-
-45%
Мило мое дете
3Original price was: 490,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Во тмурна колиба без прозорци некаде во шумата, животот на Лена и на нејзините две деца следи строго дефинирани правила, кои ги поставува човекот којшто ги држи заробени – таткото: кога се јаде, кога се оди во тоалет, кога се учи… и сето тоа под неговото будно око. Тој го штити своето семејство од опасностите кои демнат во надворешниот свет и води сметка неговите деца секогаш да имаат мајка која ќе се грижи за нив.
Еден ден, Лена успева да побегне – но кошмарот продолжува. Се чини дека тиранинот сака да си го врати она што смета дека му припаѓа… Плус, под знак прашалник е дали таа навистина е жената по име „Лена“, мајка на двете деца, која исчезнала без трага пред 14 години. Полицијата и семејството на Лена очајно се обидуваат да ја состават сложувалката, чии делчиња од некоја причина не можат да се спојат во една целина.
Морничав и адреналински трилер во стилот на „Соба“ и „Ејми ја нема“ – од една од најпопуларните германски авторки.
-
-46%
Шума на спомените – (тврд повез)
0Original price was: 550,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Застрашувачки трилер за грабната девојка, момче кое може да ја спаси и фаталната игра на измама и предавство што тие ја играат.
Илајџа живее во Шумата на спомените откако знае за себе. Тоа е единствениот дом што тој некогаш го имал. Елиса тукушто пристигнува. Tаа би сторила сѐ што може само за да побегне.
Кога Илајџа налетува на тринаесетгодишната Елиса во шумата каде што нејзиниот киднапер ја крие, тој одбива да ја извести полицијата. Илајџа немал вистински пријател никогаш во неговите дванаесет години. Затоа, тој не сака Елиса да си замине.
И не само тоа. Илајџа знае како може да заврши сето ова. На крајот на краиштата, Елиса не е првата девојка што ја има најдено во Шумата на спомените.
Како што однесувањето на нејзиниот киднапер станува сѐ понепредвидливо, така Елиса сфаќа дека дружбата со чудниот, осамен Илајџа е нејзината единствена надеж за преживување. Нивната игра ќе ги одреди и нивните судбини, и ќе одлучи дали некој од нив некогаш ќе ја напушти Шумата на спомените.
,,Но ако ти штотуку пристигна, тогаш зошто би сакала да си заминеш?“
-
-37%
Улицата на светулките (тврд повез)
0Original price was: 550,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Кејт има прифатено дека засекогаш ќе биде обична и непопуларна летото кога, на нејзино воодушевување, „најголемата фраерка на светот“ се доселува во куќата преку улица и изразува желба да ѝ биде пријателка. Тали Харт има сè – убавина, интелигенција, амбиција. Тие навидум се тотално различни: Кејт, осудена вечно да биде непопуларна, со семејство кое би направило сè за неа. Тали, целата гламурозна и мистериозна, но со тајна што ја убива. Тие прават пакт да бидат најдобри пријателки засекогаш и до крајот на летото стануваат неразделни.
Напуштена од мајка си на рана возраст, Тали е очајна да му ја докаже својата вредност на светот и копнее за безрезервна љубов. Како што растат, така Тали слепо ги следи своите амбиции во Њујорк и низ светот, пронаоѓајќи слава, успех… и осаменост. Кејт знае дека нејзиниот живот нема да биде ништо посебно. Таа само сака да се заљуби, да има деца и нормален живот. Не е ни свесна колку животот како сопруга и мајка ќе ја смени… и колку ќе ѝ завидува на славната најдобра пријателка…
Триесет години заедно ги преживуваат бурите на пријателството и мислат дека можат да преживеат сè, но едно предавство ги разделува… и ги става на тест нивната храброст и нивното пријателство.
