Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Крпач, Кројач, Војник, Шпион

    Крпач, Кројач, Војник, Шпион

    0

    Крпач, Кројач, Војник, Шпион (1974 година) е ремек-дело на Џон ле Каре и еден од најголемите шпионски романи во 20 век. Со ненадминлива атмосфера, длабочина на ликовите и морална двосмисленост, овој роман на Ле Каре постави нови стандарди во жанрот. Делумно инспириран од вистинскиот случај на Ким Филби – двоен агент што се пробил до врвовите на британската тајна служба додека тајно работел за Советскиот Сојуз – романот ја следи потрагата на Џорџ Смајли, ненаметлив и интелигентен шпион во пензија, кој има задача да го открие предавникот, кртот што инфилтрирал длабоко во редовите на британската тајна служба – Циркусот. Преку низа интервјуа, стари досиеја и болни сеќавања, Смајли ја реконструира приказната што води до четворица високи функционери – секој од нив потенцијален предавник. Во свет каде што ништо не е така како што изгледа, Ле Каре маестрално ни прикажува мрежа од измами, тајни и морални дилеми. Ова е интелигентен, напнат и суптилен роман за довербата, предавството и за цената на вистината – класик што го надминува жанрот и останува еднакво моќен и денес.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Вечно туѓа

    Вечно туѓа

    0

    Во еден мал град во Прованса, луѓето од памтивек раскажуваат за еден прастар погром и за едно скриено богатство. Стефан Хертманс ја заснова „Вечно туѓа“ на историски факти и го следи животот на една истакната христијанска благородничка што го напушта својот дотогашен живот поради љубовта кон едно еврејско момче.

    Во зората на крстоносните војни, 17-годишната Вигдис Аделаис, ќерка на полукултивиран Норман што живее во Руан, еден ден поминува покрај јешивата и го здогледува Давид Тодрос, син на главниот рабин од Нарбона. Иако нејзиниот татко го критикува поттикнувањето омраза кон Евреите, кога дознава за забранетата љубов, ја затвора Вигдис во манастир. По успешното бегство, Вигдис го зема името Хамутал и, иако се чини дека ќе најдат мир за себе и за своите деца во планините, Давид и Хамутал не се ни свесни за искушенијата и трагедиите што ги очекуваат.

    Брилијантна реконструкција на едно неверојатно патување од средновековна Европа до Египет и нераскажана приказна за заборавени документи и забранета љубов. Настаните, иако се случиле пред речиси илјада години, изгледаат неверојатно современи.

    Со извонредно насликаните ликови и атмосфера, како и со длабочината на своето историско разбирање, „Вечно туѓа“ е несомнено ремек-дело на авторот што веќе се прослави со „Војна и терпентин“.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Во понеделник ќе не сакаат

    Во понеделник ќе не сакаат

    0

    Во романот е раскажана судбината на една девојка од маварско потекло, ќерка на емигранти од Мароко, која поминува проблематични пубертетски години во строго контролирано и претежно муслиманско соседство во предградие близу Барселона за време на 1990-тите години.

    Постојаната присила да се покорува на закоравените религиозни правила и на машката доминација, типични за мало мароканско село од каде што доаѓа нејзиното семејство, се судираат со современото шпанско општество во кое живее Наима. Спротивставеноста на културите наспроти потребите и желбите на младата девојка се засилува по средбата и силното пријателство со уште една маварска девојка, која поседува смелост да живее на свој начин. Таа ја поттикнува Наима и самата да се впушти во потрага по сопствената индивидуална слобода.

    Нахат Ел Хачми ја води нарацијата непристрасно, прикажувајќи го лицемерието на „демократското“ општество во кое двете другарки ќе треба да се соочат со стереотипите создадени врз основа на полот, потеклото и социјалната класа и поради тоа да платат висока цена.

    „Во понеделник ќе нè сакаат“ во 2021 година ја добива наградата „Надал“, една од најпрестижните награди за книга напишана на шпански јазик.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Рок на траење

