-
Љубовно романче
0420,00 денЕдна писателка на романси која повеќе не верува во љубов и еден писател на сериозни книжевни дела кој има писателска блокада се впуштаат во летен предизвик кој може да ги промени сите нивни досегашни верувања.Август Еверет е познат автор на интелектуална книжевна фикција. Јануари Ендрус е авторка на романси бестселери – или, според него, на „љубовни романчиња“. Додека таа везе среќни краеви, тој ги „убива“ сите главни ликови во своите книги.Тие се тотално спротивни. Всушност, единственото заедничко им е тоа што во следните три месеци живеат во соседни куќи на плажа, двајцата банкрот и со писателски блокади.Една досадна вечер, едно води кон друго и си поставуваат предизвик со цел да излезат од креативната рутина: Август ќе го помине летото пишувајќи нешто со среќен крај, а Јануари ќе заплови во водите на сериозната, интроспективна фикција. Таа ќе го носи на романтични места за да истражува за романтичната новела, а тој неа на интервјуа со преживеани од опасен култ (многу јасно). Двајцата ќе си ги завршат книгите и никој нема да се вљуби во никого. Сериозно… -
-53%
Школа за извонредност
0Original price was: 420,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Кога поради сериозна повреда останува без работа и практично живее на каучот на сестра му, познатиот професионален рагбист Луис Хаус сфаќа дека мора да направи некоја промена во животот. Почнува да контактира со луѓе на кои им се воодушевува, во потрага по ментори, а и да ги применува советите на старите тренери, пренасочувајќи ги од спортот директно во животот. И успева да изгради мултимилионски онлајн бизнис.
Во Школа за извонредност, Хаус ги споделува најважните совети и навики на голем број извонредни луѓе, сѐ што дознал од нив за тоа како да се живее извонреден живот. Низ разговори со спортски шампиони и бизнисмени милијардери, Хаус се обидува да открие што е потребно за да бидеме извонредни во животот, успешни на секое поле, и да достигнеме величие кое не го достигнува баш секој. И сфаќа дека овие великани не се успешни затоа што им се насмеала среќата во животот или едноставно се родени исклучително талентирани, туку имаат одредени навики и алатки со кои ги надминуваат пречките во животот.
Школа за извонредност е водич за личен развој кој ви дава алатки, знаење и ресурси за остварување на вашиот максимален потенцијал. Лекциите на Хаус докажуваат дека секој е способен за постигнување исклучителен успех и дека сите можеме да се стремиме кон извонредност во нашите секојдневни животи.
-
-39%
Уметницата со кана
4Original price was: 490,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Живописен и заразен приказ на битката на една жена да се реализира себеси во општество кое е на раб меѓу традиционалното и модерното; Уметницата со кана отвора врата од свет кој е подеднакво раскошен и фасцинантен, колку што е мрачен и злобен.
По бегството од насилен брак, седумнаесетгодишната Лакшми се упатува во вибрантниот, розов град Џајпур. Таму станува најбараната уметница со кана, но и најголемата чуварка на тајни на најбогатите жени од високата класа. Но иако богатите ѝ ги откриваат сите свои тајни, таа никогаш не смее да ги довери своите некому…
Лакшми станува позната по оригиналните дизајни и добрите совети, но мора да биде внимателна за да не стане жртва на љубомора и озборувања кои би можеле да ѝ ја уништат репутацијата и заработувачката. Додека го исполнува својот сон за независен живот, сенки од минатото носат нови ризици. Нејзиниот поранешен маж ја пронаоѓа по многу години и се соочува со неа со сестрата што Лакшми не ни знае дека ја имала. Одеднаш, сите нејзини внимателно градени безбедносни ѕидови се под закана. Но Лакшми повторно продолжува да се бори низ животот, користејќи ги своите таленти за да се издигне над сѐ, воедно издигнувајќи ги и сите што ја опкружуваат.
-
-40%
Шума на спомените
1Original price was: 450,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Застрашувачки трилер за грабната девојка, момче кое може да ја спаси и фаталната игра на измама и предавство што тие ја играат.
