Веќе знаете дека никогаш не правиме листи само колку да направиме листа. Па во ретките моменти кога наоѓаме слободно време да го сториме тоа, навистина сакаме да го издвоиме она што вреди да се издвои. Затоа, на крајот од овој саем и додека сѐ уште траат саемските попусти на www.sakamknigi.mk и во нашите книжарници, ќе ви кажеме кои се насловите кои не смеете да ги пропуштите додека ги подготвувате своите списоци за читање за претстојното лето.
Ако сакате нешто што ќе ве грабне за гуша и нема да ве пушти до последната страница…
Запишано со крв од Крис Картер постојано беше во топ 3 најпродавани за време на саемот – и тоа ѝ беше чесно заслужено место. Најновото продолжение од серијалот за Роберт Хантер е една од најдобрите книги во целиот серијал. Еден од оние трилери кои прават да заборавиш да запреш, да јадеш, да си легнеш да спиеш. Ако веќе го знаете и го сакате Картер – Запишано со крв е задолжително четиво.
Ако сакате нешто што ќе се замота околу вас како топло ќебе и никогаш повеќе нема да ве напушти…
Тео од Голден од Ален Ливај – ова е една од оние книги кои ве наоѓаат токму во вистинскиот момент и имате чувство дека е напишана специјално за вас. Тивко разорна. Длабоко човечна. Една од оние книги кои случајно ги купуваш за себе, а потоа купуваш по еден примерок за сите кои ги сакаш, затоа што сакаш сите да ја прочитаат. Една од оние книги кои ги завршуваш, а потоа ти треба малку време да поседиш во тишина и само да размислуваш за неа. Не ја пропуштајте!
Ако сакате книга која ќе ви покаже што е навистина важно во животот и ќе направи да се чувствувате богато уште пред да ја дочитате…
5 типа богатство од Сахил Блум. Ова не е книга за пари. Ова е книга која ќе ви покаже дека речиси сите ние го мериме животот со погрешен линијар. Време, врски, тело, ум, животни цели – Блум ќе ве научи како да ги ставите своите приоритети под контрола. Ова е уште една од оние книги кои ги читате и веднаш посакувате да им ја тупнете на сите в раце. Бидејќи секој треба да ја прочита. Буквално секој.
Ако постојано ги бркате оние ретки чувства што може да ги разбуди само Кристин Хана…
Кревки нешта од Сузан Мајснер е најблиското нешто до Хана што може да ги предизвика тие интензивни емоции. Приказна изградена на тајни, способноста за преживување и невозможната сила на жените во невозможни околности. Ќе ви го скрши срцето на најубавиот можен начин и ќе направи да ја помните со години потоа.
Ако сакате нешто што ќе ве извади од комфор зона и ќе ви го разниша светот на најдобриот можен начин.
Четврто крило од Ребека Јарос: уште еден од бестселерите на саемот, заедно со второто продолжение од серијалот, Железен пламен, бидејќи ова е една од оние книги кои, кога еднаш ќе почнеш да ги читаш, не можеш да престанеш. Бура од емоции и неизвесност на која се навлекуваш, а потоа не можеш да ја заборавиш!
-
-
-
Запишано со крв (Robert Hunter #11)
0570,00 денOriginal price was: 570,00 ден.459,00 денCurrent price is: 459,00 ден. -
-
Четврто крило (The Empyrean #1)
0890,00 денOriginal price was: 890,00 ден.699,00 денCurrent price is: 699,00 ден.




