-
Островот Камино
0420,00 ден„КНИГА ШТО ЌЕ ГИ ИЗНЕНАДИ И ФАНОВИТЕ НА ГРИШАМ.“
Банда крадци дрско го ограбуваат трезорот на Библиотеката Фаерстон на Принстонскиот универзитет. Нивниот плен е бесценет, но Принстон го има осигурено на дваесет и пет милиони долари. Дел од него по тајни канали ќе стигне до Брус Кејбл, сопственик на популарна книжарница во заспаното туристичко гратче Санта Роса на Островот Камино, во Флорида. Но некој полека се инфилтрира во писателскиот круг пријатели на Брус Кејбл за да му ги дознае тајните…
-
Трагачот
0500,00 денНапнато и неивесно ремек-дело за осуетените соништа за бегство
По 25 години работа како полицаец во Чикаго, Кал го напушта Чикаго верувајќи дека мирниот селски живот ќе му помогне да се соземе од напорната и трагичната реалност. Сака да почне од почеток во некое мирно, мало место со добар паб, каде што ништо особено нема да се случува. Но наскоро ќе открие дека дури и малите места кријат мрчни тајни.
Од селото исчезнува едно мало момче, но никој не е особено загрижен поради тоа, дури ни полицијата. Тогаш во Кал повторно се буди полицаецот и тој започнува своја истрага. Убеден дека нешто не е во ред, не може да остане мирен додека не открие што е тоа.
Извонредна приказна од најпознатата ирска авторка која со оваа книга го потврдува своето место меѓу најдобрите во криминалистичкиот жанр.
На првото читање ѝ се восхитуваме на содржината, на второто на убавиот и суптилен стил. Њујорк тајмс
-
Мојата прекрасна сопруга
0430,00 денЕдно случајно убиство кај една млада брачна двојка ќе поттикне мрачни желби за игри што ги надминуваат границите на дозволеното. Нивната љубовна приказна е едноставна. Запознал прекрасна жена, се вљубиле и добиле деца. Заедно со својата жена се преселил во едно предградие. Откриле кои се нивните најголеми соништа, но и најмрачни тајни. Потоа сè им станало здодевно… Изгледаат како секоја нормална двојка. Тие се ваши соседи, родители на другарот на вашето дете, познајници со кои ќе седнете на вечера.
Сите ние имаме тајни со чија помош го одржуваме бракот жив. Нивната е како да побегнат од одговорноста за убиствата. Тие се уигран тандем во кој секој ја знае својата улога. Но, кога едниот од нив ќе ги прекрши правилата на игра, одмаздата што го чека ќе биде страшна…
-
Херојски приказни: Митови, легенди и приказни од различни делови на светот
0250,00 денСо отворањето на оваа книга тргнувате во авантура која ќе ве однесе од топлите мориња на Медитеранот до студените, страшни шуми на Северот. Ќе видите како Прометеј им го подарил огнот на луѓето, како Персеј ја поразил горгоната Медуза, и како Херкул ги извршил сите дванаесет задачи. Но, исто така, ќе ја откриете истрајноста на Фритјоф, љубовта на Лоенгрин и убавата Елса, и тврдоглавоста на ковачот Вејланд. Дури и ќе се потсетите на еден херој што ви е многу близок, а сте заборавиле дека и тој е дел од овој пантеон – Крале Марко.
Во овие приказни е наталожена вековна историја, традиција и мудрост – од нив може да научите многу. Но, ако не сакате, не ги читајте приказните поради тоа. Читајте ги затоа што се толку интересни и возбудливи, што дури и денес го привлекуваат нашето внимание.
