-
-30%
Шефот од соништата
0Original price was: 420,00 ден.294,00 денCurrent price is: 294,00 ден.Вечерта кога го запознав Чејс Паркер, не оставив добар прв впечаток. Се криев во ходник пред тоалетите во еден ресторан за да ѝ оставам порака на мојата најдобра другарка да ме спаси од ужасниот прв состанок. Тој го наслушнал мојот муабет и ми рече дека сум кучка, а потоа продолжи да ми дели љубовни совети. Па му реков да си брка негова работа на тоа високо, арогантно, згодно копиле и си се вратив на мојот состанок.
Кога помина покрај мојата маса, цинично се насмевна и го гледав како самобендисано се враќа на масата кај неговата придружничка. Толку бев изиритирана од неговата дрскост, што не можев да не ѕиркам повремено во негов правец во текот на вечерта. И се разбира, ме забележа повеќе од еднаш, и ми намигна.
Кога згодниот непознат маж и неговата подеднакво секси девојка одеднаш дојдоа на нашата маса, мислев дека ќе ме издаде. Но тој се преправаше дека се знаеме и почна да раскажува детални, засрамувачки приказни од нашето фиктивно детство. И мојот здодевен состанок одеднаш стана бизарно возбудлив. Кога се разделивме, мислев на него повеќе отколку што требаше, иако знаев дека никогаш веќе нема да го видам. Мислам, колкави се шансите да налетам на него во град со осум милиони луѓе? Колкави се шансите да излезе дека некој месец подоцна, баш тој ќе ми биде новиот секси шеф?
-
-30%
Криптолог
1Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.За еден безмилосен сериски убиец кој никогаш не простува и не заборава, таа е единствената која му побегнала. Сѐ досега…
ФБИ агентката Нина Герера побегнала од стапицата на сериски убиец кога имала шеснаесет години. Години подоцна, ја напаѓаат додека џогира во парк, и видео снимката од нападот масовно се споделува на социјалните медиуми. Многумина се импресионирани од нејзините боречки вештини, а помеѓу нив и човекот кој ја киднапирал пред единаесет години – кој исто така ја има видено снимката. Решен да ја врати назад единствената која му побегнала, извршува грозоморно убиство со цел да ја вовлече неа во истрагата… но неговите игри штотуку почнуваат. И го користи интернетот за да ја покани и јавноста да учествува.
Благодарение на неговите шифрирани загатки, тој станува супер ѕвезда на социјалните медиуми – енигматичен сајбер дух познат како „Криптологот“ – но за Нина е само чудовиште кое таргетира ранливи жртви. Заедно со својот партнер, легендарниот Вејд, кој и самиот има духови во минатото, Нина го лови предаторот низ целата земја. Трага по трага, жртва по жртва, Нина ита да го запре смртоносниот убиец додека целиот свет гледа.
-
-30%
Некој близок
1Original price was: 420,00 ден.294,00 денCurrent price is: 294,00 ден.Тие знаат кој е виновникот. Можеби само потсвесно. Но сепак знаат.
Кога осумгодишната Дејзи Мејсон исчезнува од својот семеен дом во Оксфорд за време на забава со маски, инспекторот Адам Фоли знае дека во девет од десет случаи, киднаперот е некој близок на семејството. А семејството на Дејзи дефинитивно е чудно – мајка ѝ е опседната со впечатокот што го оставаат пред другите, а татко ѝ е ладен и одбранбено настроен за време на испрашувањето. А тука е и помалото братче на Дејзи, толку повлечено и некомуникативно…
Детективот Адам Фоли дава сѐ од себе за да пронајде некоја трага од малото девојче, знаејќи дека секоја секунда е важна, но се чувствува како детето да пропаднало во земја – никој не видел ништо; никој не знае апсолутно ништо. Од друга страна, секој има свое мислење и се чини дека сите имаат по некоја тајна што ја кријат… oсобено членовите на семејството.
-
-30%
Слаткоречив туѓинец (Тревис #3)
2Original price was: 420,00 ден.294,00 денCurrent price is: 294,00 ден.Џек Тревис има прилично едноставен и некомплициран живот како тексашки милионер и плејбој. Тој не дава никакви ветувања, љуби многу жени и живее за задоволство. Но вистината е дека никој никогаш ја нема допрено неговата душа и нема стигнато до неговото срце. Тој е нескротлив и безгрижен сѐ до моментот кога една жена му се појавува на врата со видлив бес на лицето и бебе во рацете.
