-
Ејми Хармон
Невидлива убавина
од: Ејми ХармонЕмброуз Јанг е прекрасен. Висок и мускулест, со коса што малку му ги допира рамениците и очи кои горат, те прободуваат. Од оној тип убави мажи чии фотографии завршуваат на кориците на љубовните романи. Ферн Тејлор најдобро знае затоа што таа чита такви романчиња уште од тринаесет години. Но токму затоа што е толку прекрасен, Ферн го смета за некој кој никогаш не би можела да го има… сè до моментот кога, тој одеднаш не е прекрасен веќе.
„Невидлива убавина“ е приказна за еден мал град каде петмина млади мажи заминуваат во војна, а само еден од нив се враќа назад. Приказна за загуба – колективна загуба, индивидуална загуба… Изгубена убавина, изгубени животи, изгубени идентитети. Приказна за љубовта на една девојка кон скршено момче и љубовта на еден ранет војник кон сосема невпечатлива девојка. Ова е приказна за пријателство кое ги лечи сите болки, хероизам кој ги побива сите општи дефиниции и модерна приказна за Убавицата и ѕверот, која ни покажува дека има по малку убавина, но и по малку и од ѕверот, во секој еден од нас…
450 ден
ISBN: 978-608-260-054-3
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 415
Слаѓан – :
Прекрасна книга, емотивна и многу поучна – секој треба да ја прочита! 😀
Стефани – :
Убава романса,баш ми се допадна!💕
Nadja – :
Срцепарателна приказна! Поинаква и прекрасна на свој начин. Една од ретките книги која ми предизвика толку силни емоции. Мислам дека многу долго време ќе ми биде потребно да ја преболам книгава. Ја препорачувам на сите да ја грабнат веднаш.❤️