Илајџа живее во Шумата на спомените откако знае за себе. Тоа е единствениот дом што тој некогаш го имал. Елиса тукушто пристигнува. Tаа би сторила сѐ што може само за да побегне.
Кога Илајџа налетува на тринаесетгодишната Елиса во шумата каде што нејзиниот киднапер ја крие, тој одбива да ја извести полицијата. Илајџа немал вистински пријател никогаш во неговите дванаесет години. Затоа, тој не сака Елиса да си замине.
И не само тоа. Илајџа знае како може да заврши сето ова. На крајот на краиштата, Елиса не е првата девојка што ја има најдено во Шумата на спомените.
Како што однесувањето на нејзиниот киднапер станува сѐ понепредвидливо, така Елиса сфаќа дека дружбата со чудниот, осамен Илајџа е нејзината единствена надеж за преживување. Нивната игра ќе ги одреди и нивните судбини, и ќе одлучи дали некој од нив некогаш ќе ја напушти Шумата на спомените.
,,Но ако ти штотуку пристигна, тогаш зошто би сакала да си заминеш?“
-
-49%
Еден незаборавен Божиќ (Wallflowers #5)
1Original price was: 390,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.За време на божиќните празници во Лондон, Рејф Боуман пристигнува од Америка поради договорената средба со Натали Бландфорд, ќерката на леди и лорд Бландфорд, која е прекрасна и совршена, односно, соодветна сопруга за него.
Неговиот занесно добар изглед и импресивната фигура се повеќе од доволни за да ја импресионираат дамата која го чека – да не беше неговиот шокантен, американски начин на живот, нивниот брак ќе беше загарантиран.
Но пред да може да почне додоворувањето, Рејф сфаќа дека мора да ги научи правилата на англиското општество. Жените во Англија се многу различни од жените во Америка и тој просто не може да ги сфати без помошта на четирите поранешни „стари моми“: Лилијан, Иви, Анабел и Дејзи. Но кога тие четири ќе замешаат прсти во стројништво, само еден Бог знае што може да се случи.
За маж кој е навикнат да добива сѐ што ќе посака, пронаоѓањето на вистинската невеста се покажува покомплицирано од очекуваното. Сепак, на Божиќ се случуваат најнеочекуваните нешта, па и цинизмот може да се претвори во инспиративна, страсна романса.
,,Еден незаборавен Божиќ“ ве носи на патување во викторијански Лондон, патување водено исклучиво од страстите и срцето.
-
-48%
Коски на срцето
4Original price was: 440,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Животот и безвредното презиме се единствените две работи што родителите некогаш ѝ ги дале на Бeја Грим. Откако потполно сама си го пробива својот пат во животот, Беја е насочена кон поголеми и подобри нешта, сето тоа благодарение само на самата себе.
Кога само два кратки месеци ја делат од иднината за која сонува цел живот и од минатото кое очајно сака да го остави зад себе, неочекувана смрт ја става во ситуација да остане без кров над главата.
Принудена да побара помош од последниот човек на светот од кого би сакала да бара што било, таа мора да го помине остатокот од летото на полуостров во Тексас со татко си кој едвај го познава.
Беја планира да остане тивка и незабележлива, па летото да помине безболно и брзо, но нејзиниот нов сосед, Самсон, го разнишува нејзиниот совршен план.
На прв поглед, Самсон и Беја се потполно различни. Таа израснала во сиромаштија, запоставена од своето семејство; тој потекнува од богато семејство со изобилство од привилегии. Единственото нешто што им е заедничко е тоа што и двајцата ги привлекуваат тажни нешта, што значи дека двајцата меѓусебно се привлекуваат.
Кога хемијата меѓу нив станува премногу силна за да се игнорира, двајцата се согласуваат на една незначајна летна романса. Она што Беја не го предвидува е бранот од емоции што надоаѓа и ризикот истиот да ја одвлечка во најопасните длабочини.
