Филтер по цена
Жанр
  • Проклета авлија

    Проклета авлија

    0

    Приказната е сместена во XIX век, во дворот, „авлијата“, на еден затвор во Цариград, познат по своите тешки правила и услови.

    Фра Петар е црковно лице од Босна кое е во затвор поради неправедна пресуда. Чекајќи да биде ослободен, тој се сретнува со најразлични затвореници, а секој носи инаква трагична судбина.
    Фра Петар ги става случувањата од затворскиот живот како во рамка, навлегувајќи во низа поединечни судбини на луѓето што таму ги сретнува, а преку чии животни приказни се запознаваме со многу нијанси од општествениот живот, како во тековниот миг така и од поблиското и подалечното минато на Цариград и на Отоманското Царство воопшто. При тоа се осветлува апсурдноста што произлегува од бездушноста и неукоста на администрацијата на една империја во својот залез, чии жртви често се и невините.

    Начинот на структурирање е приказна во приказна, а делото претставува мајсторски урамнотежена целина. Андриќ умешно го користи затворот како метафора за опсесијата и животот на обичниот човек, кој има непредвидлив тек кога се наоѓа под авторитарна власт.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Америка-Кафка

    Америка-Кафка

    0

    Првиот и веројатно најведар роман на Кафка ја раскажува приказната за седумнаесетгодишниот Карл Росман, кој по една засрамувачка сексуална авантура со слугинката е „спакуван за Америка“ од страна на родителите. Очекувајќи да се искупи себеси во оваа „магична земја на можности“, младиот Карл е занесен од изобличени настани и вртоглави авантури.

    Кафка никогаш ја немал посетено Америка и уште од првите страници на книгата очигледно е дека не му било целта да даде некаква реална претстава за неа. Слики од имагинарни пејзажи, злокобни опасности, безизлезни ситуации, постојани неправди и гротескни тензии меѓу ликовите го карактеризираат овој генијален роман.

    „Америка“ е зачудувачки модерна и визионерска пародија за континентот што буди најразлични асоцијации и чувства, но и многу повеќе од тоа.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ноќи на чума

    Ноќи на чума

    0

    „Ноќи на чума“ е долгоочекуваниот роман на Орхан Памук, пишуван пет години (2016-2021). Во него се вешто проткаени историјата и фикцијата, при што на читателот од една страна му се оневозможува да ја најде границата што е вистина, што – не; но од друга страна му носи чудесна возбуда за недобројните лица на многуте можни вистини, во минатото, во сегашноста и во иднината. Во пролетта 1901 година избива епидемија на чума на островот Мингерија, 29. провинција на Османлиското Царство и султанот Абдулхамид ги прака првин главниот здравствен инспектор Бонковски-паша, а потоа и младиот и успешен доктор Нури, за да ја запрат чумата. Вака почнува романот и продолжува со многу писма, љубови, интриги, страдања,.. со многу политика натопена во иронија и пародија. Раскошен, повеќеслоен роман со минуциозно претставување на историјата на еден незнаен остров…

    890,00 ден
    Додај во кошничка
  • Замок-Кафка

    Замок-Кафка

    0

    „Замок“ е класика без која не може да се замисли книжевноста на XX век!

    Приказната е навидум едноставна – К. на секаков начин се обидува до дојде до одговорните во замокот што управува со селото во кое е дојден да работи како геометар. Но никако не може да стигне дотаму – наместо тоа, наидува на луѓето од селото и ги доживува опскурноста и налудничавоста на нивниот туѓ свет. Сета содржина на ова книжевно ремек-дело може накратко да биде означена како залудни обиди на К. да го најде патот до замокот. Но едноставноста е само привидна. Уметничкиот космос на Кафка, кој се надоврзува на делата на Хофман, Гогољ, Достоевски, Е. А. По, е полн со параболи, сомнибулни ситуации и симболичка многузначност. Тој го маѓепсува читателот и го води во познати, но непрепознатливи предели, скриени во длабочините на нашето скриено „јас“. Со секое ново читање се исцртува нов пат низ лавиринтите на овој космос.

    „Замок“ е роман за отуѓувањето, бирократијата и за бесцелните обиди на човекот да се бори против системот и уште едно од брилијантите дела на Кафка.

