Новогодишен ОНЛАЈН саем на книги
На 12/12/2017 | 0 Коментари

Како и секоја година, така и оваа, издавачката куќа Сакам Книги организира новогодишен онлајн саем на книга на сајтот www.sakamknigi.mk. Годинава започнува од вторник, 12.12.2017, и сите изданија ќе се продаваат со попусти од 10% до 50%, а ќе има и бесплатна испорака за сите нарачки над 1.000 денари низ целата земја. Дополнително, за сите поголеми нарачки (над 1300 ден.) ќе следуваат чашки со празничен дизајн.

Чаша со новогодишен дизајн Чаша со новогодишен дизајн

Зима со мирис на капини

 

Како најголем хит за зимава се најавува најновиот бестселер, Зима со мирис на капини од Сара Џио, емотивна приказна за две жени кои живеат во Сиетл, едната во 1933, а другата во 2010 година. Едната е самохрана мајка, со тажна љубовна приказна зад себе, а другата се обидува да си го спаси бракот и да преболи трагедија. Иако навидум нивните животи немаат допирна точка, се покажува дека ги поврзуваат многу повеќе работи отколку што мислат. Зима со мирис на капини е светски бестселер преведен во 30 земји и воедно една од најпопуларните книги на авторката Сара Џио, која има сличен стил на Кристин Хана и Лусинда Рајли.

ПРЕПОРАКИ ОД ИЗДАВАЧОТ ЗА ОВАА ЗИМА
Девојката пред мене

Издвојуваме и други наслови како препораки од нашата понуда, зависно од вкусот на читателите. Па, за сите оние кои се по трилерите, прв предлог за зимава е Девојката пред мене од Џ.П Дилејни – психолошки трилер преведен во 40 земји според кој наскоро ќе се снима и филм. Криј се од Лиса Гарднер и Сушата од Џејн Харпер исто така се дел од најпродаваните трилери периодов. Доколку ве интересираат романсите, најпродавани кај нив оваа година се: Онаа ноќ во Њујорк од Лорен Лејн, Или ти, или никој од Сузан Елизабет Филипс и Планот за среќен крај од Линдзи Келк. Од драмите, ги издвојуваме Ленинградска зима, Збогум најмила и Приказна за една мајка.

Целосниот саемски каталог може да се погледне подолу, а попустите ќе траат до 31.12.2017.

Напиши коментар