-
Сидарта
0250,00 денМудроста човек може да ја најде и да ја живее, со неа можат да се прават чуда!
„Сидарта“ е еден од најдобрите алегорични романи на светот. Приказна за духовното патување на едно момче кое има сѐ, но постојано чувствува дека нешто му недостига. Затоа и заминува во потрага по вистината, по аскетски пат кој го носи до одрекување од богатството, задоволството, привилегиите, кој првин го фрла во очај, а потоа го лекува со надеж.
Барањето значи да се има цел, а наоѓањето значи да се биде слободен, отворен, без цел. Сидарта успева да се извлече од желбите и барањето, да стигне до духовно исполнување кое до ден-денес инспирира, воодушевува и влијае врз безброј генерации мислители, читатели, писатели и обични гости на овој свет.
Нобеловецот Херман Хесе е синтеза на различни филозофии – источните религии, Јунговите архетипови, западниот индивидуализам и една неповторлива творечка мисла – сите обединети во единствена визија за животот изразена преку еден лик во потрага по вистината. Со оваа книга тој во наследство не ни остава само класика туку и непресушна мудрост за смислата на постоењето.
-
The AI Journey
0420,00 денДолгогодишниот професионалец во ИТ индустријата, Суад Сефери, ја објавува првата книга за вештачка интелигенција на Балканот, „The AI Journey“, со цел да едуцира како луѓето ефикасно да ја користат вештачката интелигенција (ВИ). Во време на неверојатен технолошки напредок, ВИ брзо се наметнува како клучна алатка во различни области – од работните места до креативните индустрии.
-
Море од спомени
0490,00 денКога Кендра првпат ја посетува својата болна баба, таа ја замолува да ја запише нејзината приказна, пред да ја заборави…
Во 1937 година, животот на седумнаесетгодишната Ела се менува засекогаш кога е испратена да летува на прекрасниот Иле де Рѐ и се среќава со харизматичниот Кристоф. Тие го поминуваат летото заедно, истражувајќи ги песочните плажи на островот и кристално чистите води и, за прв пат во животот, Ела се чувствува навистина слободна.
Но, избувнувањето на војната менува сѐ. Ела е принудена да се врати во Шкотска, каде волонтира за воените сили заедно со застрашувачкиот Ангус. Во овој нов свет, Ела се чувствува како да се оддалечува сѐ повеќе од она што го доживеа на Иле де Рѐ.
Дали таа некогаш ќе успее да го најде својот пат назад? И дали тоа навистина го посакува?
-
Расеани умови
0550,00 денАко можеме активно да сакаме, нема да има ни недостиг на внимание ни растројство
Книга што го разбива митот за растројството со недостиг на внимание, задолжително четиво за родителите и за сите кои сакаат да разберат како искуствата во детството ги обликуваат биологијата и психологијата на човечкиот мозок.
Растројството со недостиг на внимание (АДД) сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста поради неговата широка распространетост и влијанието врз децата, но и врз кариерата на возрасните и социјалниот живот. Опишувајќи ја болната реалност на многу луѓе, искрено споделувајќи го своето лично искуство како возрасен со оваа состојба и татко на три деца со истата дијагноза, д-р Мате повикува на создавање семејни односи што гарантираат простор во кој сите се чувствуваат разбрани и сакани онакви какви што се.
Длабинската анализа и терапевтските опции засновани врз емоционална блискост и емпатија ќе ги променат животите на милиони деца и возрасни. Универзални по својата суштина и вредност, советите во оваа остроумна и привлечна книга се верен водич во односите на човекот со себеси, со своите деца и со опкружувањето, и ја враќаат нашата верба во првобитното право на уникатност и независност. Книга која нуди вистинска надеж и практични совети за децата и возрасните кои живеат со оваа состојба.
Исцелител што заслужува вистинска почит, возбудлива книга што стигна во вистинско време.
Наоми Клајн
-
Пресвртна година
0500,00 денСите кои сонувате за големи нешта – зачекорете и патот самиот ќе се појави
Секој ден може да стане пресвртен. Секоја година е годината што може да ви го промени животот. Бријана Вист не може да го стори тоа за вас. Ниту нејзините мудри зборови. Но тие можат да ве охрабрат и како стар пријател да ве насочат оддалеку и длабоко однатре.
