Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Опкружени со идиоти

    Опкружени со идиоти

    0

    Дали понекогаш имате чувство дека сте опкружени со идиоти? Не разбирате никого, не успевате да се договорите со партнерот, со колегите, роднините, соседите… Не сте единствени!
    ***
    Книгата Опкружени со идиоти ви помага да сфатите како, навистина, функционираат многу нешта во човековото однесување и размислување. Покрај брилијантниот опис на различните типови личности, класифицирани според боите, Томас Ериксон внесува и малку хумор и го прави тоа на забавен начин.
    Кога ќе ја разберете психологијата на различните личности, ќе го приспособите и својот начин на комуникација, ќе успеете подобро да се разбирате и да соработувате со луѓето што се разликуваат од вас.
    На тој начин и животот ќе ви биде поубав и помалку комплициран.
    ***
    Авторот ви гарантира дека по читањето на оваа книга, бројот на идиоти околу вас драматично ќе се намали.

    399,00 ден
    Додај во кошничка
  • Со љубов од Париз

    Со љубов од Париз

    0

    Кога новиот дечко Џек ја остава на аеродромот, Руби Милер ги брише солзите и си купува карта за Париз. Во Париз посетува еден стар пријател, сакајќи да направи пауза. Но, градот на љубовта има сосема други идеи.

    Во еден стан каде што и времето застанало, Руби ќе пронајде пакет со изгубени љубовни писма кои ќе ја заробат во една мистерија која трае повеќе од седумдесет години. Кој е авторот на писмата? Зошто сопственикот на станот ги затворил ролетните и избегал од Париз пред војната и никогаш не се вратил? Каква тајна се крие?

    Додека мистеријата се продлабочува, животот на Руби се враќа во нормала, а духовите од минатото и љубовната афера нема да можат да ја загрозат.

    Од најпродаваниот автор на МОЈОТ ГОСПОДИН СОВРШЕН, овoj магичен роман е за секоја девојка која некогаш ја сонувала блескавата светлина на Париз и љубовта која трае цел живот…

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • П.С. Сè уште те сакам

    П.С. Сè уште те сакам

    0

    Поради љубовта што ги воодушеви читателите и ѝ даде можност на книгата ДО СИТЕ МОМЦИ ШТО ГИ САКАВ да стане бестселер на Њујорк тајмс, Лара Џин продолжи и понатаму да пишува писма.

    Лара Џин не очекуваше лудо да се заљуби во Петар. Таа и Петар само се преправаа. Но, наеднаш престанаа. Сега Лара Џин е збунета повеќе од кога било.

    Кога едно друго момче кое го познаваше во минато ќе се врати во нејзиниот живот, чувствата на Лара Џин за него повторно ќе оживеат. Може ли една девојка да биде вљубена во две момчиња одеднаш? Љубовта никогаш не е лесна, но можеби тоа е она што ја прави неверојатна.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сестринството Теа во опасност

    Сестринството Теа во опасност

    0

    Теа Стилтон
    Таа е многу интересна девојка!
    Сигурна и сериозна, работи како специјален репортер за „Глувчеви вести“.
    Секогаш е во потрага по интересни вести и е подготвена да оди на авантуристички патувања од кои се враќа
    со сензационални статии и фотографии. Таа е брилијантна и секогаш подготвена да им помогне на другите. Теа е одличен пријател на другите глувчиња, но нејзината најистакната особина е женската солидарност!

    Сестринството Теа брои пет членови, студенти од колеџот Глушфорд на Островот на китовите. Тие се палави, забавни и сакаат да станат вистинити репортери! Меѓу лекциите и пријателствата, љубовта и слатката завидливост, животот на колеџ е навистина возбудлив!

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Логички загатки за умни глави : 10+

    Логички загатки за умни глави : 10+

    0

    Решавањето логички загатка е извонредна алатка за:

    – Координација на левата и десната страна на мозокот.
    Левата страна е задолжена за решавање проблеми, учење јазици, математика, наука и логика. Десната страна ја поттикнува креативноста, интуицијата и визуелно-уметничките вештини.

    – Подобрување на меморијата и концентрацијата.
    Решавајќи ги загатките треба да запомнат разни форми на парчиња кои треба да се вклопат, треба да се пронајдат правила, да се фокусира на делови додека да се стигне до целосното решение.

    – Подобрување на вештините за просторно размислување.
    Решавајќи сложувалки и загатки се активираат центрите за движење, ротирање и проекција. Исто така, се развива способноста за визуелизираат на формите или сликите што недостасуваат.

    – Одмор од дигиталните уреди.
    Решавањето загатки е одлична забавна алтернатива на дигиталните игри со која се развиваат креативност, аналитички вештини и брзина во процеост на размислување.

    120,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Монографија Манчевски

    Монографија Манчевски

    0

    На 650 страни, монографијата Манчевски е извонредно исцрпна и студиозна компилација од есеи, биографски текстови, авторски белешки, цртежи и фотографии. Неколкукратно наградуваното монографско издание овозможува длабински увид во досегашната кариера на еден од најоригиналните и најиновативни современи режисери и уметници. Аспектите на творештвото на Милчо Манчевски како филмски автор, фотограф, концептуален уметник и писател во оваа книга се истражени низ продлабочени анализи на осуммина филмски теоретичари, филозофи и историчари на уметноста од САД, Велика Британија, Германија, Австралија, Ирска, Шведска и Македонија.

