-
Мрачни места
2420,00 денВо мало мирно гратче каде сите луѓе се познаваат и фино си живеат, се случува грозоморен масакр. Убиена е мајка заедно со своите две мали ќерки. Најмалата ќерка, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот, а братот, Бен Деј, е обвинет за убиството на своето семејство и осуден на доживотен затвор. Либи Деј тогаш имала само седум години и била клучен сведок за затворањето на нејзиниот брат.
Сега, после дваесет и пет години, Либи живурка и си ги исполнува деновите со постојано размислување за самоубиство. Таа сè уште го нема надминато масакрот, а и кој би можел? Но, баш кога мисли дека не може да биде полошо, се појавува група на луѓе кои се убедени дека таа го сместила погрешниот човек во затвор со нејзиното збунето, детско сведочење. Таа сепак не го видела убиецот, само го слушнала неговиот глас. Дали е можно Бен да е невин? Дали постои некоја семејна тајна што Либи би можела да ја открие или таа само се залажува затоа што сака братот да ѝ се врати?
Либи почнува да истражува и сфаќа дека сите во семејството имале по некоја тајна тој ден… а особено Бен.
Кој го извршил масакрот? -
Крадачка на книги
2420,00 денГодината е 1939. Нацистичка Германија. Државата не дише, го држи својот здив. Смртта никогаш не била позафатена, а од ден во ден ѝ се отвора сè повеќе работа.
Покрај гробот на нејзиното братче, животот на едно девојче се менува засекогаш кога наоѓа еден предмет во снегот на земјата. Тоа е прирачник за гробари, паднат случајно, но доволно интересен за неа за да ја наведе на првата кражба на книга. Така почнува една љубовна афера со книгите и зборовите додека малата крадачка на книги учи да чита со помош на нејзиниот татко. Таа набрзо почнува да краде книги од огновите на нацистите кои ги палат, од домашната библиотека на сопругата на градоначалникот, од секаде каде што успева да најде. Но ова се опасни времиња. И стануваат уште поопасни кога нејзиното семејство почнува да крие Евреин во подрумот.
Дали некогаш во животот ви се случило да прочитате книга и да сфатите дека никогаш повеќе нема да бидете исти? Дали некогаш сте прочитале книга која ве натерала да посакате да одите од човек на човек и да не престанете да ја препорачувате додека не бидете сигурни дека ја прочитал целиот свет? Ова е ТАА книга.
-
Алекс
11400,00 денВо случаи со киднапирање, првите неколку часа се клучни. После тоа, малите шанси жртвата да се пронајде жива се претвораат во речиси непостоечки.
Но оваа девојка не е обична жртва.
И покрај тоа што прекрасната, силна и паметна Алекс Прево не е обична девојка, нејзиното време истекува. Таа е затворена, заробена во кафез кој виси на два метри од земја, изгладнета, претепана, оставена на милост и немилост на човекот кој сака да ја гледа како умира.
Детективот Верховен нема ништо важно за да ја води истрагата: нема осомничен, нема трага, а и неговата надеж полека исчезнува. Сè што знаат е дека крупен човек киднапирал девојка на улица во Париз и ја пикнал во бело комбе. Никој не знае кој е киднаперот, никој не знае која е девојката, никој не ја пријавува за исчезната со денови… Енигмата за судбината на Алекс ќе го прогонува Верховен сè до горкиот, ужасен крај.
А нема да помине долго време пред спасувањето на нејзиниот живот да стане негов најмал проблем. -
Нешто позајмено
6390,00 денНешто позајмено ја раскажува приказната на Рејчел, млада адвокатка која живее и работи во Менхетен. Рејчел цел живот живее според правилата, таа е непоправливо добра девојка – прекрасна, послушна ќерка и најдобра пријателка… сè до вечерта на нејзиниот триесетти роденден кога нејзината најдобра пријателка Дарси ѝ приредува забава. Таа вечер, после многу пијалаци, Рејчел завршува во кревет со свршеникот на Дарси. Иако следното утро се буди со ужасна грижа на совест и решена да ја остави страшната грешка зад себе, Рејчел преплашено сфаќа дека таа има искрени и силни чувства за единствениот тип од кој би требало да бега на километри. Свадбата закажана за во септември се наближува страшно брзо, а Рејчел знае дека мора да донесе одлука.
