Филтер по цена
Жанр
  • Сидарта

    Сидарта

    0

    Мудроста човек може да ја најде и да ја живее, со неа можат да се прават чуда!

     

    „Сидарта“ е еден од најдобрите алегорични романи на светот. Приказна за духовното патување на едно момче кое има сѐ, но постојано чувствува дека нешто му недостига. Затоа и заминува во потрага по вистината, по аскетски пат кој го носи до одрекување од богатството, задоволството, привилегиите, кој првин го фрла во очај, а потоа го лекува со надеж.

    Барањето значи да се има цел, а наоѓањето значи да се биде слободен, отворен, без цел. Сидарта успева да се извлече од желбите и барањето, да стигне до духовно исполнување кое до ден-денес инспирира, воодушевува и влијае врз безброј генерации мислители, читатели, писатели и обични гости на овој свет.

    Нобеловецот Херман Хесе е синтеза на различни филозофии – источните религии, Јунговите архетипови, западниот индивидуализам и една неповторлива творечка мисла – сите обединети во единствена визија за животот изразена преку еден лик во потрага по вистината. Со оваа книга тој во наследство не ни остава само класика туку и непресушна мудрост за смислата на постоењето.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • The AI Journey

    The AI Journey

    0

    Долгогодишниот професионалец во ИТ индустријата, Суад Сефери, ја објавува првата книга за вештачка интелигенција на Балканот, „The AI Journey“, со цел да едуцира како луѓето ефикасно да ја користат вештачката интелигенција (ВИ). Во време на неверојатен технолошки напредок, ВИ брзо се наметнува како клучна алатка во различни области – од работните места до креативните индустрии.

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Море од спомени

    Море од спомени

    0

    Кога Кендра првпат ја посетува својата болна баба, таа ја замолува да ја запише нејзината приказна, пред да ја заборави…

    Во 1937 година, животот на седумнаесетгодишната Ела се менува засекогаш кога е испратена да летува на прекрасниот Иле де Рѐ и се среќава со харизматичниот Кристоф. Тие го поминуваат летото заедно, истражувајќи ги песочните плажи на островот и кристално чистите води и, за прв пат во животот, Ела се чувствува навистина слободна.

    Но, избувнувањето на војната менува сѐ. Ела е принудена да се врати во Шкотска, каде волонтира за воените сили заедно со застрашувачкиот Ангус. Во овој нов свет, Ела се чувствува како да се оддалечува сѐ повеќе од она што го доживеа на Иле де Рѐ.

    Дали таа некогаш ќе успее да го најде својот пат назад? И дали тоа навистина го посакува?

    490,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Расеани умови

    Расеани умови

    0

    Ако можеме активно да сакаме, нема да има ни недостиг на внимание ни растројство

    Книга што го разбива митот за растројството со недостиг на внимание, задолжително четиво за родителите и за сите кои сакаат да разберат како искуствата во детството ги обликуваат биологијата и психологијата на човечкиот мозок.

    Растројството со недостиг на внимание (АДД) сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста поради неговата широка распространетост и влијанието врз децата, но и врз кариерата на возрасните и социјалниот живот. Опишувајќи ја болната реалност на многу луѓе, искрено споделувајќи го своето лично искуство како возрасен со оваа состојба и татко на три деца со истата дијагноза, д-р Мате повикува на создавање семејни односи што гарантираат простор во кој сите се чувствуваат разбрани и сакани онакви какви што се.

    Длабинската анализа и терапевтските опции засновани врз емоционална блискост и емпатија ќе ги променат животите на милиони деца и возрасни. Универзални по својата суштина и вредност, советите во оваа остроумна и привлечна книга се верен водич во односите на човекот со себеси, со своите деца и со опкружувањето, и ја враќаат нашата верба во првобитното право на уникатност и независност. Книга која нуди вистинска надеж и практични совети за децата и возрасните кои живеат со оваа состојба.

    Исцелител што заслужува вистинска почит, возбудлива книга што стигна во вистинско време.

