-
-37%
Куќната помошничка (The Housemaid #1)
3Original price was: 550,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Мили Каловеј живее во својот автомобил и очајно бара пристојна работа. Затоа, веднаш ја прифаќа понудата за куќна помошничка во богатото семејство Винчестер, занемарувајќи ги ситните проблеми што доаѓаат со позицијата.
Се вселува во таванското сопче на прекрасната куќа, каде што има сопствен кревет и покрив над глава – но зошто вратата се заклучува само однадвор? Зошто Нина Винчестер постојано прави неред и ги меша работите и датумите? Зошто градинарот ја предупредува дека ја демне опасност, но не сака да и каже ништо поконкретно?
За жал, Мили нема скршена пара и нема свој дом, па не може да си дозволи да даде отказ.
Освен тоа, со се поголемата привлечност што ја чувствува кон Ендру, сопругот на Нина, не е сосем сигурна дека сака да го направи тоа.Сепак, наскоро ќе дознае дека ситуацијата во домот на Винчестерови не е воопшто таква каква што изгледа на прв поглед.
-
-44%
Надвор од контрола (амок)
1Original price was: 590,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Себастијан Фицек, германскиот крал на трилерот, загосподарува со етерот со својот нов потресен и застрашувачки трилер.
„Добро утро, Берлин. Точно е 7:35 часот наутро, а вие го слушате вашиот најголем кошмар.“
Ира Самин, реномиран криминален психолог, планира денес да умре. Не може повеќе да ја поднесе болката по смртта на нејзината ќерка. И има испланирано сè до најситниот детаљ. Ќе умре како што таа сака, со пијалак в рака, за да му наздрави на заборавот.
Но судбината има други планови. Еден психопат упаѓа во најпознатата радиостаница и ги држи вработените како заложници. Планира на секој час да избира нечиј број од именикот и да телефонира. Доколку личноста одговори на повикот изговарајќи го точниот слоган, киднаперот ќе пушта по еден заложник – во спротивно, ќе го убие. Тогаш полицијата ја замолува Ира да преговара со него.
Мажот има само едно барање: ќе престане со својата изопачена игра кога ќе му ја донесат свршеницата. Но таа е мртва со месеци…
-
-34%
Умри за мене
2Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Кетрин Кол била убедена дека нејзиниот свршеник е совршениот маж сѐ додека не дознала дека всушност е совршениот убиец. Тој ги оставал жртвите прободени низ срцето, со една црвена роза во рацете како негов заштитен знак и го нарекле убиецот Валентин.
Пред три години, тој исчезнал. А сега е вратен. И ја гони онаа која му побегнала.
Во Њу Орлеанс, Кетрин за првпат по долго време се осмелува да се надева дека конечно е безбедна, но тој сепак некако ја наоѓа. Па овој пат нема намера тивко да седи и да чека; ќе даде сѐ од себе да го запре монструмот кој порано го сакала, па дури и ќе му верува на еден полицаец кој ѝ ветува дека ќе се погрижи таа да е безбедна. Детективот Дејн Блек никогаш не дозволува емоциите да му се мешаат во работата, дури ни кога убиецот Валентин се појавува во Њу Орлеанс да го демне својот плен. Но кога се согласува да ја штити поранешната свршеница на убиецот, не може да ја игнорира страста помеѓу нив. По една незаборавна ноќ која ги поврзува во душа и тело, Дејн сфаќа дека нема да се смири сѐ додека Кетрин не е безбедна во неговите раце, а убиецот Валентин мртов.
-
-45%
Мило мое дете
3Original price was: 490,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Во тмурна колиба без прозорци некаде во шумата, животот на Лена и на нејзините две деца следи строго дефинирани правила, кои ги поставува човекот којшто ги држи заробени – таткото: кога се јаде, кога се оди во тоалет, кога се учи… и сето тоа под неговото будно око. Тој го штити своето семејство од опасностите кои демнат во надворешниот свет и води сметка неговите деца секогаш да имаат мајка која ќе се грижи за нив.
Еден ден, Лена успева да побегне – но кошмарот продолжува. Се чини дека тиранинот сака да си го врати она што смета дека му припаѓа… Плус, под знак прашалник е дали таа навистина е жената по име „Лена“, мајка на двете деца, која исчезнала без трага пред 14 години. Полицијата и семејството на Лена очајно се обидуваат да ја состават сложувалката, чии делчиња од некоја причина не можат да се спојат во една целина.
Морничав и адреналински трилер во стилот на „Соба“ и „Ејми ја нема“ – од една од најпопуларните германски авторки.
-
-45%
Од жарјето
4Original price was: 420,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Чудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример:
– Оглушувачкиот звук на експлодирање на куќата.
– Парализирачкиот страв додека ја барав мојата сопруга.