Што е поважно: дали пријателството кое трае скоро цел живот или љубовта на твојот живот? Може ли да се одбере едното без губењето на другото засекогаш да ти го скрши срцето?
Нешто позајмено е феноменална книга продадени во милиони примероци која ќе ве натера да се смеете, да плачете и да вртите кај своите најдобри пријателки.
-
Во одбрана на Џејкоб
8420,00 денЕнди Барбер е страшно почитуван јавен обвинител во нивниот мал град, непобедлив во судницата и среќен во својот дом со својата сакана сопруга и нивниот син, Џејкоб. Но кога грозоморно злосторство го потресува нивниот град, Енди е затечен неподготвен од она што се случува следно: неговиот четиринаесетгодишен син е обвинет за убиство на друго дете, соученик од неговото училиште.
Секој родителски инстинкт кој Енди го има му вели да си го заштити детето. Џејкоб ги уверува своите родители дека е невин и Енди му верува. Енди мора да му верува. Тој му е татко. Но како што на површина почнуваат да излегуваат осудувачки факти и шокантни откритија, така бракот на Енди почнува да се распаѓа, а судењето да станува сè пожестоко и Енди сфаќа колку малку знае еден татко за својот син. Наспроти онаа во судот, во Енди се води уште една битка: помеѓу лојалноста и правдата, помеѓу минатото кое се обидува да го скрие и иднината која не може да му ја обезбеди на својот син единец.
Правен трилер кој ќе ве остави без сон, ќе ве натера да седите на работ од столчето и да ги гризете ноктите. Ако не ја прочитате оваа книга, само вие губите… Господине Гришам, повлечете се.
-
По улица Лондон
1390,00 денЏоана Вокер добро знае што сака. Силен, стабилен, финансиски обезбеден маж кој ќе се однесува со неа како што треба и ќе се грижи за неа и нејзиниот брат, Кол – нешто што никој претходно не го правел за нив. Отсекогаш било препуштено на Џоана да се грижи за нејзиното семејство, особено за помалото братче. Со отсутен татко и мајка алкохоличарка, Џоана носи одлуки што се во интерес на Кол откако помни за себе. Таа дури и одлучува со кои мажи да се гледа само врз основа на тоа од кого може да има најголема корист за Кол, а не кој неа вистински ја привлекува.
Но со Камерон МекКејб, привлечноста не може да се игнорира. Новиот секси колега ја стресува секојпат кога ќе ја погледне. И за првпат во животот, Џо е во искушение да ги стави своите потреби и желби на прво место. Кам е подеднакво опседнат со тоа да ја запознае Џо, но нејзините ѕидови се превисоки за да му дозволат дури и само да се обиде.
Тогаш Кам случајно се вселува во зградата на Џо и хемијата станува уште понеподнослива. А Кам е решен да ги открие сите тајни на Џо… макар и да треба да и ја урива одбраната дел по дел.
-
Во потрага по Алјаска
4370,00 денПРЕТХОДНО: Мајлс „Буце“ Халтер има крајно здодевен живот. Тој нема пријатели, неговите денови се празни, а единствена занимација што ја има му е опсесијата со последни зборови на познати луѓе. Но, сето ова се менува кога заминува да учи во училиштето со интернат – Кулвер Крик. Неговиот живот станува тотална спротивност на здодевен и безбеден. А таму ја запознава и прекрасната, откачена Алјаска Јанг. Таа е паметна, убава, смешна и бескрајно фасцинантна – таа е девојката која го повлекува Буце во својот свет, а притоа го краде и неговото срце.
ПОТОА: Ништо никогаш повеќе нема да биде исто.