    Наоми Клајн

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Пресвртна година

    Пресвртна година

    0

    Сите кои сонувате за големи нешта – зачекорете и патот самиот ќе се појави

    Секој ден може да стане пресвртен. Секоја година е годината што може да ви го промени животот. Бријана Вист не може да го стори тоа за вас. Ниту нејзините мудри зборови. Но тие можат да ве охрабрат и како стар пријател да ве насочат оддалеку и длабоко однатре.

    Ако сте во пресвртен период, ако сè уште го премостувате просторот меѓу местото каде што сте сега и каде што сакате да бидете – запомнете дека личноста што сакате да станете е веќе внатре во вас.

    Патувањето што оваа книга ќе ви го приреди го убедува вашиот ум да дејствува постојано и доследно до она што вашето срце знае дека сака да го направи. Книга со 365 дневни лекции и медитации што ќе станат дел од вашето секојдневие. Ова е вашиот референтен водич што ќе ви помогне да се соочите со сите предизвици што ви стојат на патот и ве спречуваат да го остварите посакуваното.

    Интерактивна и привлечна книга за лични промени и преобразби. Со нејзино читање и збогатување на своите сознанија, ќе достигнете значаен напредок. Секој следен ден ќе ве натера да застанете пред невидливата порта на можности што досега не сте ја забележале. Не плашете се да влезете внатре, во просторот од кој се раѓа сиот ваш живот.

    Зборовите на Бријана Вист допираат директно во душата.

    Хода Котоб во Пипл

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Чекорите до црешовото дрво

    Чекорите до црешовото дрво

    0

    Нежна и моќна приказна за детството, храброста, љубовта и за животот.

    Деветгодишната Мафалда носи очила со жолти рамки,има мачор по име Отимо Туркарет, другарка-Амазонка и најдобар другар по име Филип. Но таа е исправена пред чуден предизвик. Ѝ откриле Старгартова болест која предизвикува постепено губење на видот и слепило. Во дневникот започнува да ги запишува сите нешта што нема да може да ги прави–да ги брои ѕвездите на небото, да игра фудбал со машките, да се качува на црешовото дрво во училишниот двор. Ама, набрзо дознава дека постоии поинаков начин нагледање. Со чекорите го мери растојанието до црешовото дрво… во правец на опојниот мирис… и започнува нов список: со нештата што сѐ уште ќе може да ги прави.

    Во мракот што ја опфаќа, Мафалда, исто како и Малиот Принц, учи светот да го набљудува со срцето, а не со очите. Горчината што ја чувствува читателот само се засилува со сознанието дека и авторката на романот страда од истата болест.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Лето во градот

    Лето во градот

    0

    Дваесет и седумгодишната сценаристка Ел ја добива шансата што ја чекала цел живот: да напише сценарио за високобуџетен филм сместен во Њујорк. Единствениот проблем? Со месеци има креативна блокада, а рокот за сценариото ѝ истекува на крајот од летото.

    Во очајна потрага по инспирација, Ел се враќа во градот во кој се заколнала дека никогаш повеќе нема да стапне. Се вселува во стан што во нормални услови не би можела да си го дозволи (со прозорци од под до таван, поглед кон хоризонтот и ново кафуле што веднаш ѝ станува навика). Совршено место за пишување… сè додека не сфати дека нејзиниот нов сосед е технолошкиот „Ерген-милијардер“, Паркер Ворен – човекот со кого имаше неславна авантура на скалилата во еден ноќен клуб пред две години. Веќе комплицираниот однос „од љубовници до непријатели“ штотуку станува уште полош.

    Кога повторната средба со него се претвора во ноќ исполнета со омраза и неочекувана инспирација, Ел сфаќа дека нејзиниот најголем непријател можеби е токму човекот што ѝ треба за да го доврши сценариото… Таа пишува анонимно, а тој е на насловната страница на секое бизнис списание. Тој посетува раскошни настани со црвени теписи, а таа не сака да излезе надвор од својот „емоционално безбеден радиус“ од пет блока. Едно лето. Еден ѕид меѓу нив.

