навистина ќе се случи, и покрај сите обиди на Поаро да го спречи, ќе може ли славниот детектив да ја открие вистинската причина зошто леди Плејфорд ја направила драстичната промена во тестаментот? И, ќе може ли да го открие вистинскиот убиец?

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Никаде без ќерка ми

    Никаде без ќерка ми

    0

    Никаде без ќерка ми е автентична
    приказна за љубовта, за личната драма,
    за траумите и за понижувањата на една
    современа Американка.

    По неуспешниот брак, Бети се вљубува во штотуку
    дипломиран лекар – Иранец. Љубовната идила по две-три
    години завршува со брак, а по извесно време брачниот
    пар одлучува да го посети Иран, заедно со својата тригодишна ќерка. Иако Бети се плаши дека нема да се врати
    оттаму, сепак одлучува да го придружува својот сопруг. Патувањето се совпаѓа со периодот кога во Иран се
    случуваат крупни политички промени, односно, кога на власт доаѓа имамот Хомеини и кога Иран станува Исламска Република.

    Нејзините стравувања многу брзо стануваат реалност. Бети со својата ќерка станува заложник на мрачното семејство на нејзиниот сопруг.

    По низа драматични случувања, таа успева да избега од Техеран со својата ќерка и да дојде во САД.

     

    Никаде без ќерка ми е книга за бескрајната
    мајчинска љубов и за издржливоста, но и за
    муслиманскиот фанатизам, како и за судирот
    помеѓу западната култура и културата на
    исламските државни уредувања.

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • И на небо и на земја

    И на небо и на земја

    0

    И на небо и на земја првпат се појавува во 1962 година, две години по инаугурацијата на Петре М. Андреевски во македонската книжевна историографија.

    Како што сугерира и насловот на оваа стихозбирка, писателот нè внесува во својот свет на дуалности, каде што гравитациска сила е метафората.

    Зајмувајќи ги темните и светлите нишки на фолклорот, тој плете асоцијативни слики за македонскиот пејзаж и за луѓето, за патилата и болките на човекот во потрагата по лебот среде неизвесноста на природата. Но, пее и за радоста заради совладувањето на сушите, на поплавите и пожарите, со непатетичен тон и незанесено, што ги прави неговите песни подлабоки и посуштински.

    200,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Хари Потер и Каменот на мудроста (прв дел)

    Хари Потер и Каменот на мудроста (прв дел)

    0

    Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв, бр. 4, стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од училиштето Хогвортс за вештерство и волшебништво, и му вели дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.

    „Хари Потер и Каменот на мудроста“ е првиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Солунска 28, втор дел

    Солунска 28, втор дел

    0

    Во вториот дел од трилогијата, посветена на луѓето и на случувањата кои поминуваа низ дорќолската куќа на брегот на Дунав, д-р Карајлиќ по којзнае кој пат докажува дека поседува неисцрпна енергија со којашто успева да се избори со најголемите животни и уметнички предизвици. Раскажувајќи за сè она што ги снашло станарите на Солунска 28 во текот на германската окупација на Белград во Втората светска војна, д-р Карајлиќ еднакво нуди читачко уживање и на оние што го прочитале првиот дел од трилогијата, но и на оние што дури сега се придружуваат на армијата негови верни читатели. Продолжението на монументалната сага за една куќа, за еден град и за два света, уште еднаш потврдува дека нашата книжевност добила еден нов, поинаков и храбар глас во д-р Карајлиќ, со кој овој сестран уметник умее, а и има толку многу важно да ни каже.