-
Очи од сребро, очи од злато
0490,00 денЕн Велс е срам за своето ладно, културно семејство уште од нејзините детски денови, полни со будалштини и лапсуси кои не ѝ доликуваат на една млада дама. Нејзиното семејство ги обвинува токму тие будалштини за срамниот факт што таа е стара мома на дваесет и осум години.
Корд Бенет, син од вториот брак на неговиот татко со Индијанка, исто така е црна овца во своето семејство. Тие се богати ранчери и адвокати кои се срамат, па дури и се плашат од него.
Кога ги затекнуваат Ен и Корд заедно сами, бесот на нејзиниот татко кулминира со насилство. А семејството на Корд веднаш е убедено дека вината е негова. Можат ли Ен и Корд да ја искористат неочекуваната слобода што произлегува од обвинението за гревови кои всушност не ги направиле за да изградат живот заедно? Или мешањето и неодобрувањето на нивните семејства сепак ќе ги раздвои?
Прекрасна љубовна приказна што ќе ја читате со солзи во очите и кнедла во грлото.
-
-33%
Заколната на молк
6Original price was: 490,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Некои вистини се толку ужасни, што е подобро никогаш да не се разоткријат… Некои злосторства се премногу незамисливи за да бидат решени…
Во едно мало, мирно рурално гратче во Охајо, Амишите и останатите жители живееле сложно два века. Но пред шеснаесет години, серија брутални убиства го уништиле мирот во спокојната фармерска заедница. По злосторствата, во градот владее немир, има некоја ранливост и невиноста е засекогаш изгубена. Кејт Бркхолдер, млада Амишка, го преживеала теророт на Убиецот од кланицата, но како последица од бруталноста, сфатила дека таа веќе не припаѓа со Амишите.
Сега, многу поискусна, Кејт ја бараат да се врати во градот како началничка. Нејзините амишки корени и искуството во полицијата во голем град ја прават совршен кандидат. Таа е сигурна дека веќе се има помирено со минатото – сè до пронаоѓањето на првото тело во едно снежно поле. Кејт се заколнува дека ќе го фати убиецот пред да нападне повторно. Но за да го стори тоа, мора да го предаде своето семејство и своето амишко потекло – и да разоткрие една мрачна тајна што би можела да ја уништи.
-
-53%
Солта во морето
1Original price was: 420,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Сите знаат за добро документираната катастрофа со Титаник, но малкумина се запознаени со една од најголемите поморски трагедии…
Се ближи крајот на Втората светска војна и илјадници бегалци очајнички тргнуваат кон прегратките на слободата; многумина од нив со скриени тајни… Помеѓу нив се и Јоана, Емилија, Флоријан, чии патишта се вкрстуваат на пат кон „Вилхелм Густлов“, брод кој ветува спас. Соединети од стегите на околностите, тројцата млади црпат сила и храброст еден од друг, но меѓусебната доверба ја тестира секој следен чекор на пат кон безбедноста.
И баш кога им се чини дека слободата е на дофат на рака, доаѓа до незамислива трагедија. Преоптоварениот брод, наменет за 1.800 патници, а натоварен со над 10.000 луѓе, почнува да тоне и сите тие, возрасни и деца, богати и сиромашни, мораат да се борат за истото: за преживување, за своите животи. Раскажан од различни перспективи, овој трогателен роман е инспириран од вистинска трагедија. Авторката ни открива жртви на страшната војна за кои знаат неверојатно мал број луѓе и докажува дека хуманоста и љубовта можат да победат дури и во најмрачните околности.
-
-34%
Избриши ги солзите
12Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Водена од опсесијата да ги пополнува празнините во туѓите животи, Мила Еџ има неверојатна страст, инстинкт и дарба за пронаоѓање исчезнати деца. Кога сè друго изгледа изгубено и беспомошно, очајни души од сите страни на светот доаѓаат кај неа за надеж и помош. Со работата, Мила се бори да побегне од бруталните емоции кои ја јадат однатре затоа што има само едно дете кое не може да го пронајде со години… а тоа е нејзиното дете.