– Заслепувачкиот чад кој ми ги гореше очите додека ја изнесував на раце.
Но она што ќе остане најсилно врежано во мојата душа до крајот на мојот живот ќе биде потресниот момент кога сфатив дека жената во моите раце всушност не е мојата сопруга.Јас и Бри бевме единствените преживеани во фаталната несреќа – иако ни на двајцата не ни се ни живееше веќе по таа ноќ. Како самохран татко на кој штотуку му изгоре домот и сѐ што поседував, немав друг избор, па ја прифатив нејзината великодушна понуда привремено да се вселам во нивната гостинска куќарка. И некако, низ болката и тагата, оформивме еден невообичаен тим. Беа потребни години, но гледав како постепено ѝ се враќа насмевката на лицето – бавно и прекрасно. Навечер седевме и разговаравме со часови, празни муабети, но пополнуваа огромна дупка во моите гради.
Иако јас ја изнесов неа од пожарот, вистината е дека Бри ме спаси мене. Нашата љубов се роди од жарјето, но којзнае дали можевме да ја преживееме и експлозијата од тајни и лаги од минатото.
-
Приказна на една мајка
4390,00 денЖивотот на Џесика тече подобро од сите нејзини очекувања и замисли. Таа си ја добива свадбата од соништата, го има совршениот маж, адвокатот Метју, и заедно купуваат прекрасна, скапа куќа во преубава населба. Најдоброто од сè е тоа што по само неколку месеци, чекаат дете.
Додека ја уредуваат детската соба и купуваат бебешки работи, таа упорно ја чека радоста што треба да ја донесе мајчинството. Но искуството на Џесика е далеку од радосно и убаво. Зошто не ја трансформираат мајчински чувства? Каде е сè што треба да дојде – каде е таа инстантна љубов што треба да ја чувствува за нејзиното дете?
Никој ја нема предупредено дека да бидеш мајка може да биде страшно и извор на нездрава осаменост. Никој ѝ нема кажано дека не сите жени ги сакаат своите бебиња. Можеби е најдобро Џесика сега засега да си ја чува оваа тајна за себе…
-
Плачот на срната
0350,00 денТој е повлечен, талентиран сликар кој сè уште не е закрепнат од исчезнувањето на неговата блиска пријателка – која најверојатно е жртва на сериски киднапер во нивното мало гратче. Таа е црвенокоса убавица со проблематично семејство; живее единствено за својот мачор, музиката и книгите. Нивните меланхолични души се поврзуваат на еден необичен начин – чуден сон, префинето претставен на платно. Немаат никој друг близок во своите животи, но сето тоа се менува кога почнуваат подобро да се запознаваат, спријателуваат и вљубуваат…
Но и покрај прекрасните чувства кои горат помеѓу нив, не можат да останат имуни на мистериозниот случај со исчезнатите девојки во нивното мало гратче, па наскоро се впуштаат во опасна истрага. Заплеткани во едно клопче од пресврти, многу емоции и возбудливи настани, средношколците се обидуваат да не потклекнат пред бурата што постепено се создава пред нивните очи.
„Плачот на срната“ е дебитантско дело кое изобилува со богати метафори, речиси допирливи емоции и раскошни детали. Делумно мистерија, делумно љубовна приказна во која ќе уживате до последната страница.
-
Сопругата на детективот
5350,00 ден1994 година: Лидија е млада девојка од фино семејство, кога го запознава малку постариот детектив Димитар и веднаш се вљубува во него. Не може да поверува колку е привлечен, колку е културен, колку е мажествен, а таа од друга страна, млада, наивна, неискусна. Кога тој покажува интерес за неа, просто не може да си поверува на среќата.
Но дали е сè така како што изгледа?
2014 година: Лидија е во затвор, а Димитар е мртов. Никој не знае што точно се случило. Таа на суд сведочи дека со години била жртва на семејно насилство и тврди дека била принудена да го убие сопругот во самоодбрана, но никој не ѝ верува.
А можеби и не треба…
Семејна драма со голема доза на мистерија во која се испреплетуваат приказните на неколку затворенички, во стилот на легендарниот мјузикал Чикаго, и ве тераат да ги вртите страниците сè додека не дознаете како завршува секоја една од нив.
-
-36%
Врати ме назад
6Original price was: 420,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Фин и Лејла се млади, заљубени, и на одмор. Тие возат по автопат кога Фин одлучува да застане на одмориште покрај патот за да отиде до тоалет. Тој излегува од колата, ја заклучува и влегува во тоалетот. Но кога се враќа, Лејла ја нема – и никој никогаш веќе не ја гледа. Тоа е приказната што Фин им ја кажува на полицајците. Но тоа не е целата приказна…
Десет години подоцна, Фин е свршен со сестрата на Лејла – Елен. Заедничката болка и тага за она што се случило со Лејла ги зближила и тие планираат да останат заедно. Но, кај Елен има нешто што Фин никогаш не успева целосно да го разбере. Неговото срце сака да верува дека таа е вистинската за него… иако некое шесто сетило му вели да не ѝ верува.
