-
Љубовна Хипотеза
0500,00 денХИПОТЕЗА: Еден мал експеримент може да се претвори во катастрофа, или во светско откритие.
Олив Смит, докторантка на еден од најдобрите оддели за биологија, се сомнева во длабочината на денешните романтични врски. Но на својата најдобра другарка Ан, која толку многу верува во нив, мора да ѝ докаже дека е среќно вљубена. А научниците не веруваат во зборови, туку се потпираат на докази. Како што би постапил секој биолог, и Олив мора да бакне некого за да не биде разоткриена.
Тој некој, ни помалку ни повеќе, е Адам Карлсен, професорот познат како супер ѕвезда на катедрата, кој ѝ станува лажно момче. Но оваа хипотеза се разнишува за време на една научна конференција – Адам ја воодушевува Олив со понудената поддршка, а уште поголемо изненадување приредува со својата привлечност.
Одеднаш малиот експеримент станува лесно запалива материја што ги фрла во вода сите прецизно пресметани теории за љубовта. А Олив открива дека има нешто покомплицирано од хипотезата на љубовта – да си го ставиш срцето под микроскоп.
„Забавно, секси и остроумно! Али Хејзелвуд завршила одлична работа со ‘Љубовна хипотеза’.“
Мариана Запата, најпродавана авторка на „Њујорк тајмс“ -
Клучот за Ребека
0450,00 денБезмилосен шпион
1942 година. Целта на Алекс Волф е Каиро. По едно макотрпно пешачење низ Сахара, тој стигнува во градот со себе носејќи примерок на Ребека од Дафне ди Морие, еден смртоносен бодеж и траги на убиени лица зад себе. Познат како Сфинга во неговите кругови, Волф е нацистички шпион со брутална желба за успех по секоја цена.
Неуспешна воена кампања
Британската воена кампања во северна Африка станува едвај одржлива. Под водство на Ромел, Германците сè побрзо се приближуваат, а извештаите на Алекс Волф за движењата на британските трупи и нивните стратешки планови им даваат предност. Разузнавачкиот офицер Вилијам Вандам има задача да го фати Волф пред да бидат поразени Британците.
Смртоносна потера
Вандам бара помош од куртизаната Елени Фонтана, која се согласува да се обиде да го фати нацистичкиот шпион во замена за подобар живот во Палестина. Дали можат да го фатат овој извонредно лукав шпион пред тој да ги открие тајните на Каиро и да пропадне воената кампања?
-
Жената не е маж
0500,00 денЧовек мора да ја дочита приказната докрај за да ги дознае одговорите. Така е и со животот. Никој ништо не добил уште на самиот почеток.
Палестина, 1990 година. Седумнаесетгодишната Исра повеќе сака да чита отколку со сведнат поглед да ги служи просците што татко ѝ ги пречекува сакајќи да ја омажи. Брзо како насон, но многу различно од нејзините соништа, таа за една недела од мечтателка станува жена и заминува за Бруклин. Таму започнуваат маките на Исра, која се труди да ги исполни очекувањата на свекрвата и на сопругот Адам, со надеж дека ќе ја засакаат.
Бруклин, 2008. Осумнаесетгодишната Деја, најстарата ќерка на Исра, мора да се запознава со кандидатите за сопруг кои баба ѝ ги избира, иако нејзината желба е да студира. Деја се прашува дали ќе ѝ помогнеа нејзините родители ако не загинеа во сообраќајна несреќа. Меѓутоа баба ѝ е одлучна: единствената добра иднина за Деја е бракот со вистинскиот човек.
Но судбината си има свои патишта. Наскоро Деја ќе се соочи со болни вистини за семејството што долго биле криени од неа – за смртта на нејзините родители, за бегството на тетка ѝ, за неопходноста самата да одлучува за својата иднина.
„Жената не е маж“ е приказна за традицијата, честа, тајните и предавството, љубовта и насилството. Таа е интимен поглед во строгиот и затворен свет на арапската жена, универзална вистина за семејството и начинот на кој замолчувањето и срамот може да ги уништи кревките души што треба да бидат заштитени.
-
Детето на месечевата светлина
0500,00 денВознемирувачки и емотивен трилер што нема да ве остави мирни сè додека не откриете сè за вашите соседи.
Една студена јануарска ноќ Шерон излегува во дворот за да го гледа помрачувањето на месечината за кое сите зборуваат. Сакајќи да ја фотографира, го насочува мобилниот кон куќата на соседите. За нив знае само дека се презиваат Флеминг благодарение на поштенското сандаче.
Но таа ноќ забележува нешто чудно во нивната куќа – мало девојче кое мие садови поткачено на столче во кујната. Шерон знае дека соседите немаат дете на таа возраст. А дури и да имаат некое гостинче, зошто толку мало дете би миело чинии во единаесет часот навечер?
