Филтер по цена
Жанр
  • Привремен

    Без зборови

    0

    Се присилив да отидам до сцената и се свртив. Ова ќе биде најстрашното нешто што сум го сторил во животот. Погледнав надолу кон морето од светкави очи и се натерав да се фокусирам на следниот чекор. Требаше само да ги издржам следните пет минути, збор по збор. Тогаш ќе беше готово.

    Желе Мајлс порадо би играл видеоигри со најдобриот другар П. Б. отколку да се подготвува за натпревар во говорење. Всушност, порадо би правел сѐ друго. Затоа е изненаден како и сите други што сериозно го сфаќа годинашниот натпревар. Отпрвин, тоа го прави поради одличната награда. Но кога натпреварувањето ќе тргне наопаку, Желе сфаќа дека ова му е шанса конечно да ја победи сезнајката од неговиот клас. Со неговата репутација, самопочит и другарството што го става на прво место, може ли Желе да ја најде храброста да стане пред целото училиште и да покаже кој е всушност?

    Урнебесно смешна, „Без зборови“ се занимава со тоа како да им се спротивставите на насилниците, да дознаете кои ви се пријатели и да го најдете вашиот уникатен глас.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Привремен

    За копчето и за среќата

    0

    Книгата што ги инспирира авторите на филмот „Ловци на вештерки“ Јован беше многу осамен сѐ додека не се појави едно сосема обично копче и – му се насмевна среќата! Ја запозна Милица и тоа пријателство му го смени животот. Засекогаш. Книга за осаменоста, за наоѓањето храброст, пријатели, самодоверба и – среќа. Книга за инклузија на децата со попреченост и за прифаќањето на различнстите. Награди и признанија: Награда „Доситејево перо“ за 2019 година.

    375,00 ден
    Додај во кошничка
  • Беззборовната Ела

    Беззборовната Ела

    0

    Приказна за лековитата и разорната моќ на зборовите, како и за леснотијата со која им ставаме етикети на луѓето околу нас. Ела е мало девојче кое не зборува, но ги штити и ги чува зборовите како богатство, длабоко скриени во своето срце. Ела не зборува, но таа има прекрасни пријатели во нејзиниот богат имагинарен свет, како мачката без едно уво, чија опашка е едно рипче, едно глувче и еден тивок сив слон… Но, какво чудо ќе се случи кога момчето со црвено капче ќе стане дел од нејзиниот свет? Книгата е дел од каталогот „The White Ravens“ на 200 најдобри книги за деца и млади за 2016 година.

    490,00 ден
    Додај во кошничка