-
-33%
Тајниот говор
2Original price was: 490,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Том Роб Смит, авторот на Дете 44, ни се враќа со напнат, неизвесен нов трилер: приказна во која гревовите од минатото се закануваат да ја уништат сегашноста, семејства мора да надминат незамисливи пречки за да ги спасат своите сакани, а надежта за подобро утре се бара во најнеобичните околности…
Советски Сојуз, 1956. Сталин е мртов, а жестокиот режим почнува да попушта, оставајќи зад себе општество во кое полицајците се криминалци, а криминалците се невини луѓе. Таен говор напишан од страна на наследникот на Сталин циркулира низ целата нација. Неговата порака е: Сталин беше тиранин. Неговото ветување: Советскиот Сојуз ќе се смени.
Лео Демидов, поранешен агент, исто така се труди да се смени. Двете млади девојчиња кои тој и неговата сопруга ги имаат посвоено сѐ уште му немаат простено за неговата улога во смртта на нивните родители. И тие не се единствените. Сега кога вистината е на виделина, Лео и неговото семејство се во страшна опасност од некој кој е опседнат со мрачните нешта од поранешната кариера на Лео. Некој кој е трансформиран до степен на непрепознатливост.
-
-45%
Присестра
0Original price was: 450,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Изабел треба да е бескрајно среќна – набрзо ќе го добие прекрасниот принц. Но, Изабел не е исклучително убавата девојка која ја изгубила стаклената чевличка и го освоила срцето на згодниот принц. Таа е грдата присестра која си отсекува дел од ножните прсти за да успее да ја пикне ногата во чевличката на Пепелашка… и таа чевличка сега се полни со крв.
Кога принцот ја открива измамата на Изабел, ја отфрла и посрамотува. А таа токму тоа и го заслужува, бидејќи е обична, еднолична девојка во свет кој цени само убавина; темпераментна девојка во свет кој сака таа да е кротка и понизна.
Изабел многупати се има обидено да се вклопи. Да ги исполни очекувањата на мајка си. Да биде повеќе како својата присестра. Да биде мила и слатка. Да биде убава. Едно по едно, таа долго време наназад отфрла делчиња од себе само за да преживее во свет кој не ги вреднува и цени девојките како неа. И сето тоа ја има направено злобна, љубоморна и празна однатре.
Тогаш добива шанса да ја промени својата судбина и да го докаже она што грдите присестри отсекогаш го знаеле: треба многу повеќе од скршено срце за да се скрши девојка.
-
-45%
Месечарот
3Original price was: 420,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Како дете и во тинејџерските години, Леон имал проблеми со несоница. Месечарејќи, знаел дури и да стане насилен за време на ноќните екскурзии и посетувал психијатар за оваа состојба. По некое време, конечно бил убеден дека е излечен… но, еден ден, години подоцна, сопругата на Леон исчезнува од нивниот стан под мистериозни околности. Пред да замине, расплакана, со модро око и откорнат нокт, кажува нешто што ужасно го замислува Леон. Дали е можно неговата болест да е вратена?
Исплашен и испаничен, Леон решава дека мора некако да открие што прави додека спие, како се однесува во сон, па става држач за камера на челото. Камерата снима и во темница и се активира со сензори на движење. Кога седнува да ја прегледа снимката следното утро, доаѓа до откритие кое е полудо и од најлудата имагинација. Неговата ноќна верзија – месечарот – поминува низ врата која нему му е тотално непозната и се спушта некаде во темнината…
-
-45%
Од жарјето
4Original price was: 420,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Чудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример:
– Оглушувачкиот звук на експлодирање на куќата.
– Парализирачкиот страв додека ја барав мојата сопруга.
– Заслепувачкиот чад кој ми ги гореше очите додека ја изнесував на раце.