    Рок на траење

    0

    Од авторката на бестселерите на „Њујорк тајмс“, За пет години и Едно лето во Италија, пристигнува љубовна приказна што зборува за љубовта и животот на една цела генерација. Дафне Бел верува дека универзумот има план за неа. Секогаш кога ќе запознае маж, добива ливче хартија со неговото име и број – точното времетраење на нивната врска. Знаеше дека со Мартин во Париз ќе има три дена, пет недели со Ноа во Сан Франциско, три месеци со Хуго (нејзиното поранешно момче а сега најдобар пријател) … и уште многу други во текот на дваесет години. Потоа треба да има состанок на „невидено“ со Џејк – а на ливчето го пишува само неговото име. Нема број. Нема крај. Дали конечно е дојдено нејзиното „засекогаш“? Но како што се развива нивната приказна, Дафне почнува да се сомнева во судбината. Што ако молкот на ливчето не е ветување за среќа, туку предупре дување? Особено кога таа крие тајна што може да уништи сè. Раскажан со препознатливата топлина, духовитост и емоционална длабочина на Ребека Серл, Рок на траење е возбудлива, трогателна приказна за љубовта, изборот – и за тоа дали некои нешта се навистина создадени да траат.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сите сите песни паф

    Сите сите песни паф

    0

    Најголем дел од моите рани дела во стих се во манир на книжевна игра, со хумор и автоиронија. Во тие алатки најдов засолниште, начин да се приближам до поезијата без да ѝ пријдам директно  да ѝ се доближам со насмевка, со приказна, со закачка, со игра на зборови и со интертекстуални релации. Сметав дека така, можеби, ќе го надминам стравот: ако ѝ се насмееш на сериозноста, ако поиграш со тотемите, некои сенки ќе бидат оттргнати.
    Жарко Кујунџиски

    „Уникатен наслов за средба со поетското писмо на овој исклучителен писател и како заокружена целина ги разоткрива неговите поетски хоризонти, кои во постојани промени сведочат за неговиот лирски светоглед. Неговата поезија е гласот на тој светоглед, начин за поврзување на елементи на искуство од различни времиња и традиции кои откриваат комплексно дело во поетскиот јазик, поради што звучната димензија на неговите песни добиваат живот, сила и автентичност. Преку луцидна јазична разиграност и самосвесна поетска основа, Жарко Кујунџиски ги открива слоевите на воспоставените мислења и преживеаните конвенции, поради што неговата книга поезија не е само духовита и возбудлива туку и интелектуално провокативна.“
    Славе Ѓорѓо Димовски

    „Поезијата на Жарко Кујунџиски е жива и жарка, автентична и автоиронична, реална слика на егзистенцијата, критички настроена кон секојдневието, напати со хармсовски урнебесни каламбури, остра и остроумна – токму како што кажуваат почетните букви од неговото име. Тој твори искрено и интуитивно, како што и единствено може да се пишува поезија. И во историските и библиските и во темите од секојдневието, и кога пишува за дома, за род­ниот град и за светот, и кога зборува за малиот човек и ма­лите народи и за светското наследство со кое е на на ’ти‘, видливо е дека е ’киднапиран од Музите‘, дека е поклоник на ’тихата реч‘ што се излева од ’превојот на мислата‘.“
    Виолета Танчева-Златева

    „Како на луда железница, читателот се пробива меѓу младешките фасцинации, различните влијанија, стилови, поетики и теми околу кои Кујунџиски го гради јадрото на својот уникатен поетски универзум. Некогаш е минималист, некогаш наративен и екстензивен во изразот, но секогаш неговите зборови имаат прободувачка моќ или осветлуваат некои темни ќошиња на човековиот дух, во кои не секој се осмелува да погледне.  Читајќи ја ’Сите сите песни паф‘, лесно можеме да го замислиме поетот како трча бос во цик-цак стил низ градските улици и плоштади, вешто избегнувајќи ги куршумите на повторливоста и предвидливоста.“
    Иван Шопов

     „Инспирацијата на песните од оваа збирка на Жарко Кујунџиски извира од неограничениот простор на слободата која вообичаено (свесно или несвесно) се препознава во форма на игра, играта со звуци, зборови, стихови и слики – од митски до историски и религиски.  Поезијата на Жарко Кујунџиски е субверзивна по однос на владејачките конвенции на поезијата врамена во идеалот на сеопштата симболичност (метафоричност), длабоката сериозност, интимност и универзалност. Пред читателот е книга која заслужува внимание и побудува љубопитство и задоволство во читањето.“
    Катица Ќулавкова

     

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Остави го светот зад тебе

    Остави го светот зад тебе

    0

    Аманда и Клеј стигнуваат во еден далечен дел на Лонг Ајленд на одмор: вистинско одморање од животот во Њујорк, минување квалитетно време со нивните син и ќерка тинејџери и вкусување на добриот живот во луксузниот дом што го изнајмиле за претстојната недела. Но, доцна во ноќта, тропање на вратата ја крши магијата. Рут и Џ. Х. се повозрасна црна двојка – куќата е нивна и тие пристигнуваат во паника. Ја носат веста дека градот го снашло ненадејно затемнување. Но, во оваа рурална област – со телевизорот и интернетот исклучени, како и без мобилните телефони – тешко е да се знае во што да се верува.