Кога ќерка ѝ Ејми ќе ја замоли привремено да ја вдоми Никита, осумнаесетгодишна девојка без родители, Шерон ја заборава таа случка. Но наскоро и Никита почнува да забележува сомнителни работи во соседната куќа. А кога социјалните служби не сакаат да се вмешаат во случајот, тие двете ги преземаат работите во свои раце.
-
Љубовни неврони
0500,00 денШто би направила Марија Кири ако…
Би Кенигсвасер живее според едноставен принцип: што би направила Марија Кири? Ако НАСА би ѝ понудила водечка улога во значаен невронаучен проект – што е буквално остварување на сонот – Марија би го прифатила без двоумење. Но мајката на модерната физика никогаш не морала да работи со Ливај Ворд.
Зашто Ливај, високиот и мрачен тип со продорен поглед, многу јасно ѝ дал до знаење на постдипломските студии – дека му е одбивна. Сега двајцата заколнати непријатели треба заедно да направат астронаутски шлем. Кога опремата ѝ доцни, новите колеги ја игнорираат и на секој чекор наидува на сопки, се случува невозможното – Ливај ги поддржува нејзините идеи и ѝ станува сојузник. А помислата дека навистина му се допаѓа – ги активира сите нејзини неврони.
Меѓутоа кога ќе мора да ја стави на коцка не само својата стручност туку и срцето, важно е само едно прашање: Што би направила Би Кенигсвасер?
„Али Хејзелвуд е совршена авторка која ни докажа дека науката може да биде и ептен секси, а љубовта може да се појави дури и на најнеочекувани места.“
Џоди Пико
-
На запад ништо ново
0300,00 денСекој војник останува жив благодарејќи на илјадници случајности.
И секој војник верува и му се препушта на случајот. Од школската клупа директно на бојното поле. Паул Бојмер на почетокот на Првата светска војна е регрутиран заедно со своите врсници во германската војска. Млади и полни со идеализам, тие стануваат силни војници. Но наспрема поривот што го тера да војува, Паул води уште една битка во себе – онаа против омразата што бесмислено ги тера луѓето да се борат во различни униформи, едни против други.
На запад ништо ново е најпопуларниот и најпреведуван воен роман на сите времиња. Не можеле да го замолчат ниту прогонството на Ремарк од татковината ниту горењето на неговите книги. Бил и останува сведок на разорните последици што војувањето ги носи врз личната и колективната болка и судбина.
Оваа книга е жестока осуда на ужасите на војната. Обид да престанат или барем да се ублажат нејзините трауми, повик да не се повтори никогаш. Надежна приказна што зрачи со љубов и грижа за човештвото.
-
Фатени во љубовна мрежа
0500,00 денЉубовта е секогаш повеќе од доволна
Фокс Тортон, ловецот на кралски ракови, живее во согласност со репутацијата што го следи од основно училиште – забава без обврски. Духовит, привлечен и навидум несериозен, женскиот заводник ги поминува викендите во блискиот град. Но кога во неговиот живот ќе се појави Хана Белинџер, принуден е да ги преиспита своите принципи.
Хана доаѓа на неколку дена во рибарското гратче со филмската екипа и се сместува во слободната спална соба на Фокс. Таа е имуна на неговиот шарм и се чини дека повеќе ужива во неговата личност. Бидејќи премногу му се допаѓа за да ризикува целосно да ја изгуби, тој го прифаќа понуденото пријателство. Но поминувајќи ги деновите со неодоливиот казанова од Вестпорт, Хана сфаќа дека се замаглува границата меѓу нивното другарство и флертот.
Дали ќе продолжат да се преправаат дека се само другари или ќе се осмелат да си ја признаат љубовта? Ќе успее ли Фокс да ги победи своите внатрешни демони и да ги оправда надежите на Хана? И двајцата треба да си одговорат многу прашања додека сè повеќе се заплеткуваат во љубовната мрежа.
„Теса те разоружува со смеа, искриво ја запалува атмосферата, а потоа ти влегува право во срцето. Нежност, ранливост и вжештени ситуации – ете зошто Теса Бејли ми е една од омилените автори на сите времиња.“
Сали Торн
-
ПОТЕКЛО Саша Станишиќ
0400,00 денВака стојат нештата: земјата во која сум се родил денес веќе ја нема. Додека постоеше, се сметав себеси за Југословен. Како и моите родители: татко ми – Србин, a мајка ми – од бошњачко муслиманско семејство. Бев дете на мултиетничка земја, плод и исповед на двајца луѓе што се сакале и кои југословенскиот melting pot ги ослободил од притисокот на различното потекло и религија.
ПОТЕКЛО е книга за моите потекла, за сеќавањата и откритијата. Книга за јазикот, работата на црно, штафетата на младоста и за многу, многу лета.