Ако сте во пресвртен период, ако сè уште го премостувате просторот меѓу местото каде што сте сега и каде што сакате да бидете – запомнете дека личноста што сакате да станете е веќе внатре во вас.
Патувањето што оваа книга ќе ви го приреди го убедува вашиот ум да дејствува постојано и доследно до она што вашето срце знае дека сака да го направи. Книга со 365 дневни лекции и медитации што ќе станат дел од вашето секојдневие. Ова е вашиот референтен водич што ќе ви помогне да се соочите со сите предизвици што ви стојат на патот и ве спречуваат да го остварите посакуваното.
Интерактивна и привлечна книга за лични промени и преобразби. Со нејзино читање и збогатување на своите сознанија, ќе достигнете значаен напредок. Секој следен ден ќе ве натера да застанете пред невидливата порта на можности што досега не сте ја забележале. Не плашете се да влезете внатре, во просторот од кој се раѓа сиот ваш живот.
Зборовите на Бријана Вист допираат директно во душата.
Хода Котоб во Пипл
-
Чекорите до црешовото дрво
0350,00 денНежна и моќна приказна за детството, храброста, љубовта и за животот.
Деветгодишната Мафалда носи очила со жолти рамки,има мачор по име Отимо Туркарет, другарка-Амазонка и најдобар другар по име Филип. Но таа е исправена пред чуден предизвик. Ѝ откриле Старгартова болест која предизвикува постепено губење на видот и слепило. Во дневникот започнува да ги запишува сите нешта што нема да може да ги прави–да ги брои ѕвездите на небото, да игра фудбал со машките, да се качува на црешовото дрво во училишниот двор. Ама, набрзо дознава дека постоии поинаков начин нагледање. Со чекорите го мери растојанието до црешовото дрво… во правец на опојниот мирис… и започнува нов список: со нештата што сѐ уште ќе може да ги прави.
Во мракот што ја опфаќа, Мафалда, исто како и Малиот Принц, учи светот да го набљудува со срцето, а не со очите. Горчината што ја чувствува читателот само се засилува со сознанието дека и авторката на романот страда од истата болест.
-
Дарбата на кројачката
0490,00 денОд авторот на бестселерите „Море од спомени“ и „Ветувањето на пчеларот“ доаѓа една привлечна приказна за три млади жени кои се соочуваат со невозможен избор.
Како ќе им пресуди историјата,
на нив и на нивните семејства?Париз, 1940. Во градот окупиран од нацистите, три млади кројачки се обидуваат да продолжат со својот живот најдобро што можат. Но, трите девојки кријат животни тајни. Мирел, обележана од војната, се бори за Отпорот; Клер е во врска со германски офицер; а вмешаноста на Вивиен е нешто што таа не може да го сподели со ниту една од нив.Две генерации подоцна, внуката на Клер, Хариет, пристигнува во Париз, очајна да најде врска со своето минато. Живеејќи и работејќи во истата зграда на улицата „Кардинал“, таа ја дознава вистината за својата баба, но и за себе, таа открива семејна историја која е тешка и болна. Во време на војна, трите кројачки се соочуваат со невозможен избор кога нивните тајни активности ги ставаат во огромна опасност. Лојални една кон друга, загрозени од нечие предавство, дали можат да ја преживеат најмрачната ера во историјата без да бидат распарчени? -
Раскажувачот од Казабланка
0520,00 денКазабланка, 2010 година.
Може ли да има втора шанса на изгубената душа?Мароко, 1941 година.
Франција е падната под нацистичка окупација, дванаесетгодишната Џози бега со своето семејство во Казабланка. Животот е интензивен како сонцето, секоја глетка, мирис и звук ги будат сите сетилата во овој град исполнет со извонредни ликови. Тоа е свет што е далеку од сите проблеми, а Џози го сака тоа.
Седумдесет години подоцна.
