Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Полиња со диви нарциси

    Полиња со диви нарциси

    0

    Писмото што останува непрочитано во џебот на едно палто е причина за едно долго патување кон секој изминат и иден миг од животот. Сто и осум жолти ливчиња со непромен- ливата порака: Разбуди ме. Страниците од дневникот, испишани во потрагата по себе, се единствената нишка во лавиринтот на љубовта и неверството. Митови што еманираат од нашето најсекојдневно постоење. Доброволни прогонства и разделби ни ги отвораат портите кон вечно живите детства. Мириси што можат да ги разбудат најскриените агонии на животот, секогаш еден чекор пред нас. Како можеме да го најдеме она што ниту сме знаеле дека воопшто ни припаѓа. Противречноста на очекувањето. Да проникнеш во човекот е исто како тој да се роди повторно. Дали тоа, што еднаш суштински се скинало, може совршено да зацели?

    Најновиот роман на Винка Саздова, Полиња со диви нарциси, е необична приказна за едно неверство. Особено восхитуваат веќе докажаното мајсторство во монтажата на нарацијата и суптилната инверзија во која ни се откриваат ликовите. Староста преку младоста, минатото преку иднината. И едното и другото судбински вкрстени во вечното сега.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Последниот чај

    Последниот чај

    0

    Од далеку ли доаѓате?, ме прашува.
    – Не од блиску, од многу блиску.
    Сомничаво ја ниша главата. Со авион не се доаѓа од близу, сака да каже, ама премолчува.
    – Долго ли бевте на пат?
    – Не бев на пат.
    – Туку… – Бев дома.
    – А сега, кај одите?
    – Дома.
    – Ништо не разбирам, вели подналутено и гласно ја пушта музиката.

    Спакувај се и замини! Каде? Што е можно подалеку. Зошто? За да дознаеш. Што? Не прашувај. Одважи се и тргни! Можеш ли!? Ако може жената од Последниот чај можеш и ти. Препушти ѝ се да те одведе до Тара, Елена, Савита, Џиду, Тарун, Самир… до самиот тебе. Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се, убави или грди, сеедно.

    Ова е роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз која се останува долго време. Толку долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја чита. Сочувствителен. Љубовен. Нежен, а цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покажувајќи како се исцелуваат и претвораат во спокојство.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Понекогаш доаѓа среќа

    Понекогаш доаѓа среќа

    0

    Младата Гора е заплеткана во необични сестрински односи со Ведра. Давид по разводот опсесивно се врзува за своето синче. Средбата меѓу девојката и зрелиот човек навестува љубов, но не им ги олеснува животите. Во насловот се насетува среќен крај, ама до него треба да се стаса низ многу пречки, болни интимни соочувања и преиспитувања… низ созревање.Овој роман само навидум се движи по еднонасочен колосек. „Попатните станици“ го прават богат и слоевит, непредвидлив, возбудлив… (…Љубовта те прави свесен за неименливиот недостиг…)

    „Оваа загадочна исповед во нашите раце не е љубовен роман. Или барем не претендира да биде. Таа ги допира најранливите места на нашата склоност да се приврзуваме за сенките и одблесоците на она што замислуваме дека сме. Местата каде што започнува секое наше суштинско прогонство… и, одново пронаоѓање.“отец Методиј Златанов

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ние против вас

    Ние против вас

    0

    Едно гратче против друго. Еден хокејски тим против друг. Некогаш и против себе.

    „Ние против вас“, накратко, е роман за последиците. Како продолжение на приказната за Мечкоград и на сите случувања што го зафатија, оваа книга, со емотивниот набој со кој е напишана, зборува за љубовта, другарството, честа, верноста, единството, разединетоста, жртвувањето и борбата за опстанок. Подготовките за новата хокејска сезона започнуваат, но хокејскиот клуб е на раб на стечај. Додека спортскиот директор се обидува да го спаси, клубот, како и градот, се распаѓа дел по дел. Следуваат настани во кои ќе се отсликаат сите емоции и надежи на заедницата, следуваат и жестоки пресметки и трагични случки.

    Нови ликови, нови пријатели, нови непријатели. Мечкоградската хроника на Бакман е микрокосмос, емоционален тобоган што уште еднаш подвлекува за каков автор станува збор.

    Серијата „Мечкоград“ на HBO премиерно беше прикажана во октомври 2020 година.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мечкоград

    Мечкоград

    0

    Луѓето велат дека со Мечкоград е готово. Малечката заедница вгнездена длабоко во шумата полека попушта пред дрвјата што стануваат сè погусти и ја проголтуваат. Но покрај езерото има едно старо лизгалиште што пред многу генерации го изградиле работниците што го основале ова гратче, а во тоа лизгалиште се наоѓа причината поради која народот верува дека утре ќе биде подобро од денес. Јуниорскиот хокеарски тим игра во полуфиналето на националниот турнир и, всушност, се обидува да го освои. Сите надежи и сништа на ова место сега почиваат на рамената на еден грст тинејџери.