Во својот трет роман Саша Станишиќ раскажува како од родниот Вишеград патува за Хајделберг, па се враќа назад во босанските планини кај баба си. Топол, близок, духовит и живописен роман, кој ја плени германската публика. Вонсериско дело што ќе ве освои на прво, второ и на секое следно читање.
Германска книжевна награда за 2019 година!
„За разлика од други постјугословенски автори што ја создаваат својата книжевност во тесните, зададени рамки на идентитетскиот кафез, Станишиќ сам отвора рамки и дефинира идентитети.“ – Миљенко Јерговиќ
-
Сто љубовни сонети
0300,00 ден„…со многу понизност ги создадов овие сонети од дрво и им го дадов оној звук на непроѕирна и чиста супстанција“, пишува Неруда. Голотијата што ја избира авторот намерно ги одбегнува звучните и конструктивните рамки на класичниот сонет. Преку ова своеволно скршнување, зборот пулсира и се ослободува од сликите. Во „Сто љубовни сонети“, Неруда пее за Матилда Урутија. Овие стихови се дефиниција за љубовта што ја негувал кон својата жена. Но, љубовта на која овие сонети ù оддаваат чест не е само саканото тело на поетот туку и пристапен пат што ù овозможува на индивидуалната свест да се препознае во битието на светот.
-
Семејни тајни
0590,00 денДоколку исчезне твојата мајка, дали ќе пријавиш во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е твојот татко? Ова е дилемата со која се соочуваат четворицата возрасни браќа и сестри Делејни. Делејни се столб во својата заедница. На родителите, Стен и Џој, им завидуваат сите пријатели. Тие се „убијци“ на тенискиот терен, а надвор од него, нивната хемија е речиси опиплива. Но, по педесет години брак, тие конечно ја продаваат тениската академија и се подготвени да почнат да ги живеат златните години од нивните животи. Тогаш зошто Стен и Џој се чувствуваат толку мизерно? Нивните деца – Ејми, Логан, Трој и Брук – биле тениски ѕвезди во детството, но, според нивниот татко, никој од нив го немал она што е потребно за да оди докрај. Подоцна, откако ќе исчезне Џој, полицијата ја испрашува единствената личност која преостанува: Стен. Двајца од децата Делејни мислат дека татко им е невин, а двајца не се толку сигурни…
-
Изневерени тестаменти
0360,00 денМетафориcхната идеја за двеве полувремиња ми дојде уште порано, во текот на еден пријателски разговор, и не претендира на никаква науcхност, впроcхем, станува збор за едно банално елементарно, наивно, евидентно доживувањеч во врска со музиката и со романот, ние сите сме воспитувани во естетиката на второто полувреме.
-
Патеката на слоновите
0430,00 денРут е преубава млада девојка која живее во Лондон. Но, не само што е убава, таа ќе има среќа да се сретне и да се омажи со Џорџ Кери, баснословно богат земјопоседник кој наследил огромни имоти и луксузна куќа на островот Цејлон, далеку од родната Англија. Џорџ е средовечен маж, добродушен и згоден човек и син на Том Кери, познат земјопоседник во британската колонија кој ја има изградено огромната куќа од тиково дрво и ги поседувал огромните плантажи со кафе и чај. Куќата е изградена на долговековната патека на слоновите, кои во топлите и сушни денови поминувале од тука за да најдат свежа вода и храна. Таа патека за нив е од непроценливо значење. Во првите моменти Рут ужива во луксузните подароци од медениот месец во Франција, раскошот на куќата на Цејлон и егзотиката на овој прекрасен остров исполнет со природни убавини. Сепак, она што постојано ѝ недостига на Рут е вниманието на Џорџ, бидејќи тој сè помалку е во куќата. Но, Рут има постојана поддршка од Апухами, стариот слуга на Џорџ и од Вилдинг, привлечниот и вешт управител на плантажата за чај. Вилдинг сè почесто е во друштво на Рут и ја надоместува празнината од Џорџ, додека Апухами на мудар начин се обидува да го заштити својот господар Џорџ… Љубовта секогаш го пронаоѓа својот пат, иако понекогаш може подолго да трае. Исто како и слоновите што секогаш одат по својата патека, иако често таа е подолга од другите патеки и во таа намера никој и ништо не може да ги спречи. По романот е снимен познатиот холивудски филм „Патеката на слоновите“, во кој главната улога ја толкуваше мегапопуларната филмска дива Елизабет Тејлор. Извонредна историска љубовна приказна, филмувана и режирана според романот продаден во преку 50 милиони примероци
-
Лебарки
0500,00 денСѐ додека има болка, ќе има и живот.