Лутата жена е тетка на бебето и таа тврди дека Џек е таткото на бебето. Вистинската мајка го напуштила детето, препуштајќи ѝ ја грижата за него на својата поодговорна сестра. И сега, од Џек се бара да преземе одговорност за првпат во животот.
Со неодолива романтична тензија и ликови кои се толку живи што чиниш чекорат по страниците и влегуваат директно во твоето срце, Лиса Клејпас повторно создала една од оние приказни кои те засмеваат, расплакуваат и оставаат вечна трага во твоето срце и ум.
-
-30%
Сите стравови на светот
0Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.„Телата ги пронајдоа во вторник“ – Така започнува еден од најинтригантните и најветувачките трилери за 2021 година; комплексна и заплеткана приказна за мрачната судбина на семејството Пајн.
По ноќ помината на забава, студентот Мет Пајн се враќа во својата соба во студентскиот дом, а таму го чекаат трогателни вести: речиси целото негово семејство – мајка му, татко му и помалите брат и сестра – ги пронашле мртви од труење од гас за време на нивниот одмор во Мексико. Локалната полиција тврди дека се работи за несреќен случај, но ФБИ имаат други сомнежи, само не сакаат да му кажат на Мет зошто.
Трагедијата завршува на сите наслови страници затоа што на семејството Пајн не му е првпат да го привлече вниманието на новинарите. Постариот брат на Мет, Дени, отслужува доживотна казна за убиството на неговата девојка од тинејџерските денови, па благодарение на тоа, целото семејство е прочуено. Иако илјадници се убедени дека Дени е неправедно осуден, Мет чува тајна за брата си, која никогаш ја нема споделено со никого: ноќта кога се случило убиството на девојката, Мет видел нешто што го тера да верува дека брат му навистина е виновен за злосторството. И сега кога смртните случаи во Мексико почнуваат да стануваат сѐ посомнителни, како да се поврзани со случајот на Дени, Мет мора да ја открие вистината за убиството поради кое брат му завршил во затвор – и притоа да се соочи со сите свои најголеми стравови на светот.
-
-30%
Ноќно пливање
3Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.Откако првата сезона од нејзиниот подкаст за вистински злосторства станува сензација преку ноќ и ослободува невин човек од затвор, Рејчел Крол станува општо познато име и последна надеж за илјадниците луѓе кои бараат правда. Но таа е навикната сите да го препознаваат нејзиниот глас, а не нејзиното лице. Затоа се вознемирува кога наоѓа порака на шофершајбната на нејзината кола, адресирана до неа, со молба за помош.
Во малиот град Неаполис се води ужасно судење за силување. Еден од милениците на градот, пливач со потенцијал да стане олимпиец, е обвинет за силување средношколка, саканата внука на полициски началник. Рејчел е под притисок да направи успешна трета сезона од подкастот, па се впушта во интервјуирање и испрашување – но мистериозните писма и понатаму се појавуваат на неочекувани места. Некој ја следи и нема намера да престане додека Рејчел не открие што се случило со нејзината сестра пред дваесет и пет години. Наводно, Џени Стилс трагично се удавила, но девојката од писмата тврди дека нејзината сестра била убиена, а кога Рејчел почнува да поставува прашања за Џени, никој не сака да одговори. Минатото и сегашноста почнуваат да се судираат кога Рејчел открива вознемирувачки поврзаности меѓу двата случаи, кои имаат моќ да го сменат текот на судењето, а и животите на сите инволвирани.
Може ли еден мал град да ги поправи грешките од минатото? Да се искупи за прикриените гревови? И што навистина се случило со Џени?
-
-30%
Школа за извонредност
0Original price was: 420,00 ден.294,00 денCurrent price is: 294,00 ден.Кога поради сериозна повреда останува без работа и практично живее на каучот на сестра му, познатиот професионален рагбист Луис Хаус сфаќа дека мора да направи некоја промена во животот. Почнува да контактира со луѓе на кои им се воодушевува, во потрага по ментори, а и да ги применува советите на старите тренери, пренасочувајќи ги од спортот директно во животот. И успева да изгради мултимилионски онлајн бизнис.