Но она што ќе остане најсилно врежано во мојата душа до крајот на мојот живот ќе биде потресниот момент кога сфатив дека жената во моите раце всушност не е мојата сопруга.Јас и Бри бевме единствените преживеани во фаталната несреќа – иако ни на двајцата не ни се ни живееше веќе по таа ноќ. Како самохран татко на кој штотуку му изгоре домот и сѐ што поседував, немав друг избор, па ја прифатив нејзината великодушна понуда привремено да се вселам во нивната гостинска куќарка. И некако, низ болката и тагата, оформивме еден невообичаен тим. Беа потребни години, но гледав како постепено ѝ се враќа насмевката на лицето – бавно и прекрасно. Навечер седевме и разговаравме со часови, празни муабети, но пополнуваа огромна дупка во моите гради.
Иако јас ја изнесов неа од пожарот, вистината е дека Бри ме спаси мене. Нашата љубов се роди од жарјето, но којзнае дали можевме да ја преживееме и експлозијата од тајни и лаги од минатото.
-
-33%
Скулптор на смртта (Robert Hunter #4)
2Original price was: 490,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.„Имаш среќа што не го запали светлото…“
Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.
Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.
Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. Но не можат да пронајдат поврзаност помеѓу првата и втората жртва, па упорно тапкаат во место.
Хантер е во трка со времето и со Скулпторот на смртта, кој пак се подготвува за последните финеси на своето ремек дело.
-
Во војната и љубовта
1300,00 денКога самите се ставате во инфериорна положба во однос на другите, не може да очекувате другите да ве стават на пиедестал. Ќе завршите на местото кое самите сте си го одредиле… Сара е девојка која отсекогаш имала проблеми со самодовербата и нејзиното јас е потиснато од егото на нејзиното долгогодишно момче. Но, една ноќ, кога поради силно невреме е принудена порано да се врати дома и го наоѓа со друга девојка во куќата во која заедно живеат, нејзиниот свет се руши и таа е принудена да се промени и да почне да се залага за себе. Сама, невработена и без дом, ќе најде утеха кај нејзиниот брат, кој ќе ѝ даде засолниште додека се снајде и почне да си го средува животот. Иако тешко, ова искуство ѝ ги отвора очите за многу работи, ја зајакнува како личност и ја прави независна. Но, кога во нејзиниот живот влегува Марко, нејзиниот мал стабилен свет повторно се разнишува.
Марко е исклучително амбициозен и успешен маж за кого и покрај целиот успех, најважни остануваат семејните вредности. Тој премногу го цени своето семејство, а уште повеќе сака да оформи свое. Но, кога е оставен од долгогодишната девојка ноќта кога сака да ја запроси, решава дека сите вредности кои нему му се свети, очигледно не се тоа што жените го бараат.
Токму таа ноќ, кога животите им се променети засекогаш, Сара и Марко се среќаваат, но не на добар начин. Напротив, ужасната ноќ за памтење е ноќ која и двајцата сакаат што побрзо да ја заборават, надевајќи се дека никогаш повеќе нема да налетаат еден на друг. Но, судбината има друг план…
-
-48%
Дарот: книжулето со чуда
0Original price was: 320,00 ден.168,00 денCurrent price is: 168,00 ден.Внимавајте да не дозволите дните да ве одминат – не дозволувајте животот да ве одмине. Секој ден е дар. Примете го. Отворете го. Не отфрлајте го.
Пазете се од лесниот живот. Тоа е сигурна и бавна смрт. Сакајте ги вашите проблеми. Ќе ве однесат чекор подалеку. Прифатете ги искушенијата. Колку е посилен ветрот, толку е поцврсто дрвото. Грижете се за себе како да сте најважниот човек на светот. Навистина сте. Само не ви кажале. Забележувајте ја убавината околу вас. Насекаде е. Секогаш правете добри дела. Споделувајте ја туѓата радост. Не верувајте во среќа. Сами ја создавате среќата. Разберете го тоа и животот ќе ви се смени. Живејте го животот со полни гради. Кога се смеете, смејте се искрено и вистински. Кога плачете, плачете; кога страдате, страдајте. Не сте изработени од порцелан. Нема да се скршите. Созревајте секој ден, сè до последниот. Затворете ги очите и сонувајте. Во вашиот багаж ја собира само љубовта – љубовта што ја давате и љубовта што ја примате.
