• img-book

    Џенифер И. Смит

Попуст!

Статистичка веројатност за љубов на прв поглед

од: Џенифер И. Смит
5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Кој би рекол дека четири минути можат да сменат сѐ?

Денес треба да биде еден од најлошите денови во животот на седумнаесетгодишната Хедли – денот од кој таа се плаши со месеци.

Втората свадба на татко ѝ, на сосема друг континент од неа, со жена која таа воопшто ја нема запознаено. Во нејзиното срце има едно нежно и ранливо место кое сѐ уште не е заздравено од неговото заминување и дефинитивно уште повеќе страда поради настаните кои претстојат.

Како сето тоа да не е доволно; таа е присилена да присуствува на свадбата и поради доцнењето од само четири минути, Хедли го испушта својот лет. Таа доцни ќе доцни на свадбата на која воопшто не сакаше да оди.

Има ли поголема иронија на судбината од тоа? Постои ли нешто полошо од целиот тој сплет на околности?

Постои. Оливер, осумнаесетгодишното момче од Британија кое седи до Хедли на следниот лет ќе ви покаже дека судбината има чуден начин да си поигра со нас, ќе ви докаже дека од лошото секогаш постои полошо и дека треба да научиме да ја пронајдеме светлата точка во сѐ.

Кога може тој, може секој. Тој ќе ни покаже дека четири минути навистина можат да сменат сѐ.

Оваа прекрасна приказна неодамна доби и своја екранизација, која со недели беше во ТОП 10 на Netflix, во над 100 земји ширум светот.

390 ден273 ден

15 на залиха

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Jennifer E. Smith
Џенифер И. Смит магистрирала Креативно пишување на Универзитетот во Сент Ендрјус во Шкотска. Нејзините дела се преведени на триесет и три јазици. Таа во моментов живее во Њујорк.
Книги од Џенифер И. Смит
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Ја немам читано но од ова што го прочитав во содржината вреди да се прочита