-
Лето како во „Мама миа“
0390,00 денЛорел не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група АББА и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за Скопелос, подготвена да доживее летна авантура. Со звукот на брановитe, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена. Волшебните зајдисонца, остриот вкус на виното, мирисот на морето, преубавите плажи: сето тоа и прираснува за срце. Меѓутоа, кога ќе се наметне прашањето за враќање во Лондон, ќе мора да донесе важна одлука…
-
Дејзи Џонс енд Д сикс
0450,00 денСите ги знаат „Дејзи Џонс енд Д сикс“: албумот „Аурора“ на овој бенд ја дефинираше ерата на рокенролот во доцните седумдесетти и цела генерација девојчиња сакаа да бидат како Дејзи кога ќе пораснат. Но, никој не ја знае причината за распаѓањето на групата, една вечер по нивниот последен концерт на стадионот во Чикаго, на 12 јули 1979 година… сè досега. Дејзи е девојка на прагот на полнолетството во Лос Анџелес во доцните шеесетти години од минатиот век, која се прикрадува во клубовите на Сансет Стрип, спиејќи со рок-ѕвезди и која сонува да пее во „Виски а гоу-гоу“. Сексот и дрогата се возбудливи, но рокенролот е она што таа го сака најмногу. Кога ќе наполни дваесет години, нејзиниот глас ќе биде забележан, а нејзината зашеметувачка убавина ги предизвикува луѓето да прават луди работи. Паралелно ја следиме приказната за „Д сикс“, бенд предводен од меланхоличниот Били Дун. Вечерта пред нивната прва турнеја, неговата девојка дознава дека е бремена. Под притисок на претстојните татковство и слава, Били за време на турнејата комплетно откачува. Патиштата на Дејзи и Били ќе се вкрстат кога продуцентот сфаќа де
-
Див живот
0420,00 денРазмислувајќи за животот, онаков каков што е даден…
Див живот се случува во Алжир во 1979, романот е долг монолог на една млада девојка Алија која има 14 години. Таа се навраќа на минатата година од нејзиниот живот, една година по исчезнувањето на нејзиниот другар од детството, Сами. За да не го заборави, таа пишува, се навраќа на местата кои ги поврзуваат, случките кои ги поминале во текот на годините. Оваа книга е портрет на една млада девојка која навлегува во периодот на адолесценција, која не се чувствува добро во својата кожа и во своето тело. Ова е израз на голема тага, на голема осаменост, но и визија за светот на возрасните и животот.
НИНА БУРАУИ е родена во Рен во 1967 година, од татко алжирец и мајка французинка со потекло од Бретања. Првите четиринаесет години од нејзиниот живот ги поминува во Алжир. Потоа живее во Париз, Цирих и Абу Даби. Во нејзините романи таа пишува за љубовта, идентитетот и нејзините проблеми како и за нејзиното детство во Алжир за кој има носталгија. Уште од нејзиниот прв роман во 1991 година, се гледа дека нејзините дела се под влијание на Маргарет Дурас. Истребувањето, желбата и пишувањето се најчести теми на нејзините дела. Нејзините книги се преведени на повеќе од петнаесет јазици.
-
Тој почна сè
0450,00 денБет, Порша и Еди Морган не биле заедно со години. И тоа поради многу добри причини – ќе дојдеме до нив подоцна. Но, кога нивниот богат дедо ќе почине и ќе остави порака непосредно пред тоа, сестрите, братот и нивните партнери мораат да одат на заедничко патување низ целата држава за да ја исполнат неговата последна желба – и уште поважно – да си го обезбедат својот дел од наследството.
Но, времето поминато со фамилијата може да биде тешко. Тоа важи за сите.
Уште е потешко кога сите чуваат тајни и се обидуваат да заборават едно сеќавање – исчезната личност, чин на одмазда, човек со црн камионет кој не престанува да го следи вашиот автомобил – особено кога најмалку еден од вас е убиец и има тело во багажникот. Само да споменеме неколку причини.
Но, парите се силен мотив. Тоа важи за сите.
-
Полскиот боксер
0330,00 денЕдуардо Халфон е професор по литература кој пронаоѓа талентиран студент растргнат меѓу студиите и семејните обврски, истовремено внук кој се осмелува да го праша својот дедо за броевите тетовирани на неговата рака, а потоа и патник кој трага по борделите во Белград по пијанист кој можeби е – а можеби и не е – стар пријател.
Од еден крај на светот до друг, од Аушвиц до Гватемала, од југот на Соединетите
Американски Држави до Голи Оток и Белград, Халфон ја мапира географијата на идентитетот во свет прекриен со заветот на насилството и прогонството…
„Смешно и разоткривачко четиво… Како што границите, физичките и менталните, се прецртуваат и се менуваат, приказните што ни ги раскажува Едуардо, нам и на самиот себеси, се разоткриваат не само како делумни туку и фантастични, невистинити. Полскиот боксер можеби никогаш и не постоел. А сепак, тоа не е начин да се намали задоволството што го нудат многубројните приказни на Халфон“, Њујорк тајмс
-
Насон прочитана книга
0250,00 денТоа беше мала книшка по обем, со сосема обични корици, еднобојни, но, допрени од времето, личеа на печена глина и го имаа оној карактеристичен мирис на стара хартија. Сосема обично и логично. Насловот: Adeptus Anonimus – Sommnium. Година на издавање 1890, Лондон. Издавач: Теозофско Друштво. Морав да седнам. И седнав во еден ќош. Изненадувањето ми беше огромно, но не знам дали поради него, со голема брзина во мојата глава минуваа и се менуваа и борхесовиот сон и еден одамна прочитан и заборавен сон на Јунг, а го видов и Успенски – иако не знаев како изгледа – како ù вели на една мачка: ако е ова сон, оваа мачка нека се престори во пес.