    Дали Аманда и Клеј треба да му веруваат на овој пар – и обратно? Што ли се случило во Њујорк? Дали викендичката каде што се наоѓаат, изолирана од цивилизацијата, е навистина безбедно место за нивните семејства? И дали се тие безбедни едни од други?

    Напнат и провокативен, овој роман на Румаан Алам е во силен дослух со сложеноста на темите како што се родителството, расата и класата. Остави го светот зад себе истражува како нашите најблиски врски се преобликуваат – и се создаваат нови и неочекувани – во моменти на криза.

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Чиракот на архитектот

    Чиракот на архитектот

    0

    Заедно со необичниот дар за султанот во отоманската престолнина пристигнува и малиот Џахан кој го има само Чота мудар и редок бел слон. Како скротувач во царската менажерија тој се спријателува со султановата ќерка Михрима и се вљубува во неа. По игра на судбината момчето го запознава главниот царски архитект Синан кој го зема под своја закрила и заедно со слонот ги создаваат највеличествените градби во историјата. Но додека ги градат овие ремек-дела меѓу четворицата чираци на мајсторот се јавува завист а под површината се насетуваат опасни струи…

    Бајковит историски роман за уметничката слобода и креативност, за судирот меѓу науката и традицијата. Облеан со боите на Османлиското царство, кога Истанбул е плоден центар на една цивилизација, Чиракот на архитектот е магична приказна во која љубовта и верноста се во постојан судир со желбата за моќ.

    „Величествена слика на Истанбул во екот на подемот и моќта, град преполн со магија и интриги.“ Дејли тајмс

    „Мајсторски исткаен и раскошен роман, со шекспировски заплети и мистерии, судбини во кои се исполнуваат пророштвата.“Индипендент

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Се поради еден допир

    Се поради еден допир

    0

    Во Лондон сите се согласуваат дека Бајронови е „лудо, лошо и опасно да ги познаваш“. Лордот Џек Бајрон е соочен со „проб­лем“ што е скандалозен дури и за него самиот. Треба да се ожени со дваесет и петгодишна „стара мома“ од средниот слој бидејќи нејзиниот татко, богат трговец, го има во раце поради коцкарски долг.
    Прекрасниот маж и непоправлив женкар, лордот Џек Бајрон, мора да го исполни неговото барање и да се венча со Грејс, ама притоа треба да ја убеди дека тоа го прави од љубов. За влез на неговата ќерка во светот на лондонските аристократи таткото е подготвен да даде голем мираз и ветува простување на коцкарскиот долг…
    За среќа, Грејс не е ни грда, ни беспомошна госпоѓица. Кога првпат ќе се сретнат во една лондонска книжарница, Џек е запрепастен од нејзината сензуалност и затоа решава да ја одведе и во кревет и на венчавка. Постојано ја заведува со своите допири, љубовни предигри и секс, ама не претпоставува уште што сѐ ќе треба да стори и жртвува за да го освои и нејзиното срце.
    Трејси Ен Вoрен е современа американска писателка на историски љубовни романи. За своите романи добила бројни награди и признанија, меѓу кои и наградата РИТА. Живее во Мериленд, САД.

    „Дарбата на Трејси Ен Вoрен за создавање на многу секси, трогателни љубовни стории ќе ги воодушеви читателите.“
    – Romantic Times Book Reviews
    „Ги надминува повеќето класични и современи романси што сум ги прочитала. Заразна. Книгава не ја испуштив од рака.“
    − Џеклин Ц., Eclectic Book

    430,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Лејла

    Лејла

    0

    Од број 1 авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Колин Хувер – ни доаѓа роман што го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта.

    Кога Лидс ја запознава Лејла, уверен е дека со неа ќе го помине остатокот од животот – сè додека не доживуваат неочекуван напад што таа едвај го преживува. По неколку недели во болница, Лејла закрепнува телесно, но емоционалните и менталните лузни ја менуваат жената во која се вљубил Лидс. Сакајќи да ја спаси нивната врска, Лидс ја носи во пансионот во кој се запознале. Но, кога ќе стигнат таму, нивниот однос доживува чуден пресврт. А тоа е само една од многуте необјасниви појави. Чувствувајќи дека се оддалечува од Лејла, Лидс набрзо пронаоѓа утеха во Вилоу – уште една гостинка во пансионот со која го поврзуваат заеднички проблеми. Како што расте интересот на Лидс за Вилоу, неговата одлука да ù помогне да најде одговори го доведува во опасност здравјето на Лејла. Лидс набрзо сфаќа дека мора да избира меѓу Лејла и Вилоу, бидејќи не може да им помогне на двете. Но, доколку донесе погрешна одлука, тоа би можело да биде погубно за сите.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сета боја зад црнината

    Сета боја зад црнината

    0

    Уметниците живеат за да го пронајдат времето. Но него го нема. Времето е секавица!