    Еден договор ги спојува: нему му треба лажна врска, нејзе ѝ е потребен филм базиран на автентични локации низ Њујорк. На двајцата им е потребна пауза од немилосрдните распореди и шанса повторно да ги откријат блескавите облакодери, вкусот на пицата и сончевиот шарм на градот.  Едно лето во Њујорк, еден ѕид меѓу нив и правила што не смеат да се прекршат.Оваа летна романса е само договор. Сè е глума. Ветување.
    Сè додека веќе не е така.

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дарбата на кројачката

    Дарбата на кројачката

    0

    Од авторот на бестселерите „Море од спомени“ и „Ветувањето на пчеларот“ доаѓа една привлечна приказна за три млади жени кои се соочуваат со невозможен избор.
    Како ќе им пресуди историјата,
    на нив и на нивните семејства?Париз, 1940. Во градот окупиран од нацистите, три млади кројачки се обидуваат да продолжат со својот живот најдобро што можат. Но, трите девојки кријат животни тајни. Мирел, обележана од војната, се бори за Отпорот; Клер е во врска со германски офицер; а вмешаноста на Вивиен е нешто што таа не може да го сподели со ниту една од нив.Две генерации подоцна, внуката на Клер, Хариет, пристигнува во Париз, очајна да најде врска со своето минато. Живеејќи и работејќи во истата зграда на улицата „Кардинал“, таа ја дознава вистината за својата баба, но и за себе, таа открива семејна историја која е тешка и болна. Во време на војна, трите кројачки се соочуваат со невозможен избор кога нивните тајни активности ги ставаат во огромна опасност. Лојални една кон друга, загрозени од нечие предавство, дали можат да ја преживеат најмрачната ера во историјата без да бидат распарчени?

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Отворете кога...

    Отворете кога…

    0

    Кога ви е тешко да бидете со самите себе или со другите – отворете ја оваа книга

    Се чувствувате прегорено? Ви се распаѓаат врските? Се сомневате во себе? Го губите правецот?… Отворете ја оваа книга секогаш кога ќе ви затребаат охрабрување и мотивација! Зашто таа е водич за животните пресврти. За моментите кога станува комплицирано да се живее. Задолжителен придружник на претходниот бестселер на Џули Смит „Зошто никој не ми го кажа ова порано“. Книга што треба да ја отворите и да ѝ се обратите кога ќе се најдете среде бура.

    Кога сте преоптоварени, збунети или претерано самокритични, кога не знаете како да постапите на работа или да се изборите со распаѓањето на врската, советите на Џули Смит ќе ви помогнат да се снајдете нудејќи смиреност, јасност и фокус кон најдобриот пат што води напред.

    Дознајте како да ги решите секојдневните проблеми! Овие се зборовите што треба да ги чуете за да застанете на нозе, чувствувајќи се повеќе од подготвени за совладување на новите пречки што животот ви ги поставил на патот.

    „Апсолутно извонредна! Оваа книга ми требаше пред 30 години.“

    Мел Робинс, авторка на Теоријата пушти ги

    550,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Раскажувачот од Казабланка

    Раскажувачот од Казабланка

    0

    Казабланка, 2010 година.
    Може ли да има втора шанса на изгубената душа?

    Мароко, 1941 година.

    Франција е падната под нацистичка окупација, дванаесетгодишната Џози бега со своето семејство во Казабланка. Животот е интензивен како сонцето, секоја глетка, мирис и звук ги будат сите сетилата во овој град исполнет со извонредни ликови. Тоа е свет што е далеку од сите проблеми, а Џози го сака тоа.
    Седумдесет години подоцна.
    Едно ново пристигнување во опојниот пристанишен град. Зои, тешко се справува со проблемите во бракот, нејзината ќерка и нејзиниот нов живот
    како иселеник во едно за неа непознато место. Но, кога открива мала дрвена кутија и дневник од 1940-тите под даските од спалната соба, Зои влегува во светот на младата Џози, која сведочела за многу поинаква Казабланка.

    Можат ли сеќавањата на Џози да и' помогнат на Зои да ја претвори трагедијата во надеж
    и да ја пронајде потребната утеха за да го излечи своето скршено срце?