Во Школа за извонредност, Хаус ги споделува најважните совети и навики на голем број извонредни луѓе, сѐ што дознал од нив за тоа како да се живее извонреден живот. Низ разговори со спортски шампиони и бизнисмени милијардери, Хаус се обидува да открие што е потребно за да бидеме извонредни во животот, успешни на секое поле, и да достигнеме величие кое не го достигнува баш секој. И сфаќа дека овие великани не се успешни затоа што им се насмеала среќата во животот или едноставно се родени исклучително талентирани, туку имаат одредени навики и алатки со кои ги надминуваат пречките во животот.
Школа за извонредност е водич за личен развој кој ви дава алатки, знаење и ресурси за остварување на вашиот максимален потенцијал. Лекциите на Хаус докажуваат дека секој е способен за постигнување исклучителен успех и дека сите можеме да се стремиме кон извонредност во нашите секојдневни животи.
-
-30%
Еден незаборавен Божиќ (Wallflowers #5)
1Original price was: 390,00 ден.273,00 денCurrent price is: 273,00 ден.За време на божиќните празници во Лондон, Рејф Боуман пристигнува од Америка поради договорената средба со Натали Бландфорд, ќерката на леди и лорд Бландфорд, која е прекрасна и совршена, односно, соодветна сопруга за него.
Неговиот занесно добар изглед и импресивната фигура се повеќе од доволни за да ја импресионираат дамата која го чека – да не беше неговиот шокантен, американски начин на живот, нивниот брак ќе беше загарантиран.
Но пред да може да почне додоворувањето, Рејф сфаќа дека мора да ги научи правилата на англиското општество. Жените во Англија се многу различни од жените во Америка и тој просто не може да ги сфати без помошта на четирите поранешни „стари моми“: Лилијан, Иви, Анабел и Дејзи. Но кога тие четири ќе замешаат прсти во стројништво, само еден Бог знае што може да се случи.
За маж кој е навикнат да добива сѐ што ќе посака, пронаоѓањето на вистинската невеста се покажува покомплицирано од очекуваното. Сепак, на Божиќ се случуваат најнеочекуваните нешта, па и цинизмот може да се претвори во инспиративна, страсна романса.
,,Еден незаборавен Божиќ“ ве носи на патување во викторијански Лондон, патување водено исклучиво од страстите и срцето.
-
-30%
Коски на срцето
4Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.Животот и безвредното презиме се единствените две работи што родителите некогаш ѝ ги дале на Бeја Грим. Откако потполно сама си го пробива својот пат во животот, Беја е насочена кон поголеми и подобри нешта, сето тоа благодарение само на самата себе.
Кога само два кратки месеци ја делат од иднината за која сонува цел живот и од минатото кое очајно сака да го остави зад себе, неочекувана смрт ја става во ситуација да остане без кров над главата.
Принудена да побара помош од последниот човек на светот од кого би сакала да бара што било, таа мора да го помине остатокот од летото на полуостров во Тексас со татко си кој едвај го познава.
Беја планира да остане тивка и незабележлива, па летото да помине безболно и брзо, но нејзиниот нов сосед, Самсон, го разнишува нејзиниот совршен план.
На прв поглед, Самсон и Беја се потполно различни. Таа израснала во сиромаштија, запоставена од своето семејство; тој потекнува од богато семејство со изобилство од привилегии. Единственото нешто што им е заедничко е тоа што и двајцата ги привлекуваат тажни нешта, што значи дека двајцата меѓусебно се привлекуваат.
Кога хемијата меѓу нив станува премногу силна за да се игнорира, двајцата се согласуваат на една незначајна летна романса. Она што Беја не го предвидува е бранот од емоции што надоаѓа и ризикот истиот да ја одвлечка во најопасните длабочини.
-
-50%
Солта во морето
1Original price was: 420,00 ден.210,00 денCurrent price is: 210,00 ден.Сите знаат за добро документираната катастрофа со Титаник, но малкумина се запознаени со една од најголемите поморски трагедии…
Се ближи крајот на Втората светска војна и илјадници бегалци очајнички тргнуваат кон прегратките на слободата; многумина од нив со скриени тајни… Помеѓу нив се и Јоана, Емилија, Флоријан, чии патишта се вкрстуваат на пат кон „Вилхелм Густлов“, брод кој ветува спас. Соединети од стегите на околностите, тројцата млади црпат сила и храброст еден од друг, но меѓусебната доверба ја тестира секој следен чекор на пат кон безбедноста.