Кога добива дојава за синџир за трговија со бебиња во мало село во Мексико, Мила тргнува да истражува без двоумење. Клучен човек во организацијата е маж со едно око, кој Мила патем добро го помни од минатото. Очајна да го најде, Мила се здружува со Џејмс Дијаз; сомнителен странец кој делува подеднакво опасно како и луѓето кои ги бараат.
Иако истрагата станува сè пожестока, Мила нема намера да се откаже. Иако сите ѝ велат да престане да го бара своето дете зашто веќе се изминати десет години, таа не слуша никого. Мила е жена борец, волчица подготвена на сè за да го најде своето дете. Па макар и соочена со опасен маж, платен убиец, кој би можел да ја замолчи засекогаш.
-
-40%
Патник 23
6Original price was: 450,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Во просек, 23 луѓе годишно исчезнуваат од бродови за време на крстосувања. Обично, таквите ги отпишуваат како жртви на несреќи или самоубиства со скокање од брод. Но, што ако не се?
Пред пет години, Мартин Шварц, полициски психолог, ги изгубил сопругата и синот. Биле на одмор на брод, на крстосување, кога тие двајца едноставно исчезнале. Слабата истрага не успеала да открие што се случило – судскиот вештак заклучил дека се работи за убиство и самоубиство. И тој заклучок го прогонува Мартин уште оттогаш, загорчувајќи му го животот. Но тогаш го контактира една постара жена, писателка, која тврди дека има информации за тоа што се случило и инсистира тој веднаш да се качи на бродот „Султанот на морињата“.
Таа му објаснува дека неговата сопруга и син не се единствениот таков пар кој исчезнал. Му кажува дека пред само неколку месеци исчезнале друга мајка и нејзината ќерка. Писателката е убедена дека има сериски убиец на бродот.
Но кога исчезнатата ќерка одеднаш се појавува – со мечето на исчезнатиот син на Мартин во рака – станува очигледно дека вистината може да е многу, многу пострашна…
-
-34%
Новиот сопруг
1Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Тоа што љубиш некого не мора да значи и дека вистински го познаваш…
Кога нејзиниот сопруг исчезнува , Нина дознава дека Глен водел двоен живот со друга жена. Но Глен веќе го нема – полицајците претпоставуваат дека се удавил за време на риболов на неговиот брод – па таа не може да се соочи со него за аферата и сите други лаги. Година и пол по несреќата, Нина се смета себеси за вдовица, иако полицијата сè уште нема пронајдено тело. Таа случајно се сретнува со Сајмон Фич, наставник од училиштето на нејзината ќерка, Меги, и полека почнува повторно да наоѓа љубов, со надеж дека некогаш ќе успее пак да дојде до нормален живот.
Сајмон од друга страна, вдовец кој сè уште жали за самоубиството на неговата прва сопруга, гледа совршена жена во Нина. Неговиот шарм и топлина го лекуваат нејзиното предадено срце. Синот на Нина набрзо го прифаќа Сајмон како татко, но Меги гледа некоја мрачна страна кај овој нов човек во нивните животи. Дури и пријателките на Нина се прашуваат дали Сајмон е екстремно заљубен или можеби опасно посесивен. Тој ги знае сите нејзини омилени јадења, филмови, песни, потреби… И никогаш не би ја изневерил како Глен. Прашањето е, зошто е Сајмон Фич толку совршен?
-
-36%
Скандал на пролет (Wallflowers #4)
1Original price was: 420,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Откако Дејзи Боуман не успева да си најде маж три сезони во Лондон, татко ѝ ѝ се заканува дека ако таа самата не си пронајде маж ВЕДНАШ, тогаш тој лично ќе ѝ пронајде, без разлика дали ѝ се допаѓа изборот или не. А неговиот избор дефинитивно не ѝ се допаѓа затоа што станува збор за најладниот, најнепривлечниот и најздодевниот маж на светот – Метју Свифт.
Дејзи е ужасена. Боуманови никогаш не признаваат пораз и таа одлучува да направи сè што треба за да се омажи со некој… кој било друг, освен Свифт. Но завршува шокирана кога одеднаш го сретнува Метју и сфаќа дека тој веќе не е непривлечниот маж од пред неколку години, не е слабото одбивно момче на кое се сеќава… Напротив, неговиот шарм почнува да ја разоружува и Дејзи полека почнува да сфаќа дека постои шанса човекот кој отсекогаш го мразела да е оној вистинскиот, човекот од нејзините најлуди соништа.