Книжулето со чуда е збир на секојдневни приказни, низа на мали чуда кои ни се случуваат на сите нас. Читајќи ги приказните една по друга, полека, но сигурно ќе запливате во вашиот внатрешен свет, ќе се присетите на сите одлуки кои сте ги донеле, ќе се соочите со начинот на кој размислувате, начинот на кој живеете. И ни за миг нема да може да заборавите дека ЖИВОТОТ е ДАР.
-
-33%
Демнач во ноќта (Robert Hunter #3)
2Original price was: 490,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Неидентификувано женско тело пристигнува во мртовечницата во Лос Анџелес. Причината за смртта сѐ уште е нејасна. Таа нема видливи повреди и рани; освен тоа што најинтимните делови од нејзиното тело се зашиени со дебел црн конец. Но она што најмногу го шокира обдуцентот е фактот дека убиецот оставил нешто внатре во неа. Нешто толку монструозно, што детективот Роберт Хантер го тргаат од друг тековен случај за да ја преземе оваа истрага.
За неколку дена се појавува второ тело. Исто како и првата жртва, и оваа е зашиена и има оставено нешто внатре во неа. Нешто подеднакво генијално колку што е гротескно. И убиецот не е готов, далеку од тоа.
Кога случајно налетува на привлечната и страшно способна приватна детективка Витни Маерс, Хантер почнува да се сомнева дека убиецот истовремено држи по неколку жени во заложништво, бидејќи жената по која трага Маерс е пријавена како исчезнато лице, но сѐ уште не е една од жртвите. Роберт наскоро дознава дека гони вистински монструм; монструм чие минато крие уште помонструозна тајна.
-
-34%
Виконтот кој ме сакаше (Бриџертон #2)
0Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.1814 ветува дека ќе биде уште една сезона богата со важни настани и свршувачки, но не и за Антони Бриџертон, најпосакуваниот ерген во Лондон, кој не покажува никакви знаци дека планира да се жени. А и зошто би се женел? Кога станува збор за живеење сладок развратнички живот, никој не го прави тоа подобро од Антони…
ДРУШТВЕНИОТ ВЕСНИК НА ЛЕДИ ВИСЛДАУННо овој пат, познатата озборувачка/колумнистка, Леди Вислдаун, не е во право. Антони Бриџертон не само што има одлучено да се ожени, туку веќе има одбрано и сопруга! Единствената пречка му е постарата сестра на неговата избрана идна жена, Кејт Шефилд – најголемата „запршка“ која некогаш шетала по улиците на Лондон. Безобразната девојка го излудува Антони со својата решителност да ја спречи свршувачката, но кога ги затвора очите ноќе, Кејт е жената која го прогонува во соништата, кои од ден во ден стануваат сѐ поеротски…
За разлика од сите други, Кејт е убедена дека поранешните развратници НЕ стануваат најдобри сопрузи – а Антони Бриџертон е најразвратниот од сите. Кејт е решена да ја заштити својата сестра, но се плаши дека нејзиното сопствено срце е ранливо. А кога усните на Антони одеднаш ги допираат нејзините, почнува да стравува дека можеби ни самата нема да биде способна да му одолее на развратникот…
-
-40%
Четирите ветришта
1Original price was: 500,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат да ја зачуваат својата земја, воедно и својата заработувачка за живот, но жетвата пропаѓа, водата се суши, а прашината се заканува дека ќе ги закопа сите. Пристигнува еден од најмрачните периоди од Големата депресија… и тоа многу злокобно.
Во ова несигурно и опасно време, Елза Мартинели – како и многу од нејзините соседи – мора да донесе претешка одлука: дали да се бори за земјата која толку ја сака или да замине на запад, во Калифорнија, во потрага по подобар живот.
