-
Бегалка
0350,00 денНиту еден жив писател не може толку убедливо да пишува за „текот на љубовта“ како Алис Манро. Таа е жив џин на модерниот расказ, а нејзиниот чеховски реализам, длабоката психолошка интуиција, инстинктивното чувство за емоционалната аритметика на животот, оставија неизбришлив печат на современото пишување. Вештината на Манро во прикажувањето на човековите чувства и богатството на овие приказни, прави тие да делуваат како заокружени романи. Под нејзиното перо ликовите – жени од секакви средини и возрасти и нивните пријатели, љубовници, родители и деца – оживуваат како да ни се соседи. Бегалка е збирка од 8 раскази која критичарите ја сместуваат на највисокото скалило од опусот на Алис Манро.
-
Замрачување
0350,00 денВо нарација подеднакво маѓепсувачка и мистериозна како и сеќавањето – ја дознаваме приказната за Натаниел (14 години) и неговата постара сестра Рејчел.
Во 1945 година, непосредно по Втората светска војна, тие остануваат во Лондон додека нивните родители се преселуваат во Сингапур, оставајќи ги на чување на мистериозната фигура по име Молецот.
Сомневајќи се дека тој е криминалец, децата стануваат уште позагрижени кога ја запознаваат неговата ексцентрична група пријатели: мажи и жени споени од заедничката, недефинирана служба во војната. И сите тие се решени сега да ги заштитат и едуцираат (на крајно невообичаени начини) Рејчел и Натаниел.
Но, дали се навистина оние што тврдат дека се? И што значи кога мајка им се враќа по месеци молк без таткото и без какво било објаснување?
Десетина години подоцна Натаниел почнува да открива сè што сакал да дознае, а токму патувањето низ фактите, сеќавањата и имагинацијата е пренесено во ова ремек-дело од еден од најголемите писатели на нашето време.
-
Живот без крај
0400,00 денНовото дело на славниот Фредерик Бегбеде романот Живот без крај е негова најавтобиографска приказна. Самиот автор ја нарекува темата на романот соодветна на неговата возраст – доколку претходните книги му беа за љубовта сексот бракот експериментирањето со дрогите итн. во овој роман педесетгодишниот Бегбеде ги истражува темите на семејството на смртта и вечниот живот.
Нараторот на Живот без крај е опседнат со идејата да најде „лек“ за смртта и во таа навидум невозможна потрага ќе биде вклучено целото негово семејство. Трагањето по бесмртноста се претвора во луда авантура, за на крајот, останувајќи во доменот на предвидливото и исполнувајќи ги очекувањата на читателот, нараторот да открие дека бесмртноста постојано била пред него, отелотворена во неговите две ќерки.
Бегбеде без патетика и со многу хумор ја допира оваа мрачна тематика и гради возбудлива приказна која завлегува во доменот на научната фантастика.
-
Повратник со две лица
0280,00 денПорано или подоцна, секој на свој начин се помирува со сознанието дека многу прашања во животот остануваат без одговор, покриени со тишина
Нестор е патник меѓу два света, морнар кој плови меѓу бреговите на вистината и заблудата, љубовта и недостигот, по пат што води кон најтешкото враќање: во самиот себе. По многу години поминати далеку од домот, тој повторно доаѓа во празната семејна куќа. Обидувајќи се да го разбере неразјаснетото загинување на сестра му, ја отвора татковата папка со документи, исечоци од весници, спомени. Решен да ја открие вистината, повторно влегува во лавиринтот од недокажаности, замолчени сведоци и поткупени адвокати, административни пречки…
Со мајсторско испреплетување на реалноста и сонот, на минатото и сегашноста, Челиковиќ создава роман што отвора сериозни морални и филозофски дилеми. Растргнат меѓу копнежот и можноста, вината и искупувањето, Нестор залудно се обидува да најде смисла во сенките на сопствената совест и да се ослободи од тежината на минатото.
Приказна за сеќавањето, за помирувањето со загубата и простувањето, за вечната човечка потреба да се најде светлина во темнината.
-
Господарот на мувите
0290,00 денВо зародишот на следната светска војна, авион се урива на непознат остров, при што група ученици остануваат одделени од другиот дел од светот. Отпрвин, без надзор од возрасните, нивната слобода е причина за славење; така, далеку од цивилизацијата, момчињата можат да прават буквално што сакаат.
