Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Совршенство

    Совршенство

    0
    Тој ја бара совршената жена, а тоа дефинитивно не е таа.

    Зои е навикната да се грижи самата за себе и одамна има прифатено дека кога се случува нешто лошо, сигурно ќе ѝ се случи нејзе. Па кога ја губи работата поради глупост и сѐ тргнува во надолна линија после тоа, таа не очекува никакво подобрување на ниедно поле. И дефинитивно не очекува да добие помош од нејзиниот бучен безобразен сосед, но секако нема што да изгуби па ја става довербата во негови раце и решава да се надева на најдоброто. Но она што не го очекува е уникатната можност која ѝ ја нуди тој со договор од кој двајцата би имале корист, а никој не би требало да биде повреден… иако таа веќе има доволно искуство со проблемите и би требало да знае дека никогаш немала таква среќа во животот.
    Како и сите други мажи во семејството Бредфорд, Тревор има една слаба точка: храната – и ништо друго. Тој води прилично стандарден живот и сака едноставни работи, а тоа значи дека сака и едноставни, лесни врски. Истовремено, посакува совршена жена и точно знае каква би требало да биде таа. Па кога сфаќа дека почнува премногу да мисли на сосетката, која не исполнува речиси ниеден од неговите критериуми, ужасено заклучува дека има само еден начин да му пројде меракот и да ја батали, а тоа е да легне со неа. Па решава да си го пополни времето со неа додека го бара своето совршенство.
    440,00 ден
    Додај во кошничка
  • Согласност

    Согласност

    0

    Повеќе од триесет години од настаните што ги опишува во својата книга, Ванеса Спрингора го претставува процесот на немилосрдна психолошка манипулација и застрашувачка двосмисленост на согласноста со која се соочува жртвата полна со љубов. А покрај својата индивидуална приказна, таа ги доведува во прашање и настаните од цела една епоха – како и самозадоволството на една средина заслепена со сопствената слава и талент.

    Во средината на осумдесеттите години на 20. век, воспитувана од страна на разведената мајка, В. со читањето ја пополнува празнината што ја оставил отсутниот татко. На возраст од само тринаесет години, на една вечера, го запознава Г., писателот чија мрачна слава не ја познава. На прв поглед била привлечена од харизмата на тој педесетгодишен маж – од неговите вљубени погледи и вниманието што ѝ го посветува. Потоа добива писмо во кое тој ја нагласува својата несовладлива потреба повторно да ја види. Сеприсутен и страстен, Г. успева да ја убеди дека ја сака и дека нема да ѝ направи ништо лошо.

    Кога полни само четиринаесет години, В. му се нуди и со душата и со телото. Заканите на Одделот за малолетници уште повеќе ја засилуваат оваа опасно романтична идила. Меѓутоа, кога В. ќе забележи дека Г. отсекогаш негувал љубовни врски со адолесцентки, како и дека практикува сексуален туризам во земјите во кои малолетниците се загрозени, таа поминува низ страшно разочарување. Бидејќи зад привлечната појава на еден писател се крие предатор, В. се обидува да се оттргне од него, подготвувајќи се да ја раскаже нивната приказна.

    Така настана оваа автобиографија што се темели на вистински настани…

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Создајте свое ново јас

    Создајте свое ново јас

    0

    Вие не сте судбински одредени од вашите гени и осудени да бидете такви какви што сте до крајот на својот живот. Се појавува нова наука што на сите човечки суштества им дава моќ да создаваат реалност според свој избор. Во Создајте свое ново јас, познатиот автор, говорник, истражувач и киропрактичар, д-р Џо Диспенца ги комбинира подрачјата на квантната физика, невронауката, хемијата на мозокот, биологијата и генетиката за да ви покаже што е, навистина, можно.
    Не само што ќе ви биде дадено потребното знаење за промена на кој било аспект од себе, туку, чекор по чекор, ќе ги научите алатките што ќе ги користите за да го примените тоа што сте го научиле во создавањето мерливи промени во некоја област од својот живот. Д-р Диспенца ги демистификува древните сфаќања и го премостува јазот меѓу науката и духовност.
    Преку неговите моќни работилници и предавања, илјадници луѓе во 24 различни земји ги користеле овие принципи за да се променат однатре кон надвор. Откако ќе ја прекинете навиката да бидете такви какви што сте и, навистина, ќе го промените својот ум, вашиот живот веќе никогаш нема да биде ист!

