-
-45%
Враќање
0Original price was: 450,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.ДУЕТ: RELEASE #2
Избори. Сите ги правиме. Секојдневни, незамисливи, еден избор може да ти го промени целиот живот. Мајка ми избра да нè напушти и да нè остави со нашиот насилен татко. Брат ми избра да оди во затвор затоа што го уби момчето што ја нападна неговата сродна душа. Камден Кол избра да се вљуби во скршена девојка која може да му понуди само болка.Тоа лето под дрвјата, со Камден, го најдов местото каде што припаѓав. Најдов пријател на кој секогаш можев да се потпрам. Момче што не умееше да го тргне погледот од мене. Беше мој, но кога светот се сруши и тајните се разоткрија, јас избрав да го напуштам.
Избори. Секој ги прави.
Но мојот нè уништи сите. -
-34%
Ме сака, не ме сака
1Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Познатите убијци имаат клубови на обожаватели.
Хамиш Вулф е шармантен, харизматичен и многу убедлив. Надалеку познат по неговата убавина и сексапил, тој секојдневно добива љубовни писма од безброј обожавателки. Хамиш исто така е осуден убиец, кој отслужува доживотна казна во затвор.
Кој би се приклучил на таков клуб?
Меги Роуз е успешна адвокатка и автор на книги базирани на вистински злосторства. Повлечена и мистериозна, таа прифаќа само случаи кои може да ги добие.
Хамиш е убеден дека Меги може да му помогне и дека таа е способна да му ја промени судбината. Но Меги не сака да се меша. Смета дека е имуна на шармот на еден таков маж. Но можеби овој пат ни таа не би можела да остане рамнодушна…
Би останале ли вие?
-
-34%
Невидлива убавина
3Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Емброуз Јанг е прекрасен. Висок и мускулест, со коса што малку му ги допира рамениците и очи кои горат, те прободуваат. Од оној тип убави мажи чии фотографии завршуваат на кориците на љубовните романи. Ферн Тејлор најдобро знае затоа што таа чита такви романчиња уште од тринаесет години. Но токму затоа што е толку прекрасен, Ферн го смета за некој кој никогаш не би можела да го има… сè до моментот кога, тој одеднаш не е прекрасен веќе.
„Невидлива убавина“ е приказна за еден мал град каде петмина млади мажи заминуваат во војна, а само еден од нив се враќа назад. Приказна за загуба – колективна загуба, индивидуална загуба… Изгубена убавина, изгубени животи, изгубени идентитети. Приказна за љубовта на една девојка кон скршено момче и љубовта на еден ранет војник кон сосема невпечатлива девојка. Ова е приказна за пријателство кое ги лечи сите болки, хероизам кој ги побива сите општи дефиниции и модерна приказна за Убавицата и ѕверот, која ни покажува дека има по малку убавина, но и по малку и од ѕверот, во секој еден од нас…
-
Првата вечерна ѕвезда
1440,00 денПајпер Дав е жена со сон – да стане најдобриот детектив во Чикаго. Прва задача? Да го следи бившиот бек на Чикаго Старс, Купер Грахам. Проблем? Грахам ја открива и не е среќен.
Па затоа добрите детективи мора да знаат да работат под притисок и брзо да размислуваат. „Јас те демнам. Не сум опасна. Човече, никако. Повеќе нешто како малку опседната со тебе…“
Пајпер наскоро почнува да работи за Грахам, но не како телохранител затоа што тој одбива да признае дека очајно му е потребен. Тој ја ангажира да ги надгледува вработените во неговиот ексклузивен ноќен клуб. Но одеднаш, неговиот живот е во опасност и Пајпер е решена да го заштити, без разлика дали тој сака или не. (А тој дефинитивно не сака!) Проблемот е што таа истовремено се справува и со куп други тешки клиенти. Во секој случај, најтежок од нив е самиот Купер Грахам – легендарен спортски херој кој секогаш го добива тоа што го сака. Па макар тоа била тврдоглава детективка смртно решена да му докаже дека е подеднакво силна како него.
Во стилот на Сузан Елизабет Филипс, романтична комедија што освојува уште од првата глава.
-
-30%
Изопачена омраза
0Original price was: 500,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Тој ја мрази… речиси исто толку колку што ја посакува.