    480,00 ден
    Додај во кошничка
  • Миа во Амстердам (Јас сум Миа #2)

    Миа во Амстердам (Јас сум Миа #2)

    0

    „Не одам.“

    „Како мислиш, не одиш?“

    „Така, не одам.“

    „Со купени карти! И спакувани куфери!“

    Па, што ако

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Хари Потер и и затвореникот од Азкабан

    Хари Потер и и затвореникот од Азкабан

    0

    Уште еден бурен летен распуст на Хари! Овој пат тој успеа да се замери со својата тетка и за малку да биде избркан од Хогвортс! За бељата да биде уште поголема, озлогласениот затвореник Сириус Блек е побегнат од волшебничкиот затвор Аскабан, а страшните дементори го чуваат Хогвортс од сите страни. На крајот, тука е и црното, огромно куче кое го следи Хари насекаде, и гримот, предзнакот на смртта, што се појавува во ливчињата чај на часовите по Претскажување. Мрачните сили никако да си заминат од Хогвортс!

    „Хари Потер и затвореникот од Аскабан“ е третиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.

    700,00 ден
    Додај во кошничка
  • Хари Потер и Одајата на тајните

    Хари Потер и Одајата на тајните

    0

    Летниот распуст на Хари беше во најмала рака катастрофален. Го прослави најлошиот роденден досега, не доби ниедно писмо од Рон и Хермиона, а му беше соопштено смртно предупредување од куќниот виленик, Доби – и конечно, беше спасен на спектакуларен начин од Дарслиеви со помош на летачки автомобил! Во Хогвортс, пак, проблемите продолжуваат: Хари слуша шепотења во ѕидовите што никој друг не може да ги чуе, и наеднаш, училиштето е полно со скаменети ученици и страшни натписи по ѕидовите! На повидок е уште едно соочување со мрачните сили!

    „Хари Потер и одајата на тајните“ е вториот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Куќата со жолта фасада

    Куќата со жолта фасада

    1

    Едно необично и неочекувано запознавање, целосно го менува животот на младата Ева и засекогаш ѝ го заробува срцето. Љубовта која се разви од тој магичен момент, е толку волшебна што ни самата не може да поверува. Среќниот и исполнет живот со Виктор, е многу повеќе од она што таа верува и очекува од еден маж. Нивната приказна е завиена во мистериозноста на неговото појавување во нејзиниот живот и настаните кои само ја зацврстуваат љубовта меѓу нив. Ева повеќе не може да го замисли животот без Виктор, сè до оној момент кога ќе мора да научи да живее без него.

    Приказна за силата на љубовта и силата на жената која останува да стои исправена пред предизвиците кои ѝ ги носи судбината и може да го поднесе секој товар, поради желбата за продолжување на животот.

    Билјана Мартиновска е родена на 8 август 1977 година во Струга. Книгата „Куќата со жолта фасада“ е нејзино второ авторско дело. Живее и твори во родниот град.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Девет

    Девет

    0

    Саво Николиќ, познат дизајнер, на деветгодишна возраст падна на глава и доживеа тежок потрес на мозокот со целосно губење на помнењето.

    Триесет години подоцна сплет од драматични случувања предизвикува помнењето постепено да почне да му се враќа, сè додека не наврши девет години, вторпат.

    Славимир Стојановиќ Футро е белградски дизајнер, визуелен уметник, креатор на лајфстајл-брендот Футро и автор на серијалот детски сликовници „Авантурите на Синги Лумба“. Неговите проекти во доменот на дизајнот имаат добиено повеќе од 300 меѓународни награди. Добитник е и на наградата за животно дело на Здружението за пазарна комуникација на Србија. Ова е негов прв роман.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Каде што шумата се среќава со ѕвездите

    Каде што шумата се среќава со ѕвездите

    0

    По губењето на мајката и борбата со ракот на дојка, Џоана Тил продолжува со истражување на птичјите живеалишта во Илиноис што ги почнала во текот на дипломските студии. Решителна во намерата да докаже дека неволите не ја скршиле, работи од утро до мрак. Нејзината осаменичка рутина е прекината кога пред вратата на нејзината колиба ќе се појави босоного дете, целото со модринки.

    Девојчето, кое се претставува како Урса, тврди дека е пратена од ѕвездите да посведочи за пет чуда. Џо, загрижена за детето, ù дозволува да остане со неа – барем додека не ја открие вистината за нејзиното минато.