„Убавината на оваа книга лежи во тоа што таа не крие ништо. Ги прикажува младата љубов и растењето во реално, брутално и искрено светло. Можеби нема да наполните кофи со солзи како на крајот од Светот не е фабрика за исполнување желби, но ќе се приврзете за Мајлс и Алјаска, исто како што тие се приврзуваат еден за друг.“
The Guardian -
Го сакам Вегас
2380,00 денОна што се случува во Вегас, останува во Вегас…
Анџела Кларк го обожава својот живот како Британка во Њујорк. За жал, таа од неодамна е Британка во Њујорк која ја губи работата, а со тоа и својата работна виза. Кога имиграционото биро ја известува дека таа има еден месец за да ја напушти земјата (и тоа токму пред Божиќ), таа очајно се фрла на кроење планови за да најде начин да остане во Њујорк. Но триесет дена се малку за човек да најде работа. Или да се омажи… Особено кога таа е убедена дека Алекс, нејзиното момче, нема да биде импресиониран од идејата да се ожени за виза.
Кога купот грижи станува неподнослив, Џени, откачената најдобра пријателка на Анџела, ја изненадува со прекрасен божиќен подарок за релаксација. Викенд во Вегас! Има ли подобар начин за опуштање од гламурозни клубови, коктели, дизајнерска облека и ноќи полни со забава?
Но дали е вистина дека она што се случува во Вегас останува во Вегас или и тоа се враќа дома со тебе и ти го превртува животот наопаку? -
Никогаш не се знае
5420,00 денНа триесет и три години, Сара Галагер конечно е среќна. Нејзиниот бизнис за реставрација на мебел цвета и верена е со прекрасен човек. Но има едно големо прашање што сe уште ја прогонува – кои се нејзините биолошки родители? Сара конечно е подготвена да дознае, бидејќи одамна знае дека е посвоена и копнее да дознае нешто повеќе за вистинските родители.
Но некои прашања е подобро да останат неодговорени.
Кога конечно ја наоѓа, нејзината биолошка мајка ја одбива – повторно. А има и голема причина за тоа. Сара дознава дека нејзиниот татко е сериски убиец кој убива жени секое лето скоро четириесет години наназад. Таа се обидува да се помири со своите ужасни корени, но почнува да се плаши дека има наследено нешто повеќе од физички изглед од него.
И набрзо сфаќа дека има нешто полошо од тоа да дознаеш дека татко ти е сериски убиец, а тоа е тој да дознае за тебе.
Никогаш не се знае е трилер што не се остава; приказна на жена која се обидува да дознае од каде потекнува. Но тоа е, се разбира, ако воопшто успее да преживее…
– Од авторката на бестселерот Исчезната без трага –
-
Продадена
3350,00 денЛакшими е тринаесетгодишно девојче кое заедно со своето семејство живее во мала колиба на планините во Непал.
Иако се очајно сиромашни, животот на Лакшими е убав, среќен и исполнет со едноставни задоволства како прошетки низ планината, играње со нејзината најдобра пријателка и набљудување на момчето за кое е ветена да се омажи кога ќе порасне.
Но кога безмилосниот хималајски монсун ќе ја уништи и онаа малку посеана земја која ја имаат и ќе ги остави без ништо, очувот на Лакшими вели дека таа мора да замине во градот и да помогне во издржување на семејството. Тој ја запознава со гламурозна жена од градот која ветува дека ќе ѝ најде работа како слугинка. Среќна што ќе може да му помогне на своето семејство, Лакшими го напушта Непал и пристигнува во „Куќата на среќата“ полна со надеж. Но таа многу брзо ќе ја дознае вистината: дека нејзиниот очув ја продал како бело робје директно во водите на проституцијата.
Животот на Лакшими станува кошмар од кој не може да побегне. Таа попрво би умрела отколку да се продава на тој начин, но сфаќа дека не постои шанса да се спаси од тоа место додека не си го врати „долгот“, односно сумата која била платена за неа.
Водена од зборовите на мајка си: „Самото издржување е триумф“, таа се обидува да продолжи со хоророт во кој се претвора нејзиниот живот и да издржи, да триумфира… па можеби еден ден, дури и да најде начин за да побегне оттаму…
-
Рајот може да почека
2360,00 ден„Што би правел без тебе, Луси Браун?“ рече и ме бакна нежно. Го држев неговото лице и го бакнав и јас. Имав чувство дека животот не може да биде посовршен. И бев во право, немаше да биде. До крајот на следниот ден, ќе бидам мртва…
Луси Браун е на прагот на исполнувањето на својот сон. Треба да се омажи со човекот на нејзиниот живот: прекрасниот, згодниот, забавниот Ден… Тие се совршен пар кој не може да дочека остатокот од животот да го помине заедно. Но, судбината на Луси е поинаква. Таа не ја дочекува свадбата бидејќи ден пред неа умира додека се обидува да го најде идеалниот подарок за Ден.