    Одговорноста за надежите на целото гратче е тежок товар, а полуфиналниот натпревар е катализатор за чин на насилство по кој едно девојче ќе биде трауматизирано, а градот ќе врие. Се појавуваат обвиненија и, како камчиња што отскокнуваат од површината на водата, патуваат низ цел Мечкоград и никого не го оставаат рамнодушен.

    „Мечкоград“ ги истражува надежите што ја обединуваат малата заедница, тајните што ја разединуваат и храброста што е потребна за еден човек да ѝ се спротивстави. Во оваа приказна за мало шумско гратче, Фредрик Бакман го сместил целиот свет.

    Истоиментата серија на HBO премиерно беше прикажана во октомври 2020 година.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Брит-Мари беше тука

    Брит-Мари беше тука

    0

    Неодолив роман за наоѓање љубов и за вторите шанси што сите ги заслужуваме. Брит-Мари не може да поднесе неред. Неорганизирана фиока за прибор е непростлив грев. Секој ден го започнува во шест часот бидејќи само лудаци се будат подоцна од тоа. И не е пасивно агресивна. Секако дека не! Само понекогаш луѓето нејзините корисни сугестии ги толкуваат како критики. Таа не суди за другите, никако.

    Зад социјално непријатното, напорно лице на Брит-Мари се крие жена со фантазија, со преголеми соништа и со претопло срце! По разделбата со сопругот Кент, животот го почнува одново во мистериозното гратче Борг. Секојдневно се соочува со новите сограѓани: пијаници, џаболебари, а еден згоден локален полицаец успева дури и да ѝ го привлече вниманието. Нејзината нова и речиси невозможна задача е да стане тренер на фудбалски тип со неталентирани деца.

    Дали Брит-Мари ќе го најде местото каде што навистина припаѓа? На комичен и динамичен, внимателен и хуман начин се слават неочекуваните пријателства што нè менуваат засекогаш. Дали може да го направиме светот подобро место?

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Човекот по име Уве

    Човекот по име Уве

    0

    Запознајте го Уве, 59-годишен вдовец. Тагата по неговата сакана го тера секој ден да ја посакува сопствената смрт. Уве е еден од оние што покажуваат со прст во луѓе што не им се допаѓаат. Секое утро врши инспекција по населбата во која живее. Ги преместува велосипедите и проверува дали ѓубрето е правилно селектирано – иако веќе поминале неколку години откако е разрешен од должноста претседател на здружението на станари. Вечно гневен и незадоволен, лесно избувлив, накратко: сосед од кошмарите. Меѓутоа, зад неговата мрзоволност, педантерија и железна принципиелност се крие една многу тажна судбина… И така, еден ноемвриски ден, кога соседот што се вселува во соседната куќа случајно го уништува поштенското сандаче на Уве, одеднаш почнува комично топлата приказна. Приказна што суштински ќе промени еден човек и едно соседско здружување. Ова е роман за влијанието на еден човечки живот врз безброј други.

    Истоимениот филм во 2017 година беше номиниран за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сопруга на хартија

    Сопруга на хартија

    0

    Јужна Кина, 1923 година. Очајни да ѝ обезбедат иднина, родителите на Меј Линг договараат нејзин брак со вдовец кој живее во Калифорнија. За да влезе во земјата, Меј Линг мора да се преправа дека е првата сопруга на својот сопруг- сопруга на хартија.

    За време на опасното патување, Меј Линг прима под своја закрила девојче- сирак по име Сју. Соништата за подобар живот во Америка ѝ даваат сила на Меј Линг да ги издржи мачното патување и држењето во излоација на островот Енџел. Но, кога конечно ќе стигне во Сан Франциско ја чека изненадување…

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кери

    Кери

    3

    Кери Вајт не е обична девојка. Таа има дар. Може да поместува предмети со нејзиниот ум. Вратите се заклучуваат. Светилките паѓаат. Поканата од Томи Рос на матурската вечер за Кери е исполнување на сонот – прв чекор кон влез во средношколското друштво. Сѐ додека неочекуваната суровост не го претвори нејзиниот дар во оружје на хорор и деструкција кои никој никогаш нема да ги заборави.