Прекрасниот, арогантен и екстремно успешен доктор Џош Чен, никогаш нема запознаено жена којашто не можел да ја шармира – со исклучок на Џулс Амброуз. Прекрасната црвенокоса го вади од такт уште од денот кога се запознаваат, но истовремено му ги консумира мислите, како ниедна друга претходно. Кога омразата помеѓу нив експлодира во една незаборавна вечер, тој предлага решение со кое се надева дека ќе успее да ја исфрли од глава еднаш и засекогаш: договор за непријатели со бенефиции со едноставни правила. Без љубомора. Без обврски. И апсолутно без вљубување.
Амбициозната и забавна Џулс Амброуз е фокусирана на една работа: да го положи правосудниот испит за да стане адвокат. И ако нешто не ѝ треба во оваа фаза од животот, тоа е некојси арогантен, неподнослив доктор… без разлика колку е згоден. Но колку подобро го запознава, толку повеќе сфаќа дека има нешта кои не ги знаела за човекот кој го мрази толку долго. Нејзиниот непријател. И нејзиниот единствен спас.
-
-43%
На господин Филип, со љубов (Бриџертон #5)
0Original price was: 520,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Сер Филип смета дека знае сè што треба за Елоиз Бриџертон. Од преписката со далечната роднина на неговата покојна сопруга, ja замислува како повлечена стара мома која копнее да стапи во брак. Затоа, решава да ја запроси. Но… таа воопшто не е таква. Жената што стои пред неговиот праг е вистинско изненадување – не само што е убава, туку е и храбра, зборлива и мошне паметна. А секогаш кога ќе престане да зборува, тој посакува само едно – да ја бакне.
Елоиз Бриџертон никогаш не би се омажила за човек што не го познава. Но совладана од љубопитноста, се качува во кочија и тргнува во ноќта за да го запознае мажот кој се надева дека ќе биде нејзиниот совршен сопруг. Но… тој воопшто не е таков. Нејзиниот совршен партнер не би бил толку намуртен и некултурен. И несомнено требало да ѝ спомене дека има две мали и мошне немирни деца, на кои им е потребна мајка, исто колку што нему му е потребна сопруга.
-
-47%
Венчани до изгрејсонце (Хатавеј #4)
0Original price was: 470,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Toj e сè што таа сака да избегне.
Кетрин Маркс веќе две години работи како придружничка на сестрите Хатавеј. Ужива во работата, која сепак има една голема мана: постариот брат, Лео Хатавеј, е неподнослив. Тешко ѝ е да поверува дека зад нивните жестоки препирки би можело да се крие привлечност. Но, кога една од нивните расправии завршува со ненадеен бакнеж, Кет е шокирана од својата реакција – а уште повеќе, од неговиот предлог да се впуштат во опасна врска.Таа воопшто не е таква каква што изгледа.
Достоинственото однесување на Кетрин крие тајна што би jа уништила. За Лео, таа е како забрането овошје – неодолива и мистериозна, фатална комбинација за човек кој решил никогаш повеќе да не сака и кој се наоѓа во безизлезна ситуација. За една година тој мора да се ожени и да добие дете, инаку семејството ќе ги изгуби наследството и домот. Опасноста што Кет се обидува да ja избегне се заканува засекогаш да ги раздели. Освен ако непопустливите љубовници не научат начин да ги победат сенките на минатото и да ѝ се препуштат на страста. -
-56%
Кафеноока (Тревис #4)
1Original price was: 450,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Ејвори е позната организаторка на свадби, но за жал, таа не верува во љубов – барем не кога станува збор за неа. Кога го запознава богатиот ерген Џо Тревис, помешувајќи го со фотограф, нема намера да му дозволи да ја шармира. Но Џо е човек кој се бори за тоа што го сака, а Ејвори сепак не може да му одолее на секси јужњачкиот шармер и топлата летна вечер.
Меѓутоа, по таа една вечер, Ејвори е решена да не дозволи тоа да се повтори. Човек како Џо може да значи само неволја за жена како неа, а таа секако не смее да си дозволи дистракции затоа што е ангажирана за свадбата на годината – настан кој е исклучително важен за неа.
Компликациите сепак почнуваат, ставајќи ја во опасност целата свадба, особено кога испливуваат шокантните тајни на невестата. Но Џо е категоричен дека нема да се откаже лесно, па Ејвори е принудена да се соочи со несигурностите и убедувањата кои произлегуваат од минатото кое би дала сѐ да го заборави. Ситуацијата доаѓа до точка на вриење и таа се соочува со најтешката одлука во својот живот. Само ако ризикува сѐ, вклучувајќи ја својата кариера и своето срце – ќе открие што е најважно во животот.