Тие се обидуваат да создадат сопствено општество, но не успеваат во тоа. И додека редот се урива, додека почнуваат да одекнуваат чудни завивања во ноќта, додека почнува да владее теророт, надежта за авантура почнува да изгледа исто толку далеку од реалноста колку и надежта за спасување.
Сметан за парабола, алегорија, мит, приказна за моралот, пародија, политички трактат, па дури и за своевидна визија за апокалипсата, Господарот на мувите е можеби нашиот најнезаборавен роман за „крајот на невиноста, за темнината на човечкото срце…
-
1Q84 (Книга 2)
0500,00 денАко во светот нема љубов сè е илузија и имитација
Во вториот том Аомаме и Тенго со невообичаено испреплетените околности ги потврдуваат своите сомневања дека се наоѓаат во друго време – во годината 1Q84 – од кое не можат да се вратат назад во 1984 година и во своето реално време. Нивната љубов иако создадена само со еден стисок на рака во детството е единственото вистинско и реално во романот. Таа е двигател на сите збиднувања и јакне наспроти нивната раздвоеност а тие сè повеќе и повеќе се приближуваат еден кон друг.
Во ова продолжение, Мураками продлабочено се занимава со философски теми, со односот помеѓу доброто и злото, вината и казната и, пред сè, со смислата на животот, стравот од смртта, жртвувањето, но и со семејните врски и, неизбежно, со љубовта.Познат во Јапонија (заради тоа честопати критикуван) како писател што внесува премногу западна традиција во своите романи, Мураками оваа приказна за универзалните теми заеднички за целиот свет, ја бојосува повеќе од кога и да е порано со источната философија и со јапонскиот начин на живеење, особено со кујната, чии состојки нè замелушуваат на секоја страница.Продолжува во третиот дел…
-
Последната годишнина
0490,00 денСофи Ханивел отсекогаш се прашувала дали згрешила кога го оставила Томас Гордон. Бил совршен, но на денот кога ја запросил, Софи му го скршила срцето.
Една година подоцна, Томас повторно влегува во нејзиниот живот за да ја извести дека ја наследила куќата на неговата тетка Кони на островот Скрибли Гам. Софи се сели на островот и го запознава семејството на Кони – галерија од интересни и необични ликови. Меѓутоа, по смртта на сестра си, Роуз почнува да се прашува дали еднаш одамна таа и Кони донеле добра одлука и дали дошло времето да ја открие тајната од дамнешното минато што би можела на сите да им ги промени животите од корен.
-
За ваше добро
0490,00 денТеди Крачер ја освоил наградата Наставник на годината на престижната академија „Белмонт“, училиште за најдобрите и најталентираните.
Тој вели дека неговата сопруга не може да биде погорда – иако никој не ја видел подолго време.
Теди не може да се заморува со смртта на мајката на една ученичка што сè повеќе личи на убиство, ниту, пак, со еден ученик кој сè подлабоко копа во неговиот личен живот. Главен фокус му е да ги турка овие деца до нивниот максимален академски потенцијал.
Сè што сака е неговите колеги – и бескрајно наметливите родители – да му се тргнат од патот.
Понекогаш е лошо што извонредноста доаѓа по многу висока цена.
-
Приказна за изгубеното девојче
0600,00 денКнигите се пишуваат за да се каже она што се мисли, а не за да се прикрива вистината.
Четврта, завршна книга од Неаполскиот серијал. Величествено финале на најголемата книжевна сага на 21 век.
Брилијантната Елена и нескротливата Лила веќе се во зрели години. Низ сите голготи што им ги приреди судбината, нивното пријателство беше центарот на гравитацијата околу кој се движеа нивните животни приказни. И кога се чини дека сите лекции се научени и сите болки се веќе преболени, се соочуваат со најголемата загуба.
Двете жени се бореа да избегаат од маалото во кое пораснаа. Елена се омажи и се пресели, објави неколку книги, но се врати во Неапол за да биде со мажот што го сака. Од друга страна, Лила никогаш не успеа да се ослободи од своето минато. Иако сиот живот се обидуваше да го избегне, сега станува незапирлив водач во тоа окружување и успешен претприемач. Сѐ до кобниот ден…
Наспроти заводливата и опасна заднина на Неапол, приказната за пријателството е раскажана со неповторлива искреност и красноречивост. Сите четири дела од оваа сага создаваат незаменлива приказна која со секое навраќање им носи на читателите нови откритија.