-
Еднаш засекогаш
0450,00 денЛуна знае многу за венчавките – но малку за љубовта.
Откако минала многу лета работејќи за мајка ѝ, која се занимава со организирање венчавки, Луна видела секаков тип венчавки: од неформални, на плажа, до елегантни, во огромни историски куќи. Се соочила со разни кризни ситуации: невести кои избегале, деверици кои сакале да бидат во центарот на вниманието, младоженци кои сакале сè да биде по нивно. И го видела исходот од секоја совршена венчавка.
Можеби затоа Луна е толку цинична кога се работи за среќни краеви, особено поради тоа што нејзината идилична прва љубовна приказна завршува трагично. Па, кога згодниот, весел женкар Амброз ќе се појави во нејзиниот живот, Луна нема да го сфати сериозно. Тој е сигурен дека може да се промени. Луна се обложува дека не може. Но, Амброз мрази да не го добива она што го сака, а Луна е девојката која ја чекал целиот живот.
Интересен, нежен и пенлив како шампањ, романот на Сара Десен е слатко задоволство.
-
Подарокот
0450,00 ден„Подарокот“ е напнат психолошки трилер со неочекуван пресврт од перото на Луиз Џенсен, авторката на големиот светски бестселер „Сестрата“. Џена добива уште една шанса за живот, примајќи срце од друг, девојка по име Кали. Вечно благодарна на Кали и на нејзиното семејство, Џена се зближува со нив. Наскоро открива дека совршеното семејство на Кали крие мрачни тајни… Родителите на Кали се во жалост, но Џена знае дека не ѝ кажуваат сѐ. Каде е Софи – сестрата на Кали? Ја уверуваат дека е во странство уште од смртта на сестра ѝ, но нешто не е во ред со нејзиното отсуство. Кога Џена ќе го запознае Нејтан, момчето на Кали, доаѓа до неверојатно откритие. Џена не верува дека смртта на Кали е несреќен случај. Но, како умрела? Решава да ја дознае вистината, но тоа може да ја чини сѐ: нејзините најблиски, здравиот разум, па дури и животот…
-
Морето на изгубеното време и други раскази
0300,00 ден„Морето на изгубеното време и други раскази” е избор од осум раскази излеани од перото на мајсторот на магичниот реализам, Габриел Гарсија Маркес, во шеесеттите години на XX век.
Од современиците наречен и „најголемиот Колумбиец на сите времиња”, овој великан на пишаниот збор е речиси синоним за највисоките достигнувања во латиноамериканската книжевност во XX век. Овој избор раскази од пораниот период на неговото творештво, пронижани со мајсторски отсликаната атмосфера на магичните, но и сурови Кариби, и тоа како го доживува тоа.
-
Сакај ја диво
0360,00 денСо искреност, трогателност и романтичен занес, во „Сакај ја диво“ е поместено сето она што истовремено е необработено и култивирано, и во најмалите и во најголемите мигови во животот: првиот изблик на нова љубов, ноќно возење проследено со потпевнување на песната што свири од радиото во автомобилот, незадржливата бујност на женскиот дух, едноставното задоволство што го нуди доброто виски… Атикус ги дестилира највозбудливите занеси и најголемите разочарувања од животот и од љубовта и ги поместува во неколку кратки редови, така осигурувајќи се дека неговите зборови ќе останат врежани во мозокот на читателот – и ќе го разбудат чувството за авантура кај него. -
Наследство на шпионите
0420,00 денПитер Гилам, лојален колега и ученик на Џорџ Смајли од британската тајна служба, позната како „Циркусот“, е пензионер и живее на семејната фарма на јужниот брег на Бретања кога добива писмо од неговата стара служба што го повикува во Лондон. Причината? Неговото минато од Студената војна се врати и сега си го наплаќа долгот. Разузнавачките операции кои некогаш биле популарни во тајниот живот на Лондон, сега се испитувани од генерација која не се ни сеќава на Студената војна. Некој мора да плати за невината крв пролеана во име на поголемото добро.
-
Претседателот исчезна
0420,00 денПолитички трилер каков што може да напише само претседател на САД.
Претседателот исчезна. Цел свет е во шок. Причината за неговото исчезнување е многу пострашна отколку што можете да замислите.
Благодарение на зачудувачките детали кои можат да му бидат познати само на претседател на САД и неизвесноста каква што може да создаде само писател како Џејмс Патерсон, пред нас е најавтентичниот и највозбудливиот политички трилер на декадата.