-
-39%
Договор за љубов (Dreamland Billionaires #2)
0Original price was: 490,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Деклан: Судено ми е да станам директор на семејната медиумска империја. Има само еден проблем. Клаузулата за наследство на дедо ми. Исполнувањето на неговата последна желба – да се оженам и да му дадам наследник – ми се чинеше невозможно сѐ додека мојата асистентка не волонтираше за позицијата. Нашиот брак требаше да биде совршено решение на мојот најголем проблем.
Но колку повеќе глумиме дека сме заљубени пред други, толку понесигурен станувам за нашиот договор. Развивањето чувства за Ирис никогаш не беше дел од спогодбата. Особено не кога знам дека е неизбежно да ѝ го скршам срцето.Ирис: Мојот план да се омажам со Деклан во теорија беше прилично едноставен. Ќе се вселиме заедно. Ќе организираме свадба. Ќе направиме дете. Поставивме дури и одредени правила за да избегнеме какви било проблеми. Правила кои не требаше да бидат прекршени, без оглед на тоа колку Деклан ќе ме искушува.
Но што кога нашата фиктивна врска почнува да се претопува во вистинска?
Вљубувањето никогаш не беше опција. Барем не за мене. -
-43%
Романса со господин Бриџертон (Бриџертон #4)
0Original price was: 520,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Сите знаат дека Колин Бриџертон е најшармантниот маж во Лондон. А Пенелопе Федерингтон потајно го обожава братот на нејзината најдобра пријателка… па, се чини отсекогаш. Со оглед на тоа дека половината свој живот го набљудува Колин Бриџертон од далечина, смета дека знае сѐ што може да се знае за него, сѐ додека не налета на неговата најдлабока тајна… кога одеднаш почнува да се плаши дека никогаш воопшто и не го познавала.
На Колин му е смачено од тоа што сите го сметаат за обичен празноглав шармер и особено му е смачено од колективната преокупација со озлогласената колумнистка на гласишта и озборувања, Леди Вислдаун, која како да не може да објави издание без да го спомне токму него во првиот параграф. Но кога се враќа од патувањата во странство, открива дека ништо во животот повеќе не е исто – особено не Пенелопе Федерингтон! Девојката која го прогонува низ соништата. Но кога дознава дека и таа има своја тајна, овој недопирлив ерген мора да реши… дали таа е најголемата закана за него – или неговото ветување на среќен крај?
-
-33%
Беспрекорно
0Original price was: 520,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Правилата беа прости: да ги држи рацете подалеку од ќерката на неговиот агент и да не запаѓа во неволји. Да биде беспрекорен. А сега е принуден да го дели покривот со неа. И креветот. Но правилата се создадени за да бидат прекршени.
Рет Итон е најпознатиот родео-каубој во Канада и жените го обожаваат. Вистинска суперѕвезда. Или барем до неодамна, пред да биде вмешан во голем скандал што се заканува да ѝ стави предвремен крај на неговата блескава кариера. Агентот настојува да го среди имиџот, па затоа ја праќа ќерка си, Самер, да го следи во чекор до крајот на сезоната.
На Рет не му треба дадилка – особено не толку убава, со припиени панталони и заводлива насмевка, која не умее да си ја држи устата затворена. Прекрасната уста за која тој не може да престане да размислува. Но Самер не е лесен плен, не е уште една цртка во долгиот список со заведени девојки. Таа проникнува зад неговата маска на самоуверен и себичен никаквец, го гледа неговото вистинско лице и нема намера да побегне.
Самер се обидува да не ја пречекори границата, затоа што неговата репутација не би издржала уште еден удар – како и нејзиното срце, кое не би издржало уште болка.
Но Рет е решен да ѝ го освои, колку и да го чини тоа. -
-45%
Туѓинецот на свадбата
0Original price was: 490,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Пред љубовта на прв поглед, имаше работи кои никој не ги виде.
Ени не верува во љубовта – сè додека не го запознава Марк. Откако патиштата им се вкрстуваат одејќи наутро на работа, се зближуваат за време на групните терапии за преживеани трауми. И двајцата препознаваат делови од себе во другиот, но и двајцата кријат нешта од своето минато.
