-
Коронтин
1300,00 денЧетири најдобри пријателки, сите со прилично различни животи, одеднаш се соочени со кошмарот наречен КОВИД-19. Денес сѐ е нормално, животот тече по својот секојдневен, ако не и малку монотон тек, а веќе утредента сѐ почнува да се менува: се појавува вирусот, растат бројките на заболени, луѓето се исплашени и затворени во своите домови. Одеднаш сите почнуваме да ја сфаќаме непроценливата вредност на едноставните секојдневни нешта што до вчера сме ги земале здраво за готово.
Марија е мажена и има две деца. Нивната куќа се претвора во хаотичен „затвор“ во текот на карантините. Хана е сингл докторка, која ги гледа последиците од вирусот во првите борбени редови во болниците, но дома е страшно осамена и не може да престане да го анализира својот живот во четирите празни ѕидови кога е принудена деновите да ги минува сама. Сара е мажена, без деца; таа и сопругот се дел од оние кои работат од дома поради вонредната состојба, па привремено се селат во викендичка на планина и одеднаш почнуваат да го гледаат животот со нови очи. Катарина е разведена, со дете, води свој бизнис и благодарение на новонастанатата состојба е принудена да се прилагодува, да бара алтернативни начини за работа – сето тоа како дополнителен стрес и притисок од веќе постоечкиот кој го наметнува вирусот. Секоја од жените претставува дел од таписеријата во која се претвори животот на луѓето во Ковид-19 добата. -
Егоманијак
0450,00 денВечерта кога го запознав Дру, имаше провалено во мојата нова канцеларија. Повикав полиција, а потоа го нападнав со моите новостекнати боречки вештини. Тој лесно ми се спротивстави, а потоа се изнасмеа затоа што очигледно мојот обид за напад му беше комичен. Многу јасно дека натрапникот мораше да биде арогантен. Само што, се покажа дека тој воопшто не бил натрапник.
Дру всушност беше сопственикот на просторот. Бил на одмор за време на реновирањето на неговите луксузни канцеларии. Па така јас наседнав, закупувајќи зафатен деловен простор од измамник и изгубив десет илјадарки.
Следниот ден, по неколку часа во полициската станица, Дру ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Ми понуди да останам во канцелариите додека не најдам нов простор, а во замена за тоа да одговарам на неговите телефонски повици додека неговата секретарка е на одмор. Веројатно требаше да бидам благодарна и да си ја држам муцката затворена кога го слушав какви совети им даваше на неговите клиенти. Но не очекував моето тело да реагира така секојпат кога се расправавме. Особено со оглед на тоа дека се расправавме цело време.
Ние бевме тотално различни. Дру беше огорчен, лут, проклето секси уништувач на врски. А јас им помагав на луѓе да си ги спасат браковите. Единственото заедничко нешто ни беше просторот кој го делевме. И фатална привлечност која беше сѐ потешка за игнорирање со секој изминат ден. -
Луѓето кои ги среќаваме на одмор
0450,00 денНајдобрата романса во светот за 𝟐𝟎𝟐𝟏 година според распределбата на гласовите на половина милион гласачи.
Попи и Алекс. Алекс и Попи. Тие двајца немаат ништо заедничко. Таа отсекогаш била диво дете; тој носи каки панталони и карирани кошули. Таа е ненаситна за лутање и шетање по светот; тој повеќе би сакал да седи дома со добра книга. Сепак, некако, уште од едно судбоносно заедничко патување до дома од факултет пред многу години, тие се нај-најдобри пријатели. Најголемиот дел од годината го поминуваат одвоени – таа живее во Њујорк, а тој во нивниот мал роден град – но секое лето во изминатата декада одат на прекрасен одмор заедно.
Односно, до пред две години, додека не уништиле сѐ. И оттогаш не разговараат.
Попи има сѐ што би можела да посака, но заглавена е во монотона рутина. И кога нејзината пријателка ја прашува кога последен пат била вистински среќна, таа без ронка сомнеж знае дека тоа било на последното, „фатално“ патување со Алекс. Па така одлучува да го убеди својот најдобар пријател да отидат на уште еден одмор заедно – да ги стават сите карти на маса и да ги поправат работите. И за чудо, тој прифаќа. Сега таа има една недела да поправи сѐ. Само кога би можела да ја игнорира големата вистина која отсекогаш се криела во нивната навидум совршена врска.