    „Најпрекрасниот морничав човек на планетата.“ Ју-ес-еј тудеј

    „Страшен и мачен – вистински хорор!“ Паблишерс викли

    „Трескавично, морничаво, мрачно зло!“ Питсбург пост газет

    „Стивен Кинг буквално создал жанр кој ги доведува луѓето во најужасни ситуации… Тој е автор што секогаш го прави невозможното толку страшно што те тера да провериш дали си ја заклучил вратата.“ Бостон глоуб

    „Бесценета имагинација.“ Обзервер (Лондон) 

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • 1984

    1984

    0

    Романот „1984“ се вбројува меѓу највлијателните книги на дваесеттиот век и претставува ретко дело чие значење добива се поголема моќ денес, кога неговото предвидување почнува да се остварува.

    Објавен во 1949 година, најпознатиот роман на политичкиот сатиричар Џорџ Орвел ни ја открива кошмарната визија за еден тоталитарен, бирократски свет и за обидот на еден обичен човек да ја зачува својата индивидуалност. Мајсторството на „1984“ лежи во авторовото претскажување на модерниот живот – сеприсутноста на телевизијата, искривоколчувањето на јазикот – и неговата способност да создаде толку сеопфатна верзија на пеколот.

    Култниот роман и 70 години по објавувањето останува задолжително четиво и се уште важи за една од најзастрашувачките книги што некогаш биле напишани.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Млеко и мед

    Млеко и мед

    0

    Книгата „Млеко и мед” од авторката и илустраторка Рупи Каур е најпродаваната колекција на поезија и проза според Њујорк Тајмс.  Продадена е во повеќе од еден милион копии низ светот и преведена е на повеќе од 30 јазици.

    „Млеко и мед”  е збирка поезија за љубовта, загубата, траумата, малтретирањето, зацелувањето и женственоста. Поделена на четири поглавја и секое поглавје има друга цел, се справува со различен тип болка, лекува друг тип болка во срцето .„Млеко и мед” ги води читателите на патување низ најгорчливите моменти во животот и наоѓа слатки нешта во нив – затоа што слатки нешта има насекаде, само ако сте желни да ги побарате.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Светот на Биби од А до Ш

    Светот на Биби од А до Ш

    0

    „Светот на Биби од А до Ш“ е првото печатено издание од „Светот на Биби“. Оваа исклучителна сликовница е полна со едукативни содржини, а ги користи интересите на Биби за да се доближи до сите дечиња на оваа возраст. Таа сака да раскаже некои работи за светот околу себе, за својата куќа, за својот град, за нејзиното најдобро другарче и за омилените нешта. А додека таа раскажува за себе, патем дечињата ја учат азбуката, читаат повеќе зборови, пишуваат букви, се дружат и се смеат. Јеееј!

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Прирачник за малите научници

    Прирачник за малите научници

    0

    Сакаш ли да станеш вистински научник и да ги изненадиш своето семејство и пријателите? Тоа е главната намена на оваа книга. Ќе те води и ќе ти помогне да направиш научни експерименти со различни материјали, кои лесно можеш да ги најдеш во својот дом…

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Како да се разговара со непознати

    Како да се разговара со непознати

    0

    Бестселер на Њујорк тајмс, книга на годината на Фајненшл тајмс, Блумберг, Чикаго трибј

    Како еден кубански шпион поминал над 25 години во Пентагон без да биде откриен? Зошто британскиот премиер Чејмберлен сметал дека може да му верува на Хитлер? Како рутинското застанување во сообраќајот може да се претвори во трагедија? И зошто е толку тешко да се открие лага, да се прочита изразот на нечие лице или да се проценат туѓите мотиви?…Затоа што честопати погрешно ги разбираме луѓето што не ги познаваме.

    Преку низа анегдоти од областа на историјата, психологијата и законот, Гледвел нѐ поведува во интелектуална авантура низ потемната страна на човечката природа, каде што непознатите луѓе и нивните постапки ни се голема мистерија, а погрешното расудување за нив доведува до катастрофални последици. Фасцинантна книга што нè поттикнува да ги преиспитаме своите начини за справување со непознатото.

    Книга од која можеме да научиме како да разговараме со непознатите за да ги избегнеме недоразбирањата и конфликтите кои честопати можат да бидат и фатални.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • За твојот роденден

    За твојот роденден

    0

    Ова е твоjа книга.

    Напишана е за тебе

     

    Во неа ќе наjдеш

    многу приjатели,

    сосем мали и многу големи,

    волшебни, чудни, убави и смешни.

    Тие ти донесоа дарови

    и приказни за себе

    и за својот свет.

    За прекрасен свет,

    ќе видиш.

    690,00 ден
    Додај во кошничка
  • Исидора Мун запаѓа во неволја

    Исидора Мун запаѓа во неволја

    0

    Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.

    Мајка ù е самовила, а татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.

    Исидора сака да го однесе Розовото зајаче на училиште на денот „Донеси го своето милениче“, но нејзината постара братучетка Мирабела има многу подобар план – зошто да не однесе змеј?

    Што би можело да тргне наопаку…?

    290,00 ден
    Додај во кошничка