Филтер по цена
Жанр
  • Волшебниот прстен

    Волшебниот прстен

    0

    Во оваа прекрасна љубовна сторија, авторката Хедвиг Курц-Малер ќе го употреби волшебниот прстен со помош на кој е можно да се открие карактерот на соговорникот. Каменот на прстенот се замаглува секој пат кога ќе се појави злобна личност. Тоа ќе му помогне на Џералд да прогледа и да се воздржи од својата љубов кон завидливата убавица Беатрикс, а да ја засака добрата Романа.

    Романа Нордег од мајката наследила голем имот, а нејзиниот татко станувајќи вдовец се оженил со вдовица што ќе го упропасти со многу трошење. За неколку години сосема ќе банкротира, ама тоа го крие од својата сопруга. За неговата фабрика да не падне под стечај, му помага ќерката со својот имот и ја откупува фабриката. Сега таа е сопственичка на фабриката и куќата во која живее со таткото, неговата сопруга и со нејзините две деца од првиот брак. Таткото наскоро умира и сега започнува заплетот.

    Џералд, роднината на маќеата долго престојувал во Индија. Има верен слуга, што животот би го дал за него. Тој е богат, убав и возрасен господин…

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Втора фондација

    Втора фондација

    0

    Само тајната може слабоста да ја претвори во предност.

    Досега Фондацијата беше безбедна, благодарение на скриената Втора Фондација основана заради нејзина заштита. Барем така си мислевме. Но каков би бил светот без противници? Со појавата на мутантот Мула, започнува и продолжението на најдобрата научнофантастична сага на сите времиња.

    Мула започнува засилена потрага по Втората Фондација. Никој не може да му се спротивстави, зашто има единствена моќ да дејствува врз емоциите на луѓето преобликувајќи им го начинот на размислување. Тој успева дури и најголемите противници да ги претвори во свои покорни слуги. Неговата цел? Освојување на целата галаксија и самопрогласување за нејзин господар. Ќе пропадне ли планот на Хари Селдон, а со тоа и обновувањето на цивилизацијата? Се чини дека само 14-годишната Аркадија го има одговорот на тоа прашање.

    Каде е крајот на галаксијата? Или можеби навистина е бескрајна. Токму како и имагинацијата на Исак Асимов, кој создава уште едно ремек-дело во научната фантастика.

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Клара и сонцето

    Клара и сонцето

    0

    Сонцето секогаш наоѓа начин да допре до нас.

     

    Од авторот на „Никогаш не оставај ме“ и „На крајот од денот“ – прва книга на Казуо Ишигуро по добивањето на Нобеловата награда за литература, фасцинантно дело за чудесната и мистериозна природа на човековото срце.

     

    Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишигуро се нарекува ВП, вештачки пријател – човеколик робот кој родителите им го купуваат на децата за да им овозможат друштво и поддршка. Хранејќи се со сончевите зраци во излогот на продавницата, набљудувајќи ги луѓето и сѐ повеќе разбирајќи ги нивните чувства, Клара надежно чека некој да ја вдоми.

     

    Во мигот кога четиринаесетгодишната Џози решава токму Клара да биде нејзина пријателка, односот меѓу роботот и човекот добива друга димензија, а книгата станува преиспитување на емоциите. „Клара и сонцето“ е возбудлива книга со специфичен наратор, која ни овозможува од поинаков агол да проникнеме во едно од суштинските прашања на постоењето: што значи да се сака?

     

    „Нежна, но вознемирувачка приказна натопена со тага и надеж.“

    Вашингтон пост

     

    „Богатиот внатрешен свет на протагонистите на Ишигуро е носител на една голема порака, исто како и тивките и остроумни преиспитувања за човечката природа приземјени со возвишената сила на Клара… Оваа книга е слоевита синтеза од жанрови што навистина маѓепсува.“