    900,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мајки ДВД

    Мајки ДВД

    0

    Три приказни, сите вистинити, една документарна.

    Мајки за првпат поставува иновативна кинематографска структура со која се истакнуваат деликатните односи меѓу вистината и фикцијата, драмата и документарното.

    Приказната за Владо Танески го обиколи светот и го инспирираше овој филм кој на оригинален начин ја испитува природата на вистината.

    Режија и сценарио: Милчо Манчевски

    Улоги: Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сенки ДВД

    Сенки ДВД

    0

    “Понекогаш мртвите зборуваат погласно од живите.”

    Д-р Лазар Перков е млад и згоден, има убава жена, прекрасно синче, голема куќа и добра работа. Сė му е како што треба – ама сепак нешто фали. Кога ќе доживее катастрофална сообраќајка и ќе биде мистериозно спасен од сигурна смрт, неговиот живот почнува да се менува…

    Режија и сценарио: Милчо Манчевски
    Улоги: Борче Начев, Весна Станојевска, Сабина Ајрула – Тозија, Салаетин Билал, Ратка Радмановиќ, Филарета Атанасова, Диме Илиев и Владимир Јачев

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Прашина ДВД

    Прашина ДВД

    0

    “Каде ли ти оди гласот, кога те нема веќе?”

    Патиштата на еден крадец од Њујорк (Еџ), една силна стогодишна баба (Анџела), двајца браќа од Дивиот Запад (Лук и Елајџа), еден комита спремен да загине за слобода (Даскалот) и една лична трудница (Неда) им се вкрстуваат во оваа приказна која се протега на два контенента и низ три века.

    Филмот Прашина го нарекуваат македонската Герника поради епскиот замав, но и поради кубистичкиот пристап кон наративот. Ова „моќно, амбициозно парче филм“ („Њујорк тајмс“) дело го отвори фестивалот во Венеција.

    Режија и сценарио: Милчо Манчевски

    Улоги: Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адријан Лестер, Ен Броше, Розмари Марфи, Салаетин Билал, Николина Кујача, Владо Јовановски

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Пред дождот ДВД

    Пред дождот ДВД

    0

    “Времето никогаш не умира. Кругот не е тркалезен.”

    Пред дождот е легендарен филм, дело по кое светот дозна за Македонија, македонски културен производ кој е меѓународно најнаградуван и најизучуван.

    Пред Дождот се смета за едно од најважните дебитантски остварувања во светската кинематографија воопшто (Анет Инсторф) и за еден од најзначајните филмови на 1990-тите (Ен Киби), а „Њујорк тајмс“ го вброи на листата „Најдобри 1.000 филмови на сите времиња“.

    „Пукај, бе, братучед. Пукај!“ „Кажи му да ми го бричи. Со зелено џамче.“ „Да ти ибам времето англиско“. „Умре. Во такси.“ „Нема тука да пукне, мирен е народот. – Така и за Босна викаа.“ Ова се неколку од репликите од филмот кои станаа дел од македонскиот фолклор.

    Победник на фестивалот во Венеција и прв македонски филм номиниран за Оскар.

    Режија и сценарио: Милчо Манчевски
    Улоги: Кетрин Картлиџ, Раде Шербеџија, Грегоар Колан, Лабина Митевска

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Чекај ме кај езерото

    Чекај ме кај езерото

    0

    Ферн Брукбенкс голем дел животот поминала размислувајќи за Вил Бакстер.

    Во своите рани дваесетти години, минала само дваесет и четири часа со овој извонредно привлечен уметник-идеалист, а нивната средба се претворила во целодневно доживување на Торонто. Моментот бил погрешен, но меѓусебната поврзаност очигледна: си ги раскажале секоја тајна и секој сон, и свечено се договориле да се сретнат една година подоцна. На таа средба дошла Ферн, но не и Вил.

    Ферн сега има триесет и две години, и животот не ѝ изгледа како што замислувала. Повторно живее во родниот крај и го води езерското одморалиште на мајка ѝ. Таму владее неорганизираност, негов директор е поранешното момче на Ферн, а самата не знае од каде да почне.

    Ѝ треба план и насочување. На нејзино изненадување, спасот се појавува во ликот на Вил кој пристига на местото со задоцнување од девет години, носејќи куфер и понуда да ѝ помогне. Но како таа да му верува на овој човек-фантом кој сега носи скапи костуми и кој ни оддалеку не личи на младичот што го запознала пред толку години? Вил крие нешто, а Ферн не е сосема сигурна дека сака да дознае што.

    Но десет години пред ова, тој ја спасил неа: може ли сега таа да го стори истото за него?

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Семејство

    Семејство

    0

    Лора е скршена по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг. Борејќи се да се справи емоционално и финансиски, Лора е благодарна кога локална заедница, „Оук лиф органикс“, ù нудат дом нејзе и на нејзината 17-годишна ќерка Тили.

