-
Идентитет
0250,00 денИдентитет е еден од поновите романи на Кундера. Објавен е во 1997 година на француски јазик.
Делото претставува интересна анализа на еден пар, при што се занимава со идентитетот на мажот и жената воопшто, односно со прашањето колку и дали е неговата промена во одредени услови можна.
Секој следен пасус во овој кус роман открива нови стојалишта, аспекти, вистини околу идентитетот.
Дали можеме самите да го смениме својот идентитет? Дали промената на околностите во животот го менува нашиот идентитет на сопрузи, родители, љубовници…
-
Жак и неговиот господар : почест на Дени Дидро во три чина
0200,00 денВо 1971 година Кундера пишува драмски текст во којшто се раскажуваат авантурите на еден благородник и на неговиот слуга Жак. Поднасловот на текстот укажува дека драмата е почест на големиот Дени Дидро, особено на неговото дело Фаталистот Жак.
Оваа драма е многу успешна варијација на основните теми од тој роман и продлабочување на парадоксите на Дидро низ призмата на еден ироничен скептик од XX век.
-
Празникот на безначајноста
0200,00 денДа се фрли светлина врз најсериозните проблеми и, истовремено, да не се изусти ниту една сериозна реченица, да се биде фасциниран од реалноста на современиот свет и, истовремено, да се избегне целиот реализам – тоа е идејата, стожерот, срцевината на Празникот на безначајноста, последниот роман на Милан Кундера.
-
Бавност
0200,00 денОва е „најлесниот“ роман на Милан Кундера, своевиден дивертименто, неговата комична опера. Воедно, Бавност е и првиот негов роман напишан на француски јазик.
Истовремено резигниран и маѓепсан, читателот го следи раскажувачот на Бавност низ една летна ноќ во која две приказни на заведување, одделени меѓу себе со повеќе од двесте години, се преплетуваат и осцилираат помеѓу возвишеното и приземното, комичното. Во основата на оваа навидум слободарска фантазија се крие длабоко промислување на современиот живот, се разгледува и се анализира тајната врска помеѓу бавноста и сеќавањето, се фрла светлина на поврзаноста помеѓу желбата на нашата доба за заборав и начинот на кој му се предаваме на демонот на брзината…
Бавност е и приказна за „танчарите“ опседнати од страста да бидат видени, за кои животот не е ништо повеќе од постојана претстава испразнета од секаква интимност и каква било радост.
-
Бесмртност
0420,00 ден„Смртта и бесмртноста создаваат неразделна двојка… поубава од Ромео и Јулија или од Лорел и Харди…“ „Бесмртноста подразбира вечно судење.“
Тоа го вели Кундера во Бесмртност, каде што и самиот се јавува како лик. Бесмртноста, или претставата за неа, е присутна низ целата приказна, почнувајќи од интерференцијата на Гете и Хемингвеј како ликови, преку односите на другите, фиктивните ликови, па сè до инспирацијата што произлегува од еден единствен специфичен гест.
Кундера и во ова дело го користи нему својствениот и мошне типичен психолошки реализам, а низ Бесмртност како стожерни провејуваат две главни теми: врската меѓу човекот и неговата слика и она што Кундера го именува како хомо сентименталис.