„Неверојатен завршеток на најбараната сага за силната пријателска врска меѓу две жени, од горчливото детство во Неапол до нивните зрели години.“
Паблишер викли
„Беспрекорен, зачудувачки книжевен еп.“
Њујорк тајмс
„Секој треба да ги прочита книгите на чии корици стои името Феранте.“
Бостон глоуб
-
Се поради еден бакнеж
0430,00 денБајронови ги бие глас дека се „луди, лоши и опасни луѓе.“ И згора на тоа дека се многу негостољубиви. На преубавата Мег Амберли, никогаш не ѝ паднало на памет дека би можела да му стане вереница на лорд Кејд Бајрон. Но, еден ден, кога се најде среде снежна виулица на пат кон Шкотска, принудена е да побара засолниште, токму на имотот на Кејд. Набрзо Мег сфаќа дека е опседната со мажественоста на Кејд. Штом патиштата станаа проодни, таа има намера да си оди, но судбината повторно се заплеткува.
Заглавен во сеништата од военото минато, Кејд Бајрон не излегува од своето село. А потоа одеднаш се појавува Мег со своите бујни облини и таа влегува во неговиот живот. За да ја спаси нејзината чест пред случајниот гостин, Кејд ја претставува како своја вереница, а потоа одат во Лондон со намера Мег таму да го најде својот иден маж.
Но, како што нивното преправање се зголемува, така Кејд сфаќа дека не сака да ја изгуби… Еден бакнеж засекогаш ќе промени сè.
за убавицата и ѕверот.“
− Кети Максвел„Преубава и духовита романса што ќе ги фасцинира читателите. Паметни ликови, сочни дијалози и сензуални сцени.“
− Кет Робин, Романтик Тајмс Бук Ривјус„Раскошна романса со многу убедливи и сложени ликови напишана со префинет стил, полн со духовити досетки и скокотлива сензуалност.
− Џон Чарлс, Ридер ту ридер -
Збунетост
0490,00 денНов роман од добитникот на Пулицерова награда и автор на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Ричард Пауерс.
Астробиологот Тео Бирн бара живот низ космосот додека, по смртта на неговата сопруга, сам го воспитува своето необично деветгодишно дете Робин. Робин е топло, љубезно момче кое поминува часови сликајќи детални слики од загрозени животни. Тој, исто така, ќе биде избркан од трето одделение затоа што го удрил другарчето в лице. Како што неговиот син станува сè попроблематичен, Тео се надева дека ќе го заштити од користењето од психоактивни лекарства. Тој дознава за експериментален третман со неврофидбек за зајакнување на емоционалната контрола на Робин, кој вклучува обука на момчето на снимените модели на мозокот на неговата мајка…
Со волшебните описи на природата и вселената, со неговата привлечна визија за животот надвор и приказот на жестоката љубов меѓу таткото и синот, „Збунетост“ е најинтимниот и најтрогателен роман на Ричард Пауерс. Во неговото срце лежи прашањето: Како на нашите деца да им ја кажеме вистината за оваа прекрасна, загрозена планета?
-
Ќе се најдеме во Бомбај
0490,00 денБомбај, новогодишната ноќ 1913 година, а Медлин Брајт, дојденка и сè уште ненавикната на задушливата запурничавост на колонијалната Индија, копнее по сè што оставила во Англија. Точно на полноќ, Меди го запознава Лук Деверо и како што се менува годината, така се менуваат и нивните животи.
Храбар и харизматичен, Лук ја воведува во чудата на Бомбај, а убавината и живоста на Меди му го запленуваат срцето. Но, нејзината мајка не ја одобрува врската, претпочитајќи го посветениот Гај Боуен како соодветен за нејзината ќерка.
Среде процутот на љубовта меѓу Меди и Лук, светот почнува да се распаѓа. Првата светска војна е на повидок и на Лук нема да му биде даден друг избор освен да се бори. Ќе завршат на различни континенти, разделени од опасности и разорни загуби, но поврзани со ветувањето на Лук дека ќе се сретнат повторно во Бомбај. Неговата единствена желба е да се врати кај неа – но прво мора да се сети која е таа…
-
Сидарта
0250,00 денМудроста човек може да ја најде и да ја живее, со неа можат да се прават чуда!