    Но, додека Лора и Тили се адаптираат на животот со нивното ново „семејство“, почнуваат да се случуваат опасни работи. Кога еден од заедницата умира под сомнителни околности, Лора сака да замине, но Тили, привлечена од харизматичниот лидер, Алекс, одбива да си оди.

    Очајно барајќи начин да ја спаси својата ќерка, Лора открива застрашувачка тајна, но Алекс и неговото семејство не се единствените што кријат нешто. Како што Лора копа во нивното минато, така тие копаат во нејзиното и таа ја открива застрашувачката причина поради која ги поканиле неа и Тили и зошто никогаш нема да им дозволат да заминат…

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Одбраната на Лужин

    Одбраната на Лужин

    0

    Зад перипетиите од животната приказна на генијалниот јунак во книгата, надарениот и безумен руски шахист Александар Иванович Лужин, на читателот постепено му се открива постојаната и најважна тема од творештвото на Набоков  развојот и повторувањето на тајните петна во човечката судбина. Шаховската одбрана што тој ја разработува полека станува алегорија за одбрана од самиот живот во кој неговата трауматизирана болна свест проѕира нечии злонамерни дејствија, слични на шаховските потези. Во настаните од сопствениот живот Лужин ги гледа последиците од кобните влијанија на својот невидлив противник  судбината, и, откако нема да успее да ги одгатне нејзините скриени шеми, го избира единственото можно решение излегување од играта…

    „Одбраната на Лужин“ е третиот роман од т.н. руски период на Владимир Набоков со кој овој автор изгради силно литературно име и кој го смести во првите редови на писателите од руската емиграција.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Земја

    Земја

    0

     Најбогатиот човек на планетата создава ријалити шоу што будно го следи целото човештво на малите екрани и преку социјалните мрежи.

    Медиумскиот магнат испраќа осуммина на Марс за да ја создаде првата колонија надвор од Земјата, но без шанси да се вратат. По неговата смрт, неговите деца, син и ќерка, веќе возрасни луѓе, треба да завршат игра почната во детството што тој ја дизајнирал.
    Наградата за успешно завршената игра е исполнување на најголемата желба на секој од нив… Но ништо не е како што изгледа и вистината станува сложена загатка што треба да се открие, за да сфатиме на крајот дека главниот проблем кога ја бараме вистината настанува кога ќе ја најдеме и не знаеме што да правиме со неа.
    Роман за моќта на телевизијата и на социјалните мрежи и за негрижата за планетата што ќе го промени твоето гледиште на светот.

    600,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Долината на стравот

    Долината на стравот

    0

    Шерлок Холмс се соочува со еден од најопасните случаи во својата кариера.

    Тој добива загадочно предупредување за Џон Даглас од велепоседничкиот дом во Бирлстон, по што со д-р Вотсон се впуштаат во истрага на убиството на Даглас.
    Холмс открива дека злосторството е поврзано со тајно здружение и започнува потера во долината Вермиса во Соединетите Американски Држави.
    Истрагата открива измама, скриен идентитет и нова закана која надвиснува отелотворена преку професорот Моријарти.

    Со својот препознатлив ум и интуиција, Холмс навлегува во темна мрежа на измами и предавства. „Долината на стравот“ е возбудливо четиво што го прикажува детективот во борба не само со злосторството туку и со сенките на организираниот криминал.

    Последниот роман на Артур Конан Дојл е инспириран од вистинското тајно здружение „Моли Магвајрс“.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • 1Q84 (КНИГА ПРВА)

    1Q84 (КНИГА ПРВА)

    0

    Во јапонскиот јазик, буквата Q и бројката 9 се изговараат исто. Кога 1Q84 ќе се изговори на јапонски, се добива 1984, што е директна алузија на романот на Џорџ Орвел кој, на овие страници, повеќепати се спомнува и се цитира.

    Читателот, заедно со главните личности, плови помеѓу 1984 година и паралелното време во годината 1Q84. Првиот том од овој капитален роман го покрива периодот од април до јуни и ние, низ поглавјата што наизменично се менуваат, ги следиме приказните на двајцата главни херои – Тенго и Аомаме. Таа е инструкторка за боречки вештини, членка на мистериозна организација што спроведува правда убивајќи насилници… Тенго е професор по математика во едно подготвително училиште, типичен муракамиевски машки лик – пасивен, без иницијатива, талентиран без да се реализира,едноставно кажано – тој е „дел од сложувалката што никаде не се вклопува“. Во поглавјата што се преплетуваат, среќаваме надреални елементи карактеристични за сите дела на Мураками, но и важни теми од модерниот свет – политички злосторства, толкувања на историјата, насилство, религиозен фанатизам, слобода. Мураками успева да изгради дело на границата помеѓу лагата и вистината, помеѓу реалноста и фикцијата.

    Мураками е како магионичар кој го објаснува трикот додека го изведува, а сепак успева да нè убеди дека има натприродни моќи… Иако секој може да раскаже приказна што наликува на сон, само редок уметник како него може да ни предизвика чувство дека самите го сонуваме.

    Њујорк тајмс

    500,00 ден
    Прочитај повеќе