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ништо случајно

    Ништо случајно

    0

    Ако мојата приказна нешто покажува, тоа е дека патот не мора да биде однапред јасен. Но мора да бидеш подготвен да тргнеш – да ги препознаваш можностите и храбро да ги прифаќаш предизвиците.
    Нина Ангеловска Станков е едно од најпрепознатливите имиња на македонската бизнис-сцена, коосновач на еден од најуспешните стартапи Групер, пионер во македонската е-трговија, меѓународнo признат бизнис-лидер, доктор на науки и прва жена министер за финансии во Македонија. За својот успех и влијание има добиено бројни признанија, меѓу кои и 30 под 30 на Форбс… Многумина ги знаат овие факти, но ретко кој ја знае нејзината приказна.

    Од градење бизнис од нула до носење одлуки на највисоко ниво во државата, оваа книга открива што стои зад успехот – притисокот, преземените ризици и лекциите што не се гледаат однадвор. Ништо случајно е искрено и лично сведоштво за патување низ бизнис-светот, политиката, лидерството, мајчинството и личните пресврти што го обликувале нејзиниот живот. Доказ за тоа дека не треба да се чека совршениот момент, туку да се создаде.

    Записи за пречките, но и за пасијата, за деноноќната работа и за начинот на кој нè обликуваат родителите и средината, за храброста да се следи патот што не е секогаш однапред јасен. И не е најважно каде ќе стигнеме, туку какви ќе станеме следејќи го.

    Зашто за успешните приказни што оставаат трага – ништо не е случајно.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • СРЕДБА есеи

    СРЕДБА есеи

    0

    „Средба“ е последниот збир есеи од областа на книжевната критика излеани од едно од најоригиналните и воедно „најостри“ книжевни пера на денешницата, Милан Кундера. Во „Средба“, Кундера брилијантно луцидно се навраќа како на некои од неговите главни идејни тематски стожери, така и на некои свои стари љубови (оставината на Рабле, Фелини, Јаначек, Малапарте), истовремено великодушно и искрено нудејќи ни ги неговите промисли за литературата, за моралот и за трансформацијата на цивилизацијата каква што ја знаеме.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Оваа книга е без контрола!

    Оваа книга е без контрола!

    0

    Бен и Бела си играат со противпожарното возило на Бен со далечинско управување. Па зошто тоа не се врти, ниту пак ја вклучува сирената кога Бен ги притиска копчињата? И зошто му се случуваат чудни работи на кучето на Бела? Тука се работи за случај на една книга што губи контрола над работите и само читателот може да помогне тие да се вратат во нормала.

    360,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Оваа книга ми го изеде кучето!

    Оваа книга ми го изеде кучето!

    0

    Се бара љубезен читател за да ѝ покаже на оваа палава книга кој е главен. „Оваа книга ми го изеде кучето“ е приказна за едно мало девојче, едно големо куче и една книга со палаво однесување! Еден ден, додека Бела си го шеташе кучето, случи нешто чудно. Тоа исчезна! На Бела, на нејзиниот пријател Бен и на спасувачките екипи им стана јасно дека опасноста се крие на страниците на оваа книга. Но, таму каде што полицијата и противпожарната бригада не успеваат, ти – читателот – би можел да помогнеш.

    360,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ние сме во погрешна книга!

    Ние сме во погрешна книга!

    0

    Се бара љубезен читател да им помогне на Бен и Бела да најдат среќен крај во оваа сликовница. Кога трката со вреќи за компири тргнува наопаку, Бен и Бела ќе се најдат исфрлени од нивната страница во некоја непозната територија. Но, тоа ќе ги одведе и на авантура со секое прелистување на страниците. Ајде да видиме како ќе го најдат патот назад во својата книга?

    360,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Мала книга на стапици

    Мала книга на стапици

    0

    „Оваа книга е малечок алат, инструмент кој можете да го користите на ваш начин. Алатот, се разбира, не работи сам по себе. Тој мора да се користи за да биде корисен, и мора да се научи како да се користи. Овој ’драматуршки‘ инструмент нема да напише драми за вас, но може да ви помогне вие да напишете драми. Алатот е едноставен, но тој се користи за создавање сложена магија.“

    320,00 ден
    Прочитај повеќе