И тогаш, непосредно пред неговата венчавка со Елен, Фин добива телефонски повик. Некој од неговото минато ја видел Лејла. А се случуваат и некои чудни работи: во куќата на Фин и Елен одеднаш почнуваат да се појавуваат одамна изгубени предмети од минатото на Лејла. Почнуваат да стигнуваат мејлови од непознати луѓе кои од некаде знаат премногу. Тајни пораки, траги, предупредувања. Ако Лејла е жива – и ако таа е онаа што го прогонува Фин – што сака таа? И колку знае?
„Врати ме назад“ ќе ве тера да се сомневате во сè и секого до последната страница.
-
Девојката од писмото
6450,00 денСрцепарателно писмо. Заклучена девојка. Нерешена мистерија.
1956 година: Кога Ајви Џенкинс останува трудна, нејзиното посрамотено семејство ја испраќа во католичкиот манастир Света Маргарита – мрачна, страшна куќа за немажени мајки. Потоа го даваат нејзиното бебе на посвојување против нејзина волја. Иако Ајви треба да излезе оттаму за две до три години, таа никогаш нема да го напушти местото.
Сегашност: Саманта Харпер е новинарка очајна за малку одмор. Кога случајно налетува на писмо од минатото, истото ја шокира и трогнува. Писмото е од млада мајка која моли да ја спасат од Света Маргарита. Пред да биде предоцна.
Сем се навлекува на трагичната приказна и открива многу смртни случаи околу жената и нејзиното дете. Кога дознава дека планираат да ја рушат Света Маргарита, ѝ остануваат неколку дена да ја реши шеесетгодишната мистерија пред вистината да биде изгубена засекогаш. А тоа патем е вистина што никогаш не би можела ни да си ја замисли…
-
Најмрачното изгрејсонце
4390,00 денШарлот Милс е млада докторка воркохоличарка која веќе десет години се дави во темнината што го консумира нејзиниот живот. Десет години, од моментот кога нејзиното шестмесечно синче го киднапираат во парк додека таа се обидува да му го спаси животот на туѓо дете. Шарлот не живее, таа само механички тера ден за ден, работи од утро до мрак, крева раце од секаков приватен живот, не може да поднесе да биде во близина на деца и одбива да се откаже од надежта дека некогаш можеби ќе го пронајде својот син.
Два збора – толку требаше да се изгасне сонцето од моето небо. „Го нема“. Десет години ме консумираше мрак.
На крајот, пет едноставни, длабоки збора беа она што ми даде надеж за ново изгрејсонце. „Здраво. Јас сум Портер Рис“.
Кога го запознава Портер Рис, Шарлот за првпат по десет години добива волја за живот. Но и Портер има своја приказна, своја трагедија и своја темнина… Прашањето е дали тој ќе ѝ помогне конечно да тргне кон светлината или неговата темнина најпосле ќе ги проголта двајцата?
Најмрачното изгрејсонце е прв дел од дуетот The darkest sunrise, а вториот дел, Најсветлото зајдисонце, е веќе во подготовка.
-
-53%
Верити
14Original price was: 420,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Ловен е авторка на раб на финансиска катастрофа кога прифаќа една од оние понуди што доаѓаат еднаш во животот. Џереми Крафорд, сопруг на легендарната авторка Верити Крафорд, ја ангажира Ловен да ги доврши останатите книги во успешен серијал кој неговата сериозно повредена сопруга не може да го заврши.
Ловен пристигнува во нивниот дом каде што треба да ги разгледа и истражи сите забелешки и осмислени концепти во канцеларијата на Верити, надевајќи се дека ќе најде доволно материјали за да почне со пишување. Но она што Ловен не го очекува е пронаоѓањето на недовршена автобиографија во хаотичната канцеларија, што Верити немала намера никој да ја прочита. Таа автобиографија е полна со грозоморни признанија, а едно од тие признанија е и приказната што навистина се случило дента кога умрела ќерка ѝ.
Ловен одлучува да не му ја покаже автобиографијата на Џереми затоа што знае дека сето она што го пишува внатре ќе го уништи веќе ужалениот татко. Но кога нејзините чувства за Џереми почнуваат да се засилуваат, таа сфаќа дека може да ѝ оди во прилог ако тој ги прочита зборовите на жена му. На крајот на краиштата, без разлика колку е посветен на повредената сопруга, ниеден маж не би можел да продолжи да сака жена по една толку ужасна вистина.