    Оваа книга е прв интегрален превод на македонски јазик што ги содржи оригиналните поговори на Макс Брод и сите отфрлени фрагменти.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Драми - А. П. Чехов

    Драми – А. П. Чехов

    0

    Ова издание ги следи драмските чекори на Чехов – од младешкото експериментирање до зрелата тишина на неговите последни дела. Со секоја сцена тој ни подарува светови исполнети со неизговорени чувства, човечки слабости и нежна иронија што допира длабоко.

    Книгата ги обединува највпечатливите драмски дела на Чехов – од раната, ретко поставувана „Платонов“ до вечните класици „Вујко Вања“, „Три сестри“ и „Вишновата градина“.

    Со суптилна иронија, длабока човечност и ненаметлива трагика, Чехов ги прикажува судбините на обичните луѓе – нивните копнежи, разочарувања и надежи.

    Од комичните судири во „Мечка“ и „Предлог за брак“ до интимните монолози во „За штетата од тутунот“ и „Лебедова песна“, оваа збирка нуди богат спектар на емоции и стилови, сведоштво за мајсторството на еден од највлијателните драматурзи на модерната ера.

    Семејство, љубов, празнина – сè што не се кажува, а сè што боли.

    Идеално за љубителите на театарот, литературата и тишината меѓу зборовите

    750,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тивкиот Американец

    Тивкиот Американец

    0

    Никогаш не сум познавал човек кој имал подобри мотиви за сите проблеми што ги предизвикал, забележува нараторот Фаулер за Олден Пајл, т.н. тивок Американец и можеби најконтроверзниот лик во делата на Греам Грин. Пајл е млад идеалист, испратен од Вашингтон на тајна мисија во Сајгон, во време кога француската армија се соочува со герилците од Виет Мин. Но неговите добронамерни политики водат до крвопролевање. Фаулер, искусен и циничен британски новинар, се потешко останува само набљудувач. Сепак, и неговите мотиви се сомнителни – за полицијата, но и за него самиот – бидејќи Пајл му ја презема прекрасната љубовница – Виетнамката Фуонг. Првпат објавен во 1956 година и двапати екранизиран, Тивкиот Американец останува вознемирувачки и пророчки портрет на наивноста на дело и е моќна и провокативна приказна за љубовта и моралот во Виетнам.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Писма од стоикот

    Писма од стоикот

    0

    Најсреќен е оној човек кому среќата не му е потребна, а најсилен и најмоќен е оној што владее со самиот себе.

    Најдобриот тест за вредноста на едно дело е времето. А за оваа книга – тоа и не постои. Мудростите, советите и одговорите на животните ситуации кои се распослани низ писмата на Сенека до Лукилиј не изгубиле ништо од својата актуелност.

    Спој на филозофската мудрост и животното искуство, размислувања за човечката природа, моќта, судбината и моралот, Сенека уште пред две илјади години ни го покажа патот до спокоен и среќен живот.

    Сè уште современ и инспиративен, Сенека нè потсетува дека вистинската мудрост не се мери со богатство или моќ, туку со способноста да се живее разумно, храбро и чесно.

    Вистинската слобода започнува со оваа книга. Од мигот кога човек ќе успее да живее стоички во свет полн со неизвесности и опасности, со дух што владее над самиот себеси.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • На запад ништо ново

    На запад ништо ново

    0

    Секој војник останува жив благодарејќи на илјадници случајности.

    И секој војник верува и му се препушта на случајот. Од школската клупа директно на бојното поле. Паул Бојмер на почетокот на Првата светска војна е регрутиран заедно со своите врсници во германската војска. Млади и полни со идеализам, тие стануваат силни војници. Но наспрема поривот што го тера да војува, Паул води уште една битка во себе – онаа против омразата што бесмислено ги тера луѓето да се борат во различни униформи, едни против други.

    На запад ништо ново е најпопуларниот и најпреведуван воен роман на сите времиња. Не можеле да го замолчат ниту прогонството на Ремарк од татковината ниту горењето на неговите книги. Бил и останува сведок на разорните последици што војувањето ги носи врз личната и колективната болка и судбина.

    Оваа книга е жестока осуда на ужасите на војната. Обид да престанат или барем да се ублажат нејзините трауми, повик да не се повтори никогаш. Надежна приказна што зрачи со љубов и грижа за човештвото.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дневници (1910 – 1923)

    Дневници (1910 – 1923)

    0

    Дневниците на Франц Кафка (1883 – 1924) го опфаќаат периодот од 1910 до 1923 година.