Но баш кога таа конечно почнува да попушта, наидува на отпор и тајни и скандали од страна на Метју. Нешто што може да ја уништи дури и најсилната љубов на светот, љубов каква што нема дури ни во најлудите фантазии на нејзината романтичарска душа.
-
-45%
Вистинскиот за мене
5Original price was: 420,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Паднат боскер.
Жена со скршен сон.
Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…Тејт Ремингтон – едниот и единствен – е ѕвезда на опасните борби во подземјето. Жените го обожаваат, сонуваат за него и збеснуваат по него. Мажите му завидуваат и сакаат да бидат како него.
Кога Брук случајно завршува на негова борба и тие прекрасни сини очи се вперуваат во неа, таа заборава сè, дури и сопственото име. А неговото величествено, мускулесто тело дополнително придонесува за ова. Нејзиниот живот се превртува наопаку кога ова совршенство ѝ нуди работа која може да ѝ отвори многу врати во животот. Но поранешниот боксер е непредвидлив и опасен и ја привлекува, онака неодоливо, животински. Ремингтон Тејт е најсилниот, но и најконфузниот маж што некогаш го запознала.
Во нивниот комплициран работен однос, копнежот се меша со доверливост, врели бакнежи со болка и страв – страв дека двајцата може да бидат уништени од неговата мрачна тајна…
-
-38%
Тајните на милионерскиот ум
2Original price was: 400,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Оваа книга ни ги открива тајните чекори кои стојат помеѓу посакувањето успех и достигнувањето успех. Ни открива како размислуваат милионерите и нè насочува како треба да размислуваме и дејствуваме ако сакаме богатство во животот.
Дали некогаш сте се запрашале зошто и како некои луѓе се збогатуваат толку лесно, а други како да се осудени финансиски да се измачуваат цел живот? Дали тоа се должи на разликите во нивното образование, интелигенција, вештини, тајминг, работни навики, контакти, среќа или нивниот избор на професија? Шокантниот одговор е: ниедно од горенаведените!
Т. Харв Екер вели: „Дајте ми 5 минути и можам да ви кажам каква ќе ви биде финансиската иднина до крајот на животот!“ Тој го прави ова со идентификување на вашиот вграден „нацрт“ за пари и успех. Сите ние имаме еден таков нацрт во нашата потсвест и токму тој го детерминира нашиот финансиски успех. Може да знаете сè за маркетинг, продажба и финансии, но ако вашиот паричен нацрт не е правилно поставен за голем успех, никогаш нема да имате многу пари – или дури и да ги заработите, ќе ги изгубите! Екер ќе ви покаже како да создадете нов нацрт со кој ќе стигнете до успех и пари. Според Екер, лесно е! Ако размислувате и се однесувате како богатите, тогаш има големи шанси и самите да се збогатите!
-
-38%
(С)Фати го типот што го посакуваш
1Original price was: 400,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Метју Хаси, експерт за врски и професионален стројник, во оваа книга ви ги открива тајните на машкиот ум и неговиот револуционерен пристап за да им помогне на жените да најдат маж каков што посакуваат.
Метју нè учи сè што сме желни да дознаеме; како да запознаеме повеќе добри мажи, како да бидеме секси и да флертуваме, но и како да бидеме жена со висока вредност, како да ги поттикнеме да ни пристапат и да се впуштиме во разговор кој за само неколку минути ќе ни открие дали сакаме да го запознаеме типот подобро и да договориме прв состанок, но и како да изградиме емоционална интимност.
Оваа негова книга е уникатен водич за секоја жена која сака да го сфати и фати типот што отсекогаш го посакувала. (С)фати го типот ќе ви помогне да разберете како размислуваат мажите, што навистина сакаат, како тие гледаат на жените, на врските, на сексот и на обврзувањето.