    „Создајте свое ново јас: како да го изгубите сопствениот ум и да создадете нов е моќен спој на врвна наука и нејзина примена во реалниот живот вткаени во совршена формула за секојдневно живеење.“
    Грег Брејден (Gregg Braden), автор на бестселерот Божествената матрица (The Divine Matrix)

    580,00 ден
    Додај во кошничка
  • Соларис

    Соларис

    0

    Најчитаниот автор на научна фантастика во светот конечно на македонски, со едно од најважните Sci-Fi дела во историјата – „Соларис“!
    На една истражувачката станица што се наоѓа на планетата Соларис, целата прекриена со огромен жив океан, доаѓа нов член на експедицијата. Веднаш по слетувањето, Крис Келвин го вознемируваат чудните однесувања на членовите од екипажот.
    Открива дека еден од нив, доктор Гибариан, извршил самоубиство, а во просториите на станицата се појавиле суштества што ги креирал „океанот“, односно материјализираните спомени за ликови или нешта од најдлабоко потиснатите делови од умовите на истражувачите. Во моментот кога Крис почнува да се истражува себеси, почнуваат компликациите…

    Романот „Соларис“ има огромно влијание врз уметноста. Најпозната од трите филмски адаптации е онаа на Андреј Тарковски од 1972 година, за која тој ја доби главната награда во Кан.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Соломоновиот знак

    Соломоновиот знак

    0

    Лето, период на годишни одмори. Осло е пуст, зафатен од тропски горештини. Во еден стан недалеку од гробиштата, од таванот капе вода, право во тенџере со зовриени компири, и создава црни грутчиња…

    За тоа време, инспекторот Хари Хуле – пијан, напуштен и веројатно отпуштен од работа – спие на подот во својот стан во Софиина улица. Упорно но неуспешно обидувајќи се да го разобличи вишиот инспектор Том Волер како убиец, ги изневерил сите што му значат нешто. По четиринеделно отсуство, не очекува дека ќе му биде доделен каков и да е нов случај. А тогаш се појавува труп на девојка со отсечен прст и Хари го буди повик од началникот на Одделението за крвни деликти. Во таа последна истрага Хари ќе мора да соработува со единствениот инспектор кој никогаш не оди на одмор: Том Волер. А за наредните денови е најавено покачување на температурите…

    „Несбе уште еднаш се покажа како суверен мајстор на жанрот. Вешто раскажано, со неочекуван исход.“ Оле Јакоб Хул, Адресеависа

    „Роман полн со пресврти и со елегантно поврзани паралелни текови. За секоја пофалба!“ Мортен Абрахамсен, VG (Норвешка)

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Солта во морето

    Солта во морето

    1

    Сите знаат за добро документираната катастрофа со Титаник, но малкумина се запознаени со една од најголемите поморски трагедии…

    Се ближи крајот на Втората светска војна и илјадници бегалци очајнички тргнуваат кон прегратките на слободата; многумина од нив со скриени тајни… Помеѓу нив се и Јоана, Емилија, Флоријан, чии патишта се вкрстуваат на пат кон „Вилхелм Густлов“, брод кој ветува спас. Соединети од стегите на околностите, тројцата млади црпат сила и храброст еден од друг, но меѓусебната доверба ја тестира секој следен чекор на пат кон безбедноста.

    И баш кога им се чини дека слободата е на дофат на рака, доаѓа до незамислива трагедија. Преоптоварениот брод, наменет за 1.800 патници, а натоварен со над 10.000 луѓе, почнува да тоне и сите тие, возрасни и деца, богати и сиромашни, мораат да се борат за истото: за преживување, за своите животи. Раскажан од различни перспективи, овој трогателен роман е инспириран од вистинска трагедија. Авторката ни открива жртви на страшната војна за кои знаат неверојатно мал број луѓе и докажува дека хуманоста и љубовта можат да победат дури и во најмрачните околности.

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Солунска 28

    Солунска 28

    0

    Д-р Неле Карајлиќ со својата дебитантска книга „Фајронт во Сараево“ најави дека е писател на кој сериозно треба да се смета. Тоа го потврди со својот прв вистински роман „Солунска 28“.

    Приказната за едно семејство почнува на почетокот на 20 век кога Живота, кој бега од Прахова, и Босилка, која бега од Австро-Унгарија, се среќаваат во Белград, решаваат да почнат заеднички живот и да основаат семејство. И до ден-денес, и покрај војните, бомбардирањата, пожарите, болестите, промената на режими, национализацијата, приватизацијата и другите потреси, куќата на Живота во Солунската улица го има истиот тој број 28.