-
Татјана и Александар I: Втората Америка
0500,00 денТатјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот во Америка. Но духовите од нејзиното минато не се откажуваат лесно и неуморно ја прогонуваат. Таа станува целосно опседната од помислата и вербата дека нејзиниот сопруг, офицерот Александар Белов, сѐ уште е жив таму некаде во војната и дека таа му е очајно потребна.
Во меѓувреме, на океани и континенти од неа, во Советскиот Сојуз, Александар едвај спасува жива глава од погубување и принуден е да води баталјон војници кои се сметаат за „потрошен материјал“ од страна на врвот на Советскиот Сојуз. Сепак, Александар е цврсто решен да ги поведе своите луѓе низ руините во Европа во еден последен очаен обид да побегнат од смртоносната машинерија на Сталин и некако повторно да си го најде патот до Татјана.
-
Жртвување со оган
1300,00 денМладата Микаела останува сираче за време на Првата светска војна. Едвај преживува од ден за ден, питајќи по улиците и копнеејќи за топла постела и безбеден покрив над главата. Бидејќи нема друга опција, веднаш се согласува да замине кај тетка ѝ за да има кој да се грижи за неа. Но ни нејзината тетка, како нејзина единствена блиска роднина, не е пресреќна што треба да ја прими во својот дом, па веднаш ѝ става на знаење дека нема да биде гостинка таму, туку ќе треба да си го заработува лебот и престојот со макотрпна работа.
Но, животот продолжува да ја казнува и измачува. Работите се комплицираат и таа мора да се омажи за човек речиси двојно постар од неа. Принудена повторно да ја прифати својата тешка судбина, се помирува со бракот без љубов.
По неколкугодишен брак, избувнува Втората светска војна. И животот по којзнае кој пат ја доведува на раб на преживување, принудувајќи ја да ја донесе најтешката, а воедно и најстрашната одлука во нејзиниот живот.
-
Споменот на него
1490,00 денПо отслужувањето затворска казна од пет години за трагична грешка од минатото, Кена Роуан се враќа во градот каде што се случила трагедијата, надевајќи се дека ќе добие втора шанса со својата четиригодишна ќерка. Но се покажува дека е невозможно одново да се изградат мостовите кои ги изгорела во минатото. Сите во животот на ќерка ѝ се цврсто решени да не ѝ дозволат на Кена да ѝ се доближи, без разлика колку таа се труди да се докаже.
Единствената личност која не ѝ ја затвора целосно вратата е Леџер Ворд, сопственик на локален бар и една од малкуте преостанати личности кои ја поврзуваат со ќерка ѝ. Но ако некој дознае дека Леџер полека станува важен дел од животот на Кена, двајцата ризикуваат да ја изгубат довербата на сите кои им се битни.
Нивната блискост расте и покрај притисоците околу нив, но истовремено расте и ризикот. Кена мора да најде начин да се искупи за грешките од минатото ако сака да изгради иднина во која ќе има надеж, исцелување и простување.
-
Можеби сега
0420,00 денШто е најважно? Пријателството, лојалноста или љубовта?
Можеби сега е продолжение на бестселерите „Можеби некогаш“ и „Можеби никогаш“. Колин Хувер ја продолжува приказната на Риџ и Сидни. На Меги. На Ворен и Бриџит.
Риџ ја прекинува својата долгогодишна врска со Меги кога помеѓу него и Сидни се будат толку силни чувства какви што нема почувствувано никогаш претходно, ниту за Меги, ниту за која било друга девојка. Чувства кои тој и Сидни просто не можат да ги потиснат. Но неговото значајно минато со Меги и нејзината болест значат дека тој не може туку-така да ги прекине сите контакти со неа. Меги нема друго семејство, нема никој друг кој би бил покрај неа, па неговата добрина и лојалност не му дозволуваат да ја остави сама кога знае дека ѝ е потребен.
Меги пак сака да го живее остатокот од животот како секоја нормална млада девојка, без да биде целосно обземена од грижи за болеста. Но колку и да сака да ја игнорира, болеста е тука и ѝ е пречка за многу нешта во животот… вклучувајќи ја и љубовта.
-
Моја до полноќ (Хатавеј #1)
0440,00 денПо смртта на родителите, Амелија Хатавеј храбро ги презема уздите на животот, заедно со грижата за нејзините три помали сестри и нејзиниот своеглав брат. Нивниот живот е скромен и пристоен, барем до неочекуваното наследство кое го издигнува нејзиното семејство до ранговите на аристократијата. Но новите околности со себе носат и куп нови проблеми, меѓу кои и повторната средба на Амелија со Кам Рохан – мистериозниот, безобразно богат и опасно згоден маж со ромско потекло.