    Што се крие зад темнината? Во каква боја уметникот Фјодор Вјаземски ја потопува четката за да го наслика животното платно?

    Во оваа книга се крие цел еден живот. Приказна раскажана на самиот заод на Фјодор, во мигот кога вообичаено се води последната битка со илузиите.

    Раскажан во прво лице еднина, овој роман е посветен на уметноста во време кога е осудена на прогон, кога се смета за „луксуз“ и не е сигурно дека ќе опстои дури и во музеите, тие ризници на спомените. Изложувајќи се на бесот на протестантите поради својот бунтовен новинарски напис во заштита на уметноста, Фјодор мора да го спасува голиот живот. Ги напушта родниот дом и мајка си и со тешко срце заминува за Париз, каде што успева да се вработи како библиотекар. Еден ден ненадејно налетува на својата младешка љубов Олга – средба што ќе го разбие монотоното секојдневие и ќе означи вистински пресврт во неговиот живот…

    „Чудесно е чувството кога ќе се наиде на дебитантско дело со високи уметнички вредности. Васја Мицковски напишал раскошен роман за љубовта и убавината, за нераскинливото пријателство со сите бои во природата и во животот. Златно камче во мозаикот на уметноста, единствената која може да го победи времето.“

    Виолета Танчева-Златева

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Штама

    Штама

    0

    # 6 ДЕТСКАТА КУЌА

    Убиена жена. Исчезнато дете. Татко што бара одмазда.

    Еден студен ден во Рејкјавик исчезнува бебе родено од сурогат мајка.

    Единаесет години подоцна девојче умира од морбили, а таткото сака да се пресмета со личноста што ја заразило. Хулдар и Фреја сега работат во иста полициска зграда. Фреја се обидува нивните лични односи да ги држи настрана од професионалните, колку тешко и да е тоа. Тогаш, во напуштен автомобил е пронајдено распарчено тело на една жена. Полицијата не може да ја пронајде нејзината глава. Додека работат на случајот, а наоколу владее штама, тајната околу аферата на Хулдар и Фреја е речиси пред разоткривање.

    Идентификувањето на телото на жената ги враќа назад во тајните на минатото и им отвора дотогаш неоткриени злосторства што поврзуваат три различни семејства. Ништо не е како што изгледа во овој комплициран случај!

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бело се пере на деведесет

    Бело се пере на деведесет

    0

    Бело се пере на деведесет е шокантен, духовит и инспиративен билдунгс-роман, што ја бележи животната приказна на нараторот, кој во прво лице раскажува за своето детство во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, па сè до неодреден ден во денешницата.

    Во нејзините живи спомени на детските денови има врволица од луѓе, роднини и пријатели и богат социјален живот, што повеќепати нескриено и со носталгија таа ги поврзува со животот во рамки на поранешната република, кога се организирале групни летувања, колективни зимски екскурзии и кога луѓето главно биле безгрижни.

    Но, покрај тоа што овој роман во основата е наратив за растењето, истовремено е и соочување со загубите и со болеста, и го доловува напорот за припитомување на стравот и на сето она што не сакаме да го видиме додека не се соочиме со него неминовно.

    Броња Жакељ (1969) е дипломирана новинарка по образование. Нејзината радост заради пишувањето останува некаде меѓу страниците на списанијата и во редакциите на дневните весници, па својот прв професионален ангажман ù е во секторот маркетинг, а денес работи во секторот банкарство. Со оглед на тоа што во финансиите нема многу креативност, а нејзината љубов кон пишувањето никогаш не ја напушти целосно, одлучува да го напише својот прв роман, Бело се пере на деведесет (2018), за кој ја добива престижната книжевна награда „Кресник“ за 2018 година

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тивкиот Американец

    Тивкиот Американец

    0

    Никогаш не сум познавал човек кој имал подобри мотиви за сите проблеми што ги предизвикал, забележува нараторот Фаулер за Олден Пајл, т.н. тивок Американец и можеби најконтроверзниот лик во делата на Греам Грин. Пајл е млад идеалист, испратен од Вашингтон на тајна мисија во Сајгон, во време кога француската армија се соочува со герилците од Виет Мин. Но неговите добронамерни политики водат до крвопролевање. Фаулер, искусен и циничен британски новинар, се потешко останува само набљудувач. Сепак, и неговите мотиви се сомнителни – за полицијата, но и за него самиот – бидејќи Пајл му ја презема прекрасната љубовница – Виетнамката Фуонг. Првпат објавен во 1956 година и двапати екранизиран, Тивкиот Американец останува вознемирувачки и пророчки портрет на наивноста на дело и е моќна и провокативна приказна за љубовта и моралот во Виетнам.