И баш кога им се чини дека слободата е на дофат на рака, доаѓа до незамислива трагедија. Преоптоварениот брод, наменет за 1.800 патници, а натоварен со над 10.000 луѓе, почнува да тоне и сите тие, возрасни и деца, богати и сиромашни, мораат да се борат за истото: за преживување, за своите животи. Раскажан од различни перспективи, овој трогателен роман е инспириран од вистинска трагедија. Авторката ни открива жртви на страшната војна за кои знаат неверојатно мал број луѓе и докажува дека хуманоста и љубовта можат да победат дури и во најмрачните околности.
-
-30%
Новиот сопруг
1Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.Тоа што љубиш некого не мора да значи и дека вистински го познаваш…
Кога нејзиниот сопруг исчезнува , Нина дознава дека Глен водел двоен живот со друга жена. Но Глен веќе го нема – полицајците претпоставуваат дека се удавил за време на риболов на неговиот брод – па таа не може да се соочи со него за аферата и сите други лаги. Година и пол по несреќата, Нина се смета себеси за вдовица, иако полицијата сè уште нема пронајдено тело. Таа случајно се сретнува со Сајмон Фич, наставник од училиштето на нејзината ќерка, Меги, и полека почнува повторно да наоѓа љубов, со надеж дека некогаш ќе успее пак да дојде до нормален живот.
Сајмон од друга страна, вдовец кој сè уште жали за самоубиството на неговата прва сопруга, гледа совршена жена во Нина. Неговиот шарм и топлина го лекуваат нејзиното предадено срце. Синот на Нина набрзо го прифаќа Сајмон како татко, но Меги гледа некоја мрачна страна кај овој нов човек во нивните животи. Дури и пријателките на Нина се прашуваат дали Сајмон е екстремно заљубен или можеби опасно посесивен. Тој ги знае сите нејзини омилени јадења, филмови, песни, потреби… И никогаш не би ја изневерил како Глен. Прашањето е, зошто е Сајмон Фич толку совршен?
-
-30%
Вистинскиот за мене
5Original price was: 420,00 ден.294,00 денCurrent price is: 294,00 ден.Паднат боскер.
Жена со скршен сон.
Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…Тејт Ремингтон – едниот и единствен – е ѕвезда на опасните борби во подземјето. Жените го обожаваат, сонуваат за него и збеснуваат по него. Мажите му завидуваат и сакаат да бидат како него.
Кога Брук случајно завршува на негова борба и тие прекрасни сини очи се вперуваат во неа, таа заборава сè, дури и сопственото име. А неговото величествено, мускулесто тело дополнително придонесува за ова. Нејзиниот живот се превртува наопаку кога ова совршенство ѝ нуди работа која може да ѝ отвори многу врати во животот. Но поранешниот боксер е непредвидлив и опасен и ја привлекува, онака неодоливо, животински. Ремингтон Тејт е најсилниот, но и најконфузниот маж што некогаш го запознала.
Во нивниот комплициран работен однос, копнежот се меша со доверливост, врели бакнежи со болка и страв – страв дека двајцата може да бидат уништени од неговата мрачна тајна…
-
-30%
Тајните на милионерскиот ум
2Original price was: 400,00 ден.280,00 денCurrent price is: 280,00 ден.Оваа книга ни ги открива тајните чекори кои стојат помеѓу посакувањето успех и достигнувањето успех. Ни открива како размислуваат милионерите и нè насочува како треба да размислуваме и дејствуваме ако сакаме богатство во животот.
Дали некогаш сте се запрашале зошто и како некои луѓе се збогатуваат толку лесно, а други како да се осудени финансиски да се измачуваат цел живот? Дали тоа се должи на разликите во нивното образование, интелигенција, вештини, тајминг, работни навики, контакти, среќа или нивниот избор на професија? Шокантниот одговор е: ниедно од горенаведените!