    Тие даваат продорен поглед кон неговиот живот во Прага и личните искажувања за соништата, чувствата кон таткото и жената со која не можел да се ожени, како и чувствaта на вина и внатрешната состојба на отфрленост. Дневниците се приказ на еден живот со речиси неподнослив интензитет.

    Книгата содржи не само лични белешки, автобиографски рефлексии, елементи за тоа како Кафка го разбира своето пишување, туку и афоризми, скици за раскази, писма и многубројни литературни фрагменти од повеќето негови романи. Еден од најзначајните литературни критичари во Германија, Денис Шек, за „Дневниците“ вели: „Дури кога ќе ги прочитаме, сфаќаме колкава смисла за хумор имал Кафка. Дури тогаш разбираме што сакаат да ни кажат неговите често неразбирливи книги.“

    Ова издание ја содржи целата оставнина што му била достапна на неговиот издавач и најдобар пријател, Макс Брод. Tука се вклучени и личните коментари, варијанти и поговорот на Макс Брод за записите на Кафка.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тврдина

    Тврдина

    0

    „Тврдина“ е еден од двата класици на великанот на светскиот роман во дваесеттиот век, Меша Селимовиќ.

    По огромниот успех што го доживува со „Дервишот и смртта“, романот што денес претставува симбол за неговото име, Селимовиќ во 1970 година го објавува „Тврдина“, кој на некој начин претставува роман близнак, огледален роман на „Дервишот и смртта“.

    За ова свое дело Селимовиќ ќе истакне: „Тврдината е еден поширок симбол. Тоа е сè што ги одвојува луѓето: религијата, нациите, државите, убедувањата, предрасудите, сè во што се затвора поединецот и заедницата кон другиот. Во однос на книгата ’Дервишот и смртта‘, каде што е дадена димензија на омраза и страсти, во ’Тврдина‘ сакав да го покажам излезот од таа затвореност во која луѓето живеат одамна, па и денес. Може ли да се излезе од тврдината и од тврдините, можат ли луѓето поинаку да разговараат меѓу себе освен преку пушкарниците? Мојот главен јунак ги има сите услови да биде огорчен и затворен во себе и тој сепак се обидува да најде пат до другите луѓе. За него е неприфатлив каков било друг пат освен патот на љубовта.“

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Деца

    Деца

    0

    Во рамките на обемното прозно творештво на Андриќ има голем број текстови кои се занимаваат со децата и со детството, и тоа, што е својствено за него, низ најразлични призми и од најразлични перспективи. А во втората половина на 1930-тите години светлината на денот ја здогледува и една негова збирка раскази насловена, едноставно, „Деца“.

    Андриќ го слика детството како сложен период од човечкиот живот, исполнет со многу страдања, болки, па дури и зло присутно кај – како што писателот ги нарекува децата – малите луѓе.

    „Малите луѓе, кои ние ги викаме ’деца‘, имаат свои големи болки и долги страдања, кои потоа како мудри и пораснати луѓе ги забораваат. Поточно, ги губат од вид. А кога би можеле да се вратиме назад во детството, како во клупата во основното училиште од кое сме веќе одамна излезени, ние повторно би ги здогледале. Таму долу, под тој агол, тие болки и тие страдања живеат и понатаму и постојат како и секоја друга стварнос

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Процес - Кафка

    Процес – Кафка

    0

    Застрашувачка приказна за Јозеф К., банкарски службеник што ненадејно е уапсен и мора да се брани од обвинение за кое не може да добие никакви информации.

    К. полни триесет години на денот кога во неговиот стан пристигнуваат лицата што треба да го уапсат. Во период што следува тој сè повеќе се заплеткува во невидливата мрежа на еден необјаснив процес. Движејќи се низ лавиринтската мрежа на стапиците на системот, продолжува да се однесува на начин што го прави да изгледа сè повиновен.

    Јозеф К. станува симбол за вознемиреноста и чувството на отуѓеност на модерното време и за борбата на обичниот човек против неразумниот авторитет.

    Напишан во период од јули 1914 до јануари 1915 година, овој роман се совпаѓа со најважните случувања во животот на Кафка, но и со европската историја и почетокот на Првата светска војна. Објавен е во 1925 година.

    „Процес“ е едно од најважните книжевни дела на XX век, со кое почнува нова ера во светската историја на литературата.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • СЛИКАТА НА ДОРИЈАН ГРЕЈ

    СЛИКАТА НА ДОРИЈАН ГРЕЈ

    0

    Генијот трае подолго од убавината.