Ени не ни замислувала дека е можно некогаш да се венча, а сега, кога денот е конечно тука, не постои нешто за што е посигурна од желбата да стапи во брак со Марк.Но додека стои пред олтарот и гледа кон насобраните гости, забележува еден туѓинец. Набрзо дознава дека нејзиниот нов живот нема да биде толку среќен колку што си замислувала. Кој е туѓинецот на нејзината свадба? Што навистина се случило со првата сопруга на Марк? Дали средбата меѓу Ени и Марк била навистина случајна или некој друг ги вмешал прстите?
Возбудлив трилер што ќе ве натера да размислите двапати пред да кажете „да“.
-
-34%
Безобразни писма
0Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Грифин Квин беше момчето од Британија со кое се допишував во детството. Иако бевме тотално различни, преку стотици писма во текот на годините, станавме најдобри пријатели, споделувајќи ги нашите најмрачни, најдлабоки тајни и создавајќи нераскинлива врска. Но таа врска сепак се раскина еден ден.
И години подоцна, пристигна ново писмо. И тоа безобразно – писмо во кое беше собран сиот негов гнев од изминатите осум години. Немав избор, освен да му кажам зошто престанав да му пишувам. Грифин ми прости и некако успеавме повторно да го оживееме тој близок однос од детството. Само што, сега бевме возрасни и во врската имаше хемија, имаше искри. Нашите забавни писма брзо станаа кокетни, а потоа и крајно безобразни, преполни со нашите најлуди фантазии. Па логично беше да отидеме еден чекор понатаму и да се видиме во живо.
Но, Грифин не сакаше да се сретнеме. Ме замоли да му верувам и велеше дека така е најдобро. Само што, јас сакав нешто повеќе, па решив да ризикувам и тргнав да го барам. Луѓе правеле и полуди нешта за љубов. Но она што го открив таму можеше да смени сѐ.
-
-28%
Книга за нередот
0Original price was: 320,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Дали и кај вас дома понекогаш има неред?
Во оваа книга, нередот е насекаде! Дома, во собите, во кујната, во дворот, во градинката – насекаде! Семејствата Куче, Мечка, Жирафа и Јазовец не можат да ги пронајдат работите кои им требаат за да се дотераат, да готват, да си играат, да составуваат сложувалки.
Дали ќе им помогнете да ги најдат нештата кои ги бараат во нередот?
-
-18%
АНТОН И БАБА на дното на морето
0Original price was: 280,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.од ТОМАС БРУНСТРОМ И ТОРБЈОРН КРИСТОФЕРСЕН
Антон и баба патуваат до дното на морето за на дното на морето да го најдат прстенот на баба.
Тие сретнуваат опасни чудовишта, гладни китови и чудесни сирени, а Антон мора да биде многу вешт ако сака да управува со подморницата и да го врати прстенот.
Ги чека уникатно авантуристичко патување, бидејќи кога баба е со вас, никогаш нема здодевен момент.
-
-44%
Шепотот на судбината
0Original price was: 390,00 ден.219,00 денCurrent price is: 219,00 ден.Таа не верува дека некогаш повторно ќе љуби, бидејќи смета дека во животот, човек само еднаш може да доживее вистинска, длабока, исконска љубов. Затоа, по драмата која ѝ го менува светот од корен, Стела Еванс бега од секој маж кој сака да ѝ се доближи поблиску од она што за неа е прифатливо. Посветена на својата професија, и во постојан обид да си ја излекува расрквавената душа, ќе успее ли да го наслушне шепотот на судбината и да се соочи со сенките кои истата ќе ѝ ги врати од минатото?
Тој е силен, убиствено згоден, неприкосновен шармер, на којшто ниедна жена не може да му одолее. Но, тој нема доверба во ниту една претставничка на понежниот пол, па затоа отворено им ги кажува своите намери, а тоа подразбира само добар секс и ништо повеќе. Кога најмалку очекува, Брајан Купер ќе се соочи со животен пресврт во кој може да изгуби сé, но и многу да добие. Кога во непредвидени околности ја запознава храбрата, синоока убавица, ќе успее ли комплетно да ѝ верува или ќе продолжи тврдоглаво да се спротивставува на она што за него го има смислено судбината?
* Книгата ќе биде достапна за продажба од 08.06.2024, во сите Сакам Книги книжарници и онлајн