Т. Харв Екер вели: „Дајте ми 5 минути и можам да ви кажам каква ќе ви биде финансиската иднина до крајот на животот!“ Тој го прави ова со идентификување на вашиот вграден „нацрт“ за пари и успех. Сите ние имаме еден таков нацрт во нашата потсвест и токму тој го детерминира нашиот финансиски успех. Може да знаете сè за маркетинг, продажба и финансии, но ако вашиот паричен нацрт не е правилно поставен за голем успех, никогаш нема да имате многу пари – или дури и да ги заработите, ќе ги изгубите! Екер ќе ви покаже како да создадете нов нацрт со кој ќе стигнете до успех и пари. Според Екер, лесно е! Ако размислувате и се однесувате како богатите, тогаш има големи шанси и самите да се збогатите!
-
-30%
Ти си ѕвер
4Original price was: 400,00 ден.280,00 денCurrent price is: 280,00 ден.Број 1 Њујорк Тајмс бестселер за сите луѓе кои сакаат драстично да ги подобрат своите животи.
Во оваа освежувачки забавна книга за самопомош, светски познатиот тренер за личен развој и успех, Џен Синсеро, нуди 27 поглавја полни со комично инспиративни приказни, отворени совети, лесни вежби и по некоја пцовка. Ако сте подготвени да направите сериозни промени во вашите животи, Ти си ѕвер ќе ви помогне: да ги идентификувате и промените вашите убедувања и однесувања кои не ви дозволуваат да го добиете тоа што го сакате во животот, ќе ви помогне да ги искорените старите стравови за да можете да преземате големи и возбудливи ризици и ќе ви помогне конечно да почнете да заработувате пари, да му се сневиди. Исто така ќе ви помогне да научите да се сакате себеси и другите, да си поставувате големи цели и да ги остварувате – генерално, ќе ви покаже како да создадете живот кој апсолутно ќе го обожавате и тоа како да го создадете веднаш.
Кога ќе ја прочитате Ти си ѕвер, ќе разберете зошто сте такви какви што сте, како да го сакате она што не можете да го промените, како да го промените она што не го сакате и како сериозно да станете ЅВЕР.
-
-30%
Совршеното дете
5Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.Кристофер и Хана се среќен брачен пар; тој е хирург, а таа медицинска сестра и имаат речиси совршен живот. Единственото нешто што им недостасува е дете. Кога едно напуштено шестгодишно девојченце, Џејни, се појавува во болницата каде што работат, Кристофер веднаш страшно се поврзува со неа и ја убедува Хана да ја земат дома.
Но Џејни не е баш обично дете и нејзината оштетена психа е покомплициран проблем од она што новите родители го очекуваат. Џејни е претерано поврзана со Кристофер и почнува со вознемирувачки испади, насочувајќи го целиот бес кон Хана. Хана никако не може да се зближи со Џејни, па почнува да попушта под притисокот, особено затоа што Кристофер одбива да ја гледа Џејни со објективни очи и да признае дека нешто не е во ред со нејзиното однесување.
Хана знае дека Џејни манипулира со Кристофер и дека намерно го оддалечува од неа, иако таа се обидува да го зближи целото семејство. Но вистината што се крие во минатото на Џејни веројатно е доволна да го распарчи целото семејство.
Морничав трилер за млад пар очаен за дете… и страшните последици од исполнувањето на нивната желба.
-
-30%
Напишано со каење (Regret duet #1)
3Original price was: 420,00 ден.294,00 денCurrent price is: 294,00 ден.Секое девојче сонува за сопствена бајка. Бајката во која силниот витез доаѓа да ја спаси од канџите на злото. Потоа се заљубуваат, се венчаат, имаат деца и живеат среќно до крајот на животот.
По таа дефиниција, и мојот живот требаше да е бајка. Кога имав осум години, Кејвен Хант ме спаси од најголемото зло на Земјата. Нема врска што бев само дете. Сепак се вљубив во него. Но таму воедно и заврши мојата бајка.
Многу години подоцна, една непромислена ноќ во најмрачен период од животот ни подари ќеркичка. Но тој мрак не беше ништо во споредба со црнилото што ме консумираше кога бев принудена да ја оставам со Кејвен засекогаш. Сите бајки имаат едно нешто заедничко: среќен крај. Знаев дека мојата нема да има, но секоја ноќ се молев барем нејзината да има.
Му го должев животот на Кејвен. Но на тоа девојченце му должев уште повеќе. Па затоа морав повторно да се соочам со татко ѝ, без разлика колку болело.