Во еден сомнителен мотел во Бангкок е најдено телото на норвешкиот амбасадор во Тајланд, прободено со ритуален нож. Дали бил жртва на грабеж или се работи за убиство од политички причини? Обидувајќи се да избегне скандал, Осло го праќа мамурниот инспектор Хари Хуле на специјална задача. Набргу тој талка по бангкокшките улички помеѓу опиумските дувла, храмовите, рекламите за туристи, малолетниците што се проституираат и го-го баровите.
Сите кријат нешто и истрагата тапка во место. Кога Хари ќе дојде до една сомнителна снимка, работите уште повеќе се комплицираат. Можните сведоци ненадејно исчезнуваат и трагите не водат никаде. Но неуспехот во расветлување на убиството не е единствената казна што може да ги најде непретпазливите. Зад мрачните ѕидови на градот владее подземен свет на високи финансии, меѓународна шпионажа и педофилија.
Има ли некој комушто Хуле може да му верува во непознатиот град?
„Несбе цврсто управува со сложеното дејство и драмскиот развој на ликовите, но особената привлечност на овој роман е што Хари Хуле совршено се вклопува во живописната реалност на Бангкок и Тајланд, иако Несбе го префрлил во крајно ненорвешко опкружување.“
– Индипендент
-
Кралството
0600,00 денКога сѐ ќе изгубиш, веќе немаш од што да се плашиш.
Во едно мало норвешко село автомеханичарот Рој Опгард води осаменички живот сè додека не се случи она што никој не го очекува – враќањето на неговиот помлад брат. Карл доаѓа богат, со диплома во џебот, со мистериозната сопруга Шенон и со голем план за осиромашеното родно место – бизнис што сите го прифаќаат како можност за спас. И токму кога се чини дека минатото е заборавено, почнуваат да испливуваат мрачните тајни од нивното детство. Сѐ уште не се заборавени мистериозните несреќи во кои загинуваат нивните родители и селскиот полицаец, а сега нивниот број се зголемува…
Додека напнатоста расте и обрачот околу нив се стега, Рој се преиспитува до каде може да оди за да го заштити својот алчен брат. Дали по секоја цена да му остане верен на семејството или да им се препушти на страсните чувства кон Шенон?
„Кралството“ е моќен роман за мрачните семејни тајни каков што може да напише само врвниот криминалистички автор на норвешката и светската литература, Ју Несбе.
„Целата книжевна моќ на најпознатиот скандинавски писател на црниот роман е концентрирана во мрачната, насилна приказна за двајца браќа. Несбе со епски замав ја разурнува илузијата за едно семејство и за една мала, среќна планинска заедница.“
Киркус ривјус
-
Брачниот портрет
0490,00 денОд авторката на бестселерот на „Њујорк тајмс“ – романот „Хамнет“ – книга за волшебната млада војвотка Лукреција де Медичи.
Зима, 1561 година. Лукреција, војвотката на Ферара, е однесена на неочекувана посета на селската вила на нејзиниот сопруг Алфонсо. Додека вечераат во леденостудената сала, таа сфаќа дека Алфонсо има злобен план: да ја убие.
Лукреција имa 16 години и водела изолиран живот затворена во големата палата во Фиренца, чувана од војниците на татко ù и дамите на мајка ù. Меѓутоа, овде, во оваа оддалечена вила, таа е на милост и немилост на нејзиниот сè понепредвидлив сопруг.
Што ќе направи Лукреција со ова ненадејно сознание? Кои се нејзините шанси против Алфонсо, владетел на провинција и обучен војник? Како да го обезбеди својот опстанок?
„Брачен портрет“ е живописно потсетување на убавината и бруталноста на ренесансна Италија и на млада жена чија близина до моќта ја става во смртна опасност.
-
Невидливиот живот на Ади Лару
0560,00 денФранција, 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција за да може сама да господари со својата судбина. Во момент на очај таа се спогодува со ѓаволот, кој за возврат ù ветува слобода и вечна младост. Но, цената за тоа е висока; секого кого ќе го сретне, набргу ја заборава. И така младата жена почнува патување низ вековите што ја носи на различни места од европската историја, спознавајќи ја притоа тенката граница меѓу осаменоста и малодушноста. Ади Лару се обидува да остави трага во времето и просторот, во историјата на уметноста: таа е позната муза на старите мајстори, безимена убавица во песните на големите поети.
Триста години подоцна, Ади во една книжарница во Њујорк запознава момче кое ќе ја запамети…„Невидливиот живот на Ади Лару“ е историско-фантастичен роман, горко-слатка љубовна приказна, но и омаж на уметноста и уметничката инспирација. Со фаустовски заплет и промислувања за моралот и смислата на животот, овој роман ги надминува границите на жанрот фантастика и со надвременската убавина на класиците гарантира задоволство при читањето на секој што ќе посегне по него.