    За да ја реши мистеријата со заскитаното девојче, Џо бара помош од својот повлечен сосед Габриел Неш. Оваа необична тројка ќе изгради цврста емоционална врска, но како што се ближи крајот на летото, сите нивни болни тајни излегуваат на површина, а нивните судбини се препуштени на ѕвездите.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кит на плажа

    Кит на плажа

    0

    Ника е духовита и љубопитна тинејџерка, дружељубива и популарна во новото училиште. Течно зборува француски и оди на курсеви по шпански и германски јазик, па оттаму на часови по пијано, мечување, вајарство и јога… и затоа никогаш нема време да ги покани дома своите нови соученици. Но причината за тоа е сосем поинаква. Кога еден ден ќе дојдат ненајавени, нејзините пријатели ја откриваат тајната што таа долго време успевала да ја крие од нив, тајна што ќе ги промени нивните животи…

    Кит на плажа е роман кој ги шири границите на нормалното и нѐ поттикнува да ги преиспитаме своите ставови за тоа што е нормален живот.

    „Животот е убав“, вели Игор, братчето на Ника. Кога сме сакани и прифатени, се чувствуваме добро, како китови што слободно пловат во големиот океан. Но што ако сме поинакви?

    340,00 ден
    Додај во кошничка
  • Пепелник во еден хотел во Скопје

    Пепелник во еден хотел во Скопје

    0

    Во „Пепелник во еден хотел во Скопје“ Жижек посегнува по утврдените мислења на современата наука, ги сопоставува со најактуелните настани и примери денес, а како резултат на тоа се кристализира едно специфично, остроумно и контроверзно множество ставови. Книгава е збирка во која тој подведува пет свои есеи под парадоксот што го доживеал при еден престој во Скопје, а како таква таа истовремено претставува и неизбежна обиколка околу прашањата за љубовта, сексот, психоанализата, идеологијата, филмот, книжевноста, како и политичкото минато, сегашност и иднина. Како сублимат на неговата мисла, „Пепелник во еден хотел во Скопје“ е неопходно четиво за критичкиот ум, крајпатен знак што води кон „пробивање“ на појавата и стигнување до срцевината на стварното.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Враќањето на Шерлок Холмс

    Враќањето на Шерлок Холмс

    0

    НАЈПОЗНАТИОТ ДЕТЕКТИВ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

    Еден и единствен, Шерлок Холмс сензационално се враќа од мртвите и повторно го посветува животот на испитување на криминалните сплетки во главниот град. Со повторно насобран ентузијазам, тој се нафрла на случаите што опфаќаат мистериозни шифрирани кодови, милионери што се прогонувани, демначи, киднапирања и средба со „најлошиот човек во Лондон“. Но старите „пријатели“ на Холмс внимателно го следат секој негов чекор. Го набљудуваат, чекаат, заговараат…

    Меѓу тринаесетте брилијантни приказни што вклучуваат мистерија, детекција и дедукција, Шерлок Холмс го истражува проблемот со „Градежникот од Норвуд“, ја дешифрира пораката на „Разиграните фигури“ и го решава случајот со „Шесте Наполеони“.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Не правете им сенка на гробовите

    Не правете им сенка на гробовите

    0

    Гнев, сладострастие, алчност, гордост, мрзливост, завист и ненаситност се седумте смртни гревови – страшните искушенија на човековата душа.

    Збирката „Не правете им сенка на гробовите“ од Дијана Петрова е обид да се натераат читателите да го забележат она што вообичаено им се искраднува од погледот. Преку отелотворувањето на седумте смртни гревови во тела и во дела, овие раскази длабоко допираат до нашите сетила и свест. Преку ликовите што се доведуваат на работ на лудилото се прикажува апсурдноста на постапките во животот и се поставува прашањето: дали тоа што смртта е неизбежна прави таа да биде нелогична?

    250,00 ден
    Прочитај повеќе