-
Желки до бесконечност
8390,00 денШеснаесетгодишната Аза нема желба и намера да изигрува детектив и да разоткрива мистерија за милијардер во бегство, но сепак има награда од сто илјади долари во игра и нејзината најдобра и најбестрашна пријателка, Дејзи, е желна за истражување. Па така заедно решаваат да пробаат да му се доближат на синот на исчезнатиот милијардер Расел Пикет, Дејвид, кого Аза го знае од мала бидејќи заедно посетувале летен камп. И во кого патем била малку зацапана на времето… а можеби и уште е.
Аза се труди. Таа се труди да биде добра ќерка, добра пријателка, добра ученичка, а можеби и добра детективка, но сето тоа ѝ го отежнува спиралата на нејзините хипохондрични мисли која сè повеќе се затега околу неа. Сака да може да мисли на љубов и забава како и секоја друга нормална тинејџерка, но таа знае дека не е сосема нормална.
Ова е приказна за пријателството, семејството, љубовта и тежината на нашите сопствени мисли – и ова дефинитивно е најдлабоката книга на Грин досега.
„Скршено му е срцето“, реков.
„Да, па, зарем не ни е на сите?“
-
-36%
Тајната колиба на плажата
6Original price was: 420,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Историска драма за Втора Светска Војна, сага за недозволена љубов, убиство и одамна загубена слика…
Летото во 1942 година, дваесет и едногодишната Ен Келовеј, неодамна свршена, одлучува да ја напушти својата земја за да служи во Армијата на медицинските сестри на Пацифичкиот остров Бора-Бора. Ова за неа претставува нешто сосема ново и возбудливо, сосема спротивно од она на кое е научена и навикната со нејзиниот мирен и предвидлив свршеник, па нејзиното внимание веднаш го привлекува мистериозниот војник по име Вестри. Нивното пријателство на прекрасно опишаниот остров наскоро почнува да цути како што хибискусот цути покрај океанот. Но покрај океанот има и нешто друго… Мала напуштена колиба на одамна починат сликар, непозната за останатите војници, па Ен и Вестри се состануваат под малиот речиси распаднат кров каде делат еден свој приватен свет. Но нивниот мал идеален свет во колибата се распаѓа кога стануваат сведоци на грозоморно убиство во близина на колибата. Брзо по убиството, Вестри одеднаш го преместуваат на друга воена локација и целата убавина исчезнува во ветриштата на војната.
Ен Келовеј, сега старица, ја раскажува оваа приказна обидувајќи се да открие нешто повеќе во врска со љубовта која трае повеќе од седумдесет години…
-
Совршената замена
10440,00 денЖЕНАТА ПРЕТХОДНО…
Ванеса и Ричард биле во брак седум години – сè додека не ја оставил за друга жена, некоја помлада и попосакувана. И таа сега ги поминува деновите навраќајќи се на болни спомени и обидувајќи се да сфати кога работите меѓу нив тргнале во толку лош правец. Но се разбира дека ни таа не е апсолутно невина во сето тоа – таа никогаш не била жената за која ја сметал Ричард.ЖЕНАТА ОТПОСЛЕ…
Нели е свршена за човекот од нејзините соништа. Ричард е грижлив, харизматичен и успешен, но најважно од сè, ѝ ја дава безбедноста по која секогаш копнеела. Но како што нивната свадба наближува, таа сè повеќе има чувство дека некој ја следи и набљудува.СОВРШЕНАТА ЗАМЕНА…
Никој не ја знае вистината за тоа што точно се случува во еден брак, дури ни за оние кои од страна личат на среќни бракови. Но Ванеса е сигурна во едно: ќе направи сè што треба за да ја запре свадбата на Ричард пред да биде предоцна. Таа нема да дозволи нејзината совршена замена да му стане нова сопруга. -
Еленор Олифант е океј
7400,00 денЗапознајте ја Еленор Олифант. Таа е девојка со тајни со кои не може да се соочи цел живот. Таа си има проблем со социјалните вештини и има обичај да го кажува баш тоа што го мисли. Таа се убедува себеси дека ништо не недостига во нејзиното внимателно испланирано време каде што викендите се посветени на замрзната пица, вотка и телефонски разговори со Мама. Сево ова значи дека Еленор е станата роб на навиките, а и малку осамена.
Но сè се менува кога Еленор го запознава Рејмонд, пелтечавиот и несреден тип од ИТ во фирмата каде што таа работи. Кога таа и Рејмонд заедно го спасуваат Семи, еден постар човек кој доживува незгода на улица, тројцата стануваа еден вид на пријатели кои меѓусебно се спасуваат од изолацијата во која живеат.
Низ низа горко слатки и траги комични моменти, големото срце на Рејмонд ќе ѝ помогне на Еленор да најде начин да го поправи нејзиното крајно оштетено срце. А ако таа конечно успее да се соочи со тајните што ги крие, можеби ќе успее да најде и пријателство, па можеби дури и љубов.
