
Душокршачот
од: Себастијан ФицекТој не ги убива, не ги силува, не ги измачува… Неговото злосторство е многу, многу полошо.
Три жени – млади, прекрасни, полни со живот – исчезнуваат без трага. На психопатот, кој медиумите го нарекуваат „Душокршачот“, му е потребна само една недела да ги уништи. До седмиот ден, жените се ментално мртви, како тела без душа. Никој не знае што им прави, но тие се како живи мртовци.
Кратко пред Божиќ, Душокршачот повторно напаѓа, но овој пат во една ексклузивна психијатриска клиника. Докторите и пациентите се испаничуваат кога сфаќаат дека во клиниката е примен тежок, насилен психопат, особено затоа што никој не знае кој е тој. Од друга страна, страшна снежна бура тотално ја отсекува изолираната клиника, па сите остануваат заробени внатре – со нефункционални телефони – заедно со Душокршачот. Заробени во клиниката, вработените и пациентите се здружуваат за да се заштитат, но во една ноќ полна со незамислив терор, Душокршачот им покажува дека никој не е безбеден и дека ништо не е така како што изгледа.
Уште едно ремек дело на Фицек, чиј крај никој нема да може да го предвиди.
420 ден252 ден
Јана – :
Ноќва ја завршив книгата- Душокршачот. Една од најстрашните и најморничавите книги на Фицек,според мене трилер со хорор елементи. Хаотична брканица со Душокршачот низ психијатриска болница каде секој сака да спаси жива глава. Дали ќе се спасат од неговите канџи во мракот, отсечени од телефонска и секаков друг вид на комуникација? Сликовито објаснета секоја сцена, буквално како да се наоѓаш таму и можеш да го слушнеш секој звук, секој крик, секоја болка и лелек за помош. Од неговата техника душокршачот ноќта скршнува и почнува да убива, со очајна цел да остане неоткриен.Кој е неговиот мотив? Дали и него го прогонува минатото, па го направил бездушен? Можеби тој е првиот со ,,скршена” душа. Книгата бара концентрација , се преплетуваат случки од минатото и сегашноста. Некои делови ги пречитував за да ги доживеам повторно, не сакав да пропуштам ниту еден момент од хоророт. Уште едно маестрално дело на германскиот мајстор, но според мене не и негово најдобро.
saramastoridis – :
Искрено, не ме воодушеви книгава. Останатите книги на Фицек ми се врв, но оваа не ми остави силен впечаток.
Моника – :
Одличен трилер, неизвесен до крај и супер пресврт. Според мене на второ место од Фицек, после Терапија.
nklincarova – :
Неверојатен автор – неверојатна книга! Да те држи во неизвесност низ цела книга, Маестрално!
Слаѓан – :
Најдобрата од досега преведените на Фицек! Маестрално напишана, со тотално неочекуван – мајсторски осмислен пресврт на настаните. Се чувствував како да гледам психолошки хорор-трилер, кој цело време ме држеше на работ. Дефинитивно ја препорачувам за љубителите на мистериозните психо-трилери 🙂
Нена – :
После “Колекционер на очи” си реков ајде да прочитам уште нешто од Фицек.. Маестрално напишан трилер, многу добар стил на пишување, со напнат заплет и со тотален предврт на крај.. Задолжително препорачувам
Стефани – :
Книгава ја прочитав во еден здив,предобар трилер!🤯🙌 Прв пат читам книга на Себастијан Фицек и сега ми е јасно зошто сите се воодушевуваат од неговото пишување.Не можев да ја оставам додека не ја прочитав до крај.😀
Топ книга!💥
Стефани – :
Врв од трилер!🤯❤