    Паблишерс викли

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Соларис

    Соларис

    0

    Најчитаниот автор на научна фантастика во светот конечно на македонски, со едно од најважните Sci-Fi дела во историјата – „Соларис“!
    На една истражувачката станица што се наоѓа на планетата Соларис, целата прекриена со огромен жив океан, доаѓа нов член на експедицијата. Веднаш по слетувањето, Крис Келвин го вознемируваат чудните однесувања на членовите од екипажот.
    Открива дека еден од нив, доктор Гибариан, извршил самоубиство, а во просториите на станицата се појавиле суштества што ги креирал „океанот“, односно материјализираните спомени за ликови или нешта од најдлабоко потиснатите делови од умовите на истражувачите. Во моментот кога Крис почнува да се истражува себеси, почнуваат компликациите…

    Романот „Соларис“ има огромно влијание врз уметноста. Најпозната од трите филмски адаптации е онаа на Андреј Тарковски од 1972 година, за која тој ја доби главната награда во Кан.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Непобедлив

    Непобедлив

    0

    Вселенскиот брод „Непобедлив“ слетува на планетата Регис III. Задачата на неговиот екипаж е да ги открие причините за исчезнувањето на претходната експедиција од вселенскиот брод близнак „Кондор“, кој слетал и набргу потоа прекинала комуникацијата со него. Научниците почнуваат да ја испитуваат планетата, го пронаоѓаат бродот, но не можат да ги утврдат причините за катастрофалните случувања.
    Наскоро откриваат и остатоци од нешто што прилега на „град“, а потоа и форма на еволуција на мртвото, т.н. некросфера, за што се претпоставува дека се механизми потомци од одамна исчезнатата цивилизација на Лираните.
    Во овој култен роман се зборува за средбата со вонземското и за неможноста на човештвото да оствари контакт со непознатото. Исто така, Лем ја преиспитува човековата желба за истражување на космосот и го поставува прашањето што да направи човештвото кога ќе се соочи со својата ограниченост.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Привремен

    Живот без крај

    0

    Новото дело на славниот Фредерик Бегбеде романот Живот без крај е негова најавтобиографска приказна. Самиот автор ја нарекува темата на романот соодветна на неговата возраст – доколку претходните книги му беа за љубовта сексот бракот експериментирањето со дрогите итн. во овој роман педесетгодишниот Бегбеде ги истражува темите на семејството на смртта и вечниот живот.

    Нараторот на Живот без крај е опседнат со идејата да најде „лек“ за смртта и во таа навидум невозможна потрага ќе биде вклучено целото негово семејство. Трагањето по бесмртноста се претвора во луда авантура, за на крајот, останувајќи во доменот на предвидливото и исполнувајќи ги очекувањата на читателот, нараторот да открие дека бесмртноста постојано била пред него, отелотворена во неговите две ќерки.

    Бегбеде без патетика и со многу хумор ја допира оваа мрачна тематика и гради возбудлива приказна која завлегува во доменот на научната фантастика.

     

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • 1Q84 (Книга 2)

    1Q84 (Книга 2)

    0

    Ако во светот нема љубов сè е илузија и имитација

    Во вториот том Аомаме и Тенго со невообичаено испреплетените околности ги потврдуваат своите сомневања дека се наоѓаат во друго време – во годината 1Q84 – од кое не можат да се вратат назад во 1984 година и во своето реално време. Нивната љубов иако создадена само со еден стисок на рака во детството е единственото вистинско и реално во романот. Таа е двигател на сите збиднувања и јакне наспроти нивната раздвоеност а тие сè повеќе и повеќе се приближуваат еден кон друг.

    Во ова продолжение, Мураками продлабочено се занимава со философски теми, со односот помеѓу доброто и злото, вината и казната и, пред сè, со смислата на животот, стравот од смртта, жртвувањето, но и со семејните врски и, неизбежно, со љубовта.Познат во Јапонија (заради тоа честопати критикуван) како писател што внесува премногу западна традиција во своите романи, Мураками оваа приказна за универзалните теми заеднички за целиот свет, ја бојосува повеќе од кога и да е порано со источната философија и со јапонскиот начин на живеење, особено со кујната, чии состојки нè замелушуваат на секоја страница.Продолжува во третиот дел…

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Збунетост

    Збунетост

    0

    Нов роман од добитникот на Пулицерова награда и автор на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Ричард Пауерс.