    Спојувајќи ги најдобрите состојки на јужноамериканскиот магиски реализам и сараевскиот нов надреализам, д-р Карајлиќ ни раскажува за историјата на една куќа во дорќолската улица и нè води во просторот од другата страна на огледалото, на тромеѓата на животот, смртта и вечноста.

    480,00 ден
    Додај во кошничка
  • Солунска 28, втор дел

    Солунска 28, втор дел

    0

    Во вториот дел од трилогијата, посветена на луѓето и на случувањата кои поминуваа низ дорќолската куќа на брегот на Дунав, д-р Карајлиќ по којзнае кој пат докажува дека поседува неисцрпна енергија со којашто успева да се избори со најголемите животни и уметнички предизвици. Раскажувајќи за сè она што ги снашло станарите на Солунска 28 во текот на германската окупација на Белград во Втората светска војна, д-р Карајлиќ еднакво нуди читачко уживање и на оние што го прочитале првиот дел од трилогијата, но и на оние што дури сега се придружуваат на армијата негови верни читатели. Продолжението на монументалната сага за една куќа, за еден град и за два света, уште еднаш потврдува дека нашата книжевност добила еден нов, поинаков и храбар глас во д-р Карајлиќ, со кој овој сестран уметник умее, а и има толку многу важно да ни каже.

    480,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сонцето и Кралицата на темнината

    Сонцето и Кралицата на темнината

    1

    Сонцето е осамено и тажно. Наконтените и занесени ѕвездички му се потсмеваат бидејќи не е како нив. Но, еден убав ден ќе ја сретне својата посебна другарка – планетата Земја. Колку е убаво да се има вистинско другарче!

    И можеби сѐ ќе беше добро ако не се појавеше Кралицата – љубителка на мракот.

    Ох, ќе успее ли Сонцето да ја врати светлината?

    Најмили деца, придружете му се и откријте ги своите супермоќи како што Сонцето ги открива своите.

    И што е најважно – бидете свои и сјајни како него!

    200,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сонцето повторно изгрева

    Сонцето повторно изгрева

    0

    „Да уживаш во животот значи да научиш да добиваш онолку колку што си платил и да знаеш кога си го постигнал тоа… Ова ми се чинеше како добра филозофија. За пет години, си мислев, ќе ми изгледа исто толку смешна како и сите други добри филозофии што ги имав.

    Џејк е силно вљубен во Брет Ешли, но во неа се вљубени и Роберт и Мајкл. Преку нивните доживувања, маки и пијанки, од кафулињата и булеварите на Париз, до борбите со бикови и фиестата во Памплона, Хемингвеј ни ја отсликува „изгубената генерација“ – генерацијата на млади и не толку млади луѓе, кои се обидувале да ја потиснат траумата од Првата светска војна преку забава, алкохол, љубов, секс и уметност.

    „Сонцето повторно изгрева“ е можеби првиот вистински писателски триумф на Хемингвеј. Првпат објавен во 1926 година, овој роман останува едно од највпечатливите модерни книжевни дела, а воедно и незаборавна апологија на една генерација која била принудена да ги отфрли сите илузии на своето време и како што знае и умее да продолжи да живее.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сонцето под земја, кралството над него

    Сонцето под земја, кралството над него

    0

    Длабоко под земја лежи второто сонце, елша. Елшата е магична материја која со векови ги хранела Сончевите кралеви, давајќи им натприродна сила. Но не повеќе. Некои не ни веруваат дека некогаш тоа било вистина.

    Сега поважно е пророштвото – пророштвото кое вели дека Сончевото кралство ќе згасне засекогаш. Неизбежноста на судбината ја засенува кралската фамилија. Затоа, принц Марко, Токиј Токмакот – џинот кој не е џин, Неда – главата на Зраците, и Ѕвездан – oвчарот од Поток, мораат да го најдат Неродениот од жена, да го уништат пред тој да збрише сè.

    Но, на Сончевото кралство му се закануваат и други опасности. Стариот крал е решен да ги сече врските со господарот од подземјето, а Копачите, на чело со командантот Драгор, сејат раздор и ерес по срцата на народот. Браќа и сестри ќе посегнат по зло од завист, кој со оружје, кој со магија – сите барајќи си го своето.

    Херои не можат да постојат, не во оваа земја. Oваа земја плаче за крв, а сонцето под земја ќе го нахрани победникот – некој ќе го отруе, некој ќе го зацари.ф

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сопруга на хартија

    Сопруга на хартија

    0

    Јужна Кина, 1923 година. Очајни да ѝ обезбедат иднина, родителите на Меј Линг договараат нејзин брак со вдовец кој живее во Калифорнија. За да влезе во земјата, Меј Линг мора да се преправа дека е првата сопруга на својот сопруг- сопруга на хартија.