„Сидарта“ е еден од најдобрите алегорични романи на светот. Приказна за духовното патување на едно момче кое има сѐ, но постојано чувствува дека нешто му недостига. Затоа и заминува во потрага по вистината, по аскетски пат кој го носи до одрекување од богатството, задоволството, привилегиите, кој првин го фрла во очај, а потоа го лекува со надеж.
Барањето значи да се има цел, а наоѓањето значи да се биде слободен, отворен, без цел. Сидарта успева да се извлече од желбите и барањето, да стигне до духовно исполнување кое до ден-денес инспирира, воодушевува и влијае врз безброј генерации мислители, читатели, писатели и обични гости на овој свет.
Нобеловецот Херман Хесе е синтеза на различни филозофии – источните религии, Јунговите архетипови, западниот индивидуализам и една неповторлива творечка мисла – сите обединети во единствена визија за животот изразена преку еден лик во потрага по вистината. Со оваа книга тој во наследство не ни остава само класика туку и непресушна мудрост за смислата на постоењето.
-
Страчки
0490,00 денНеуспешна мисија
Две недели пред Денот Д, движењето на Отпорот во Франција се обидува да уништи една телефонска централа од витално значење за комуникација на нацистите. Со големи последици, оваа мисија катастрофално пропаѓа.
Храбар план
Додека се наѕира инвазијата, Флик Клере, британска тајна агентка, предлага смел, но мошне опасен нов план. Таа, заедно со целосно женскиот тим наречен Страчки, сака да се инфилтрира и да ја неутрализира телефонската централа пред да стигнат сојузничките сили во Франција.
Трка со времето
Сепак, без да знае Флик, Ромел има назначено брилијантен ловец на шпиони, Дитер Франк, со задача да го разбие движењето на Отпорот, кој истовремено опасно ù се приближува на извонредно вештата Клере…
-
Хартиената палата
0500,00 денМестото што ги знае сите тајни.
Едно совршено јулско утро, педесетгодишната Ел, среќно омажена и мајка на три деца, се буди во Хартиената палата – викендичката што ја посетуваат секое лето. Но ова утро е поинакво. Додека гледа во празните чаши од вино и го слуша ехото од смеата на пријателите, се присетува на страсната средба во мракот со стариот пријател од детството, додека нејзиниот сопруг мирно си разговара со гостите.
Сега Ел е исправена пред судбоносна одлука – дали да го продолжи мирниот живот со својот сакан сопруг Питер или да се одлучи за неизвесен живот за кој отсекогаш мечтаела, со љубовта од детството оневозможена од еден трагичен настан што им ја променил иднината?
Нежен но разурнувачки, „Хартиената палата“ е извонреден роман кој брилијантно ја отсликува растргнатоста помеѓу желбата и сигурноста, и последиците од грешките што семејството ги пренесува врз судбината на идната генерација.
„Исклучително надарена со неверојатна моќ за опишување, Хелер фантастично ни ги слика природата и човечката душа.“
Њујорк тајмс
„Книга што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.“
Паблишер викли
-
Гласот на Господарот
0400,00 ден„Гласот на Господарот“ заедно со „Соларис“ и „Киберијада“ спаѓа меѓу најпознатите дела на Станислав Лем!
Исполнет со интелектуални авантури, толку длабоки што секако ќе влијаат читателите да го сменат погледот на светот и на вредностите. Сторија што ја раскажува професорот Хогарт за истражувањата во врска со еден таинствен неутрински сигнал и отворените прашања во врска со сигналот: кои се и дали постојат испраќачите на сигналот, намерите зошто е испратен, како земјаните практично да го искористат, итн. Дали одговорот на овие прашања ќе му донесе полза и напредок на човештвото или ќе го турне во бездната на самоуништувањето? Прашањето за Контактот. Што му вели Космосот на човештвото? Што се случува со Добрите Намери, со Доброто, со Злото? Дали спознавањето на Злото води кон Добро?
Бесценет философски трактат во препознатливиот стил и израз на Станислав Лем.