Но чекајте, Луси има избор пред ескалаторот на Рајот. Да, таа може да одбере… Дали сака да оди во рајот и вечно да остане таму… или… сака да се врати на земјата како дух за да биде покрај својата сродна душа? Иако изборот е тежок, па што може проклетиот дух да прави на земјата, не може да живее како човек, Луси сепак одлучува дека не смее да замине пред да се увери дека Ден е добро и пред да му каже дека го сака… Одлуката е донесена, РАЈОТ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА!
-
Леле каков гостин
0200,00 денЕдно палаво гостинче ќе ѝ дојде на Биби во посета. Таа е возбудена и сака заедно со Боби да му покаже што се прави додека е дома. Но, гостинот е немирко и не знае да се однесува убаво. Да не ве потсетува ова однесување на некого? Па, да, тоа е диносаурусчето Даро! Јееј!
-
-
Другите во мене
0350,00 денКамелија е девојка која одлуките кои ги носи како помлада ја кршат на емотивно поле кое се труди да го надвладее. Барајќи се себеси налетува на оженет човек со кој и двајцата заглавуваат во еден магичен круг.
Манипулирањето на тој човек ќе ја однесе на раскрсница каде мора да одлучи кој е вистинскиот пат за неа:
* водена од срцето, кое сака само љубов, се создава ликот на КАМИ, која свесно жонглира низ животот помеѓу сопругот и љубовникот. Но, во чии прегратки ќе е посигурна?
* додека АМЕЛИЈА водена од душата во потрага по мирот, повредена, исплашена не застана. Прифати да биде марионета во социјалата, ја прегрна тагата, пронајде пукнатина во срцето за да ја вметне љубовта на Валентин.
* ЕЛИ, барајќи си ја сопствената среќа со преголема желба за успех, целосно ѝ го сврте грбот на љубовта. Криејќи го себично своето срце, исплашена од невозвратена љубов, се затвори и се посвети на работата.ДРУГИТЕ ВО МЕНЕ е роман во кој на главната хероина ќе и помогнеме да го избере вистинскиот пат.
Соочувањето со одлуките на КАМЕЛИЈА ќе ви помогне да одберете која е вистинската патека и за Вас. Така полесно да разбереме што нѐ води низ животот.
СРЦЕТО, ДУШАТА или РАЗУМОТ.
-
За тебе додека се бараш себе
0900,00 денНекои денови главата ти е полна, а срцето тивко. Некои денови не ти е ниту до мисли ниту до чувства. А некои денови само сакаш да знаеш дека си доволно добар/а, иако ништо не ти оди од рака.
Доколку веќе посегна по оваа книга, нешто во тебе знае дека постои повеќе. Повеќе од збунетост, тишина, чувство дека не припаѓаш никаде, притисок однадвор и прашања однатре. Не случајно си дошол/а до неа.
Во неа ќе најдеш зборови што те закрилуваат, реченици што молчат со тебе, сила што ти треба и вистини што можеби никој досега не ти ги кажал. За тоа како се вели НЕ. За грешките. За популарноста. За социјалните мрежи. За стравовите. За чувствата. За родителите. За пријателите. За љубовта. За тебе. За она што навистина го чувствуваш, а не за она што го гледаат другите.
Бидејќи не си сам/а. И не си чуден/а. И твојата збунетост не е проблем, туку знак дека бараш нешто подлабоко.А оваа книга е тука… токму за тој период. Оваа книга не е само за да ја прочиташ. Таа е тука за да те придружува на твојот пат.И за да сфатиш кој/а си додека патуваш кон себе.
Оваа книга не е тука да ти соли памет. Таа е тука да те потсети кој/а си ти. -
АЛБУМ „СВЕТОТ НА БИБИ“
0150,00 денАлбум за самолепливи сликички „Светот на Биби“. 48 страници – 190 сликички