Едно ново пристигнување во опојниот пристанишен град. Зои, тешко се справува со проблемите во бракот, нејзината ќерка и нејзиниот нов живот
како иселеник во едно за неа непознато место. Но, кога открива мала дрвена кутија и дневник од 1940-тите под даските од спалната соба, Зои влегува во светот на младата Џози, која сведочела за многу поинаква Казабланка.Можат ли сеќавањата на Џози да и' помогнат на Зои да ја претвори трагедијата во надеж
и да ја пронајде потребната утеха за да го излечи своето скршено срце? -
СРЕДБА есеи
0300,00 ден„Средба“ е последниот збир есеи од областа на книжевната критика излеани од едно од најоригиналните и воедно „најостри“ книжевни пера на денешницата, Милан Кундера. Во „Средба“, Кундера брилијантно луцидно се навраќа како на некои од неговите главни идејни тематски стожери, така и на некои свои стари љубови (оставината на Рабле, Фелини, Јаначек, Малапарте), истовремено великодушно и искрено нудејќи ни ги неговите промисли за литературата, за моралот и за трансформацијата на цивилизацијата каква што ја знаеме.
-
Мала книга на стапици
0320,00 ден„Оваа книга е малечок алат, инструмент кој можете да го користите на ваш начин. Алатот, се разбира, не работи сам по себе. Тој мора да се користи за да биде корисен, и мора да се научи како да се користи. Овој ’драматуршки‘ инструмент нема да напише драми за вас, но може да ви помогне вие да напишете драми. Алатот е едноставен, но тој се користи за создавање сложена магија.“
-
Ти си мојот живот
0350,00 ден…Ја позеде со растреперени раце и треперлив глас, извика. – Кај си, сонце на мама. Кај си, среќо моја. Само да знаеш колку долго те чекав. ТИ СИ МОЈОТ ЖИВОТ! Да си ми жива и здрава сто години. Твојата љубов мене да ме грее, а мојата тебе. Никогаш ништо да не нè раздели. – Подавајќи ѝ ја на Васка спушти еден нежен бакнеж на нејзиното чело. – Ова е најсреќен ден во мојот
живот. Ти благодарам, Сергеј, што не ме остави сама… – Солзите пак потекоа низ нејзиното лице. Радост и тага во моментот беа испомешани. -
Намасте
0320,00 денНамасте – мојата душа ја поздравува твојата душа, совршеното во мене го препознава совршеното во тебе.
Пред неколку години малкумина знаеја што е икигаи. Со 2,5 милиони продадени примероци од истоимената книга, Гарсија и Миралјес нè запознаа со значењето на тој таинствен збор поврзан со јапонската долговечност. Сега нè носат на ново инспиративно патување, овој пат во Индија, духовната ризница на човештвото.
Традиционалниот хиндуистички поздрав Намасте нè потсетува на божествената искра што секој од нас ја носи во себе. Откривајќи ни го значењето на овој возвишен поздрав, авторите ни нудат пат за обновување на врската со божественото, пат кон хармонија и среќа, за да можеме да создадеме сегашност каква што заслужуваме и иднина за која мечтаеме, за себе и за светот.
Кажете си Намасте себеси и на својот живот. Доживејте ја исцелувачката моќ на мантрата ОМ, откријте како да го прекинете страдањето, да се ослободите од своето его, од вознемиреноста и стравот, да го разбудите својот творечки потенцијал и целиот живот да го поминете исполнети со здравје и енергија.
-
ПАЛАТАТА СО МАГНОЛИИ
0520,00 денЊујорк 1919 година. Откако ја губи мајка си, животот на 21 годишната Лилијан Картер целосно се распаѓа. Во изминатите шест години, под името Анџелика, Лилијан беше една од најбараните модели на уметниците во Њујорк, чии статуи ги красат најпознатите зданија, од хотелот Плаза до Бруклинскиот мост. Но, на повидок е скандал кој Лилијан сака да го избегне наоѓајќи засолниште во резиденцијата на семејството Фрик, како лична асистенка на темпераментната Хелен. Животот на Лилијан премногу се испреплетува со животот на семејството, па така таа ќе биде вовлечена во една несакана афера, кражба на еден од најпознатите дијаманти и убиството на индустријалецот и покровител на уметноста Хенри Клеј Фрик.