    Астробиологот Тео Бирн бара живот низ космосот додека, по смртта на неговата сопруга, сам го воспитува своето необично деветгодишно дете Робин. Робин е топло, љубезно момче кое поминува часови сликајќи детални слики од загрозени животни. Тој, исто така, ќе биде избркан од трето одделение затоа што го удрил другарчето в лице. Како што неговиот син станува сè попроблематичен, Тео се надева дека ќе го заштити од користењето од психоактивни лекарства. Тој дознава за експериментален третман со неврофидбек за зајакнување на емоционалната контрола на Робин, кој вклучува обука на момчето на снимените модели на мозокот на неговата мајка…

    Со волшебните описи на природата и вселената, со неговата привлечна визија за животот надвор и приказот на жестоката љубов меѓу таткото и синот, „Збунетост“ е најинтимниот и најтрогателен роман на Ричард Пауерс. Во неговото срце лежи прашањето: Како на нашите деца да им ја кажеме вистината за оваа прекрасна, загрозена планета?

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Гласот на Господарот

    Гласот на Господарот

    0

    „Гласот на Господарот“ заедно со „Соларис“ и „Киберијада“ спаѓа меѓу најпознатите дела на Станислав Лем!

    Исполнет со интелектуални авантури, толку длабоки што секако ќе влијаат читателите да го сменат погледот на светот и на вредностите. Сторија што ја раскажува професорот Хогарт за истражувањата во врска со еден таинствен неутрински сигнал и отворените прашања во врска со сигналот: кои се и дали постојат испраќачите на сигналот, намерите зошто е испратен, како земјаните практично да го искористат, итн. Дали одговорот на овие прашања ќе му донесе полза и напредок на човештвото или ќе го турне во бездната на самоуништувањето? Прашањето за Контактот. Што му вели Космосот на човештвото? Што се случува со Добрите Намери, со Доброто, со Злото? Дали спознавањето на Злото води кон Добро?

    Бесценет философски трактат во препознатливиот стил и израз на Станислав Лем.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Море на спокојството

    Море на спокојството

    0

    Меланхолична приказна за уништувањето на познатиот свет, патувањето низ времето и осаменоста.

    Во 1912 г. 18-годишниот Едвин Сент Џон Ендру поради една непримерна изјава е протеран од своето богато семејство. Шетајќи низ шумата на малото место во кое престојува, одеднаш слуша чудни звуци на виолина. Во 1994 г. 12-годишната Винсент Смит снима мистериозно видео во шумата во близина на својот дом. Во 2020 г., по смртта на Винсент, нејзиниот брат композитор го прикажува ова видео на својот концерт. Во 2203 г. Олива Луелин ги остава сопругот и ќерката во домот на втората Месечева колонија, место со бели камења, шилести кули и артифициелна убавина, и оди на Земјата на турнеја со својот роман за пандемијата. Во него има еден чуден пасус: човек свири на виолина во густа шума кога се случува нешто необјасниво. За да открие како овие луѓе се поврзани и зошто ги слушаат истите звуци на виолина, детективот Гаспери Робертс мора да тргне на патување низ времето. Таму согледува можност да направи нешто извонредно, што ќе ја наруши временската рамка на универзумот. Но што ако нивната реалност е само симулација?

    „Обединувајќи научна фантастика и одлична нарација, авторката на овој замислен свет истражува како технологијата може да ни ја контролира судбината ако заборавиме да сочувствуваме.“

    Пипл

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот

    Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот

    0

    Патување низ една вселена каде границите меѓу реалноста и симулацијата се топат во чад од кафеанска ламба. Дон, Роб, Хал, Р2 и чудесни битија како Природата, Спектар и Моно се вплеткуваат во разговори што се нишаат меѓу смеење и апокалипса, меѓу научни формули и егзистенцијални прашања.

    Оваа книга ја меша иронијата на Даглас Адамс, метафизиката на Ками и визијата на Лем, но ја сместува во универзална кафеана – архетипско место каде секоја цивилизација би можела да ја започне или заврши својата приказна.