Кам поседува богатство за какво повеќето мажи можат само да сонуваат и уморен од баналните ограничувања на општеството, копнее да им се наврати на своите „нецивилизирани“ цигански корени. Кога убавата Амелија му бара помош, тој има намера да понуди само пријателство – но намерите не се совпаѓаат со желбата што ги заслепува и двајцата. Иако двајцата се трудат да ја игнорираат меѓусебната привлечност, тоа се чини невозможно. А сакала таа да признае или не, Амелија мора да се помири со фактот дека без неговата помош би била целосно изгубена. Исто како и без неговата страсна прегратка…
-
Аурис
0450,00 денИ најмалото отстапување во звукот и фреквенцијата на гласот е доволно за познатиот форензички фонетичар и вистинска легенда во редовите на полицијата, Матијас Хегел, да ја разликува вистината од лагата. Со негова помош веќе се осудени бројни криминалци.
Дали тој сега се лаже себеси? Неговото признание дека брутално убил бездомничка во жестока расправија изгледа премногу искрено.
Амбициозната поткастерка која обработува вистински злосторства, Јула Анзорге, е своевиден експерт за рехабилитација на невини осуденици и очајно сака да ја открие вистината. Но кога ќе почне да се задлабочува во случајот на Хегел, таа свесно се става во голема опасност…
Почеток на нов крими-трилер серијал на Винсент Клиш и Себастијан Фицек – на фасцинантната тема за форензичка фонетика.
-
Умри за мене
2450,00 денКетрин Кол била убедена дека нејзиниот свршеник е совршениот маж сѐ додека не дознала дека всушност е совршениот убиец. Тој ги оставал жртвите прободени низ срцето, со една црвена роза во рацете како негов заштитен знак и го нарекле убиецот Валентин.
Пред три години, тој исчезнал. А сега е вратен. И ја гони онаа која му побегнала.
Во Њу Орлеанс, Кетрин за првпат по долго време се осмелува да се надева дека конечно е безбедна, но тој сепак некако ја наоѓа. Па овој пат нема намера тивко да седи и да чека; ќе даде сѐ од себе да го запре монструмот кој порано го сакала, па дури и ќе му верува на еден полицаец кој ѝ ветува дека ќе се погрижи таа да е безбедна. Детективот Дејн Блек никогаш не дозволува емоциите да му се мешаат во работата, дури ни кога убиецот Валентин се појавува во Њу Орлеанс да го демне својот плен. Но кога се согласува да ја штити поранешната свршеница на убиецот, не може да ја игнорира страста помеѓу нив. По една незаборавна ноќ која ги поврзува во душа и тело, Дејн сфаќа дека нема да се смири сѐ додека Кетрин не е безбедна во неговите раце, а убиецот Валентин мртов.
-
Жената со сина ѕвезда
0450,00 ден1942 година. Сејди Голт има осумнаесет години и живее со своите родители среде хоророт во гето во Краков за време на Втората светска војна. Кога нацистите влегуваат во гетото, Сејди и нејзината трудна мајка се принудени да побегнат во опасната канализација под тлото на градот. Еден ден, Сејди погледнува нагоре низ една од шахтите и здогледува девојка на нејзина возраст како купува цвеќиња.
Ела Штепанек е девојка од богато полско семејство, која живее релативно мирен живот со својата маќеа, која пак е прилично блиска со окупаторите Германци. Отфрлена од своите пријатели и тажна по својот свршеник кој е заминат во војна, Ела неуморно талка низ Краков. Додека пазари, забележува како нешто се движи под една шахта на улицата. Кога погледнува малку подобро, сфаќа дека тоа е девојка која се крие долу.
Ела почнува да ѝ помага на Сејди и тие две се зближуваат, но како што опасностите од војната се зголемуваат, така нивните животи сѐ повеќе тргнуваат во правец кој ќе ги стави на тест во невозможни околности. Инспирирана од вистински приказни, Жената со сина ѕвезда е страшно емотивна приказна за моќта на вистинското пријателство и исклучителната сила за преживување на човечката волја.
-
Здравица
0250,00 денЗдравица е новела за една посебна генерација, генерацијата на Мака, родена за време на Тито и растена во време на транзицијата. Почнува со раѓањето на Мака, кога кумот пивнува малку повеќе, па категорично одлучува на новороденото бебе да му го даде името Македонка, на незадоволство на родителите. Вечерта завршува со здравица на која Мака ќе се навраќа со доза на љубов, хумор и тага во текот на целиот свој живот: „Тито, Југославија, Македонија и Македонка ќе бидат вечни!“.