Њујорк 1966 година. Англичанката Вероника Вебер ја користи својата единствена шанса да направи кариера како супер модел во Њујорк и со тоа да ги заработи парите што ѝ се потребни за да го издржува семејството. Таа доживува фиаско на нејзиното прво снимање за „Вог“ и останува заклучена во Музејот на уметноста на Петтата авенија, поранешната резиденција на семејството Фрик. Сакајќи да ја убие досадата, Вероника тргнува по замислена потрага, но наидува на скриени пораки кои што можат да ѝ ги решат финансиските проблеми, но исто така можност конечно да се открие вистината зад мистериите и децениското убиство во семејството Фрик.
„Палатата со магнолии“ е роман за тајните, предавствата и убиството
во едно од најпознатите семејства од Златното доба на Њујорк, семејството Фрик. -
Уништување
0650,00 денВо заднина имаше нешто помрачно, нешто нездраво, па дури и зло…
Пристига 2027 година. Француската држава станува жртва на серија мистериозни и вознемирувачки кибернапади. Дури и најдобрите компјутерски научници остануваат без одговори пред невидливата закана. Земјата е во состојба на економски пад и морално распаѓање.
Пол Резон работи во Министерството за економија и е близок до владата, како син на човек кој целиот свој работен век го поминал во безбедносните служби. Кога таткото умира од мозочен удар, неговите деца имаат можност да си ги обноват односите и да ја вратат претходната блискост. Но што се подразбира под обновување на личните односи или на државата?
Мишел Уелбек уште еднаш открива нови страни во своето творештво, додавајќи сочувство и нежност во емоциите на бес, одвратност и иронија, со стил кој ги разбрануваа читателите и критичарите претходните години и му донесе меѓународна слава.
„Најзначајниот романсиер во цела Европа во последните три децении.“
Сандеј тајмс
„Уелбек е неспоредлив. Нема автор што му парира.“
Дејли телеграф
-
Опијатите на лепословието
0400,00 денВенко Андоновски (1964) е еден од нашите најчитани писатели. Добитник е на сите значајни домашни награди за проза и драма, како и на неколку меѓународни признанија. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, критичар и теоретичар, овој пат под критичка лупа ги става своите дела.
Оваа книга е моја лична теорија за романот, расказот и драмата, книга во која не само што пишувам за своите дела туку и откривам некои свои „мали тајни“ на пишувањето. Во неа тврдам дека љубовното мелодрамско е брашното, трилерот е квасецот, апсурдот е месото, а гледните точки и „блендата“ на раскажувањето се зачините во тој „рецепт“ за „мојот специјалитет“ – романот. Говорам и за невидливите огледала поставени на тајни места, во кои се огледува текстот, пропаѓајќи вртоглаво во самиот себе. Говорам и за „температурата“ на текстот и како јас ја одржувам, како ја качувам или ја спуштам, а ја изнесувам и тезата дека температурата на текстот влијае врз температурата на душата кај читателот. Оваа книга е мој личен „прозен готвач“ и се надевам дека ќе им помогне и на други писатели кои се бараат себеси – да се пронајдат, зашто секој си смислува свој личен рецепт и има свој личен стил до кој самиот доаѓа. А ќе им помогне и на читателите – ќе им покаже како да читаат лепословија.
Венко Андоновски
-
Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот
0400,00 денПатување низ една вселена каде границите меѓу реалноста и симулацијата се топат во чад од кафеанска ламба. Дон, Роб, Хал, Р2 и чудесни битија како Природата, Спектар и Моно се вплеткуваат во разговори што се нишаат меѓу смеење и апокалипса, меѓу научни формули и егзистенцијални прашања.
Оваа книга ја меша иронијата на Даглас Адамс, метафизиката на Ками и визијата на Лем, но ја сместува во универзална кафеана – архетипско место каде секоја цивилизација би можела да ја започне или заврши својата приказна.
Тука симулациите се напредни копии на реалноста, а симулакрумите поавтентични од неа. Времето тече со каприциозни закони што го понижуваат разумот, а гравитацијата е само уште една шега на космосот. На крајот, човештвото е ставено пред најтешкиот избор: Дали врвната смисла е слободата што создава светови – или љубовта што ги чува?
Читателот ќе најде забава, но истовремено ќе биде предизвикан и збунет – и можеби малку променет. Ова не е обичен роман, туку филозофска научна фантастика за оние што сакаат да го постават најстарото прашање на нов начин: Што значи да се биде човек во универзум кој можеби е само симулација – или, пак, само уште една шега?