    Тука симулациите се напредни копии на реалноста, а симулакрумите поавтентични од неа. Времето тече со каприциозни закони што го понижуваат разумот, а гравитацијата е само уште една шега на космосот. На крајот, човештвото е ставено пред најтешкиот избор: Дали врвната смисла е слободата што создава светови – или љубовта што ги чува?

    Читателот ќе најде забава, но истовремено ќе биде предизвикан и збунет – и можеби малку променет. Ова не е обичен роман, туку филозофска научна фантастика за оние што сакаат да го постават најстарото прашање на нов начин: Што значи да се биде човек во универзум кој можеби е само симулација – или, пак, само уште една шега?

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Млечни заби

    Млечни заби

    0

    Дури и животот во пустелија може да зазелени, ако ни цути нашата внатрешна градина.

    Што останува кога заминуваме, кој се сеќава на нашиот изминат пат?, се прашува Скалде во куќата полна со тишина и тајни. Таа го знае светот само од раскажувањето на мајка ѝ Едит. Ретко ја преминува границата на домот, ретко се среќава со далечните соседи. Светот е застрашувачко место. Никогаш нема видено сино небо, нивното село е покриено со магла. Некогаш имало снег и дожд, зелена трева и дрвја полни со овошје, но сега земјата е сува е неплодна.

    Ненадејно, во оваа пустелија пристигнува девојчето Мајзис. Од каде? Никој не знае. Токму таа е причината поради која Скалде одбива да ја слуша мајка си и заканите од соседите. Љубопитството и пркосот ѝ стануваат позначајни од безбедноста.

    Извонреден и освестувачки, дебитантскиот роман на Хелене Буковски зборува за тоа што значи да се живее со разорните влијанија на климатските промени и да се биде мајка отпадник од општеството. Дистописка приказна во која секој посведочен момент и изговорен збор се стежнати од важноста на тивкиот, внатрешен свет на ликовите што живеат на крајот од светот.

    „Модерна бајка – топла, но не сентиментална. За познати, а сепак мистериозни работи. Неколку дена живеев во старата куќа покрај шумата со Скалде, Едит и Мајзис и на крај сосила бев извлечкан од вратата. Ретко кои ликови толку ми прираснале за срце.“

    Филип Винклер

    Оваа книга е дел од едицијата „Нашите приказни“ која е кофинансирана од Прорамата на Европската унија „Креативна Европа“.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Земја

    Земја

    0

     Најбогатиот човек на планетата создава ријалити шоу што будно го следи целото човештво на малите екрани и преку социјалните мрежи.

    Медиумскиот магнат испраќа осуммина на Марс за да ја создаде првата колонија надвор од Земјата, но без шанси да се вратат. По неговата смрт, неговите деца, син и ќерка, веќе возрасни луѓе, треба да завршат игра почната во детството што тој ја дизајнирал.
    Наградата за успешно завршената игра е исполнување на најголемата желба на секој од нив… Но ништо не е како што изгледа и вистината станува сложена загатка што треба да се открие, за да сфатиме на крајот дека главниот проблем кога ја бараме вистината настанува кога ќе ја најдеме и не знаеме што да правиме со неа.
    Роман за моќта на телевизијата и на социјалните мрежи и за негрижата за планетата што ќе го промени твоето гледиште на светот.

    600,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Завети

    Завети

    0

    „Нашето заедничко време, читателу, се приближува кон крајот. Веројатно на овие мои страници ќе гледаш како на кревка кутија со богатство, која треба да се отвори со крајна внимателност. Веројатно ќе ги искинеш или ќе ги запалиш: тоа често им се случува на зборовите.“ „Во рацете држиш опасно оружје наполнето со тајните на три жени од Галад. Тие ги ризикуваат своите животи заради тебе. Заради сите нас.“ „Пред да влезеш во нивниот свет, наоружај се со овие мисли: Знаењето е моќ и Историјата не се повторува, но се римува.“

    700,00 ден
    Додај во кошничка