Четирите ветришта е страшен портрет на Америка и американскиот сон, низ очите на една нескршлива жена чии храброст и жртва ќе станат дефиниција за една цела генерација.
Авторката на „Славејот“ и „Збогум најмила“ ни подарува уште едно епско дело за љубовта, хероизмот и надежта – во еден од најклучните периоди за Америка – Големата депресија.
-
-34%
Последниот лет
0Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Клер Кук има совршен живот. Но зад затворени врати, ништо не е така како што изгледа. Нејзиниот совршен сопруг е избувлив колку што му е ветувачка политичката кариера и не се срами да ги користи своите вработени да го следат секој потег на Клер. Но она што тој не го знае е дека Клер со месеци кове план да исчезне.
Една случајна средба во бар на аеродром ја спојува со жена која е во подеднакво лоша ситуација. Па така заедно донесуваат импулсивна одлука да си ги заменат билетите – Клер да отпатува во Оукленд со билетот на Ева, а Ева во Порторико како Клер. Но, кога авионот за Порторико се руши, Клер сфаќа дека добива шанса за потполно нов живот. Целосно отсечена, без никакви опции, додека чека веста за нејзината смрт да експлодира во медиумите, Клер го присвојува идентитетот на Ева, но заедно со него и тајните кои Ева очајно се трудела да ги сочува скриени.
-
Херој
1420,00 денТаткото на Алекса Холанд бил нејзиниот херој – сè до шокантното откритие дека таа и мајка ѝ не биле неговото единствено семејство. По откривањето на таа тајна, Алекса дава сè од себе да го насочи својот живот во друг правец и да создаде свој сопствен идентитет надвор од неговите ужасни тајни. Но кога запознава човек кој е подеднакво оштетен од грешките на татко ѝ како и таа, Алекса мора да му помогне.
Кејн Каравеј не сака ни да чуе за обидите на Алекса за искупување, но не е толку лесно да се оттурне таа девојка. Решен да ја натера да го мрази, тој ја доведува до самиот крај на нејзиното трпение, речиси на раб на лудило, и чека таа да замине. Но неговите постапки само уште повеќе ги зближуваат и и покрај сè, тие почнуваат бурна и експлозивна афера.
Само што, Кејн знае дека тој никогаш не би можел да биде витезот на бел коњ по кој Алекса отсекогаш копнеела. Но кога запаѓаат во опасност, сфаќа дека е подготвен да направи сè за да не дозволи некој од нив двајцата повторно да биде повреден.
-
-34%
Бестрашните пилотки
0Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Прекрасна приказна за Женската воздухопловна служба чија храброст за време на Втората светска војна ги претворала обичните жени во исклучителни хероини.
1941. Одри Колтрејн отсекогаш сакала да лета. Затоа уште од мали нозе го преколнувала татка си да ја научи на малиот аеродром во близина на нивниот дом во Тексас. Затоа се пријавува да обучува воени пилоти во Хаваи кога почнува војната во Европа. И затоа не е заинтересирана за никаква романса која би можела да ја оддалечи од сонот, дури ни со шармантниот поручник Џејмс Харт, кој набрзо ѝ станува подеднакво ценет пријател како и жените со кои лета. Еден судбоносен ден, се наоѓа затекната во воздухот над Перл Харбор баш кога бомбите почнуваат да паѓаат, и одеднаш повеќе никаде не се чувствува безбедно.
Не сакајќи сите загуби да бидат залудни, Одри се приклучува на Женската воздухопловна служба. Поврзаноста што се раѓа помеѓу неа и останатите пилотки одново ја потпалува искрата надеж во очи на војната и – кога Џејмс исчезнува во акција – ѝ дава сила да се бори во војната, не само за својата држава, туку и за љубовта која ѝ станува неописливо важна.
„Бестрашните пилотки“ е прекрасен приказ на женската храброст и љубов, кој расветлува еден прилично непознат, а моќен дел од историјата.