Преку допадливиот лик на Мака, низ нејзиното детство и младост се навраќаме на животот во Југославија, а потоа со нејзиното созревање, преку низа интересни лични доживувања, во позадината суптилно ги следиме промените во Македонија. Со многу хумор и емоции, Саша Богдан евоцира мноштво спомени кај сите нас и нема кој нема да се пронајде барем малку во приказната на Мака, приказната за животот во нашата државичка. Но приказната на Мака не е само приказна за животот во Македонија или во Југославија – приказната на Мака е приказна ЗА ЖИВОТОТ. За подемите и падовите, за радостите и солзите, за надежите и стравовите, за љубовта и разочарувањата, за семејството и пријателствата… Оригинална, духовита и многу емотивна – едно е сигурно: многу одамна не сте читале нешто слично!
-
Господин Неподнослив
2420,00 денСè започна со една мистериозна сина белешка зашиена во еден невестински фустан. Нешто сино…
Отидов да го продадам мојот неносен невестински фустан во еден бутик за облека од втора рака. И така го пронајдов фустанот со пораката на некоја друга невеста. Фантастичен скап дизајн со пердуви и најубавата порака што некогаш сум ја прочитала: „Ти благодарам што ги исполни сите мои соништа“.
На сината скапа хартија беше втиснато името Рид Иствуд, очигледно најромантичниот маж кој некогаш постоел. Наскоро дознав дека е и најпрекрасниот. Камо среќа тука да запрев со фантазиите за вистинска љубов. Така немаше да дознаам дека воедно е и најнеподносливиот, најарогантниот и најтешкиот човек на светот. Благодарение на иронијата на судбината, тој ми е новиот шеф. Но тоа нема да ме спречи да ја откријам приказната што се крие зад неговото последно љубовно писмо. Љубовно писмо кое не било проследено со среќен крај. Како и да е, таа драма не може ни да се спореди со драмата што почнува меѓу нас. Само еден Бог знае како ли ќе заврши таа…
-
Улицата на бродовите
0450,00 денВо врнежливиот Сиетл, на езерото Јунион, постои нешто што се нарекува Улицата на бродовите. Тоа е заедница на пловни куќи, каде што се живее уникатен, мирен и романтичен живот на вода. На самиот крај на доковите, има една пловна куќа со изветвени шиндри од кедар и ползавец грамофонче, но убавината на белите цветови може да лаже. Во педесеттите години, Пени, млада невеста на познатиот сликар Декстер Вентворт, се вселува во куќата и мечтае за исполнет живот како муза на успешниот локален уметник кого го очекува светска слава.
Во сегашноста, Ада Санторини по игра на случајноста завршува на истата пловна куќа, со надеж дека нејзиното нежно лулање на езерото ќе ја затапи болката од личната трагедија поради која бега од Њујорк. Кога се сместува во куќата, Ада наоѓа стар ковчег полн со спомени од една жестока љубовна афера. Соседите на доковите од некоја причина не сакаат да откриваат многу за минатото, но јасно е дека сите ја сакале убавата и мистериозна Пени. Како новинар, Ада насетува интересна приказна и почнува да истражува.
Се чини дека на Улицата на бродовите е судено да се испреплетат мистериозното минато на Пени и неизвесната иднина на Ада.
-
Мило мое дете
3490,00 денВо тмурна колиба без прозорци некаде во шумата, животот на Лена и на нејзините две деца следи строго дефинирани правила, кои ги поставува човекот којшто ги држи заробени – таткото: кога се јаде, кога се оди во тоалет, кога се учи… и сето тоа под неговото будно око. Тој го штити своето семејство од опасностите кои демнат во надворешниот свет и води сметка неговите деца секогаш да имаат мајка која ќе се грижи за нив.
Еден ден, Лена успева да побегне – но кошмарот продолжува. Се чини дека тиранинот сака да си го врати она што смета дека му припаѓа… Плус, под знак прашалник е дали таа навистина е жената по име „Лена“, мајка на двете деца, која исчезнала без трага пред 14 години. Полицијата и семејството на Лена очајно се обидуваат да ја состават сложувалката, чии делчиња од некоја причина не можат да се спојат во една целина.
Морничав и адреналински трилер во стилот на „Соба“ и „Ејми ја нема“ – од една од најпопуларните германски авторки.
-
Ова завршува со нас (тврд повез)
2500,00 денПонекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.
Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.
Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.