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Куклата

    Куклата

    0

    #5 ДЕТСКАТА КУЌА

    Требаше да биде тивко семејно патување со риболов, можност за мајката и ќерката да разговараат,но тоа засекогаш ги менуванивните животи!

    Не уловуваат ништо освен една скршена кукла што се заплеткува во мрежата. По години минати во океанот, куклата изгледа застршувачки и првичниот инстинкт на мајката е да ја фрли назад.Попушта откако ќерка ѝ инсистира да ја задржат. Истата вечер, мајката објавува фотографија од куклата на социјалните мрежи. До следното утро, таа е мртва, а куклата е исчезната.

    Неколку години подоцна, Хулдар е на своетонајомразено место – брод во разбранувани води, барајќи човечки остатоци. Меѓутоа, идентификувањето на скелетот што ќе го пронајдат се покажува потешко отколку што првично мислеле и Хулдар мора да го повика искуството на Фреја. Како што се продлабочува мистеријата, Хулдар е вовлечен во истрага на убиство на бездомен зависник од дрога, а Фреја истражува можен случај на сексуална злоупотреба во дом за сираци.

    Наскоро станува очигледно дека овие случаи се поврзани преку еден исчезнат сведок: девојчето што ја посака куклата пред сите тие години.

    Напната, застрашувачка и невозможна да се остави, „Куклата“ ја цементира репутацијата на Ирса Сигурдардотир како маестро на раскажувачка тензија и изненадување.

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Лажливиот живот на возрасните

    Лажливиот живот на возрасните

    0

    Уште една неаполска приказна за преминот од детството во светот на возрасните

    Убавото лице на 13-годишната Џована почнува да се менува и да огрдува и таа сè повеќе заличува на тетка ѝ. Барем така мисли нејзиниот татко. Но дали таа ги гледа работите такви какви што навистина се? Дали се претвора во Викторија, жена која одвај ја познава, a која нејзините родители очигледно ја презираат? Во кое огледало би требало да се погледне за да се најде себеси и да успее да се засака и да се спаси?

    Џована го бара својот одраз во двете линии на нејзиното семејство, во двете крајности на сопствената личност. Растргната меѓу двата спротивни краја на родниот Неапол, меѓу височината и приземноста, префинетоста и вулгарноста, таа се впушта во една мачна потрага по вистината. Проникнувањето во долгогодишните семејни тајни ќе ѝ го открие нејзиното вистинско лице.

    Новиот роман на славната Елена Феранте е уште еден доказ за нејзиното ненадминато мајсторство да ги извлече читателите од реалноста и да ги пресели во својот совршено изграден книжевен свет.

    „Феранте толку умешно нè вовлекува во тинејџерскиот ум што сето она што изгледа неразумно – променливи расположенија, љубомора, страв, солзи и бес, ни се чини сосем нормално.“

    Тајмс, Велика Британија

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Писма од стоикот

    Писма од стоикот

    0

    Најсреќен е оној човек кому среќата не му е потребна, а најсилен и најмоќен е оној што владее со самиот себе.

    Најдобриот тест за вредноста на едно дело е времето. А за оваа книга – тоа и не постои. Мудростите, советите и одговорите на животните ситуации кои се распослани низ писмата на Сенека до Лукилиј не изгубиле ништо од својата актуелност.

    Спој на филозофската мудрост и животното искуство, размислувања за човечката природа, моќта, судбината и моралот, Сенека уште пред две илјади години ни го покажа патот до спокоен и среќен живот.

    Сè уште современ и инспиративен, Сенека нè потсетува дека вистинската мудрост не се мери со богатство или моќ, туку со способноста да се живее разумно, храбро и чесно.

    Вистинската слобода започнува со оваа книга. Од мигот кога човек ќе успее да живее стоички во свет полн со неизвесности и опасности, со дух што владее над самиот себеси.

    300,00 ден
    Додај во кошничка