    За време на опасното патување, Меј Линг прима под своја закрила девојче- сирак по име Сју. Соништата за подобар живот во Америка ѝ даваат сила на Меј Линг да ги издржи мачното патување и држењето во излоација на островот Енџел. Но, кога конечно ќе стигне во Сан Франциско ја чека изненадување…

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сопругата на детективот

    Сопругата на детективот

    5

    1994 година: Лидија е млада девојка од фино семејство, кога го запознава малку постариот детектив Димитар и веднаш се вљубува во него. Не може да поверува колку е привлечен, колку е културен, колку е мажествен, а таа од друга страна, млада, наивна, неискусна. Кога тој покажува интерес за неа, просто не може да си поверува на среќата.

    Но дали е сè така како што изгледа?

    2014 година: Лидија е во затвор, а Димитар е мртов. Никој не знае што точно се случило. Таа на суд сведочи дека со години била жртва на семејно насилство и тврди дека била принудена да го убие сопругот во самоодбрана, но никој не ѝ верува.

    А можеби и не треба…

    Семејна драма со голема доза на мистерија во која се испреплетуваат приказните на неколку затворенички, во стилот на легендарниот мјузикал Чикаго, и ве тераат да ги вртите страниците сè додека не дознаете како завршува секоја една од нив.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сопругата на мојот сопруг

    Сопругата на мојот сопруг

    0

    Иден Фокс оди на трчање пред нејзината прва ликовна изложба што со душа ја чека. Но кога се враќа во домот во кој неодамна се досели, шармантната стара куќа во Хоуп Фолс што мештаните ја нарекуваат Двогледот, ништо не е како што треба да биде. Клучот не влегува во бравата, непозната жена што морничаво многу наликува на неа ѝ ја отвора вратата, а сопругот настојува дека таа туѓинка е неговата сопруга.

    Една куќа, еден сопруг, две жени. Некој лаже.

    Шест месеци претходно, Бирди, самотничка од Лондон, добива ужасна дијагноза и писмо од кое дознава дека е наследничка на Двоглед. Неочекуваниот подарок од одамна изгубената баба ја враќа во убавото крајбрежно селце Хоуп Фолс. Но кога Бирди ќе дознае за лондонската клиника што тврди дека умее да го предвиди точниот датум на смрт на секој човек, вклучително и нејзиниот, се чувствува приморана да поправи некои дамнешни грешки.

    570,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Софија и Ѕуница

    Софија и Ѕуница

    0

    Софија е многу возбудена поради тоа што е во Академијата за еднорози. Сигурна е дека Ѕуница, нејзиниот прекрасен еднорог, ќе ù стане најдобра пријателка.

    Кога Волшебното езеро ќе добие чудна боја и магијата на еднорозите ќе тргне на лошо, Софија и Ѕуница знаат дека можат да го поправат ова. Но, мораат да бидат храбри и да тргнат на голема авантура во шумата…

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Спасителот

    Спасителот

    0

    Во летувалиштето на Војската на спасот силувана е една четиринаесетгодишничка. По дванаесет години, на предбожикниот концерт на оваа организација, некој од толпата убива еден од нејзините војници. Фоторепортерите го сликаат можниот убиец, но стручњакот за препознавање лица Беата Лен ја збунува тоа што ликот му е различен на секоја слика… Инспекторот Хуле тргнува во лов на човекот без лице што го води во поранешна Југославија, и назад во подземјето на норвешката престолнина, во еден свет што бара вечно – или барем мигновено – спасение. А платеникот сè уште не ја завршил својата задача…

    Спасителот е мајсторски испреплетена мистерија што ќе ви ги надмине очекувањата. Покрај ексцентричниот детектив Хари Хуле, тука е и таинствениот убиец израснат од пеколот на војната. Овој беспрекорно уверлив трилер ни покажува дека жедта за одмазда може да ја замрачи дури и најсветлата душа.

    „Несбе постепено изби на врвот на скандинавскиот криминалистички роман, и тоа во мошне сериозна конкуренција. Во Спасителот тој се надмина себеси, а неговиот јунак, детективот Хуле, стана омилениот лик од овие простори… Неверојатни пресврти и напната атмосфера.“ Тајмс

    500,00 ден
    Додај во кошничка