    Восхитен од својот штотуку насликан портрет, Доријан Греј си ја нуди душата во замена за вечна младост и убавина. Сакајќи да ги вкуси сите плодови на животот, тој тајно им се препушта на ниските страсти, додека пред очите на високото општество останува џентлмен достоен за восхит. Само портретот ги носи трагите од неговите гревови. Фаустовскиот пакт со ѓаволот во замена за вечна младост и убавина не му е туѓ ни на нашето време. Но тој неминовно води во пропаст. Додека Доријан позира, и пред уметникот и во животот, се урива целата стварност и неговиот портрет станува огледало на неминовната преобразба. Така тој прераснува во симбол на новото време кое одбива да ја прифати неизбежноста на стареењето, икона на лажниот култ на денешниот човек кој е во трескава трка по вечната младост.

    „Сликата на Доријан Греј“ е еден од најсубверзивните романи на 19 век и еден од најактуелните во нарцистичкиот 21 век. „Оскар Вајлд е најопасниот производ на модерната цивилизација.“

    Андре Жид

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сто години самотија

    Сто години самотија

    0

    „Личноста и делото на Габриел Гарсија Маркес се симбол и знак на идентификација на генерацијата латиноамерикански писатели кои го афирмираа ширум светот и го потврдија со високи естетски вредности угледот на новата литература на шпански јазик во последниве децении. „Авторот кој од малото селце со загадочно име, Аракатака, во Колумбија, тргна по светот за да го разнесува алхемискиот прав на јужноамериканскиот континент, денес со своето богато дело е граѓанин на светот, писател читан во сите краишта на Земјата и близок познајник на македонскиот читател.“

    Васил Тоциновски

    Токму Сто години самотија е романот што на Г. Г. Маркес му ја донесува светската слава на првокласен романсиер, каде што волшебното Макондо, од едно место на крајот на светот, се извишува до негово средиште и ги надминува неговите граници, Макондо, во кое иреалното и реалното се толку убедливо измешани, што се брише границата меѓу можното и неможното..

    550,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Бели ноќи

    Бели ноќи

    0

    Боже мој! Цела минута блаженство! Та зар малку е тоа, макар и за цел живот?…

    Уште во раната младост Фјодор М. Достоевски ја определил својата главна писателска задача: „Човекот е тајна. Таа мора да се одгатне, а ако ја отгатнуваш дури и сиот свој живот, немој да велиш дека си го изгубил времето; јас се занимавам со таа тајна затоа што сакам да бидам човек.“

    Повеста „Бели ноќи“ е едно од најдобрите дела од школата на сентименталниот натурализам, во која авторот го следи своето книжевно кредо. Во нему својствен манир, низ призмата на љубовното сиже, Достоевски ни ја разоткрива психата на еден млад човек што се наоѓа на својот животен крстопат и во расчекор со светот во кој не може да се пронајде.

    „Бели ноќи“ е лирска исповед на еден дваесет и шестгодишен младич, сиромашен државен службеник и вистински мечтател, кој живее во својот замислен, фантастичен свет. Сè се менува кога во неговиот живот накратко се појавува вистинска девојка, која го враќа во реалниот свет будејќи во него најубави човечки чувства и желба за посветла иднина…

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Вечниот маж

    Вечниот маж

    0

    Во нашиот век дури ни на пристојните луѓе не им се простуваат толку лесно прегратките и солзите на покајување…

    „Вечниот маж“ во западната книжевна критика се смета за најдобро структуриран роман на Достоевски. Неговиот заплет се гради околу сложената врска меѓу двајца мажи чии животи се испреплетуваат околу една жена – на едниот му е сопруга, а на другиот љубовница.

    Кога останува сам, Трусоцки е принуден да се соочи со последиците од своите постапки и нивното влијание врз другите животи, а најмногу врз несреќната судбина на неговата ќерка. Истражувајќи ја темата на вина и одговорност, како и природата на љубовните и меѓучовечките односи, „Вечниот маж“ се одликува со сложени ликови и длабоко проникнува во човековата психа, поради што е една од ненадминатите класики на руската книжевност.

    Забранувани или цензурирани во минатото, денес делата на големиот Достоевски се преведени на десетици јазици, што го прави еден од најчитаните автори на сите времиња и го вбројува меѓу најзначајните филозофи и психолози во уметничката литература.

    300,00 ден
    Додај во кошничка